Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Левица ја обвини владејачката ДПМНЕ дека случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби од најавувана голема борба против корупцијата се претворил во, како што велат, „резил“, поради значително поблагата правна квалификација во актуелното обвинение. Од партијата потсетуваат дека ДПМНЕ со години го посочувала Груби како пример за борбата против криминалот и најавувала одговорност за наводните милионски злоупотреби. Според Левица, во декември ...
СДСМ побара од надлежните институции итно да го објават официјалниот документ со кој се потврдува дека водата во Гостивар е безбедна за пиење. На прес-конференција, Маја Борозан ја критикуваше вчерашната промоција на безбедноста на водата пред камери, оценувајќи дека јавноста сè уште нема увид во официјалните анализи. Борозан потсети дека жителите на Гостивар повеќе недели се соочувале со проблемот со водата, а во меѓувреме од институциите ...
Турција во јули го намали увозот на нафта од руските пристаништа поради зачестените напади со дронови врз танкерите и пристаништата во Црното Море, а падот на испораките би можел да продолжи и во август. Според извештајот на „Ројтерс“, кој се повикува на извори и податоци од берзата ЛСЕГ (LSEG), Турција во јули увезла околу 900.000 тони нафта од руските пристаништа. Тоа е за 300.000 тони помалку отколку во јуни, а станува збор за руската ...
Руските сили зазедоа 19 населени места во Дњепропетровската и Запорошката област во југоисточна Украина во текот на летната кампања, објави денеска руското Министерство за одбрана. Министерството во соопштението се повика на извештајот на Пјотр Болгарев, командант на источната група руски сили, но не ги именуваше заземените населени места. Од нашата мрежа Леклер е уверен дека Ферари нема да има проблеми со… 1 час kontra.mk Осимен го прекина ...
По повлекувањето на линија Скопје-Франкфурт од германската авиокомпанија Луфтханза во јуни годинава, уште две авиокомпании најавија повлекување на директни линии од Скопје кон Варшава и Париз. Полската авиокомпанија Лот ќе ги прекине летовите Скопје-Варшава во зимскиот распоред на летови, а британската нискобуџетна авиокомпанија ИзиЏет ги откажуваат летовите Скопје-Париз доаеродромот Орли. Вакво известување добил операторот на скопскиот ...
Полицијата лишила од слобода 35-годишен жител на селото Бучим, откако при преглед на неговото возило биле пронајдени 14.440 евра за кои, според МВР, не можел да приложи доказ за потеклото. Случајот се случил на 13 август на магистралниот пат Радовиш–Штип, кај крстосницата за Бучим. Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го забележале возилото „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.В. (35), кој според МВР имал ...
Две лица се лишени од слобода во Битола и Прилеп откако полицијата ги затекнала при предизвикување пожари на отворен простор, соопшти СВР Битола. Првиот случај е регистриран на 14 август околу 21:15 часот, кога полициски службеници на улицата „Јорго Костовски“, на местото викано „Тепсија“ во Битола, го привеле 39-годишниот Е.К. од Битола. Според полицијата, тој бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор. Од МВР наведуваат дека ...
СДСМ ја обвини Владата дека избегнува одговорност за проблемите со квалитетот на водата за пиење, откако истиот ден кога беше соопштено дека водата во Гостивар повторно е безбедна за употреба, Јавното комунално претпријатие „Бошава“ од Демир Капија информираше дека водата од локалниот водовод не е безбедна ниту за пиење, ниту за готвење. Од опозициската партија посочуваат дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо ...
Откако премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, ја опиша Велика Британија како прва исламска република со нуклеарно оружје, пристигна и реакцијата од Лондон. Гостувајќи во подкаст на израелското воено радио, Нетанјаху ја опиша Велика Британија како прва исламска република што добила нуклеарно оружје. На прашањето од водителот дали всушност цела Европа е таква, Нетанјаху продолжи. Од нашата мрежа Официјално: Херојот на Шпанија ќе го носи ...
Во јавната дебата често се наметнува дилемата дека државите мора да избираат меѓу заштитата на животната средина и развојот на рударството. Европското искуство, сепак, покажува дека овие две цели не мора да бидат спротивставени – земји со високи еколошки стандарди истовремено развиваат современо рударство и инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси. Во Брисел наскоро се очекуваат резултатите од вториот повик за финансиска ...
Откако на социјалните мрежи беше објавено дека водата од градскиот водовод во Скопје е загадена со бактеријата ешерихија коли, градските власти веднаш излегоа со тврдење дека се работи за дезинформации и оркестриран напад, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски оддржа вонредна прес конференција каде со сксперти од лабораторијата на ЈП„Водовод и канализација“ ги уверуваа скопјани дека водата е чиста за пиење, а истиот ден Министерството за ...
Како Македонија има најниска стапка на инфлација, една од највисоките стапки на економски раст во Европа и, според одредени показатели, најниско ценовно ниво, а граѓаните и понатаму едвај врзуваат крај со крај? Ова е прашањето што повторно ја отвора дебатата за тоа колку официјалните економски показатели ја отсликуваат реалната состојба во која живеат македонските семејства. Додека од власта во јавноста се истакнуваат со раст на економијата, ...
Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата во Демир Капија не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, пак, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење, напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил Од нашата ...
За да ги заштити корисниците, Meta воведува функција на WhatsApp наречена Scam Alert. Станува збор за опционална функција која моментално е достапна за ограничен број корисници во бета фаза, а која користи вештачка интелигенција за препознавање потенцијални измами. Најважно е тоа што вештачката интелигенција не мора да ја испраќа содржината на вашите разговори на серверите на Meta, бидејќи Scam Alert користи AI модел кој се извршува директно ...
Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана. Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со ...
На инфективна клиника почина уште еден од западнонилската треска. Вториот смртен случај од западнонилска треска е 72-годишен маж, кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис. На Клиниката во моментов се згрижени 24 пациенти со западнонилска треска, а неколкумина од нив се на механичка вентилација, поради тешката клиничка состојба. Пред неколку дена од вирусот почина и 83-годишен маж од Скопје, кој исто така бил лекуван на ...
Еден месец по труењето во Гостивар, наместо целосен јавен извештај и расчистена одговорност, цела делегација се нареди пред чешма. Уште лента за сечење недостасуваше. Но фотографијата не ја брише хронологијата, сподели на социјалните мрежи пратеничката Славјанка Петровска. „Според истрагата, спорните пумпи биле поставени на 25 јуни, а две од нив сè уште работеле при контролата на 16 јули. На 13 јули Центарот за јавно здравје Тетово ја оценил ...
Забележани се лажни СМС пораки во кои се злоупотребува името и брендот на НЛБ и се бара од примателите да внесат или потврдат лични податоци преку линк, соопштија од банката. Оттаму порачаа да не кликате на непознати линкови и да не внесувате лични, картични или податоци за електронско/мобилно банкарство. Од нашата мрежа Ferrari CZ26: Еднократен примерок и дизајн кој го трансформира SF90… 31 минута avtoplus.mk НЛБ Банка со предупредување до ...
Полицијата денеска околу 13:30 часот, за време на прегледот на подрачјето зафатено од пожарот во Омиш, пронајде тело на лице, соопштија од сплитско-далматинската полиција, пренесува N1 Загреб. На местото каде што е пронајдено телото ќе биде извршен увид, со кој ќе раководи надлежниот државен обвинител со асистенција на полицијата, пренесува N1 Загреб. Од нашата мрежа Затемнувањето на сонцето ги зголеми цените на сместувањето во Европа… 20 ...
Европската Унија го заврши првото полугодие од 2026 година со дефицит во стоковната размена со остатокот од светот од 14,9 милијарди евра, откако во истиот период минатата година имаше суфицит од 74,1 милијарда. Тоа значи дека трговското салдо на ЕУ за една година е влошено за дури 89 милијарди евра, покажуваат најновите податоци на Евростат. Извозот на стока од ЕУ во земјите надвор од Унијата од јануари до крајот на јуни вредел 1.317 ...
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена сообраќајна контрола насочена кон возачите на лесни електрични возила. Акцијата траела пет часа, од 17 до 22 часот, а се реализирала на територијата на целата држава. Во контролата, која ја спроведе Секторот за сообраќајни работи при МВР, биле санкционирани вкупно 72 возачи на лесни електрични возила. Од нашата мрежа Затемнувањето на сонцето ги зголеми цените на сместувањето во ...
Европската Унија го уценува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, принудувајќи го да се приклучи кон одлуките на ЕУ во врска со Русија, но тој веќе со години храбро му одолева на тој притисок, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров. „Во оваа фаза Европската Унија го малтретира, едноставно го уценува. Тој веќе повеќе од една година храбро му одолева на тој притисок“, рече Лавров во интервју за „Вести“. Од нашата ...
Русија верува дека САД се длабоко вмешани во украинските напади врз руска територија и својата загриженост му ја пренесе на Вашингтон, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој додаде дека американската поддршка вклучува и разузнавачки податоци. „Му поставивме низа прашања на Стејт департментот, вклучувајќи го и прашањето за разузнавачките податоци и фактот дека САД се силно вмешани во подготовката и извршувањето на ...
Илјадници шпански и марокански полицајци и војници денеска се распоредени долж границата на градот Сеута, бидејќи на социјалните мрежи се шират повици за нов масовен обид за упад на мигранти во таа шпанска енклава на северот од Мароко, каде што засега е мирно. Откако минатиот месец во тој шпански град пристигна рекорден број од 72.000 мигранти, сега во вирални објави на социјалните мрежи се предлага сличен масовен упад да се организира во ...
-Од дополнителните испитувања од ИЈЗ и лабораторијата на ЈП Водовод и канализација земни од седум мерни места во понеделник нутро и навечер и во вторник наутро АХВ ги известува жителите на Гостивар дека од денес петок водата може да се пие, рече Миланов. Тој рече дека водата била исправна уште минатата недела, но дека поради зголемено количество на резидуален хлор употребен за дезинфекција на водоводот, почекале и тој параметар да дојде во ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека следува период на стабилно и потопло време. Посочуваат дека само во вторник, ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Најавуваат дека минималните температури ќе се движат во интервал од осум до 20 степени, а максималните од 30 до 39 степени. Од нашата мрежа Шведскиот синдикат го прекина речиси тригодишниот штрајк против „Тесла“. Кој… 16 минути biznisinfo.mk Карик испрати јасна ...
Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, го обвини министерот за надворешни работи и заменик-претседател на Владата, Тимчо Муцунски, дека дал спротивставени изјави во врска со наводните разговори за деблокирање на европскиот пат на Северна Македонија. Жерновски на прес-конференција посочи дека на 3 август во повеќе медиуми биле објавени изјави од Муцунски дека се водат разговори „под радарот“ за деблокирање на евроинтеграциите, ...
Изградбата на Универзална сала се надевам дека ќе заврши согласно предвидениот рок од проектот Скопје Европски град на културата (ЕПК), иако да не ја закочеше изградбата поранешниот министер Зоран Љутков, таа сега ќе беше изградена, изјави за „Локално“ пратеничката и поранешна министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Таа објаснува дека Универзална сала иако како институција е еден од носителите на ЕПК сепак нејзината изградба не ...
На поранешниот вицепремиер Артан Груби му е продолжен притворот по поднесеното обвинение за злоупотреба во случајот АД Државна лотарија и тој ќе биде во домашен притвор до 13 септември, информираа од Кривичниот суд Скопје1. – Основното јавно обвинителство Скoпје поднесе обвинение против Груби и други лица за кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 в.в. став 4в.в.став 1 в.в. , член 22 од Кривичниот ...
Полските власти спречија руски план за убиство на американски државјанин со украинско потекло во Варшава, изјави вчера полскиот премиер Доналд Туск. Тој нагласи дека ова е првпат некој по налог на Русија да се обиде да изврши напад врз државјанин на САД на територија на друга членка на НАТО. Западните официјални лица и претходно предупредуваа дека Русија ја засилила кампањата на таргетирани убиства по почетокот на инвазијата врз Украина, а ...