Килијан Мбапе продолжи да ги поместува границите на Светските првенства. Францускиот напаѓач ја освои Златната копачка за најдобар стрелец на Светското првенство во 2026 година, откако го заврши турнирот со 10 гола во осум натпревари. Со тоа, тој стана првиот фудбалер во историјата што ја освои Златната копачка двапати по ред на Светските првенства, откако ја однесе истата награда дома во Катар 2022 година, кога постигна осум гола. Мбапе, ...

СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, според оваа ...

Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...

По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град. „Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните ...

Македонскиот КИЦ во Белград продолжува со реализација на проектот „Портрети“ на познати македонски уметници кои живееле, работеле и стекнале статус на големи ѕвезди во Белград и во Србија. По минатогодишното исклучително успешно музичко портретирање на Зафир Хаџиманов, со учество на Бисера Велетанлиќ и неговиот син Васил, годинава КИЦ Белград ќе реализира музички портрети на три легендарни музички ѕвезди: Нина Спирова, Маја Оџаклиевска и Бети ...

Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, велат од СДСМ. „Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното ...

Тринаесетгодишно момче почина за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство во градот Сиудад Родриго, 320 километри северозападно од Мадрид, кога се урна фонтана во која скокаа навивачите, објави јавниот радиодифузен сервис RTVE. Дел од навивачите се искачија на горниот дел од фонтаната и мавтаа со шпански знамиња. Додека навивачите славеа на фонтаната на плоштадот Глориета дел Арбол Гордо, горниот дел од ...

Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација, велат од ДУИ. „Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон ...

Синоќа на 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. На местото на настанот веднаш биле упатени полициски службеници и утврдено е дека во возилото има три починати лица ( едно машко и две женски лица). Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Претходно, во 13:40 часот во ПС Бит Пззар, државјанин на Косово пријавил дека три лица ...

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, вели дека испитува дали неговата администрација може да го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, пишува „Њујорк тајмс“. „Местото на Нетанјаху во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода на подкастот „Интервју“ на „Њујорк тајмс“, повторувајќи ги чувствата од неговата успешна градоначалничка ...

Ирачкиот министер за нафта Басим Мохамед Кудер изјави дека Ирак ги проучува можностите за изградба на нов нафтовод што би ја поврзал Басра со Киркук, а оттаму до турското пристаниште Џејхан, со цел да ги диверзифицира своите извозни правци за сурова нафта и да го заобиколи Ормускиот теснец. Кудер изјави на социјалните мрежи дека проектот вклучува и опција за продолжување на дел од нафтоводот до терминалот Банијас во Сирија. Сместен на ...

Американската војска изврши напади врз Иран деветта ноќ по ред, објави Централната команда на САД. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда објави дека ниту капка нафта и гас нема да помине низ Ормускиот теснец ако американската „агресија“ продолжи. „CENTCOM“ објави на мрежата Икс дека целите биле воени командни центри, позиции за воздушна одбрана и крајбрежен надзор, поморски воени објекти, места за лансирање ракети и беспилотни ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека фудбалските ѕвезди Лионел Меси и Кристијано Роналдо имаат „многу добар живот“, додавајќи дека би сакал да ги смени местата со нив еден месец. „Неодамна се запознав со Меси, го познавам Кристијано, и тие имаат прилично добар живот. Мислам дека имаат многу добар живот. Всушност, многу полесен од мојот. Навистина, би се разменил. Би сакал да размениме еден месец или ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. ...

Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте, изјави дека е преполн со гордост откако неговиот тим го освои Светското првенство. Шпанија ги обедини титулите на европското и светското првенство победувајќи ја Аргентина по продолженијата со 1:0. „Преплавен сум од гордост. Горд сум на оваа генерација фудбалери кои пораснаа со оваа идеја, останаа верни на неа и секогаш го даваат својот максимум“, рече Де Ла Фуенте, додавајќи: „Тие се пример за ...

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, спортски го прифати поразот од Шпанија во финалето на Светското првенство и отворено призна дека неговиот тим бил надигран во борбата за титулата. По поразот од 1:0 по продолженијата, стратегот на „гаучосите“ не се обиде да го намали успехот на новиот светски шампион. „Тажни сме, но знаеме дека дадовме се од себе. Има многу што би можел да кажам за нашиот пат до финалето, но сега тоа не е важно. ...

Капитенот на Шпанија, Родри, беше пресреќен откако ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство и ја освои втората титула светски шампион во историјата на националниот тим. Во разговор за шпанската телевизија Ла 1, најдобриот играч на Светското првенство им се заблагодари на своите соиграчи и рече дека ова е најголемиот успех во неговата кариера. „Сакам да им се заблагодарам на сите. Оваа група е неверојатна, а ние сме светски ...

Пред доделувањето на медалите, ФИФА ги прогласи најдобрите на 23-то Светско првенство. Сите индивидуални награди, со исклучок на онаа за најдобра стрелец им припаднаа на Шпанците. Пау Губарси е прогласен за најдобар млад играч. Дефанзивецот е еден од ретките во светот на фудбалот што како тинејџер настапил во финале на СП. Најдобар голман на првенството е Унаи Симон. Шпанецот во текот на турнирот прими само еден гол, во четвртфиналето ...

Најдобриот Аргентинец, Лео Меси, тешко се справи со оразот во финалето на Светското првенство, во дуелот против Шпанија (1:0). Иако на почетокот успеа да ја задржи смиреноста, Меси „се скрши“ во моментот кога требаше да се качи на импровизираната бина да го прими медалот. Лео Меси и „Гаучосите“ не успеаја да ја одбранат титулата освоена пред четири години во Катар. Ова е второ изгубено финале на Меси (2014, 2026) во неговата кариера, а ...

Победата на Шпанија во финалето на Светското првенство беше засенета од тепачката што избувна веднаш по последниот свиреж на судијата, Славко Винчиќ. Шпанија, ја освои втората светска титула во својата историја, откако во финалето ја победи Аргентина со 1:0, со голот на Феран Торес во 106-та минута. Аргентинските играчи Леандро Паредес и Нахуел Молина беа во центарот на инцидентот. Паредес доби директен црвен картон за своето однесување по ...

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја освои титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. Шпанците во финалето ја победија Аргентина по продолженија со 1:0. Херојот на „Црвената фурија“ е Феран Торес, кој го совлада изворедниот Дибу Мартинез во 106-та минута. За Шпанија ова е втора светска титула, правата ја освоија во 2010 година, во Јужна Африка. Шпанија апослутни ја заслужи победата, беа подобри во текот на сите 120 минути, ...

Финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина само што започна, а Лионел Меси влезе во историјата. Аргентинскиот капитен постави два нови рекорди штом стапна на теренот, што само сведочи за неверојатната долговечност на неговата кариера на највисоко ниво. Со 39 години и 25 дена, Меси стана најстариот играч што некогаш играл во финале на Светско првенство. Со тоа, тој го сруши рекордот на Швеѓанецот Гунар Грен, кој имаше 37 ...

Седумдесетгодишен жител на Струмица починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, неколку дена откако бил повреден во пожар во неговиот дом. „На 18 јули во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 19:30 часот во Ургентниот центар починал В.Т. (70) од Струмица“, соопшти МВР. Според пријавеното, тој бил примен на лекување со повреди здобиени во пожар што избувнал во неговиот дом во Струмица на 15 јули. ...

Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот со Иран, јавува германската агенција „ДПА“, повикувајќи се на информации на „Волстрит журнал“ и „Њујорк тајмс“. Според медиумите, во регионот се испраќаат авиони Ф-16 од американската база во Германија и Ф-35 од британската база РАФ Лејкенхит, како и авиони за дополнување гориво во воздух. Американски претставници ...

Патник е повреден откако непознато лице фрлило тегла кон автобус на ЈСП што сообраќал на линијата 7 во Скопје. Вчера во СВР Скопје било пријавено дека додека автобусот се движел по булеварот „Трета Македонска Бригада“, непознато лице однадвор фрлило тегла кон возилото. Притоа било скршено стакло од еден од прозорците, а со повреди се здобил патникот Т.Б. (61) од Скопје. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...

Јонас Вингегорд, еден од главните фаворити за победа на Тур де Франс, мораше да се повлече од трката по тешкиот пад во 15-таа етапа. Данецот падна 22 километри пред целта на делницата од Шампањол до Плато де Солезон. Во десна кривина на кружниот тек, неговиот велосипед се лизна, по што падна на десното рамо и не можеше да продолжи. Првите информации сугерираат дека станува збор за скршена клучна коска. Двократниот победник на Тур де Франс ...

Неколку часа пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, пред стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси се создадоа огромни редици, а навивачите чекаат и повеќе од два и пол часа за влез. Причина за застојот се засилените безбедносни контроли, кои овојпат ги спроведува американската полиција поради присуството на бројни високи функционери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп. Дополнителен проблем создава тоа што ...

Финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Аргентина и Шпанија ќе донесе неколку податоци кои ќе останат запишани во историјата на светскиот фудбал. Дуелот помеѓу Лионел Меси и Ламин Jамал привлекува најголемо внимание. Меси е постар од Јамал 20 години и 19 дена, што е најголемата разлика меѓу двајца стартери во историјата на Мундијалите. Интересно е што овие двајца се единствените фудбалери на овогодинешното Светско првенство ...

Такси возач од Гевгелија бил физички нападнат и ограбен во скопската населба Шуто Оризари, откако превезувал двајца патници кои му рекле дека ќе му платат по пристигнувањето на дестинацијата. Како што соопшти МВР, 56-годишен такси возач од Гевгелија пријавил дека околу 02:00 часот во неговото возило влегле две лица кои побарале да ги превезе до Шуто Оризари. Според пријавата, тие му кажале дека превозот ќе го платат кога ќе пристигнат. Но, ...

Десет лица, меѓу кои и двајца малолетници, биле лишени од слобода во засилени сообраќајни контроли спроведени низ државата, откако биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола или без соодветна категорија, соопшти МВР. Во Скопје биле приведени двајца малолетници, едниот на булеварот „Македонско-Косовска Бригада“, а другиот во село Студеничани, кои управувале автомобили „мерцедес“ без да поседуваат возачка дозвола. На ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.03
38%
1013
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
65%
1009
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.36
78%
1009
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.27
38%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.88
30%
1011
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
81%
1010
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
0.89
52%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.45
57%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.22
57%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.4
50%
1012
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 25ᴼ
2.24
43%
1007
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 23ᴼ
2.14
100%
1015
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Бакар

12.74

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

50958.93

Злато

130265.18

Алуминиум

3.17

Рутениум

53852.50

Сребро

1870.85

Родиум

263636.12

Кобалт

56.29

Паладиум

39448.97

Калај

53.50