Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Светската музичка ѕвезда Рита Ора испрати специјална видео порака до македонската публика во пресрет на нејзиниот голем концерт, кој ќе се одржи на 1 август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Во своето обраќање, Рита не ја крие возбудата што доаѓа во Македонија и порача: „Превозбудена сум за концертот во Охрид и се радувам што сум толку блиску до дома. На концертот ќе биде моето семејство и пријателите.“ View this post on Instagram A ...
Србија ги потпиша договорите „Артемис“ во четврток, со што стана 69-та држава што ја потпиша оваа меѓународна иницијатива за истражување на вселената. Договорот го потпиша во седиштето на НАСА министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, а на церемонијата присуствуваа заменик-администраторот на НАСА, Мет Андерсон, помошникот државен секретар на САД за океани, животна средина и наука Весли Брукс, српскиот амбасадор Драган Шутановац и Марија ...
На 38. Поетска ноќ во Велестово ќе настапат дваесетина поети, музичари и уметници од шест земји (Ирска, Хрватска, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија). Програмата ќе започне на 21 август во 21 часот во Велестово со поетскиот портрет на Јовица Ивановски, едно од водечките имиња во македонската современа поезија, по што ќе следува „Имаго“ ‒ интернационално поетско читање, на кое ќе настапат поетите од странство. Истата вечер, од 22:30 ...
Унгарската манекенка, Барбара Палвин, и нејзиниот сопруг Дилан Спраус открија заедно во неговиот подкаст „Widmen“ дека очекуваат девојче. Двојката, која се венча во 2023 година по пет години врска, откри дека манекенката е бремена во мај, кога првпат го покажа своето трудничко стомаче на Канскиот филмски фестивал. Сега тие зборуваа за тоа во неговиот нов подкаст „Wildmen“ и така го открија полот на бебето. Барбара рече: „Ќе го кажеш ли ...
Златан Ибрахимовиќ им порача на репрезентативците на Англија да „се погледнат во огледало“ и да се прашаат „колку се навистина добри“, откако „Гордиот Албион“ спектакуларно го пропушти водството против Аргентина и повторно не успеа да се пласира во финалето. Англија со тоа го доживеа својот трет пораз во полуфиналето на Светското првенство од последното финале што го играше во 1966 година, со што ја продолжи долгата низа, од 60 години без ...
Анџелина Џоли е подготвена за ново животно поглавје откако нејзините најмлади близнаци, Вивиен и Нокс, го прославија својот 18-ти роденден. Актерката и хуманитарката, која има шест деца со својот поранешен сопруг Бред Пит, сега сака поголема слобода и флексибилност во својот живот. Како што тврди извор за People, таа со години размислува да го напушти Лос Анџелес. „Таа со години зборува за желбата да го напушти Лос Анџелес. Таа е среќна што ...
„Ослободувањето на Никола Груевски во предметот „Талир 2” и одбивањето на конфискацијата на Белата палата е далеку од чист правен исход. Тоа е логистички успешно завршена операција, чиј краен резултат беше познат уште пред да биде прочитан диспозитивот“, реагираат од партијата Левица за пресудата за „Талир 2“. „Државниот јавен обвинител Ненад Савески, во еден од своите први потези на функцијата, ги повлече овластувањата на обвинителката која ...
Управата за јавни приходи ги известува граѓаните дека се превземени активности за заокружување на процесот на регистрација во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), кај граѓаните кои имаат поднесено барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, но постапката за регистрација не е во целост завршена. По извршени проверки во системот е-Даночни услуги (Е-ППД), утврдено е дека над 35.000 граѓани имаат поднесено ...
Кара Делевин е ѕвездата на новото издание на списанието „Плејбој“. Моделот одлучи да се разголи за оваа пригода, и позираше за насловната страница во смел фустан кој привлекува погледи и воздишки. Таа носеше црн латекс корсет од Ацуко Кудо, кој чини речиси 2.000 долари, но вниманието го привлече долниот дел од нејзиниот стајлинг. Или поточно, таа „заборави“ да понесе долна облека, па ги покри интимните делови со раката. View this post on ...
Општина Кисела Вода го доби првиот калистеник парк и терен за одбојка на песок. „Особено ме радува што уште еден простор во нашата општина добива целосно нов лик и станува центар за собирање на младите и љубителите на спортот“, вели градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. „Новата спортска зона е лоцирана во населбата 11 Октомври Бараки, во непосредна близина на Паркот на шахот. Калистеник паркот се простира на површина од 380 ...
На интернет се појави видео од кошаркарската легенда и диџеј Шекил О’Нил, кое ги воодушеви Хрватите. „Јас не се викам Шекил О’Нил, туку Шекил О’Ниловиќ. Ова ми е втор пат во Дубровник, прекрасно е, градот е одличен, се надевам дека ќе се вратам следната година. Сите знаат дека О’Ниловиќ ги сака Хрватите, клубот е фантастичен, луѓето, забавата… Ви благодарам, Дубровник. Ако ме сретнете во Хрватска – не сум Шекил О’Нил, туку Шекил О’Ниловиќ“, ...
Оскаровката Шарлиз Терон пристигна на премиерата на филмот „Одисеја“ во Њујорк во исклучително и секако најпријатно друштво за неа. До неа беше една од нејзините ќерки, со која ја сподели свечената филмска вечер. Шарлиз, која има две посвоени ќерки, ја искористи можноста да покаже дека големите јавни настани можат да послужат и како прекрасни семејни моменти. View this post on Instagram A post shared by Charlize Theron 🇵🇭 ...
Луис Хамилтон сподели интимни моменти од неодамнешниот одмор со Ким Кардашијан. На фотографиите што ги објави, Ким Кардашијан и нејзините деца може да се видат како поминуваат време заедно на планина, на вода и како заедно гледаат филмови. View this post on Instagram A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) Во описот на објавата, Хамилтон емотивно напиша: „Држете ги вашите луѓе блиску“. Хамилтон неодамна јавно коментираше за ...
Вечерва, 17 јули, ќе се одржат три настана на програмата на 47. издание на фестивалот Скопско лето. Во Кинотека на Македонија, со проекцијата на филмот „Барајќи си ја среќата“ во режија на Марија Џиџева во 20:15 часот завршува овогодишната „Кинотека на Скопско лето“, чиј фокус е македонскиот филм. Билетите за проекцијата се достапни на karti.com.mk. Со почеток во 20:30 часот во Едукативниот културен центар Лабораториум ќе се одигра ...
Косовскиот државјанин Р.Е. е лишен од слобода, откако на граничниот премин Блаце, при царинска контрола, насилно и противзаконски го преминал преминот со автомобил во кој криумчарел дрога, при што го довел во опасност животот на царинскиот службеник кој го запрел за детална контрола. Против него е поднесена кривична пријава поради основано сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, ...
Кој и да го освои финалето на Светското првенство во недела, Атлетико Мадрид ќе ги има своите шампиони. Во множина, бидејќи ќе има четворица или петмина. Дури девет претставници го имаат „Јорганџиите“ во финалето, а ова не е ниту прво ниту второ, туку трето последователно Светско првенство што овој клуб има најмногу претставници во финалниот настап на најголемото глобално фудбалско шоу. Меѓу тие деветмина е и Хулијан Алварез, чија сага е ...
НККР Свети Николе поднесе кривична пријава до ОЈО Свети Николе против 39-годишната Д.П. од Скопје за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по чл. 383-б ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Д.П. во периодот од 18.11.2022 до 21.08.2024, во својство на одговорно лице-претседател на Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели при ...
На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Вашингтон учествуваше на министерска конференција посветена на заканите од подемот на политичкиот тероризам. На конференцијата, високи претставници од повеќе од шеесет држави разговараа за унапредување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со ...
„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност“, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на соопштението на Влен. „Според оваа ...
ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарите и златните медали, за прв пат ќе добие и шампионски прстени. Како што е објавено на официјалната веб-страница на ФИФА, на победничкиот тим по финалето помеѓу Шпанија и Аргентина ќе му бидат врачени специјално изработени прстени. Тоа претставува преседан во историјата на натпреварувањето на ...
Пеп Гвардиола, кој е без клуб, откако по 10 години си замина од Манчестер Сити, зборуваше за финалето на Светското првенство. Изјави дека нема да навива за никого, но не пропушти да ги анализира шансите на Шпанија против Аргентина. „На Светското првенство не навивам за ниту една конкретна репрезентација, но ги следам тимовите во кои играат фудбалерите што ги ценам и со кои сум соработувал. Ќе бидам среќен да навивам за нив“, објасни ...
Француската репрезентација беше еден од фаворитите на ова Светско првенство, но сепак, беа сопрени во полуфиналето, губејќи од Шпанија. Многу навивачи останаа тажни, а имаше и такви кои веднаш почнаа да бараат „кој е виновникот“. View this post on Instagram A post shared by Just Jared (@justjared) Еден од најважните играчи, Килијан Мбапе, не се истакна премногу за време на полуфиналниот натпревар, а навивачите брзо го дадоа својот суд на ...
„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми ...
Антоан Гризман потпиша за Орландо Сити и со тоа ја исполни својата долгогодишна желба да игра во американската МЛС лига. Со преселбата во клубот од Флорида, францускиот напаѓач ќе го обнови своето соперништво со Лионел Меси, со кого се натпреваруваше со години во шпанското првенство, пишува „beIN Sports“. Гризман (35) потпиша договор со Орландо до крајот на 2028 година. Тој го напушти Атлетико Мадрид како најдобар стрелец во историјата на ...
Јувентус официјално го потврди првото засилување за претстојната сезона. Турскиот репрезентативец Зеки Челик е новиот десен бек на клубот од Торино, со кого потпиша договор до 2029 година. За 28-годишниот фудбалер, ова е продолжение на неговата кариера во Италија откако претходната сезона ја помина во Рома. Тој се приклучи на Јуве без надомест по истекот на договорот. Челик, роден во 1997 година, се етаблираше во турскиот фудбал пред да се ...
Актерот Мет Дејмон неодамна присуствуваше на уште една премиера на филмот „Одисеја“, во режија на Кристофер Нолан. Овој пат настанот се одржа во Њујорк, а бројни ѕвезди од различни сфери на уметноста се собраа тука. Сепак, актерот и неговата придружба привлекоа најголемо внимание. Се чини дека ова беше семеен излет за Дејмон, бидејќи тој прошета по црвениот тепих во друштво на неговата сопруга Лусијана и ќерката Изабела. View this post on ...
„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори“, велат од СДСМ. „Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова форма , ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство, кое ќе се игра во недела во 21:00 часот во Њу Џерси. ФИФА објави видео во кое претседателот на Судиската комисија на ФИФА, легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина го информира Винчиќ дека е избран за главен судија на финалниот натпревар. Словенечкиот судија емотивно реагираше на веста дека ја добил најголемата чест во својата кариера и не можеше да ги ...
„Со денови ДУИ изнесува неосновани обвинувања против нас, обидувајќи се да нѐ етикетира со лажниот наратив за „српскиот свет“. Но, пропагандата исчезнува во моментот кога ќе се соочи со официјални документи“, велат од Влен. „Официјалното соопштение на Претседателството на Србија, по средбата меѓу претседателот Александар Вучиќ и тогашниот министер за надворешни работи, сеопштиот губитник Бујар Османи, јасно покажува дека меѓу темите на ...
Неодамна во Њујорк се одржа уште една премиера на филмот „Одисеја“, а вниманието на јавноста го привлече и актерката Зендаја, покрај Мет Дејмон и неговите убавици. Со своите модни избори, таа им стави до знаење на многумина дека гордо ја носи титулата најдобро облечена жена, особено кога пригодата бара беспрекорен стил. За овој настан, таа одлучи да носи магична креација од куќата Matières Fécales, украсена со драматични пердувести крилја ...