Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Ѓубривата значително поскапуваат, а снабдувањето со нив е сериозно загрозено поради војната на Блискиот Исток, што дополнително го засилува ударот врз земјоделскиот сектор по неодамнешниот раст на цената на нафтата. Земјоделците, во пресрет на пролетната сеидба, се загрижени дека нема да можат да ги обработат нивите, бидејќи покрај поскапувањето на ѓубривата, високи се и цените на хемиските препарати, горивото и останатите земјоделски ...
Воено-безбедносниот аналитичар, Милан Стефановски не очекува дека САД под Доналд Трамп ќе излезат од најголемиот воен сојуз, но, очекува дека можеби ќе замрзнат дел од финансиите. Сепак, потенцира дека доколку изградиме претпоставка дека САД ќе го напуштат НАТО, вели дека тоа ќе биде голем удар врз западната одбранбена доминација. Според него, најсреќни ќе бидат Кина и Русија и сите ретроградни и авторитативни системи, а демократските земји ...
Поранешната македонска пејачка Ева Нединковска, која сека е успешна деловна жена, одлучи по вторпат да вплови во брачните води. Ева го изговори судбоносното „да“ на својот избраник Филип. Таа објави идилични фотографии од романтичното запросување, а на нејзината рака блеска прекрасен прстен. Запросувањето се случило во прекрасната Будимпешта. Прочитајте повеќе: View this post on Instagram A post shared by Eva Nedinkovska (@eva.nedinkovska) ...
Принцот Хари повторно е во фокусот на јавноста поради пораки кои се најдоа меѓу доказите во судскиот процес против издавачот „Асошиејтед њузпејперс“. Станува збор за стари пораки на Фејсбук од 2011 година кои ги разменувал со новинарката Шарлот Грифитс, неколку години пред да ја запознае Меган Маркл. Принцот Хари тврдел дека со новинарката на британскиот таблоид „Мејл оф сандејс“, Шарлот Грифитс, не бил во особено близок однос. Но пораките ...
Опозицијата во Македонија повторно обвини дека тема на разговор на последната посета на Мицкоски во Будимпешта бил екс-премиерот Никола Груевски. Екс-амбасадорот на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров е дециден дека „македонската опозиција моментално се наоѓа негде во орбитите помеѓу Сатурн и Нептун“, а, како што вели, мислам дека во моментов ниту тие самите не знаат кај се, па пробуваат да се пронајдат. Есмеров не смета дека целата ЕУ има ...
Државниот архив на Македонија годинава одбележува 75 години од своето основање, јубилеј што ја потврдува неговата исклучителна улога во заштитата, чувањето и афирмацијата на националната историја и на културно-историското наследство на државата. Државниот архив е формиран на 1 април 1951 година со указ на тогашната Влада на НР Македонија, а низ децениите прерасна во еден од најзначајните столбови на македонскиот идентитет и културно ...
Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семјено насилство, кој беше донесен пред пет години, за жал не заживеа бидејќи не беа направни потребните усогласувања со други закони за да можат овие одредби кои се однесуваат токму на заштита да бидат апликативнои, изјави Елена Димушевска, извршен директор на Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство. Таа објаснува дека и нивната организација е дел од ...
Институтот за радиологија направил проверка на магнетните резонанци со кои располага и тие имаат доволни колични на хелиум. Ова за Локално.мк го изјави д-р Соња Николова, директор на Инситутот за радиологија во Скопје. Таа објасни дека редовно ги оджруваат магнетните резонанци, односно се консултираат со застапниците на опремата за нејзино сервисирање. Минатата недела Фондот за здравствено осигурување испрати апел до јавните здравствено ...
Просечната цена на бензинот во САД достигна четири долари за галон, што е највисоко ниво од 2022 година, откако војната во Иран практично го запре сообраќајот на танкерите со нафта низ Ормутскиот теснец, јавува денес Си-Ен-Ен. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со критики кон сојузниците. Тој од Велика Британија и од другите земји на кои им е потребно млазно гориво побара да отидат во Ормутскиот теснец и „самите да ...
Информацијата излезе во јавноста откако Станислав Балабанов, пратеник од партијата „Има таков народ“, објави нота датирана од 18 март. Во неа иранската влада протестира поради американски воени танкер-авиони стационирани на бугарскиот аеродром „Васил Левски“. Во нотата Иран наведува дека „го задржува правото да преземе сите неопходни мерки за заштита на својот суверенитет, безбедност и национални интереси во согласност со меѓународното ...
Фатих Бирол, директорот на Меѓународната агенција за енергија, предупреди на „огромно, огромно нарушување“ на пазарот на енергенси. Во разговор за подкастот In Good Company, Бирол истакна дека недостигот на дизел и авионско гориво наскоро силно ќе се почувствува низ Европа, пишува Ројтерс. „Април ќе биде многу полош од март, бидејќи во светските пристаништа сè уште пристигнуваа пратки на нафта и гас натоварени пред почетокот на војната“, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција. „Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска ...
САД би можеле да ја завршат воената операција против Иран во рок од две до три недели, изјави шефот на Белата Куќа, Доналд Трамп. За Ормутскиот теснец, кој Исламската Република го блокираше, Трамп вели дека повеќе не е негов проблем. Тој повторно во негов манир го стави под знак прашање членството на Америка во НАТО, оценувајќи ја Алијансата како „хартиен тигар“. Во интервју за британскиот „Телеграф“, Трамп изјави дека по завршувањето на ...
Локалните власти во Вухан, во провинцијата Хубеи, во вторникот вечерта почнале да примаат „еден по друг“ повици за „повеќе возила „Аполо Го“ кои останале насред пат и не се способни за понатамошно движење“, соопшти полицијата. „Аполо Го“ е услуга за такси без возач на „Баиду“, која од 2021 година наплатува превоз во Пекинг и функционира во одредени делови на повеќе градови. „По истрагата, првичните наоди укажуваат дека причината за застојот ...
Таа за време на затворен видео-повик со гувернери на централни банки, министри за финансии и министри за енергетика од Г7 истакнала дека последиците ќе се чувствуваат долго време „бидејќи веќе е уништено премногу“, наведуваат изворите. Бесент инсистирал дека кризата на пазарот на нафта, предизвикана од затворањето на Ормускиот теснец, е привремена, тврдејќи дека пазарот е добро снабден и дека теснецот меѓу Иран и другите земји од Заливот ...
Тинејџерот Лука Вокер од Велика Британија побарал совет од вештачка интелигенција, Чет-ГПТ, за тоа како да си го одземе животот, покажуваат резултатите од истрагата. На сослушувањето вчера било кажано дека разговорот на Лука со оваа ВИ-алатка било „морничаво и вознемирувачко четиво“. Лука наводно лесно успеал да ги „заобиколи“ заштитните механизми на Чет-ГПТ, тврдејќи дека прашањата за самоубиство ги поставувал за истражувачки цели. Судскиот ...
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го критикува премиерот Христијан Мицкоски дека очигледно не оди во маркет и не ги гледа цените на производите. Бара од Владата итно да преземат мерки за да спречи ценовни шокови на основните прехранбени производи. -Што пратат во Владата? Зошто премиерот ги држи граѓаните во сиромаштија? Зголемувањето на минималецот за 1660 денари во оваа скапотија нема никаква вредност. Кошничката во овие три месеци е зголемена ...
Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската економија укажува на нов бран предизвици. Иако 2025 година заврши со солиден раст од 3,5%, војната на Блискиот Исток и високите цени на енергенсите ќе го забават темпото на 3,1% во 2026 година, додека инфлацијата се очекува повторно да се искачи до 4,5%. Мисијата на ММФ го оценува финансискиот систем како стабилен. Банкарскиот сектор е добро капитализиран, ликвиден и ...
Новата опција за претплата овозможува гледање на „Story“ објави без да се појавите на листата на гледачи, подолго траење на објавите и увид во тоа кој повторно го прегледал вашиот содржински материјал. Мета тестира нова претплатничка услуга за Instagram која на корисниците им нуди „ексклузивни“ функции, како можност Story објавите да траат подолго од 24 часа. Снимки од екранот што го промовираат „Инстаграм Плус“ беа забележани од корисници на ...
Во Скопскиот кривичен суд продолжи судскиот процес против Стојанче Јовановски, обвинет дека ја навел сопругата Ивана на самоубиство. Сведочеше Мартин Саздов, неговиот поранешен пријател и главен сведок на трагичниот настан. Стојанче мислел дека таа повторно го пријавува во полиција и поради тоа ја навредувал. Ивана не сакала да му го даде телефонот за да не и го скрши. Потоа му го дала на Мартин од негови раце да види Стојанче тоа што сака. ...
Кризата на Блискиот Исток и ограничувањето на поминувањето низ Ормускиот теснец досега ги чинеле земјите од Персискиот Залив повеќе од 50 милијарди долари, наведува турската агенција „Анадолу“, повикувајќи се на анализа на истражувачкиот центар за енергетика ТЕСПАМ од Анкара. Во периодот од 27 февруари до 30 март, извозот на нафта од Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин се намалил за 36,4 проценти, на ...
„Настаните во Иран веќе имаат директно влијание врз енергетските пазари и транспортот на нафта и гас преку Ормускиот теснец“, изјави Путин во видео-обраќање до учесниците на Меѓународниот форум за транспорт и логистика. Русија може да одигра важна улога во формирањето нова архитектура на глобалната логистика и меѓународната трговија, оцени рускиот лидер. Сферата на транспортот и логистиката во моментов е поврзана со сериозни геополитички ...
Од 10 април започнува целосната примена на системот EES (Entry/Exit System) на границите на Европската Унија, со што целосно се воведува нов, дигитализиран режим на контрола на влез и излез на државјани на трети земји. EES ќе го замени печатирањето на пасошите со дигитално евидентирање на влезовите и излезите на државјаните на земји кои не се членки на ЕУ, а патуваат за краткорочен престој. Новиот систем (EES) започна со работа на 12 ...
Иако вниманието на јавноста е насочено кон растот на цените на нафтата и проблемите во Ормускиот теснец, експертите предупредуваат дека се загрозени и бројни други сектори – од земјоделството до фармацијата и производството на чипови. Ѓубривата под притисок и ризик за производството на храна Еден од најзагрозените сектори е производството на вештачки ѓубрива. Околу една третина од светската трговија со ѓубрива поминува низ Ормускиот теснец, а ...
„Денешниов ден има особено значење за жителите на Ченто, како и за многубројните чинители кои работат и живеат за културата. Чувствувам особено задоволство што денес присуствуваме на свеченото отворање на реконструираниот и современо уреден Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, значаен културен објект во рамките на Општина Гази Баба. Денешниов настан претставува повеќе од отворање на еден објект, тој е симбол на нов почеток, на ...
Каде е Македонија во новата геополитичка мапа и во несогласувањата на Унгарија и ЕУ? Чии политики ги поддржуваме во моментов, со оглед на големото пријателство и чести средби меѓу Христијан Мицкоски и неговиот унгарски колега, Виктор Орбан. Екс-амбасадорот на Македонија во Унгарија и познавач на состојбите, Игор Есмеров не смета дека целата ЕУ има несогласувања со политиките на Орбан, бидејќи, како што вели, во моментов барем пет земји членки ...
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ за првпат беше изведена процедура епидурална атхезиолиза (епидуролиза) кај пациент со долготрајна болка во долниот дел на грбот која се ширела кон ногата. Интервенцијата ја изведе доц. д-р Дарко Саздов, специјалист по анестезиологија и интензивно лекување. Епидуралната атхезиолиза е современа, минимално инвазивна процедура која се користи за лекување на хронична болка во ‘рбетот, особено кога другите ...
Појасна слика за степенот на спроведување на законите, подзаконските акти, протоколите и политиките за превенција и заштита од семејно насилство и насилство врз жените, начинот на постапување на надлежните институции во рамки на нивните законски овластувања, нивото на координација меѓу институциите и капацитетите на системот во кадровска, организациска и буџетска смисла, постоењето на евентуални системски слабости во практичната примена на ...
Бугарија инсистира Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски за заштита на правата на заедниците, соопштија денеска од Министерството за надворешни работи на источниот сосед. Оттаму појаснуваат дека организациите на бугарската заедница во Македонија дистрибуирале официјално писмо во врска со ревидираниот нацрт на Акцискиот план за заштита на правата на лицата што припаѓаат на малцинства и заедници, поднесен од македонската ...
Без учество на САД, европските земји немаат самостоен, континуиран систем за пресретнување на балистички ракети. Во моментов, сите клучни елементи на мрежата за откривање и уништување ракети во Европа се американски или зависат од американски надзор, што значи дека евентуално намалување на американското присуство во НАТО може драстично да ја промени ефикасноста на одбраната. Лансирањето на иранските ракети не би било веднаш забележано, ...