Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ја сподели својата длабока емотивна врска со каталонскиот клуб и ги пофали условите за работа и атмосферата таму. – Кога првпат го посетив „Камп ноу“, си реков дека еден ден ќе бидам на оваа клупа. Многу го сакам овој клуб. За мене, тоа е најдобриот клуб во светот. Навистина го ценам животот во Барселона. Луѓето се многу љубезни кон нашиот тренерски персонал. Неверојатно е да се работи тука. Имам фантастичен ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги искажа впечатоците за синоќешниот натпревар со Челзи во реваншот од полуфиналето на Англискиот лига куп. „Топчиите“ победија со 1:0 и се пласираа во финалето. – Беше важна вечер и заврши совршено за нас. Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар. Арсенал се бореше многу добро и разбра што треба да направи. Тоа беше натпревар каде што многу суптилни детали играа одлучувачка улога. Победата на овој турнир ...
Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ вечер во НУ Центар за култура ќе приреди битолска премиера. Од НУ Центар за култура-Битола најавија интерактивна филмска проекција во која веднаш по завршувањето филмот, членови на тимот ќе имаат можност да разговараат со публиката. -Битолската премиера на „Приказната за Силјан“ ќе се одржи во големата кино сала, а наши гости ќе бидат режисерката Тамара Котевска, продуцентот Јорданчо ...
Организаторите на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ ги објавија конкурсот и пропозициите за учество на годинешното 12. по ред фестиваслко издание. Заинтересираните автори треба да се пријават до крајот на март. На новото издание на поетската манифестација која се одржува во Гостивар може да учествуваат сите поети од Македонија и балканските земји во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години на слободна тема. – ...
Oпштина Зрновци влегува во фаза на реализација на проектот „Изградба на локален пат од м.в. Оризни гумна до м.в. Друмот, село Видовиште“, откако вчера во просториите на Локалната самоуправа е потпишан договорот со изведувачот на работите, фирмата „Ескаватори“ од Урошевац, Косово. Според информациите од градоначалникот Ванчо Митев, вкупната вредност на градежните работи изнесува 5.302.620,00 денари без ДДВ, додека износот за ДДВ достасува до ...
Денеска во Струмица беше одбележана 154 годишнина од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. Пред неговиот споменик, на истоимениот плоштад, се одржа пригодна свеченост на која за неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Петар Јанков. Тој истакна дека Струмица како град на историја, традиција и слободен дух, со особена чест се поклонува пред неговото дело. -Нашата Струмица била сведок на чекорите на ...
Во Кавадарци се одбележуваат 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, многубројни делегации положија цвеќе пред неговата биста. Од Музеј галеријата денеска потсетија дека станува збор за една од најмаркантните, најсакани, најхрабри и најреволуционерни македонски личности пред Илинденскиот период. – Идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Гоце Делчев го ...
Делчево денеска со пригодни свечености одбележа 154 години од раѓањето на патронот на градот, Гоце Делчев – апостол на револуционерната борба, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. По тој повод, реферат за животот и делото на Гоце Делчев подготвија членови на КУД „Гоце Делчев“, а пред споменикот на Делчев во центарот на градот цвеќе положија ...
Делегацијата од Општина Кисела Вода, предводена од градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, денес се поклони пред вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“. Со свежо цвеќе, во чест на 154 годишнината од неговото раѓање, ја искажаа својата почит кон овој голем македонски револуционер и идеолог, чие дело и визија е гордост на секој Македонец, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода, што МИА го објавува интегрално. – ...
Во Општина Илинден беше одбележана 154-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а воедно и 17-от патронен празник на детската градинка што го носи неговото име, стои во соопштението од Општина Илинден. Настанот започна во дворот на централниот објект на градинката, каде беше положено свежо цвеќе пред бистата на патронот. Цвеќе положија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеничката Драгана Бојковска, директорката на ...
Американскиот претприемач Илон Маск стана првиот човек во историјата чие богатство надминува 800 милијарди долари, откако неговата фирма Спејс Икс (SpaceX) ја купи неговата компанија за вештачка интелигенција xAI. Форбс проценува дека оваа трансакција, која ја вреднува обединетата компанија на 1,25 трилиони долари, го зголемила богатството на Маск за 84 милијарди долари на рекордни 852 милијарди долари. Пред оваа зделка, Маск поседуваше околу ...
Во следните денови се очекува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на ноќва во југоисточните делови на земјата се очекуваат врнежи над 20 литри на квадратен метар. Во петок поинтензивни врнежи од дожд ќе има во крајните западни делови од државава. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер. ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека културата останува еден од врвните приоритети на Владата и нагласи дека за годинава буџетот е зголемен за половина милијарда денари. – Оваа година имаме зголемен буџет за половина милијарда денари, културата е наш приоритет. Програмата е приближно некаде 25 милиони евра, средства што ќе бидат распределени во културата – рече во одговор на новинарско прашање за тоа дали се планира поддршка за проекти од ...
Кошаркарите на Црвена ѕвезда ја забележаа 16.победа во Евролигата, откако синоќа во Белград пред повеќе од 20 илјади гледачи го совладаа Хапоел Тел-Авив со 87:75. До триумфот „црвено-белите“ стигнаа по извонредната последна четвртина која ја добија со 25:6. Гостите од Израел во последниот период влегоа со водство од 69:62, но првите поени ги постигнаа дури по седум и пол минути. Во победничкиот тим најефикасен беше Џордан Нвора со 22 поена, ...
Лос Анџелес клиперсе се согласија да го разменат крилниот центар Џејмс Харден со Кливленд Кавалирс за плејмејкерот Дариус Гарланд и избор од втората рунда на драфтот, објави „ESPN“. Триесет и шестгодишниот Американец очекува продолжување на договорот. Тој ќе заработи 39,3 милиони долари оваа сезона и има 49,2 милиони долари загарантирана за следната сезона. Дваесет и шестгодишниот Гарланд е во третата година од петгодишниот договор од 197 ...
Арсенал е првиот финалист во Лига Купот на Англија. „Топчиите“ синоќа го победија Челзи со 1:0 дома во реваншот од полуфиналето на ова натпреварување. Поранешниот фудбалер на Челзи, Каи Хаверц, го постигна единствениот гол во 90+7 минута. Првиот натпревар заврши исто така со победа на Арсенал (3:2). Така, тимот предводен од тренерот Микел Артета се пласираше во финалето. Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрување на реваншот меѓу ...
Времето денес ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 7 до 11 степени. Во Скопје променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Кон крајот ...
Шварц-џампелов синдром/Хондродистрофична миотонија/ SCHWARTZ–JAMPEL SYNDROME (SJS)/CHONDRODYSTROPHIC MYOTONIA MKБ-10 Q78.8, G71.1 ПРЕВАЛЕНЦА – забележана кај помалку од 1/100 000 население (во литературата до денес се опишани 130 случаи). ВОВЕД Шварц–Џампеловиот синдром (SJS) или хондродистрофична миотонија е ретка генетска болест предизвикана од мутација на генот на перлекан (HSPG2), што предизвикува остеохондродисплазија поврзана со ...
OpenAI објави сериозни технички проблеми со својата најпопуларна услуга синојќа Корисниците на ChatGPT низ целиот свет се соочуваат со зголемени стапки на грешки и значително влошени перформанси. Според официјалниот извештај за статусот на OpenAI од 3 февруари 2026 година во 21:32 часот, проблемите се идентификувани и тимот интензивно работи на имплементирање на привремено решение (ублажување). Моментално не е познато колку долго ќе трае ...
Македонската А репрезентација на 26. март на стадионот „Паркен“ во Копенхаген против Данска ќе го одигра плеј-оф натпреварот за пласман на Светското Првенство 2026. Фудбалската федерација на Данска, за нашите навивачи ги обезбеди следните места и ги одреди цените на влезниците: Гостински навивачи: Блок D1 – до 1.750 седишта Цена: 3.650 денари Гостински навивачи со попреченост: Блок D1 – 6 позиции за корисници на инвалидски колички Цена: 3.650 ...
Фудбалскиот турнир на Летните олимписки игри чиј домаќин во 2028 година ќе биде Лос Анџелес, ќе се одржи во седум градови во САД, објави денеска прес-службата на Меѓународниот олимписки комитет. Местата за одржување на фудбалските натпревари се движат од стадионот на Њујорк Сити, кој е во изградба и треба да биде завршен во 2027 година, до постојните стадиони во МЛС лигата во Охајо, Тенеси, Мисури и Северна Калифорнија. Натпреварите од ...
Австралиецот Џек Духан ќе биде резервен возач за тимот Хаас оваа сезона, објави денеска американскиот тим во Формула 1. Минатата сезона, 23-годишниот Духан настапи на шест трки од Формула 1 за тимот Алпин во кои не освои бод, а беше заменет од Аргентинецот Франко Колапинто. Австралијанецот до крајот на сезоната ја имаше улогата на резервен возач во Алпин. „Тимот Хаас е идеално место за да ја продолжам мојата кариера во Формула 1“, изјави Џек ...
Американската скијачка ѕвезда Линдзи Вон денеска на прес-конференција во Кортина д’Ампецо изјави оти верува дека ќе може да се натпреварува на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ), иако во петокот ги повреди лигаментите на левото колено при пад на спустот во Кран Монтана. „Денеска скијав и се чувствувам стабилно и силно. Коленото не ми е отечено и мислам дека со помош на ортоза ќе можам да се натпреварувам в недела“, изјави Вон. В недела, ...
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ турнирот од серијата 50 во Порто, откако денеска ја победи Швајцарката Илена Ин-Албион со 2-0 во сетови, за 76 минути игра. Во првиот сет, македонската тенисерка направи два брејка во шестиот и во осмиот гем и првиот сет го доби со 6:2 во гемови. Вториот сет имаше поинаков тек, а ривалката направи брејк во третиот гем и поведе со 2:1, но Ѓорческа потоа имаше ...
Фудбалерот на Барселона, Ламине Јамал, изјави дека сака целата своја кариера да ја помине во каталонскиот клуб. Јамал игра за главниот тим на „блауграната“ од 2023 година. -Се надевам дека ќе можам да останам тука до крајот на животот, ќе уживам во секој ден, во најдобриот клуб и во најдобриот град во светот, го цитира „Мундо Депортиво“ Јамал. Со Барселона, Јамал стана двократен шпански шампион, го освои Купот на кралот и двапати го освои ...
Францускиот фудбалски репрезентативец Дајот Упамекано (27) треба да потпише нов договор со минхенски Баерн, со важност до јуни 2030 година, јавија денеска германските медиуми. Германскиот првак веќе некое време е во преговори со францускиот дефанзивец, чиј тековен договор истекува на крајот од сезоната. Медиумите тврдат дека Упамекано наскоро ќе потпише нов четиригодишен договор со Баерн, што ќе вклучува клаузула откупна клаузула од 70 ...
Украинскиот министер за спорт Матвиј Бидни го нарече денеска претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, „неодговорен“ и „инфантилен“ поради неговата изјава дека ФИФА ќе разгледа укинување на санкциите за рускиот фудбал. „Зборовите на Џани Инфантино звучат неодговорно, да не речам инфантилно. Тие го одделуваат фудбалот од реалноста во која се убиваат деца“, напиша Бидни на социјалните мрежи. Руските национални ...
Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во 2029 година, објави денеска каталонскиот клуб. Како што е наведено во соопштението, Барселона официјално изрази подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, да учествува во почетната фаза од ...
Драмскиот театар – Скопје утре гостува во Љубљана во рамките на фестивалот РУТА со две претстави – „Кармен“ и „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна или туѓото го сакаме – нашето не го даваме“. Во копродукциската претставата „Плејбои…“, работена по текст на Душан Јовановиќ, во режија на Иван Пеновиќ, играат актерите од четирите уметнички куќи од регионот: Лазар Христов, Јулита Кропец, Марко Гверо, Соња Стамболџиоска, Лазар ...
Со пригодна свечена програма утре пред споменикот на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, во Струмица ќе биде одбележана 154 годишнината од неговото раѓање (1872-1903), а денеска екипи на ЈПКД „Комуналец“ го исчистија споменикот и истоимениот плоштад. -Со денешното чистење на споменикот Гоце Делчев се надеваме дека ќе подобри изгледот на градскиот плоштад, а сето тоа ќе придонесеме и за зголемување на одговорноста и ...