Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, е незадоволен од ситуацијата во клубот и постави ултиматум до раководството на Јавниот инвестициски фонд (PIF) на Саудиска Арабија. Според „MBC“, Португалецот е разочаран од трансфер политиката на клубот. Тој верува дека службените лица намерно не успеваат да го зајакнат Ал-Наср, концентрирајќи ги своите ресурси на поддршка на Ал-Хилал со цел да го обезбедат трофејот. Роналдо јасно стави до знаење ...

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Антетокумпо, се приклучи на групата косопственици на женскиот фудбалски клуб Челзи. Триесет и едногодишниот грчки кошаркар ја изрази својата гордост и чест за можноста. – Историјата на Челзи зборува сама за себе и возбуден сум што ќе придонесам за иднината преку поддршка на континуираниот раст и влијание на женските спортови. Станува збор за амбиција, наследство и подигнување на играта на следното ниво. ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по наместа по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија. АМСМ апелира до возачите да ја прилагодат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со ...

„Ги запознаваме ретките болести“: Недостиг на карнитин палмитоил II – миопатска форма/ CARNITINE PALMIOYL TRANSFERASE II DEFICIENCY, MYOPATHIC FORM MKБ-10 Е71.3 ПРЕВАЛЕНЦА – во литературата се пријавени околу 300 случаи на миопатска форма, но со овој број може да се потцени преваленцата на болеста. ВОВЕД Миопатската форма на недостигот на карнитин палмитоил трансфераза II (CPT II), наследно метаболичко нарушување што влијае на ...

Девет хотели од Охридската ривиера почнуваат со примарна селекција на комуналниот отпад. Станува збор за активност во рамки на заложбите на Општина Охрид за воспоставување на систем за одржливо управување во Хорека-индустријата во Охрид, во која спаѓаат хотелите, рестораните и кафулињата во градот и на крајбрежјето. Преку проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво” реализиран од сртрана на Ј.П. „Охридски комуналец” и ...

Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, постигна трипл-дабл ноќеска на натпреварот со Чикаго и му помогна на својот тим да дојде до победа со 136:120. Српскиот кошаркар мечот го заврши со 22 поена, 14 скока и 17 асистенции за 33 минути поминати на теренот. Овој трипл-дабл беше 182-ри во НБА кариерата на 30-годишниот Јокиќ. Тој се искачи на второто место во историјата на лигата по постигнати тројни ефекти, надминувајќи го Оскар Робертсон. Прв на ...

Италијанската брзо-лизгачка Франческа Лолобриџида го освои златниот олимписки медал на 3.000 метри на Зимските олимписки игри 2026 во Милано и Кортина д’Ампецо. Италијанката која денес наполни 35 години ја заврши дистанцата за 3 минути и 54,28 секунди, поставувајќи нов олимписки рекорд. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Холанѓанката Ирене Шоутен, која постави време од 3 минути и 56,93 секунди на Игрите во Пекинг, Кина, во 2022 година. ...

Норвежанката Ана Одине Стром победи вечерва во скијачките скокови на малата скокалница на Олимписките игри 2026. Стром беше на лидерската позиција и по првата серија. Таа собра вкупно 267,3 поени (136,9 м + 130,4 м). Најголемата фаворитка за златото, словенечката репрезентативката Ника Превц мораше да се задоволи само со второто место по скоковите 135,9 метри и 130,3 метри или вкупно 266,2. На подиумот се најде и Јапонката Нозоми Марујама со ...

Јапонскиот сноубордер Кира Кимура го освои златото на големото натпреварување во воздух на Олимписките игри во Милано. Тој освои вкупно 179,5 поени по три обиди. Неговиот сонародник Рема Кимата го освои сребрениот медал (171,5). Кинезот Су Јуминг ја освои бронзата (168,5). Дваесет и едногодишниот Кимура го освои првото олимписко злато во својата кариера. По првиот ден на Олимпијада во Италија на кои се поделија пет комплети медали, со злато ...

Пелистер вечерва во скопската населба Маџари постигна убедлива победа против екипата на Феникс со 95:80. Ова беше четврта победа на исто толку средби за битолчани во календарската 2026 година кога станува збор за натпреварите во „МТЕЛ“ Супер лигата. По нерешените (20:20), во првата четвртина, многу работи се сменија на теренот, во корист на гостите од Битола, затоа што втората четвртина ја одиграа скоро до перфекција избраниците на тренерот ...

Челзи ги победи Вулверхемптон со 3:1 на гостински терен во 25. свој натпревар од Премиер лигата. Кол Палмер постигна хет-трик за гостите. Дваесет и тригодишниот Англичанец постигна два гола од пенал во 13. и 35. минута, и уште еден од игра во 38. минута. Толуваласе Арокодаре го постигна единствениот гол за домаќините (54. минута). Челзи има 43 бода и е петти на табелата во англиската Премиер лига, додека Вулверхемптон е на дното на табелата ...

Јувентус го продолжи договорот на напаѓачот Кенан Јилдиз, објави клубот од Торино. Новиот договор на 20-годишниот турски напаѓач важи до крајот на јуни 2030 година. Медиумските извештаи претходно наведуваа дека неговата плата ќе биде една од највисоките во италијанскиот клуб. Јилдиз се приклучи на младинскиот тим на Јувентус од Баерн Минхен како слободен агент во летото 2022 година. Оваа сезона, тој има 31 настап во сите натпреварувања, ...

Шведската скијачка Фрида Карлсон победи на скијатлонот на Олимписките игри 2026. Таа го освои златниот медал со време 53:45.2 минути. – Се чувствував како машина. Никогаш не сум го сакала скијањето толку многу како денес. Не знам дали сè уште сум ја сфатила победата. Денес беше толку одлично, имавме одлични скии, сè беше беспрекорно. И сега сум на врвот, рече Карлсон по победата. Нејзината сонародничка Еба Андерсон заврши втора, 51 секунда ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорџеска го предаде полуфиналниот меч на ИТФ турнирот Порто 50 против Американката Флона Кроули од САД во вториот сет при водство на противничката од 1:0 во сетови и предност од 3:0 во гемови во вториот сет. Ѓорческа многу добро го почна мечот и поведе со 3:0 во првиот сет, но ривалката успеа да стигне до изедначување од 4:4, а потоа и 5:5. Серијата на освоени гемови за Кроули продолжи и таа го доби сетот ...

Дејвис куп репрезентацијата на Македонија ги загуби двата сингл меча на првиот ден од дуелот со Кипар во Никозија и противникот поведе со 2:0. Стефан Мицов загуби од Фотос Фотиадес со 2:0 во сетови (6:3 и 6:0). Во првиот сет Мицов прв дојде до брејк и водство од 2:1 во гемови, но потоа следуваше пресврт и противникот поведе со 5:2, а сетот заврши со 6:3. Во вториот сет ривалот беше убедлив и сетот го доби без загубен гем. Претходно во првиот ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Хозеп Гвардиола, остро одговори на повиците да се фокусира на фудбалот и да се воздржи од јавно коментирање на социо-политички прашања. На прес-конференција, одговарајќи на прашање околу оваа тематика, шпанскиот тренер направи директна паралела со професијата новинар. -Добро, тогаш фокусирајте се на новинарството. Не можете да зборувате за економија затоа што не сте новинар специјализиран за економија, нели? Вие ...

Мароканската фудбалска федерација издаде соопштение во врска со информациите дека селекторот на репрезентацијата, Валид Реграги, поднел оставка. – Нашата организација не добила никакво писмо за оставка од селекторот на репрезентацијата, Валид Реграги. Објавените информации се погрешни и целосно неосновани, се наведува во соопштението за медиумите. Во јануари, мароканската репрезентација загуби од Сенегал во финалето на Африканскиот куп (0:1). ...

Манчестер јунајтед попладнево го победи Тотенхем со 2:0 дома во 25. коло од англиската Премиер лига. Брајан Мбемо го отвори резултатот во 38. минута. Бруно Фернандеш постигна гол девет минути пред крајот на основните 90 минути. Гостите беа со десет играчи од 29. минута по исклучувањето на Кристијан Ромеро. Манчестер јунајтед ја оствари својата четврта последователна победа под водство на Мајкл Карик. „Црвените ѓаволи“ имаат 44 бода и се на ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го пофали напаѓачот Каи Хаверц, кој се врати на теренот по повредата. Во февруари 2025 година, фудбалерот претрпе повреда на тетивата на тренинг. Тој играше во лето, но беше опериран во август поради проблеми со коленото и помина уште шест месеци во заздравување. Во последните три натпревари, 26-годишниот Германец постигна два гола и имаше една асистенција. – Многу сме среќни што го имаме Хаверц. Каи носи ...

На Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани попладнево Осогово и Вардар одиграа хуманитарен натпревар во спомен и во чест на настраданите во трагедијата од 16 март лани во дискотеката „Пулс“ . Западната трибина на „Мантов“ беше полна како ретко кога во последните неколку години. Проценките велат дека имало најмалку 1 200 гледачи. „Вардар“ славеше со 4 :1, иако „жолто-сините“ поведоа први. Но, резултатот на овој меч беше во втор план од ...

Потпорниот ѕид и оградата на Клиничка болница-Штип кои минатата недела се урнаа и паднаа врз два паркирани автомобили ќе се санираат, најави градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Во моментов фирма прави пресметка колку би чинела санацијата, но, Јорданов вели дека ова е и можност за проширувањето на улицата која води до главниот влез и излез на Клиничка болница-Штип. – Повеќе од 300 метри е должината на оваа собраќајница, која е ...

Швајцарецот Фрањо фон Алмен е победник на машкиот спуст на Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026. Фон Алмен патеката во Бормио денес ја мина со време 1:51.61 минута, доволно да ги обедини светското и олимпиското злато. Пред една година швајцарскиот алпски скијач беше најбрз на спустот во Залбах на Светското првенство. На второто и третото место се најдоа домашните натпреварувачи Џовани Францони и Доминик Парис кои зад победникот ...

Извршител ја посети канцеларијата на ПСЖ на барање на напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, објави „Л’Екип“. Според францускиот весник, парижаните не му исплатиле на Мбапе 5,9 милиони евра за повеќе одмори. Судскиот извршител му достави на клубот барање за исплата. Во декември 2025 година, суд во Париз му наложи на ПСЖ да му исплати на играчот приближно 61 милион евра отштета, што клубот одби да го префрли по заминувањето на играчот во ...

Општина Пробиштип седма година по ред во Домот на културата „Злетовски рудар“ ја организираше манифестацијата „Избираме најдобар спортист и спортска екипа за 2025 година“, на која им се оддава признание на најуспешните спортисти, тренери и спортски работници од нашата општина. Во писменото соопштение од Општина Пробиштип се вели дека во соработка со претставниците на спортските клубови и здруженија беа номинирани и избрани најдобрите ...

Во чест на 82 годишнината од загинувањето на народниот херој партизанот Христијан Тодоровски – Карпош, денеска кумановци, претставници од различни институции, политички партии, здруженија на граѓани положија свежо цвеќе пред бистата на партизанот во куќата-музеј на кумановскиот командант. Христијан Тодоровски Карпош бил истакнат македонски народен херој и учесник во народноослободителната војна. Со својата револуционерна дејност и борбеност ...

Еден тон текстилен отпад е собран за само еден месец од поставувањето на првите контејнери за текстилен отпад на територијата на општина Кисела Вода. Според податоците добиени од лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје, најголема количина е собрана од контејнерот поставен во населбата Расадник, што укажува на висок интерес и активна вклученост на граѓаните во процесот на селектирање и правилно одлагање на текстилниот отпад. Како што ...

Изминатава недела се работи со засилено темпо на точки кои со години беа закочени, а дел од нив останаа само лажно ветување, информира градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Како што објави Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил, Скопје добива нов лик. – На клучката кај „Момин Поток“ се работи со полна пареа. На „Љубљанска“, од огромно значење за жителите на Карпош, динамиката е јасно видлива. Паралелно, напредуваат и градежните работи ...

Турскиот фудбалски клуб Бешикташ објави дека го донел во своите редови голманот на Рома, Девис Васкез. Бешикташ го доби 27-годишниот Колумбиец на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот за позајмица вклучува опција за откуп. Васкез се приклучи на Рома од Милан како слободен агент во летото 2025 година. Тој не одигра ниту еден натпревар за клубот оваа сезона. Голманот претходно играше за Емполи, Асколи, Шефилд Венздеј и други ...

Американскиот радиодифузер „FOX Sports“ го прекина партнерството со Про лигата на Саудиска Арабија поради ситуацијата околу напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо. Крајот на партнерството ги поткопа глобалните медиумски и деловни амбиции на лигата. Според медиумите во САД, комбинираните финансиски загуби на лигата во меѓународните права и маркетингот веќе достигнаа приближно 2,4 милијарди долари. Претходно, Роналдо го пропушти вториот ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините од снег. Како што најавува УХМР, поради продор на постуден воздух в понеделник врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на некои од повисоките места. Ќе дува слаб до умерен, а в среда и четврток засилен ветер од југоисточен правец. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
69%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.51
90%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Рутениум

56199.51

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Родиум

358480.82

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Паладиум

44753.84

Алуминиум

3.19

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Злато

144593.23