Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино. Публиката ќе има можност да проследи богата музичка програма со настапи на реномираните македонски изведувачи Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои ќе приредат вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера за ...

Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.“ Искази дадоа сведоците: Верица Делева, ...

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како уште еден обид за бегство од одговорност. „Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето ...

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи на 3.100. Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека бројката од над 1.200 заболени лица која беше пријавена викендов била нецелосна. „Она што можеме да го кажеме е дека во моментот до сега има 3.100 здравствени контакти. Здравствени контакти значи контакти во Здравствениот дом Гостивар и во Општата ...

Нико Вилијамс (24) пред две години беше незаменлив во шпанскиот поход кон европската титула. Левото крило на Атлетик Билбао, со Ламин Јамал, ги тероризираше противниците. Тој го круниса одличното Европско првенство со гол во победата над Англија во финалето. На Мундијалот, Нико ниту еднаш не беше стартер. Остана на клупата на два натпревари, а влезе од клупата во преостанатите шест. И во финалето беше резерва, влезе на теренот по 70-та ...

Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон беа 117 минути. Ќе остане забележано дека два пати се обидоа до крајот на мечот, но обидот на Меси беше изблокиран, а ударот на Симеоне заврши над голот. Срамната партија ја зачинија со низа инциденти по завршувањето на големото финале. Молина го удри Родри, Паредес го нокаутира Гави, а помошникот на Лионел Скалони, Ајала му удри ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека обидот на Европската Унија да преговара со Русија „од позиција на сила“ е ќорсокак и „најголема грешка“. Москва вели дека ваквите обиди засновани на притисок се фундаментално погрешни, но во исто време тврди дека остануваат отворени за дијалог со Европа. Песков се осврна на украинските напади и перспективите за обновување на односите со ЕУ на редовниот брифинг во Москва во петокот, објави Киев ...

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски. Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството. „Со гордост ...

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја, велат од Левица. Според оваа партија, да се побараат уште шест години од УНЕСКО ...

Шпанија стана светски шампион по втор пат откако ја победи Аргентина со 1:0, по продолженија во финалето на Светското првенство. Натпреварот беше обележан со грубата игра на аргентинската репрезентација, а беше решен со голот на Феран Торес, кој со тоа му се придружи на Андрес Иниеста како единствен Шпанец кој постигнал гол во финален натпревар на Светско првенство. Медиумите од Англија, чија репрезентација беше елиминирана од Аргентина во ...

Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. Ова, вели таа, е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон. „Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на акцизата. Повторно половична и задоцнета ...

Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со ...

Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност ...

За епидемијата во Гостивар со над 1200 заболени граѓани освен кривична, премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има и морална одговорност која би тргнала од градоначалникот па надолу. Владата и Институтот за јавно здравје, според премиерот, презеле сè што требало да се преземе. „Ние како институции во рок од два дена сè завршивме. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа коешто е нивна ингеренција е завршено и ...

По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти, истакна на ...

Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврдува вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е, како што рече на прес-конфренција, колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. „Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сме 9. Не дојдовме до таа ...

Луис де ла Фуенте ја предводеше Шпанија до титулата светски шампион две години откако стана европски шампион со националниот тим. Шпанија, под негово водство нема пораз на 38 последователни официјални натпревари, а 65-годишниот тренер ги смири сите критичари кои се соменваа во него кога во 2022 година беше именуван за селектор. Де ла Фуенте ја изгради Шпанија како тим кој се потпира на колективот, дисциплината и меѓусебната доверба, а не ...

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им ...

Шпанската фудбалска репрезентација доминантно го освои Светското првенство, триумфот на „црвената фурија“ донесе и индивидуален подвиг што ќе се памети со генерации. Алекс Баена влезе во историјата како првиот фудбалер што ги освои трите најголеми репрезентативни натпреварувања, Европското првенство, Олимписките игри и сега Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид комплетираше неверојатна колекција трофеи за само ...

Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата, истакна денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ. „Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои ...

Шпанија ја освои титулата светски првак, втор пат во својата историја. Шпанците, во Њу Џерси, во финалето на 23-то Светско првенство, ја победија Аргентина, по продолженијата со 1:0. Голот вреден светска титула го постигна Феран Торес во 106-та минута. Откако го освои Светското првенство со Шпанија, селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, се пошегува на прес-конференција, го потсети Марк Кукуреаа да си го одржи зборот и да се истетовира ...

ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство, велат од Левица. Како што додаваат доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го ...

Продолжувањето на европската политика на конфронтација со Русија и сè посилната воена поддршка за Украина би можело да започне спирала на ескалација, чиј краен исход би бил непосреден конфликт меѓу нуклеарните сили, предупреди американскиот политиколог и професор на Универзитетот во Чикаго, Џон Миршајмер. Миршајмер, гостин на „YouTube“ каналот на професорот Глен Дизен, процени дека поразот на украинските сили на фронтот би можел да ги стави ...

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град. „СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да ...

Шпанија е новиот светски шампион во фудбал. Во напнатото финале на Светското првенство, Шпанците ја победија Аргентина со 1:0 по продолжение. Решавачкиот момент се случи во 106-та минута, кога Феран Торес го постигна победничкиот гол. Аргентина на тој начин не успеа да ја одбрани титулата освоена во 2022 година во Катар, додека Шпанија го повтори успехот од 2010 година. По 90 минути немаше победник, па натпреварот отиде во продолжение. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието кон себе на прославата на титулата светски шампион. Откако на шпанскиот претставник Родриго (Родриго Ернандез Касканте) му беше врачен трофејот, се очекуваше Трамп, заедно со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од сцената и да им го препушти подиумот на новите светски шампиони. Иако и Родри и Инфантино се обидоа да го „отстранат“ Трамп, тој сепак одлучи ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Иран го користи Ормускиот теснец како инструмент и лост во постигнувањето на своите цели и ги повика другите земји да го зголемат притисокот и да го споделат товарот во заштитата на глобалниот поморски сообраќај. „Јасно е дека Иран, барем некои луѓе во Иран, сакаат да го контролираат теснецот и да го држат како лост против целиот свет“, изјави Рубио пред новинарите пред неговото патување на ...

Поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство тешко го погоди Николас Отаменди, кој веднаш по завршувањето на натпреварот влезе во вербален конфликт со капитенот на Шпанија Родри, незадоволен од изјавите дадени од Ајмерик Лапорт пред финалето. Кога Родри се приближи да ги поздрави противниците по последниот свиреж на судијата, искусниот аргентински стопер имаше што да му каже. „Треба помалку да зборуваш, глупав еден. Цела недела ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно остро ја нападна Канада поради густиот чад од шумските пожари што со недели го задушуваат североисточниот дел на САД. Откако се закани со воведување нови тарифи пред два дена на својата платформа „Truth Social“, Трамп отиде чекор понатаму во синоќешното интервју за мрежата „NewsNation“ и рече дека Канада треба да плати отштета за економските загуби што ги претрпеа американските федерални држави. ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.03
38%
1013
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
65%
1009
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.36
78%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.27
38%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.88
30%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
81%
1010
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
52%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.45
57%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.22
57%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.4
50%
1012
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
43%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
2.14
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Сребро

1870.85

Паладиум

39448.97

Злато

130265.18

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Бакар

12.74

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Платина

50958.93

Родиум

263636.12

Калај

53.50