Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќешниот руски ракетен напад врз Киев и околината, соопштија украинските власти. Според првичните информации, кон главниот град биле лансирани 31 балистичка и осум хиперсонични ракети „Циркон“. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека шестмина повредени се хоспитализирани, а пожарникарите спасиле повеќе лица од оштетени станбени згради. Нападите предизвикале пожари и оштетувања во неколку ...

САД започнаа нови воздушни напади врз Иран, откако во ирански напад во Јордан загинаа двајца американски војници, а трет се води како исчезнат, соопшти Американската централна команда (CENTCOM). Според CENTCOM, нападите биле изведени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и биле насочени кон слабеење на способностите на Иран да ја загрозува пловидбата низ Ормускиот Теснец, како и кон сили на Иранската револуционерна гарда. ...

Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. ...

Англија ја победи Франција со 6:4 во спектакуларниот натпревар за третото место на Светското првенство во Мајами и го освои бронзениот медал. Англичаните на полувремето водеа со 4:0, но Франција се врати на 4:3 и пропушти неколку стопроцентни шанси за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англија. Покрај него, во листата на стрелците се запишаа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. За Франција ...

Опозициските партии СДСМ и Левица упатија критики поради новиот билборд поставен на влезот во главниот град, обвинувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи низа грешки. Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека наместо разубавување на градот, скопјани добиле симбол на аматеризам и срам. Од партијата тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе, а останатите елементи, според нив, не соодветствуваат на изгледот и ...

Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда ...

Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција ...

Шпанија и Аргентина вечерва на стадионот во Њу Џерси ќе се борат за титулата светски шампион во финалето на Светското првенство 2026. Шпанија до финалето стигна со шест последователни победи по ремито со Зеленортските Острови и постави рекорд со шест натпревари без примен гол на едно Светско првенство. Во полуфиналето ја совлада Франција со 2:0. Аргентина, актуелниот светски шампион, во полуфиналето со пресврт ја победи Англија со 2:1. ...

Лионел Меси е на чекор до ново испишување историја и втора последователна титула светски шампион со Аргентина. Во големото финале, заедно со останатите членови на својата „банда“, ќе се обиде да ја одбрани титулата светски првак, нешто што досега им успеало само на Бразил со Пеле во 1958 и 1962 година, како и на Италија во 1934 и 1938 година. Меси беше вистински лидер на тимот, ја водеше репрезентацијата до големи победи и пресврти во ...

Англискиот репрезентативец Деклан Рајс изјави дека оваа генерација е најсилната што Англија ја имала во последните години, по победата над Франција (6:4) и освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство. „Ова е најдобрата група играчи што Англија ја имала после долго време. Тоа е факт и никој не може да ни го одземе“, рече Рајс. Тој призна дека поразот од Аргентина во полуфиналето сè уште боли, но нагласи дека третото место е голем ...

Францускиот капитен Килијан Мбапе испиша историја на Светските првенства, откако со двата гола против Англија во натпреварот за третото место стигна до 22 погодоци на мундијалите и стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Со тоа го надмина Лионел Меси, кој има 21 гол, но Аргентинецот ќе има можност да ја подобри својата статистика во финалето против Шпанија. Мбапе до рекордот стигна на 27-годишна возраст, а на актуелното ...

Англија освои бронзен медал на Светското првенство, откако во спектакуларниот натпревар за третото место ја победи Франција со 6:4. Покрај медалот, Англиската фудбалска асоцијација ќе инкасира и нешто повеќе од 25 милиони евра, додека Франција како четвртопласирана ќе добие 23,6 милиони евра. Разликата меѓу третото и четвртото место изнесува околу 1,5 милиони евра. За споредба, светскиот шампион ќе заработи 43,7 милиони евра, а поразениот ...

Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. ...

Англиската репрезентација ја победи Франција со 6:4 во спектакуларен натпревар за 3-то место на СП и го освои бронзениот медал. Англија водеше со 4:0 на полувреме, но Франција се врати на 4:3 и упати пропушти неколку чисти шанси за за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англичаните. Освен него, стрелци беа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. Килијан Мбапе постигна два гола за Французите и ...

Челзи постигна усмен договор со Астон Вила и Морган Роџерс кој ќе стане еден од најплатените играчи. Астон Вила ја прифати понудата на Челзи, а Морган Роџерс (23), кој ќе стане фудбалер на Челзи, кога ќе ги помине медицинските прегледи во понеделник. Челзи ќе плати 117 милиони фунти за шестгодишен договор, со можност за продолжување за уште една сезона. Арсенал исто така покажа интерес за Роџерс, но Челзи беше поинтересна опција за него, ...

МВР истражува случај на врсничко насилство во Аеродром. Мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот син со месеци бил физички малтретиран во оваа скопска општина. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападите се случувале во период од март годинава, па се’ до вчера кога случајот бил пријавен во полицијата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. МВР истражува случај на врсничко насилство во ...

Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен татко“ и одличен партнер во заедничкото родителство. Актерката изјави дека додека децата биле мали целосно му се посветила на мајчинството и ретко прифаќала ангажмани што би ја оддалечиле од нив. Сега, кога нивните деца се тинејџери, Гарнер вели дека има повеќе слобода бидејќи Афлек презел поголема улога во грижата за ...

Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата „137“ во Гостивар. Според пријавата, С.А. (38) од Чегране бил на терен со работната машина кога се превртела. Повредениот бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар. Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки ...

Силно невреме со дожд и грмежи ги наруши последните подготовки на Шпанија и Аргентина пред финалето на Светското првенство. Тренингот на Аргентина бил одложен за 45 минути поради грмотевици, но светските шампиони подоцна успеале да го реализираат планираниот тренинг. Шпанија, пак, немала толку среќа. Нејзиниот тренинг, по првичното одложување, бил целосно откажан поради лошите временски услови. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, ...

Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец. Според пријавата, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово. При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила. Полицијата презема ...

Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејства. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 18 јули во 00:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Л. (32), со престојувалиште во Штип. Според полицијата, тој и неговата сопруга К.Х. (30) на улицата „Гоце Делчев“ во Штип физички нападнале полициски ...

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција Фарс. Заменик-министербот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран го суспендирал договорот бидејќи Вашингтон со своите воени дејства ги прекршил обврските од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад. „Повеќе не се сметаме за обврзани да ги почитуваме договорените обврски“, рече Гарибабади. Иранскиот ...

Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!! Епа браво. ...

Полицијата во изминатото деноноќие евидентирала повеќе случаи на семејно насилство и закани во Охрид, Струга и Скопје, при што две лица се приведени. Во Охрид, во петокот во 23:10 часот, полициски службеници го привеле П.С. од охридско село, по пријава дека во семејниот дом бил агресивен кон својата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Во струшко село, во 16:00 часот, бил уапсен ...

Дури 97 црноноси овци угинале откако гром удрил во стадо на швајцарските Алпи, додека околу 80 животни преживеале. Инцидентот се случил во текот на ноќта на планинско пасиште на планината Егерхорн, на надморска височина од 2.503 метри, по силните грмежи што зафатиле голем дел од Швајцарија. Одгледувачот изјавил дека овците биле собрани во ограден простор како заштита од волци, мерка која последниве години станала неопходна поради ...

Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и ...

Четириесет и едногодишен скопјанец е приведен по пријава дека на подрачјето на Лисиче две лица извршиле обљуба врз 32-годишна жена. Според Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен денеска, 18 јули, во 00:20 часот. Во врска со случајот, од слобода е лишен А.М. (41) од Скопје, а полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Четириесет и едногодишен скопјанец е приведен по пријава дека на ...

Претседателот на Воениот комитет на НАТО, Џузепе Каво Драгоне, предупреди дека Русија би претрпела многу поголема штета отколку што би добила доколку се обиде да ги нападне Полска или балтичките земји, објави „Индекс“, повикувајќи се на интервју за „Киев индипендент“. „Денес Русија би загубила многу повеќе отколку што би добила со каква било акција против Полска или Балтикот. Подготвени сме“, изјави Каво Драгоне. Тој оцени дека можноста за ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе ги намали акцизите на дизелот и безоловните горива поради очекуваниот раст на цените на нафтените деривати, а по ова следуваше реакција од СДСМ, од каде оценија дека Владата реагира предоцна. Мицкоски изјави дека, поради состојбата на Блискиот Исток, растот на цената на нафтата на светските берзи и посилниот долар, очекува поскапување на горивата. Тој најави дека Владата ја ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.38
50%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
67%
1010
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.57
80%
1009
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.53
42%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.44
32%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 17ᴼ
0.9
84%
1010
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
0.89
56%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.27
58%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.37
61%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
0.89
59%
1012
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 23ᴼ
1.79
46%
1007
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 22ᴼ
1.81
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Цинк

0.00

Злато

130265.18

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Сребро

1870.85

Бакар

12.74

Калај

53.50

Рутениум

53852.50

Паладиум

39448.97

Родиум

263636.12

Платина

50958.93