Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, истакна дека ништо не се променило во неговата работа и покрај победничката серија на тимот. „Црвените ѓаволи“ претходно ги победија Манчестер сити (2:0), Арсенал (3:2) и Фулам (3:2) во англиската Премиер лига. – Станува збор за обид да се подобри тимот и да се направи Манчестер јунајтед посилен и поконзистентно да се подобрува. Но, ништо не се променило. Резултатите во краток временски период не ...

Швајцарскиот женски хокеарски тим, кој учествува на Олимписките игри 2026 година, итно е изолиран откако една од нејзините играчи беше позитивна на норовирус, соопшти Швајцарската хокеарска федерација (SHF). Поради оваа ситуација, тимот ја пропушти синоќешната церемонија на отворање на Игрите. – Позитивен случај на норовирус е откриен во швајцарскиот женски хокеарски тим. Резултатот од тестот на спортистката беше добиен дури по победата над ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, се најде на врвот на ранг-листата на најдобрите играчи во американската лига – МЛС, во изборот на „Goal“ пред почетокот на новата сезона во лигата. Напаѓачот на Ванкувер, Томас Милер, го освои второто место, додека Сон Хеунг-мин од Лос Анџелес заврши на третото место. Во првите 10 се најдоа и Андерс Драјер (Сан Диего), Родриго Де Пол (Интер Мајами), Денис Буанга (Лос Анџелес), Евандер (Синсинати), ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. На повисоките планини во северозападните делови врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од ...

Утрово е најстудено на Попова Шапка, нула степени, а најмногу врнежи, 27 литри на метар квадратен, се измерени во Крушево. Како што информира УХМР, изминатите 24 часа наврнале и 24 литри на метар квадратен на Попова Шапка, 23 во Охрид и Лазарополе, 22 во Тетово и Mаврови Анови, 18 во Пожаране, 14 во Тополчани, 13 во Прилеп, 12 во Битола и Претор, 10 во Скопје-Зајчев Рид, 8 во Крива Паланка, 6 во Скопје-Петровец и Виница, 4 во Куманово и ...

Едно од најзначајните дела во историјата на оперската уметност, операта „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт, по подолга пауза повторно ќе се изведе вечерва на сцената на Националната опера и балет, со почеток во 19:30 часот. Ова возбудливо и комплексно оперско остварување, инспирирано од вечната легенда за Дон Жуан, плени со својот драмски контраст – спој на комично и трагично – и со незаборавната музичка генијалност на Моцарт. Изведбата ...

ТИПИЧЕН ХЕМОЛИТИЧКО – УРЕМИСКИ СИНДРОМ (аХУС)/ATYPICAL HEMOLYTIC UREMIC SYNDROME (aHUS) MKБ-10 D59.3 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана приближно кај 1-9/100 000 пациенти ВОВЕД Атипичниот хемолитично-уремичен синдром (aHUS) е ретка, генетска, тромботична микроангиопатска, сериозна, прогресивна и системска болест која главно ги зафаќа бубрезите, крвните садови и крвните клетки. Болеста се карактеризира со класична тријада на микроангиопатска хемолитична ...

Кошаркарите на Монако се во тежок период од сезоната, како за нив така и за клубот. Се бара нов сопственик на клубот, а Кнежевството го презема раководењето на клубот. Сето тоа се одразува и на резултатите на екипата на Василис Спанулис, која има серија од пет порази во Евролигата и пад на табелата. Пред неколку кола Монако беше лидер што можеби беше и разбирливо бидејќи клубот е составен од низа кошаркарски ѕвезди, а во сегашните околности ...

Едно барање до ChatGPT преку моделот GPT-4o троши околу 0,43 Wh електрична енергија, што за 700 милиони барања дневно претставува годишна потрошувачка на енергија еквивалентна на потрошувачката на 35.000 американски домаќинства, количината на вода за пиење доволна за потребите на 1,2 милиони луѓе и емисии на јаглерод диоксид што би ги неутрализирала шума со големина на Чикаго. Каква било интеракција со ChatGPT се базира на огромна физичка ...

Македонските претставници учесници на Зимските олимписки игри продефилираа на церемонијата на свеченото отворање. Во Кортина знаменосец беше алпската скијачка Јана Атанасовска, а во Предацо знамето го носеше Ставре Јада. Покрај овие двајца во македонскиот тим сè уште алпскиот скијач Виктор Петков и Ана Цветановска, која ќе се натпреварува во нордиските дисциплини. Ова е најбројна македонска делегација досега на Зимски олимписки игри. ...

Анџелика Митрашиновиќ, капитенот на женската сениорска репрезентација на Македонија се збогува со активното играње кошарка. Со посебно посветен текст, една од најдобрите македонски кошаркарки во последната деценија, и официјално објави крај на својата играчка кариера. – После сите овие години, дојде време да се збогуваме со професионалната кошарка. Од сонување како дете до живеење како професионалец – оваа игра го промени мојот живот на ...

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, со задржување на снег на коловозот на патниот правец од селото Лисец кон Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла има на повеќе патни правци и тоа до 80 метри на патот Штип – Неготино кај Серта, до 50 метри во Крушево, до 100 метри на ...

Холандските власти вчера официјално ја вратија во Египет скулптурата од пред 3.500 години, која била украдена минатата деценија, а повторно се појави на холандски саем за уметност во 2022 година. Истрагата на холандската полиција и Инспекторатот за културно наследство минатата година потврдија дека скулптурата била украдена и нелегално отстранета од Египет, најверојатно за време на немирите во Арапската пролет во 2011 година, по што се ...

Спортистите кои ќе бидат одликувани со одличја на Зимските Олимписки игри (ЗОИ) 2026 ќе ги добијат најскапите медали во олимписката историја, што се должи на континуираниот раст на цената на скапоцените метали. Од последните Олимписки игри, чиј домаќин беше Париз во јули 2024 година, цените на златото и среброто се зголемија за 107, односно 200 проценти, Како резултат на тоа, металната вредност на златниот медал сега изнесува околу 2.300 ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да биде од церемонијата на свеченото отворање на Зимските олимписки игри Милано Кортина. Информациите беа дека можно е Синер да биде еден од носителите и на олимпискиот факел, сепак тоа нема да се случи. Тој е решен да се придржува до својот тренинг план и да се подготвува за настапот на АТП 500 турнирот во Доха, што почнува следната недела. Синер беше назначен за амбасадор на волонтерите на Олимписките ...

Македонската тенисерка избори пласман во полуфиналето на ИТФ 50 Порто турнирот откако ја совлада првата носителка Деспина Папамихаил со 2-0 во сетови (7:6(1), 6:3) за 104 минути игра. Утре во полуфиналето противничка ќе и биде седмата носителка Флона Кроули од САД. Во првиот сет македонската тенисерка имаше постојано водство, а не реализираше и две сет топки во 12.гем. Но, затоа пак покажа психичка стабилност во тајбрејкот откако ривалката ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски остварил средба со претставниците на поголемите млекарници во државата, на која се разговарало за стабилен откуп и цена на суровото млеко, покрај тоа што европскиот пазар и регионот се соочуваат со вишок на млеко. Како што соопшти МЗШВ, на средбата се договорило дека откупната цена на суровото млекото ќе биде стабилна, како и дека нема да има неоткупено млеко од страна ...

Општата болница со проширена дејност во Дебар, која со својата дејност ја покрива и општина Центар Жупа а во итни случаи дава услуги и за жителите од подрачјето на Река, Општина Маврово и Ростуше, но и поблиските албански погранични населени места, продолжува со создавање што подобри услови, а со тоа и квалитетот на услугите. По реконструкцијата на повеќе одделенија и набавка на нови апарати, сега за првпат целиот сектор за радиодијагностика ...

Руски и меѓународни научници открија природен начин со кој може да се сопре растот на клетките на ракот на дебелото црево, соопштија истражувачите. Според нивните податоци, ензимот каспаза-2 не дозволува тумор клетките да „дишат“ и со тоа им ја одзема енергијата потребна за раст. Каспаза-2 порано смртоносно влијаела врз клетките, но новото истражување покажало дека има и функција во регулирање на клеточното дишење. Студијата покажува дека ...

Со векови, археологијата и другите науки главно ја отфрлаат идејата дека, и долго пред последното ледено доба и современата ера, постоела развиена и напредна човекова цивилизација. И покрај тоа, независен истражувач сега тврди дека наводно открил „докази за изгубена цивилизација што ја менуваат парадигмата“ што содржела софистициран код во геометријата, симболиката и дизајнот на камените споменици ширум целиот свет за да го зачува своето ...

Синот на бразилскиот дефанзивец на Порто, Тијаго Силва, Јаго, е повикан во репрезентацијата на Англија до 15 години. Јаго Мендеш да Силва настапува во младинските категории на Челзи, а своето деби за Англија ќе го има идната недела за кого се закажани пријателски натпревари против Кипар и САД. Поранешниот бразилски репрезентативец, Тијаго Силва (41) го носеше дресот на Челзи од 2020 до 2024 година и со лондонскиот клуб ја освои Лигата на ...

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020, во 2025 година декемвриска температура била 1,3 степен повисока од просечната на ниво на држава, а месечното ниво на врнежи бил 50 отсто од просекот во ...

По десет години пауза, повторно започна со работа еден од најпрепознатливите музички симболи на Прилеп – Дувачкиот оркестар. Возобновувањето на оркестарот се реализира со почетна логистичка и финансиска поддршка од Општина Прилеп. – Прилеп континуирано инвестира во културата и во зачувувањето на локалниот културен идентитет. Големо е задоволството од фактот што по десетгодишен прекин, Градскиот дувачки оркестар повторно е активен и ќе биде ...

Четириесет ученици од кумановските основни и средни училишта се отпишале, информираа денеска од секторот за образование од општина Куманово. Од секторот велат дека од основните се испишале 38 ученика, додека од средните двајца. – Од основните училиште се испишале 38 ученици од кои 29 поради преселба во друга општина во рамки на границите на државата и девет поради преселба во друга држава. Во средните училишта во првото полугодие се испишале ...

Поради изведување градежни активности од понеделни, 9 февруари се воведува едногодишен времен сообраќаен режим на улицата „Лазар Трпевски“, по старо улица „Ферид Мурат“, во општина Чаир. -Согласно издадено Одобрение за времена измена на режим на сообраќај од Град Скопје со број 15-13418/4 од 2 февруари 2026 година, Ве известуваме дека на ден 9 февруари 2026 година ГД „Гранит“ АД Скопје ќе започне со градежни активности кои се однесуваат на ...

Советот на Општина Карпош заседаваше по осми пат, каде советниците разгледуваа 23 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока поддршка доби Одлуката со која Општина Карпош отстапува дел од спортската сала „Партизан“ која е во нејзино владеење, на времено користење од 3 години без надоместок, за намена Младински центар – Карпош. Оттука, Општината во претстојниот период ќе распише јавен повик за избор на младинска организација, ...

Специјална единица на Армијата на Кралството Белгија од утре заклучно со 20 овој месец ќе спроведува активности за обука на вода на Охридското Езеро, во подрачјето на Охрид и кај струшкото село Радожда. Како што соопштија од Секторот за внатрешни работи – Охрид, во рамки на вежбовните активности предвидена е употреба и користење на артифиции, воени моторни возила, дронови, пловни и други средства. Планираната обука на специјалната единица на ...

За луѓето со договор на дело кои во декември 2025 останаа без трајни вработувања во Клиничка болница Тетово продолжува процесот со цел и за нив да се обезбеди решение за постојан работен статус. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу за тоа што ќе се случува со 40-тина лица медицински персонал и технички кадар кои во јануари и февруари одат на работа и без договор на дело. – Процедурите после Нова година значи во новата фискална ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2026 година. Kорисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронското и мобилното банкарство. Оние корисници што не користат ...

Со повеќе од 5.900 трансфери на светскиот пазар, зимскиот преоден рок постави нов рекорд, иако потрошената сума е помала за истиот период од минатата година, објави синоќа ФИФА во својот најнов извештај. Зимскиот преоден рок во 2026 година забележа зголемување од три проценти на трансферите во споредба со претходниот рекорд поставен во 2025, кога беа реализирани вкупно 5.799 трансфери. Според податоците на ФИФА, со вкупно потрошени повеќе од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
69%
1014
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
75%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.51
90%
1017
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
78%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
57%
1015
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
6.69
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Рутениум

56199.51

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Алуминиум

3.19

Сребро

2179.44

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Иридиум

258288.78

Калај

43.91