Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Изборите во Србија, повод за партиски обвинувања кај нас. Опозицијата и власта продолжуваат со меѓусебните обвинувања за српско влијание во земјава, кој и колку бил поврзан со Александар Вучиќ и Виктор Орбан. Според СДСМ, падот на поранешниот српски претседател на изборите ќе отвори истраги кај северниот сосед, што ќе доведат до разврска на сите криминални соработки меѓу српските власти и премиерот Христијан Мицкоски. Од „Бихаќка“ обвинија и ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 17 лица поради безобѕирно управување со моторно возило, додека со уште едно лице бил извршен службен разговор. Станува збор за случаи на управување без возачка дозвола, под дејство на алкохол и покрај активна забрана за возење, информираат од Министерството за внатрешни работи. „Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, ...
Француските синдикати, организациите на младите и движењето „Жолти елеци“ повторно повикуваат на масовни протести ширум земјата во сабота, што е четврти последователен викенд на протести во Франција. Порано во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, како и општ штрајк во четвртокот, во кој учествуваа повеќе од половина милион луѓе, според податоците на Министерството за внатрешни работи. Синдикатот CGT процени дека во ...
Од СДСМ обвинуваат дека премиерот Христијан Мицкоски лично ја донел одлуката за влез на Алта банка на македонскиот пазар, повикувајќи се на изјава на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески. Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, на прес-конференција оцени дека ова претставува потврда на нивните досегашни тврдења за политичко влијание при одобрувањето на работењето на банката, за која тврдат дека е поврзана со капитал од Србија. ...
Од политичката партија Левица упатуваат критики за начинот на кој се подготвува проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, предупредувајќи на можни недостатоци во транспарентноста, финансирањето и управувањето со проектот. Од партијата посочуваат дека и Европската комисија во извештајот за 2026 година укажала на потребата од подобра организација, навремена реализација и поголема соработка со културните чинители. Според Левица, ...
Пејачката Ријана (38) ја претстави новата празнична колекција долна облека од својот бренд „Саваж Икс фенти“, а за кампањата повторно позираше сама. На Инстаграм објави серија провокативни фотографии со кои го привлече вниманието на своите следбеници. Музичката ѕвезда Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи ...
Бавноста на судските процеси влијае и на економијата и граѓаните и за жал никој не одговара, кога граѓаните треба да добијат надомест на штета, вели адвокатот Јанаки Митровски. Тој за „Локално“ изјави дека дигитализацијата на судството секако ќе помогне да се намали бројот на нерешени предмети, кои според последните податоци објавени овој месец се над 134.000 случаи, но дека главниот проблем е недостигот на судии и помошен кадар. -Процесните ...
„На изборите победи т.н. Студентска листа, на која нема студенти, туку професионалци, уметници, па дури и политичари од разни идеолошки провениенции. Мислам дека е ова важно да се разбере: движењето кое почна спонтано по трагедијата во Нови Сад во 2024, користеше некласични методи на политичко дејствување, и тоа во приод од повеќе од 1,5 година. Пленумизацијата е нешто на што би требале и ние да се сеќаваме, а ја имаше како метод на протест и ...
Нерешените судски предмети, од кои некои се влечат и со години, според економистот и извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, проф. Арбен Халили, правната неизвесност делува како скриен данок за целата економија. -Цената е голема, но најголемиот дел од неа не се гледа директно, бидејки секој нерешен предмет значи пари што стојат заробени, односно неисплатени фактури, блокирани сметки, имот што не може да се продаде ...
Искра Хаџи-Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), откако на денешното гласање освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче, покажуваат сумираните резултати од петте изборни места во државата. Втор по бројот на гласови е Трајче Пеливанов со 57, Јован Цветановски освои 30, Фатон Азизи 14, а Лидија Раичевиќ шест гласа. Четири ливчиња биле неважечки, ...
„Кога би бирале меѓу САД и Куба, јасно е која е страната која треба да ја избереме“ – ваков е ставот на шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски откако Македонија повторно се најде меѓу државите што се спротивставија на укинувањето на американското ембарго кон Куба. „Зошто нашата држава би застанала да поддржи режим на брутален диктатор, кој својот народ го оставил без енергенси, храна и медицински производи“, праша Муцунски на ...
„Победата на кандидатот на ДУИ, односно НАИ, во Брвеница е резултат, пред сè, на погрешниот политички пристап на премиерот Христијан Мицкоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ“, смета политичкиот аналитичар и поранешен пратеник, Зуди Џелили за пресвртот во Општина Брвеница по првиот круг и победата на Аркин Јахији на изборите за градоначалник. Според Џелили, Мицкоски дојде на власт со националистичка реторика и ставови кои често беа перципирани ...
Кандидатот на Национална алијанса за интеграција Аркин Јахиј на вториот круг од изборите за градоначалник во Брвеница освоил 4.442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски освоил 4.177 гласови, објави Државната изборна комисија на прес-конференција. Ова се првичните неофицијални резултати добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во општина Брвеница. Во вториот ...
„Владата го одби амандманот со кој се бараа над една милијарда денари дополнителна финансиска поддршка за земјоделците и исплата на заостанатите субвенции, потег кој опозицијата го оценува како доказ за целосно запоставување на секторот. Ова одбивање доаѓа во услови на драстично намалување на финансиската поддршка и натрупани долгови од десет милијарди денари кон земјоделците“, порачаа од опозицијата на крајот на месец септември. Официјалните ...
Самостојното живеење не смее да биде еднакво на институционална невидливост, вели дипломираниот криминолог Дејана Спасовска, по последниот случај на убиства на повозрасни лица кои живееле во скопската општина Ѓорче Петров. Таа за „Локално“ изјави дека самостојното живеење не е само по себе фактор. -Би го поставила прашањето пошироко, не само во однос на лица кои живеат сами, туку и во однос на нивната социјална изолација и изложеност на ...
Демократите ја презедоа контролата врз двата дома на американскиот Конгрес, откако Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ги загуби мнозинствата и во Претставничкиот дом и во Сенатот, пренесуваат американските медиуми. Овој исход претставува голем политички неуспех за Трамп, кој меѓуизборите ги претвори во референдум за сопствената политика. Со контролата врз двата дома на Конгресот, демократите ќе имаат значително поголемо ...
„Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство“, објави пред еден месец премиерот Христијан Мицкоски по последната посета на Америка. Сепак, во меѓувреме дојде до пресврт во мнозинството во двата дома на американскиот Конгрес, а познати се блиските односи на македонската влада со администрацијата на Доналд Трамп. Оттаму се поставува дилемата што конкретно може да се промени во односите меѓу Македонија и САД по ...
Вакцината против мали сипаници МРП е апсолутно безбедна и најефикасен начин за заштита на децата и населението од ова заразно заболување, изјави за „Локално“, проф. Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација. Таа објаснува дека малите сипаници или морбили може да предизвикаат сериозни заболувања, особено кај малите деца и новороденчињата кои се невакцинирани и дека родителите не треба да се плашат да ги вакцинираат. ...
Безбедносните служби затаиле во превенцијата во случајот со измамата со инвестициски фондови, смета професорот Владимир Пивоваров и поранешен шеф на воено разузнавање. Во меѓународна истрага на Европол и Евроџаст во која беа запленети 100 серври и уапсени седум лица се осомничени и кол-центри во Македонија. Истрагата се однсеува на мрежа која преку лажни платформи за тргување со криптовалути, девизи и акции измамила луѓе за над 4 милиони ...
Нема обид за усвојување на уставните промени согласно преговарачката рамка, добрососедските односи со Бугарија се од суштинско значење и е потребен дијалог со Софија, историската комисија има средби, но не и резултати. Во одредени случаи не се користи новото уставно име, што може да ги наруши односите со Грција – ова е дел од Извештајот за напредокот на Македонија. Во извештајот има и позитивни поместувања, бидејќи земјава ги засилила ...
„Иако е можно одредено приближување кон Европската Унија, во предизборната кампања Студентската листа најави невоведување на санкции кон Русија што го дефинираа како „обѕир кон историското искуство“. Тие исто така нагласија дека Косово го сметаат за интегрален дел од Србија, а Русија е стратешки партнер по тоа прашање. Ниту самиот Вучиќ не ја спроведуваше надворешната политика на склоност кон Руската Федерација само поради сопствено ...
Една година помина и секојдневни се ПР објавите за промоција на градоначалникот отколку на суштинско решавање на проблемите на Скопје. Имаме многу ПР, фотографии, видеа и најави, но граѓаните очекуваат конкретни резултати, а не постојано самопофалување. Сепак, бидејќи секогаш говорам реално, има реализација на многу заостанати работи кои изминатите години се кочеа и Скопје се доведе во комплетен хаос“, вели во разговор за „Локално“, ...
Седми случај на фемицид од почетокот на 2026 година. Случајот со 21-годишниот Виктор и 17-годишната Билјана уште еднаш го вклучија алармот во Македонија. Според првичните информации, момчето било обесено на дрво, а во автомобил кој горел било безживотното тело на 17-годишната средношколка. Момчето и девојката претходно биле во врска. По раскинувањето, девојката во неколку наврати го има пријавувано момчето за загрозување на безбедноста и ...
Европската комисија во извештајот за Македонија нотира сериозни слабости во судството и борбата против корупцијата. Особено алармантен е недостигот од 221 судија и 67 обвинители. Поради недостиг на буџетски средства, постапката за прием на 130 кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители била поништена, па нови кадри не се очекуваат пред 2028 година. ЕК повторно предупредува и на политички притисоци врз судството. Независноста и ...
На 28 октомври јавните обвинители ќе гласаат за нов шеф на ОЈО ГОКК. Убаво звучи тоа „непосредно гласање“. Речиси римски. Обвинител, гласачко ливче и совест. Само што ние живееме во Македонија, па меѓу гласачкото ливче и совеста понекогаш знаат да се протнат телефон, партија, колега, услуга, етничка математика, ветено напредување и она старото обвинителско правило кое никаде не е напишано, ама сите го разбираат: Не се залетувај. Ќути си и ...
Кога државниот јавен обвинител Ненад Савески вели дека има впечаток оти еден обвинител работи за тројца, овојпат немам причина да се расправам со него. Напротив. Веројатно ова е една од најточните дијагнози за состојбата во македонското обвинителство кажана во една реченица. Недостигот на обвинители не е веќе кадровска непријатност. Тој станува прашање на функционирањето на кривичната правда. Од нашата мрежа Дали заминувањето на Лагард ќе ...
Во ерата на дигиталната поврзаност, каде што јавниот дискурс се пресели од физичките плоштади во виртуелните лавиринти на социјалните мрежи, либералната демократија се соочува со својот најголем парадокс. Слободата на изразување, некогаш тешко стекнато право, денес преку алгоритмите и анонимноста често се трансформира во моќно дигитално оружје. Кога виртуелниот простор се користи за уривање на самите темели на демократскиот систем, ...
Шетајќи низ ходниците на нашите судови, лесно можете да добиете чувство дека времето запрело некаде во минатиот век. Мирисот на прашливи хартии, томови папки врзани со коноп, архиви во кои се трага по предмети како во лавиринт и судски соопштенија кои сè уште патуваат со денови преку поштенски сандачиња. Оваа слика на традиционалното, тромо правосудство со години е синоним за бавна правда – а бавната правда, како што знаеме, е неправда. Но, ...
Деновиве јавноста повторно беше иритирана од поплаките на обвинителката Лидија Раичевиќ, која во медиумите гласно го отвори прашањето за ниските обвинителски плати, посочувајќи износ од околу 90.000 денари како несоодветен за тежината и одговорноста на функцијата. И додека огромен дел од граѓаните во Македонија го преживуваат месецот со значително помали примања, дел од обвинителите сметаат дека нивната професионална положба заслужува ...
Пред речиси два милениума, римскиот император и филозоф Марко Аврелиј, запишувајќи ги своите најдлабоки мисли во воените походи долж Дунав, остави кристално јасна максима: „Правдата е единствената вистинска основа за стабилна заедница“. Најмоќниот човек на тогашниот свет не зборуваше за правдата како апстрактен декор на моќта, туку како за врвен општествен лепак. Без неа, заедницата престанува да биде сојуз на граѓани и станува арена на ...