„Во однос на фишингот, односно лажните пораки што ги испраќаат до македонските граѓани, упатив една порака и претходно. Значи, од македонски број не може да стигне лажна порака за да платите на ова или на тоа. Сите оние лажни пораки стигнуваат од странски броеви и многу лесно може да се идентификува дека тоа не е Министерството за внатрешни работи, туку некој што се обидува на нелегален начин да ги измами граѓаните. Повторно опозицијата, со ...

Добивај вести на Viber Граѓаните треба да бидат особено внимателни со пораките во кои се тврди дека направиле сообраќаен прекршок и дека треба веднаш да платат казна преку испратен линк. Ваквите пораки најчесто се обид за измама, односно фишинг, со цел да се украдат лични податоци, податоци од банкарска картичка или да се наведе граѓанинот да изврши уплата на лажна сметка. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во гостување на Канал ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека лажните пораки за наводни сообраќајни прекршоци и казни што ги добиваат граѓаните не се испраќаат од Министерство за внатрешни работи, туку од странски броеви со цел измама. Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, Тошковски посочи дека граѓаните лесно можат да препознаат дека станува збор за фишинг напади, бидејќи пораките не доаѓаат од македонски броеви. Тој нагласи дека ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека бројните фишинг пораки за наводни казни од системот „Сејф сити“ се испраќаат од странски броеви и дека граѓаните лесно можат да ги препознаат. „Сите фишинг напади се од странски броеви. Лесно се препознава“, рече Тошковски. Тој посочи дека официјалните пораки од МВР имаат препознатлива ознака. „На официјалниот број на МВР има официјална кратенка и се препознава“, кажа министерот. Според ...

На граѓаните и понатаму им пристигнуваат СМС-пораки од сомнителни броеви со странски префикси за наводни сообраќајни прекршоци, повикувајќи се на системот „Safe City“. Многумина станале жртви на измама, вршејќи онлајн плаќања преку лажни системи од странски држави. Ова предизвика загриженост кај граѓаните, кои дури и кога се казнети од радар, казните ги плаќаат физички во полициските станици. Но, министерот за внатрешни работи рече дека ...

Системот „Сејф сити“ ќе добие значително проширување и во иднина ќе опфаќа поширок спектар на сообраќајни прекршоци, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, нагласувајќи дека целта е зголемување на безбедноста во сообраќајот и поефикасна контрола на прекршителите. Според министерот, системот веќе не се ограничува само на детектирање на брзо возење, туку се користи и за утврдување на други видови прекршоци, објави 4news.mk „И ...