Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сите мини во меѓународните води во Ормускиот теснец се детонирани или отстранети и дека на Иран му е кажано дека секој брод или чамец што ќе постави нови мини ќе биде уништен. Трамп рече дека САД го следат „секој квадратен сантиметар“ од теснецот, клучен морски пат во глобалниот синџир на снабдување со енергија, преку своите Вселенски сили. „Политиката на нулта толеранција за поставување ...

Директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, денес беше во Москва, според CBS и Axios, но ниту Вашингтон ниту Москва не го потврдија патувањето. Причината за патувањето, кое би била првата позната посета на Џон Ратклиф на Русија откако ја презеде функцијата во 2025 година, сè уште не е позната. Лет од Рига до Москва Американски воен авион полета од Латвија во вторник наутро кон московскиот аеродром Внуково, според веб-страницата за следење на летови ...

Речиси четириесет нови пожари избувнаа низ цела Грција во рок од неколку часа, соопштија грчките пожарникари. Најголемиот пожар гори на островот Саламинa, во близина на главниот град Атина, според пожарникарите. Островот е дом на најголемата база на грчката морнарица. Базата не е под закана, соопштија пожарникарите на терен. Висок ризик од пожари, топлотен бран во тек Пожарот се проби низ клисура, а го гасат бројни противпожарни авиони и ...

Македонската премиера на долгометражниот документарен филм „Руини“ на визуелната уметница и истражувачка Елена Чемерска се одржа на 24 август во Куршумли ан. Премиерите на македонските филмови на „МакеДокс“ секогаш предизвикуваат голем интерес кај публиката и Куршумли ан беше исполнет до последното место. Враќајќи се во својата земја за да реставрира модернистички споменик изграден од нејзиниот покоен татко, режисерката Елена Чемерска ...

Кога зборуваме за вежбање по 40-тата година (и воопшто), обично се фокусираме на одржување на телесната тежина, кондицијата и здравиот кардиоваскуларен систем. Сепак, постои уште една причина зошто редовното вежбање е особено важно на оваа возраст – здравјето на коските. Имено, густината на коските постепено се намалува со возраста, а овој процес може да го зголеми ризикот од остеопороза и фрактури подоцна во животот. Сепак, одредени видови ...

Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на седницата се разговарало за изработка на нова програма ...

Моменталната побарувачка е логично продолжение на трендовите за јакни и елеци со нагласен струк кои беа популарни претходно оваа година. По години на преголеми јакни и блејзери, модната сцена прави пресврт. Оваа есен, доминираат тесни, кратки јакни кои помалку се насочени за да го стоплат оној кој ги носи, а повеќе за постигнување секси и шик изглед. Станува збор за тренд наречен „Bitchy Little Jacket“ (BLJ), кој се носи како топ, речиси без ...

„Благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари, огнот којшто излезе надвор од депонијата покрај Кавадарци бргу беше совладан, со што беа заштитени околните лозови насади“, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарникарите продолжија цело попладне да фрлаат тони и тони вода врз депонијата. Таа е делумно изгасната, но се уште има внатрешно согорување. За поголем ефект ангажирани се и два БТР-и на ДЗС којшто со ...

Доли Партон, икона на американската кантри музика, пејачка-текстописец, забавувачка и претприемачка, почина во вторник во Нешвил на 80-годишна возраст. Партон беше позната по својот уникатен талент, силна личност и животна приказна што ја однесе од сиромаштија до глобален успех, пишува „Њујорк тајмс“. Информациите за смртта ги објави нејзиниот внук Брајан Сивер преку видео порака. View this post on Instagram A post shared by Dolly Parton ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторник изјави дека САД сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во Езеро Америка, наведувајќи ја ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Канада. „Соединетите Американски Држави сериозно размислуваат за промена на името на езерото Онтарио во езеро Америка, бидејќи не веруваме дека повеќе ќе работиме со Онтарио“, напиша Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social. ...

Канада одговори на ескалацијата на трговската војна со САД со воведување контра-царински мерки за повеќе од 700 американски производи. Вкупната вредност на засегнатите стоки достигнува 27,6 милијарди долари, а федералната влада, исто така, презентираше пакет за поддршка на работниците погодени од новите царини, објавува канадскиот „Глобал њуз“. Вредноста на американските производи на кои се воведуваат царините одговара на вредноста на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп започна офанзива против Иран во февруари и покрај повторените предупредувања од неговиот шеф на разузнавањето, потпретседателот и високите воени советници дека конфликтот може да предизвика глобална енергетска криза и да доведе до поцврсто иранско раководство, објави „Волстрит журнал“. Трамп ги игнорирал предупредувањата Според луѓе запознаени со состаноците одржани пред војната, тогашната директорка на ...

„СДСМ и Венко Филипче ќе бидат против сѐ во оваа држава, само за Македонија да не успее. За да не успееме како држава тие ќе бидат и против центри за податоци, и против странски инвестиции, и против влез на високи технологии. Подготвени се да бидат и против нови вработувања – само Македонија да пропаѓа како што пропаѓаше седум години. Се покажа во минатото на неговиот патрон чива одлика е да работи сѐ спротивно на македонските граѓани и ...

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка, извести Општина Карпош. „Целта на оваа ...

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...

„Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана. Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања против дата центрите, негови луѓе поднесуваат ...

„Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори. Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа ...

„Пензионерите беа излажани од Мицкоски и ВМРО, со методологијата на СДСМ ќе добиеја повеќе пари доколку останеше усогласувањето на пензиите. Сега Мицкоски го напушта линеарното усогласување и најавува дека ќе ја примени методологијата на СДСМ. И пензионерите ги излажа“, велат од СДСМ. „Линеарниот модел на Владата ги оштети сите пензионери. Со линеарните зголемувања на пензиите во септември 2025 година и во март 2026 година од по 1.000 ...

Во насока на континуирано подобрување на условите за воспитно-образовниот процес и создавање современа, функционална и пријатна средина за учениците, во ООУ „Ристо Крле“ во изминатиот период беа реализирани повеќе активности за уредување и опремување на училишните простории и дворот, извести Општина Илинден. Увид во спроведените активностите изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој нагласи дека е извршено ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив ...

Општина Ѓорче Петров и оваа учебна година продолжува со конкретна поддршка за најмладите ученици и нивните семејства. Во новата учебна година, во основните училишта на територијата на општината се очекуваат 410 првачиња, а секое од нив ќе добие бесплатно анатомско ранче и училишен прибор. „Во изборот на ранчињата, денес учествуваа и идните првачиња од детската градинка „Росица“, со што најмладите директно беа вклучени во подготовките за ...

Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила, односно електрични тротинети. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 965 прекршоци сторени од возачи на електрични тротинети, извести МВР. „Најголем број, односно 519 прекршоци, се однесуваат на непрописно ...

Министерот Сашо Клековски, денес, врачи дел од решенијата за вработување на 109 лица во Клиничка болница Тетово, кои досега беа ангажирани со договор на дело, извести МЗ. Заедно со решенијата врачени пред неколку месеци, во Клиничката болница Тетово досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили, кои се неопходни за успешно функционирање на установата. „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални ...

Новата учебна година во ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин започнува со уште подобри услови за учење. Со набавката на новите смарт-табли, целото училиште е опремено со современа технологија која овозможува интерактивна, интересна и модерна настава, извести Општина Аеродром. „Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска беше во посета на училиштето кое е целосно подготвено да ги пречека учениците на 1 септември – со современа ...

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, извести дека е подметнат пожар на кавадаречката депонија. Како што изјави тој, огнот излегол надвор од депонијата, ја зафати околната сува вегетација, сува трева, а од другата страна веќе навлегол во дрвјата. „Тука на лице место се кавадаречките пожарникари, коишто се обидуваат да воспостават контрола. Градоначалникот Митко Јанчев беше овде, испратена е механизација со којашто ќе се обидат пожарникарите ...

Федералната влада наскоро ќе открие кој стои зад обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц и рече дека одговорните „ќе платат за тоа“. „Обидот за напад на 4 август покажува дека Германија е сè повеќе цел на хибридни закани“, додаде канцеларот, пишува „Зидојче Цајтунг“. Мерц, денеска, пред состанокот на кабинетот во Нојхарденберг, рече дека владата наскоро ќе презентира информации за обидот за ...

ДОМ ја поздравува одлуката на Советот на Општина Пехчево едногласно да ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар. Според партијата, ова е важен чекор, но тука не завршува приказната. „Ќе продолжиме внимателно да ги следиме сите постапки за изградба на дата-центри, како и да реагираме секогаш кога ќе има обиди вакви проекти да се туркаат без доволно информации, без јавноста да биде навремено информирана и без јасни анализи за ...

Со јубилејниот концерт по повод 30 години постоење на битолската група „Фолтин“ ќе се спушти завесата на годинашното битолско културно лето „Бит Фест“. Ова беше повод за денешната прес конференција на која присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека оваа година за прв пат Културниот и информативен центар го организираше „Бит Фест“, за што им честиташе. Честитки упати и за тоа што прв пат се случи, односно се ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со новиот Управен и Надзорен одбор на НОМАГАС АД Скопје, на која беа разгледани приоритетните активности и проектите од надлежност на компанијата, со посебен фокус на развојот на гасната инфраструктура и зголемувањето на користењето на природниот гас во земјата. На средбата беше разговарано за тековните стратешки проекти кои се од особено ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски денеска во Струмица разговараше со производителите на ајварска пиперка за текот на откупот и за забелешките што ги имаат во однос на пласманот на произведените количини. На средбата беа разгледани состојбите на откупните пунктови, примената на договорените цени и почитувањето на утврдената класификација. „Овде луѓето реално се загрижени за пласманот на своите ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35