Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Во едно од своите обраќања, откако медиумскиот простор околу него повторно се стесни, познатиот српски сатиричар Зоран Кесиќ изговори една реченица која одекна многу подалеку од границите на неговата земја: „Сите излегуваме затоа што ни е грижа за нашата земја. Сите излегуваме затоа што сакаме да го работиме она во што сме најдобри.“ Оваа мисла, мене ме наежи, иако кажана во Белград, всушност е најпрецизната дијагноза за состојбата на умот на ...
Владата сака да го покачи студентскиот оброк. Супер! Само што има еден услов: парите да ги трошиме таму каде што ќе ни кажат и за она што ќе ни дозволат. Тоа не е подарок. Тоа е нова цена. Од нашата мрежа Дали заминувањето на Лагард ќе предизвика нова криза во европската… 11 минути biznisinfo.mk Египќаните открија ново наоѓалиште на природен гас во Средоземното Море 22 минути biznisinfo.mk 📱Започнаа преговорите за целосно укинување на ...
Потребата од нов ребаланс на Буџетот според проф. Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на организацијата „Македонија 2025“ е комбинација од домашни економски мерки и значително неизвесно меѓународно окружување. Таа во интервју за „Локално“ вели дека легитимно е прашањето за квалитетот на проекциите, бидејќи има втор ребаланс на Буџетот, но дека подобро е тој повторно да се усогласи со реалната состојба отколку формално да остане ...
Македонија секако ќе ја почувствува кризата со енергенси, пред се со дизел гориво, за која предупреди Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ), но главното прашање е колку долго ќе трае и дали ќе има дополнително зголемување на цените, вели во интервју за „Локално“, консултантот за енергетика Виктор Андонов. Тој смета дека владините мерки за намалување на ДДВ и акцизите на горивата се одржливи на подолг рок, бидејќи тоа се компензира преку ...
„Македонија треба да се подготви за можноста од нов ценовен притисок, бидејќи договорот меѓу Вашингтон и Москва не претставува гаранција за трајно стабилизирање на пазарот. Дополнителните руски количини можат да влијаат врз понудата, но нивниот ефект ќе зависи од реализацијата на испораките, состојбата на руските рафинерии и движењата на светските пазари“, вели во интервју за „Локално“, експертот за енергетика и екс-директор на Агенцијата за ...
„Уредувањето на државата, преку системот на образование, ја подготвува (потенцијалната) работна сила за пазарот на работна сила (труд), па со неа потоа се спроведува дадениот економски модел. Тоа значи дека, за недостатокот на работна сила што го бележи Македонија во последните години, не е „виновен“ економскиот модел, туку нешто друго“, вели во интервју за „Локално“, универзитетскиот професор Ванчо Узунов за констатацијата на Владата дека ...
„Процесот на дигитализација во државата во последниот период почнува да има добра динамика. Секако, како и секој долготраен и комплексен процес потребно е да се помине и низ „детските болести“ како на пример: дали дигиталниот документ има еднаква важност со хартиениот, дали процесот може дополнително да се оптимизира и слично“, вели во интервју за „Локално“, Владислав Бидиков, експерт за сајбер-безбедност на тема сајбер-безбедност во ...
„Состојбата во земјоделството е крајно сериозна и загрижувачка и ова е последица на политиката на оваа Влада – земјоделството да не е во нивниот фокус. И тоа се гледа преку намаленото издвојување за земјоделството, преполовените и укинати програми. Исто така јасно е дека имаме Влада што не е европска и го кочи европскиот прогрес. А влезот пак во ЕУ е единствениот начин за развој на македонското земјоделство“, вели во интервју за „Локално“, ...
Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, во „Само интервју“ на телевизија Канал 5, нагласи дека Мицкоски се заканува на СДСМ затоа што е нервозен и уплашен од вистината за Алта банка, но и за другите скандали за кои клопчето ќе почне да се одмотува. Жерновски посочи дека Мицкоски наместо да одговори на прашањата за сомнителниот капитал, за одговорноста на институциите и за улогата на власта во целиот случај, со закани се ...
Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски вели дека треба да се нотира дека нема назадување во ниту една област која што ги цени Европската Унија за Извештајот на Македонија. Посочува дека сме имале извештаи во минатото кога сме имале назадување. Според него, во овогодинешниот некаде има повидлив напредок, а некаде помалку видлив. Според министерот, не станува збор за критики, туку за насоки за тоа што треба да се направи за да се ...
„Мицкоски нуди два сценарија. Првото – да се најде купувач. Второто – банката да оди во стечај. Првото сценарио: да се најде купувач. Нема купувач. Стандардно од ВМРО и Мицкоски е некој друг да им биде виновен. Но, вистината е дека никој не сака да купи криминално портфолио на банка во сопственост на човек што до вчера држеше мала менувачница во Земун“, велат од СДСМ за случувањата со битолската Алта Банка. Според партијата, ниту една ...
„Во однос на креирањето немир и хистерија на СДС и Филипче, за Алта банка, време е СДС на чело со Филипче да престане да создава вештачка криза, да престане да ја руши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот систем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата од СДСМ за случајот со Алта Банка. ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува СДСМ дека со притисокот кон НБРМ и хајката против Алта банка создаваат терен за евтино преземање на банката од страна на ...
„Нема покорумпиран претседател и систем во светот, мислам дека може да се споредува со египетските фараони, релативно споредено. Ова ниво на корупција и пљачка и тоа ова што го знаат. Каков Вучиќ? Вучиќ за него е…Не само во апсолутни цифри бидејќи ваму во прашање се стотици милијарди. Илон Маск е преплашен, ако е паметен. Бидејќи и он е помалку психопат, не сум сигурен колку разбира што го чека“, рече новинарот Сашо Ордановски за изборите во ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор ...
Платформата „Разговори за иднината во 12:05“, која е група на социјалдемократи кои се незадоволни од раководството на СДСМ, бара усвојување заедничка државна стратегија за забрзување на евроинтеграциите, оценувајќи дека членството во Европската Унија не смее да се користи за партиски препукувања и политички калкулации. Реагирајќи на најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија, од иницијативата порачуваат дека ...
Од ЛДП соопштија дека залудни се фалбите за наводни успеси и „рекорден економски раст“, кога, како што велат, Европската комисија денес повторно со шлаканица од Брисел нѐ соочи со суровата реалност дека нема напредок нема. Според партијата, повеќе од 30 пати во најновиот извештај за напредокот на Македонија се повторува констатацијата дека „нема напредок”. Од нашата мрежа Дали заминувањето на Лагард ќе предизвика нова криза во европската… 32 ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека случајот со Алта банка е увезен проблем. Тој соопшти дека менувачниците во Србија ја ограничиле сумата за менување на пари од динари до 300, 400 евра. Се надева дека најцрното сценарио во Србија ќе биде избегнато, бидејќи вели, северниот сосед е значаен трговски партнер за Македонија. -Голем број на наши компании соработуваат со српски компании и многумина од тие компании ми се јавуваат и ме прашуваат ...
Се надевам дека следната година ќе имаме подобар извештај од Европската комисија од овој од оваа година, а за билатералното прашање со Бугарија ќе продолжиме активно да бараме дијалог со нашиот сосед и да работиме на тој дијалог со поддршка од ЕУ, изјави министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски за „Локално“. На прашањето дали и следната година ќе бидеме во истата ситуација и само да разговараме за извештајот на ЕУ без да бидат почнати ...
Нашиот став е дека има фундаментална разлика за тоа што кажува официјална Софија и тоа што го гледаме од правна гледна точка како преземени обврски од претходната Влада и сето тоа не става нас во ситуација како Влада дека нема предвидливост на процесот, рече министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски во одговор на новинарско прашање на денешната панел-дискусија за извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата. Тој рече дека ...
„За жал, повторно сме на истиот коментар – институциите не ги штитат жртвите од насилство. Секој фемицид, секој нов изгубен живот е доказ дека некаде во синџирот на заштита е пропуштена навремена интервенција. Да, дел од постапките биле формално спроведени, мерките биле изречени, но на крајот заштитата изостана – имаме фемицид на 17-годишна девојка“, велат од невладината Асоцијација за здравствена едукација и истражување, ХЕРА за „Локално“ за ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествуваше на Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи, кој се одржа на 5 и 6 ноември во Будва, Црна Гора, во присуство на министри од земјите на Западен Балкан и претставници на европските институции и агенции, информираат од МВР. Како што се наведува во соопштението, во рамки на форумот, министерот Тошковски имал две обраќања посветени на управувањето со миграцијата ...
Министерството за образование и наука (МОН) објави нов конкурс за доделување 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година, со кој се воведува значително унапреден модел на државна поддршка, соопштија денеска од ресорното министерство. Според информациите од МОН, новиот систем носи поинаков пристап кој го вреднува академскиот успех, ја препознава социјалната ранливост и го поттикнува образованието на дефицитарни кадри. За таа цел, ...
За поднесената тужба од здружението Форум за образовни промени против Министерството за образование и наука за студентскиот оброк, министерката Весна Јаневска рече дека разговараат со студентите во обид да најдат решение. Таа во одговор на новинарско прашање рече со претставниците на студентите разговараат и за тоа да се смени системот за субвенционирање, и дека тие побарала да се воведе моделот од Словенија. -Ние во рамки на нашите можности, ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој ѝ го предаде Извештајот на Европската комисија за напредокот за 2026 година, соопштуваат од кабинетот на Претседателката. Како што се истакнува во соопштението, соговорниците се согласиле дека се постигнати очигледни конкретни резултати. Обајцата го поздравиле препознавањето на државата како една од најуспешните во ...
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на седница усвои заклучок за објавување конечност на резултатите од вториот круг предвремени избори во Брвеница, врз основа на записникот добиен од Општинската изборна комисија на Брвеница, во кој се констатира изборот на Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција. Со усвоениот заклучок на ДИК, Аркин Јахији од НАИ е градоначалник на Брвеница. – Во рок од 24 часа од приемот на решението по ...
Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Алсат, каде говореше за актуелни теми поврзани со Извештајот од Европската комисија, а за кој смета дека е реален приказ на состојбите во земјава, и се осврна на пофалбите и слабостите од истиот. „По однос на собранието, ние сме задоволни од проценките на овој Извештај, затоа што, прво, се оценува дека Собранието работи ефикасно. Второ, по однос на Реформската ...
Вечерва во паркот во Богданци се одржува мирен протест, известува ТВ Телма. Жителите на ова мало место, кои се целосно затекнати и во неверување од незапаметеното злосторство, излегоа да запалат свеќи и да побараат одговорност за трагичната смрт на 17-годишната Билјана Кириќ. „Нејзиниот глас е замолчен, но нашиот мора да биде погласен од кога било“, се наведува во повикот за протест објавен на социјалните мрежи. Иницијаторите порачуваат дека ...
На 7 ноември 2026 година, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид лишиле од слобода 49-годишен жител на Охрид, осомничен за поседување дрога. Акцијата била спроведена во рамки на полициските активности за откривање и спречување на недозволена трговија со наркотични средства. При претрес на неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, полицијата пронашла и одзела три опаковки со бела прашкаста материја, како и ...
Мицкоски во интервју за американскиот крајно десничарски весник „Брајтберт њуз” (зашто во друг медиум не му даваат простор) во кусоглед и арогантен манир се пофали пред светската јавност дека е горд послушник на Доналд Трамп и екстремнодесничарската администрација на Белата Куќа. Во манир на послушен вазал, а под превезот на стратешко партнерство со САД, ја понуди Македонија за целосна експлоатација во енергетиката, рударството и високата ...
Претседателот Володимир Зеленски назначи двајца од најистакнатите украински команданти да ја надгледуваат одбраната на упориштата во источниот дел од земјата, додека Киев се обидува да и се спротивстави на руската офанзива во областа што е во центарот на застојот во мировните преговори. Руските сили напредуваат кон таканаречениот појас на тврдини, низа индустријализирани градови во Доњецката Област, чие повлекување од страна на Украина, ...