Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 прегледи, од кои ...
Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и ...
Во текот на изминатото деноноќие, Министерството за внатрешни работи регистрираше повеќе случаи на семејно насилство во Скопје, Радовиш и Струмица, при што во три случаи се извршени приведувања. Во Скопје, 36-годишен маж пријавил дека бил физички нападнат од неговата 35-годишна поранешна сопруга на подрачјето на Центар. Неколку часа подоцна, и 35-годишната жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот 36-годишен поранешен сопруг. ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...
Двајца малолетници се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, а кај возачот на автомобилот биле утврдени 1,20 промили алкохол во крвта. Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена на 18 јули во 14:45 часот и се случила помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.П. (38) од Долно Лакочереј, и мопед „априлиа“ со охридски регистарски ...
По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на ...
Андреа Кими Антонели, шестата победа во сезоната ја забележа на легендарната патека Спа Франкошамп. 19-годишниот Италијанец ја освои Големата награда на Белгија пред Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Антонели уште еднаш имаше брилијантно издание, не потклекна ниту кога Леклер се стекна со предност, кога го искористи виртуелното возило за безбедност за да стави нови гуми на својот болид. Трката во Белгија не донесе многу ...
Седумгодишно дете е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово. Како што соопшти МВР, мотоцикл „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С. (32) од Куманово, удрил во детето. Во несреќата детето се здобило со повреди и било пренесено во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово. Седумгодишно ...
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот со натпис „Добредојдовте во Скопје“, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. Дополнително, ...
Со претставувањето на етно проектот „Кафе Де Анатолија“, Били Естебан и Александар Јовевски, севдах бендот ,,Диванхана” од Сараево и дј сетот на Били Естебан, Локум фест и се оддолжи на битолската чаршија за сета радост и дух кој и го даде на овој фестивал кој точно пред 20 години започна токму тука. „Кога гледате радосни лица кои играат и се веселат, знаете дека мисијата е успешна. Голема благодарност до сите кои помогнаа да се случи Локум ...
Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука. Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом. Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на семејството. Од МВР информираат дека се преземаат ...
Лионел Меси не се запиша меѓу стрелците во полуфиналната победа на Аргентина над Англија, но уште еднаш испиша историја на Светските првенства. Капитенот на Аргентина забележа две асистенции во големиот пресврт на својата репрезентација, со што вкупниот број негови асистенции на Мундијалите се искачи на 12. Дури 10 од тие 12 асистенции ги остварил во нокаут-фазата, а ниту еден друг фудбалер во историјата нема повеќе од осум вкупно. Во текот ...
Двајца 15-годишници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосницата на улиците „Ќемал Сејфула“ и „Павле Илиќ“ во Скопје. Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена околу 16:00 часот, а во неа учествувале „југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б. (71) од Скопје, и два електрични тротинети управувани од двајца 15-годишници од Скопје. Во несреќата едниот малолетник се здобил со тешки телесни ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска област. Според соопштението, селото преминало под контрола на Москва. Пред почетокот на војната, Вилне имало околу 40 жители. Украинските власти засега не ја коментирале оваа информација. Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска ...
Објавен е видеоматеријал „зад сцената“ од снимањето на гласовите за краткометражниот анимиран филм „Лефти и Рајти“, кој открива дел од процесот на синхронизација на ликовите. Гласовите на главните ликови ги позајмуваат Јелена Јованова (Лефти), Гораст Цветковски (Рајти), Изабела Јакимова (Јакната Јасна), Ева Скендеровска (Дреска) и Тања Кочовска како наратор. Во видеото учествуваат и статистите Јана и Миа Велеви, како и Александар ...
„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...
Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука дали на подрачјето на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, изјави раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, Драган Кочински. Тој посочи дека Институтот е во постојана комуникација со Центарот за јавно здравје и дека сите мерки за контрола и превенција веќе се спроведуваат. „Во комуникација сме со Центарот за јавно здравје и во текот на ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани. На Педијатриското одделение ...
Четириесет и петгодишен стружанец е приведен откако, управувајќи автомобил под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода на регионалниот пат кај струшкото село Калишта. Како што соопшти МВР, настанот се случил на 18 јули во 21:12 часот. Н.Б. (45) од Струга управувал „тојота“ со струшки регистарски ознаки, а при увидот полициските службеници констатирале дека имал 2,56 промили алкохол во крвта. По налог на јавен обвинител, возилото ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена, соопшти ...
Додека некои луѓе тешко го замислуваат животот без партнер, други одлично се чувствуваат и кога се сами. Според астролозите, четири хороскопски знаци особено ја ценат својата независност и не ја врзуваат среќата исклучиво со љубовниот статус. Водолија ја сака слободата и можноста сама да одлучува за својот живот. Во врска влегува само ако партнерот ја почитува нејзината независност. Стрелецот ужива во патувања, авантури и нови искуства. Не ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. Важно: ...
Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото покажува дека во земјава нема реформи, корупцијата останува широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци, изјави денеска Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е ...
Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а неколку други се повредени, јавува германската новинска агенција „ДПА“. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степени според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени јачината на 5,5 степени. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 ...
Досегашниот селектор на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешан, последен пат ѝ се обрати на јавноста во таа улога по поразот од Англија (6:4) во натпреварот за третото место на Светското првенство. Во емотивното обраќање тој го анализираше својот последен натпревар, ја презеде одговорноста за неуспехот и официјално потврди дека се повлекува, најавувајќи дека селекторската функција ќе му ја предаде на Зинедин Зидан. Дешан призна ...
Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација. При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката: „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде ...
Најмалку едно лице загина, а 13 се повредени во ноќешниот руски ракетен напад врз Киев и околината, соопштија украинските власти. Според првичните информации, кон главниот град биле лансирани 31 балистичка и осум хиперсонични ракети „Циркон“. Градоначалникот Виталиј Кличко соопшти дека шестмина повредени се хоспитализирани, а пожарникарите спасиле повеќе лица од оштетени станбени згради. Нападите предизвикале пожари и оштетувања во неколку ...
САД започнаа нови воздушни напади врз Иран, откако во ирански напад во Јордан загинаа двајца американски војници, а трет се води како исчезнат, соопшти Американската централна команда (CENTCOM). Според CENTCOM, нападите биле изведени по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп и биле насочени кон слабеење на способностите на Иран да ја загрозува пловидбата низ Ормускиот Теснец, како и кон сили на Иранската револуционерна гарда. ...
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. ...
Англија ја победи Франција со 6:4 во спектакуларниот натпревар за третото место на Светското првенство во Мајами и го освои бронзениот медал. Англичаните на полувремето водеа со 4:0, но Франција се врати на 4:3 и пропушти неколку стопроцентни шанси за целосен пресврт. Херој на натпреварот беше Букајо Сака, кој постигна три гола за Англија. Покрај него, во листата на стрелците се запишаа и Деклан Рајс, Џуд Белингам и Езри Конса. За Франција ...