Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Изгледа СДС не знаат што е истрага и доверливост на информации, со цел постапката да се компромитира. Или, пак, нивните интереси се токму такви, штом толку упорно инсистираат за тоа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ во кое прашаа зошто се кријат резултатите од анализите за водата во Гостивар. „Јасно е пропишано со закон во која фаза од истрагата, кои информации се споделуваат со пошироката јавност. Но, имајќи предвид дека во ...
Владата, на денешната седница, донесе Одлука со која се определува видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата. Намалувањето на акцизите на бензинот и дизелот, велат од Владата, како навремена мерка е насочена кон ублажување на последиците од растот на цените на светските берзи и заштита на животниот стандард на граѓаните. „Со донесената Одлука за намалување на акцизите се овозможува да се амортизира ...
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 3, дизелот за 6 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Од 21.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ...
Британскиот крал Чарлс го назначи новиот лидер на Британската лабуристичка партија, Енди Бернам, за премиер и му ја довери задачата за формирање влада, објави Бакингемската палата. Во придружба на неговата сопруга од холандско потекло Мари-Франс ван Хил, поранешниот градоначалник на Манчестер, 56-годишниот Бернам пристигна во палатата напладне, а потоа се упати кон седиштето на владата на Даунинг стрит 10. Тој е четвртиот премиер откако ...
Креацијата е направена од дури 200.000 кристали Сваровски, а е украсена со принт инспириран од зајдисонцето. Колумбиската пејачка Шакира настапи синоќа на финалето на Светското првенство во фудбал, а во таа пригода блесна во уникатна креација на модната куќа Роберто Кавали. Таа носеше костим дизајниран од креативниот директор на брендот, Фаусто Пуглиси. Креацијата е изработена од дури 200.000 кристали Сваровски, а е украсена со принт ...
Во романтичните врски, често зборуваме за големи изјави, романтични изненадувања и посебни моменти, но експертите за врски нагласуваат дека стабилната и среќна врска најчесто се гради преку мали, секојдневни постапки. СМС порака во текот на денот, искрено прашање „како си?“, момент заедно без телефон или нешто мало што покажува дека размислуваме за нашиот партнер може да има многу повеќе значење од скапите подароци и спектакуларните ...
Опозициската СДСМ прашува зошто се кријат резултатите од анализите на водата во Гостивар? „Кој уште верува во институции под контрола на Мицкоски? Гостивар мора да ја знае вистината. Кој уште верува во институции кои ги контролираат ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски? Дали постои човек кој сериозно верува во Мицкоски? Дали граѓаните треба да веруваат во обвинителство за кое пред неколку дена Европската комисија објави извештај во кој јасно се ...
Младиот шпански репрезентативец Ламин Јамал (19) не ги криеше своите емоции по освојувањето на Светското првенство. Тој ја сподели големата прослава на стадионот МетЛајф во Ист Радерфорд со својата девојка, инфлуенсерката Инес Гарсија Сантос, со која разменија прегратки и бакнежи по историскиот триумф. View this post on Instagram A post shared by Inés García Santos (@ineesgaarcia) Инес објави фотографија од нив заедно на Инстаграм, ...
Светски шампиони, фудбалерите на Шпанија се вратија дома. Вчера, во Њу Џерси, Шпанија со голот на Феран Торес ја победи Аргентина по продолженија. Шпанија ја освои светската титула втор пат во својата историја. „Црвената фурија“ ја освои својата прва титула пред 16 години во Јужна Африка кога ја победија Холандија со 1:0 во финалето по продолженија. Како што е вообичаено по секоја голема титула освоена од шпанската репрезентација, има ...
Фудбалските судии ретко се меѓу омилените луѓе на стадионот. Тие најчесто се критикувани за нивните одлуки на теренот, особено кога некои гледачи веруваат дека наштетиле на репрезентацијата за која навиваат. Сепак, ситуацијата беше сосема поинаква со судијата на финалето на Светското првенство. @aqulvr HE IS DADA #slavkovincic #worldcup #edit #viral #dada Ib/rm: @dez ♬ original sound – aqulvr Словенечкиот судија Славко Винчиќ стана ...
Претседателот на Унијата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, изјави дека Европската Унија е подготвена војната во Украина да трае „до последниот Украинец“ и дека, затоа, конфликтот нема да заврши наскоро. Во соопштението, Додик потврди дека ЕУ се обидува да ги постигне своите цели и интереси „со животите и крвта на другите“. „Војната се води само на територијата на Украина, но во суштина тоа е борба на Европската Унија да ја ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени. Во ...
Италијанската фудбалска федерација презеде конкретен чекор во обид да го доведе Пеп Гвардиола на функцијата селектор на националниот тим. Според информациите на „Скај Спорт“, Паоло Малдини и Леонардо отпатувале во Барселона и за време на викендот имале директни разговори со поранешниот тренер на Манчестер Сити. Двајцата, кои се дел од новата структура на италијанската федерација, сакале да испитаат дали Гвардиола е подготвен да ја преземе ...
Вардар и Шкендија ги дознаа потенцијалните ривали во третото квалификациско коло од Конференциската лига. Во оваа фаза натпреварите ќе се играат на 6 и 13 август. Вардар и Шкендија најпрво треба да ја го мина второто коло во Конференциската лига. На патот на Вардар стои Рига, а доколку го мината второто квалификациско коло, во третото противник ќе им биде победникот од дуелот меѓу Атлет Бисен од Луксембург и ЕТО Ѓер од Унгарија. Шкендија, ...
Џенифер Лопез објави фотографија во пресрет на нејзиниот 57-ми роденден на која позира во када. На сликата, направена за време на заедничкото патување за роденден со нејзината сестра Линда Лопез, пејачката се смее од мермерната када, додека нејзината сестра ѝ возвраќа со насмевка додека седи на подот. Фотографијата е дел од објава од нивниот одмор. „Заедничкото патување за роденден со сестра ми е секогаш добра идеја!!“ напиша Лопез. ...
Полицијата уапси професионален возач кој управувал товарно возило вршејќи вонгабаритен превоз без одобрение и под дејство на алкохол. Денеска во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници, уапсен е возач на товарно возило „волво“ со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз, а при извршен алкотест утврдено е присуство на ...
Пради посетата на претседателката на Индија на Охрид, од денеска до 22 јули во Охрид ќе се преземаат засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај, извести СВР Охрид. „Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, од денеска интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено ...
Поранешниот англиски фудбалер, легенда на Ливерпул и Њукасл, Кевин Киган почина попладнево на 76-годишна возраст. Веста за смртта на фудбалскиот великан ја потврди неговото семејство во соопштение. „Поранешниот англиски фудбалер и тренер се бореше со рак, беше опкружен со своето семејство со целото внимание на неговата сопруга и ќерка во последните денови. Двократен освојувач на Златната топка, Кевин беше сакан сопруг, татко и дедо. ...
Откако се изрезили и себеси и аргентинскиот фудбал пред очите на целиот свет, Леандро Паредес им кажа на медиумите во неговата земја зошто го нападнал Гави по финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал. „Гави ми пријде веднаш по последниот свиреж на судијата, додека сите славеа. Ме погледна и на шпански рече дека денес судија и ВАР-от не беа тука за да му помогнат на Меси. Тоа не ми се допадна. Беше непочитување, особено кога ...
Од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство за епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени ...
Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој денеска на прес-конференција изјави дека по прогласувањето на епидемијата во Гостивар веќе е активиран Кризниот штаб. „На мој предлог го активиравме Кризниот штаб по прогласувањето на епидемијата, кој ќе ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...
Beach Film Festival, фестивалот на нов европски филм, се враќа во Охрид од 22 до 26 јули 2026 година со своето деветто издание. Пет дена, четири локации и десетици филмови под отворено небо — на плажа, на брод и покрај езерото — ќе го претворат Охрид во летна филмска сцена. Годинашното издание носи официјална селекција на долгометражни, краткометражни и студентски филмови од повеќе европски земји, специјална селекција, детска програма и ...
Новинар од Гостивар бил нападнат вчера, најверојатно поради објавена фото-вест. Според информациите од МВР, вчера во 23:40 часот во ОВР Гостивар, Б.М.(48) од Гостивар, новинар и сопственик на локална телевизија од Гостивар, пријавил дека околу 19:30 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, додека извршувал службена дејност, А.Л. од Гостивар му се заканувал и се обидел и да му ја одземе камерата. Според пријавеното, најверојатно мотив за ...
Жител на Пробиштип со електрошок изнудил 110.000 денаеи од три жени. Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“. На 03.07.2026 било приајвено дека пријавениот подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка и со употреба на електрошок во два наврати од нив изнудил вкупно 110.000 денари. Жител на Пробиштип ...
Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за ...
Додека илјадници жители на Гостивар се соочуваат со здравствени последици, а водата од градскиот водовод не е безбедна за никаква употреба – Мицкоски настапува како премиер на туѓа држава, велат од Левица. Наместо итна мобилизација на сите расположливи капацитети, додаваат од партијата, тој ладнокрвно соопштува дека Владата го завршила својот дел во поглед на нејзината надлежност, по што санацијата ја препушта на локалниот Водовод чиј ...
Маж и жена од Косово и една жена од Турција, сите со живеалиште во Германија, се тројцата загинати во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај Блаце. Претходно жител на Косово ги пријавил тројцата во полиција како исчезнати. Во потрагата бил вклучен и дрон, а се пребарувале и камерите од „Безбеден град“. Вчера во 13:40 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.Ш.(56) од Косово пријавил дека неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. и ...
Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура. Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод. ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, ...