Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ. Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, ...

Нова зграда за музичкото училиште и концертна сала најави денеска градоначалничката на Неготино, Марија Нацева. Таа информираше дека била на терен заедно со претставници на проектантската фирма за изработка на урбанистички проект, како и основен проект за нова училишна зграда и концертна сала за потребите на основното општинско музичко училиште „Владимир Арсовски“. – Во проектната задача е предвидено и уредување на кабинетите за учениците и ...

Наврна 20 сантиметри свеж снег во ски-центар „Михајлово“, има одлични услови на патеките, информираше попладнево кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Ски-центар „Михајлово“ денеска во вистинска зимска атмосфера. Свежата снежна покривка, овозможува одлични услови на патеките. Февруари започна со стабилен снег и пријатна дневна програма, коктели, голем број посетители и позитивна енергија низ целиот ски-центар, соопшти Јанчев. Тој ...

„Добар ден и од мене. Јас сакам да изразам задоволство што денеска заедно со градоначалникот, односно градоначалниците со луѓето од јавните претпријатија на Градот Скопје, но и со останати граѓани, отпочнуваме еден проект којшто многу ќе значи за скопјани ќе додаде вредност во квалитетот на живот на скопјани. Јас не би имал што да додадам повеќе во техничките карактеристики, да го анализирам проектот од технички аспект, но знам дека овој ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изјави дека се чекаат препораките од УНЕСКО за Охрид и Окридскиот Регион откако заедно Албанија е пратен извештај во седиштето на оваа организација на ОН. На новинарско прашање на прес-конференција посветена на резултатите од годишните конкурси за проекти во култуата во 2026 и што ќе се преземе за заштита на Охридскиот Регион како културно наследство во опасност, Љутков одговори дека тој наследил ...

Македонско друштво “Илинден“–Тирана апелира до општина Булќиза и до Административна единица Требиште итно да се отстрани одронот на патот што го поврзува граничниот премин Требиште–Џепиште, во областа Голо Брдо, со Македонија. Блокадата го отежнува секојдневното движење на населението и ја нарушува комуникацијата меѓу двете страни на границата. Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара брза интервенција и обезбедување безбеден и непречен ...

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски оствари одличен резултат на митингот во Горзов, Полска. Тој го освои третото место со скок со должина од 7.82 метри. Митингот е со сребрена етикета од континенталните митинзи под покровителство на Европска атлетика со што Трајковски уште еднаш покажа дека се наоѓа во одлична форма на самиот почеток на сезоната. Македонскиот атлетичар на новото ажурирање ќе напредува и на ...

Александар Волкановски, Австралиецот со македонско потекло ја одбрани титулата во перолесна категорија на настанот УФЦ 325 во Сиднеј. Популарниот „Александар Велики“ славеше пред домашната публика во арената „Кудос бенк“. Волкановски имаше комплетна доминација против Бразилецот Диего Лопез. Судиите ја потврдија неговата надмоќ со бодови 49:46, 49:46 и убедливи 50:45. Тој истиот противник го победи и во Мајмаи. Шампионот покажа прецизни удари ...

Првиот светски рекет Шпанецот Карлос Алкараз е новиот шампион на Австралија опен откако во денешното финале го совлада десеткратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3:1 во сетови (2:6; 6:2; 6:3 и 7:5). Финалниот меч траеше 3 часа и 4 минути, а Алкараз ја освои првата титула во Мелбурн. Финалето почна со доминација на Ѓоковиќ кој првиот сет го доби со 6:2 и притоа успеа да направи два брејка. Во следниот сет иста слика со тоа што во ...

Во натпреварот за подобар пласман во Источната конференција Чикаго како гостин го совлада Мајами со 125:118 и со тоа се доближи до скорот на конкурентот. Клучната серија од 9-0 за победа „биковите“ ја направија во финишот на дуелот. Чикаго по триумфот има биланс 24-25 (победи-порази), додека Мајами е на 26-24. Ајо Досунму беше најефикасен кај победникот со 29 поени, а во редовите на Мајами Пеле Ларсон реализираше 22 поена. Резултати на ...

Шампионот на Англија Ливерпул синоќа во последниот дуел од 24.коло на Енфилд го совлада Њукасл со 4:1, иако противникот поведе со 1:0. „Црвените“ пресвртот го најавија во финишот на дуелот со двата гола на Уго Екетике, а потоа стрелци беа и Флоријан Вирц и Ибрахим Конате, кој претходно пропушти три натпревари поради смртта на татко му. По поразот од Борнмут зборував со фудбалерите и им предочив дека мора да се подобриме. На последните два ...

Еден од најдобрите фудбалерите последните години во Премиер лигата Мохамед Салах од Ливерпул постави нов рекорд. Тој стана првиот фудбалер кој остварил „дабл-дабл“ (голови и асистенции) против еден ривал од Премиер лигата (Њукасл). На синоќешниот дуел против Њукасл на кој Ливерпул победи со 4:1, Салах му асистираше на Флоријан Вирц за третиот гол на „црвените“. На тој начин ја запиша 10-та асистенција против Њукасл, а претходно веќе имаше ...

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата (над 20л/м2). Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, во текот на денот врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе ...

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Гевгелија, 12 литри на квадратен метар. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека 10 литри воден талог утрово се измерени во Крушево и Битола, 6 во Демир Капија, Маврови Анови и на Попова Шапка, 4 во Велес и Пожаране, 3 во Ѓуриште, 2 во Скопје – Зајчев Рид, Тополчани, Штип, Радовиш – Пожар и во Тетово и по еден литар количество врнежи на квадретен метар во Охрид, Берово, Виница, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, соопшти ЈП „Македонијапат“ во пладневниот извештај. Врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато. Од 9.20 часот поради врнежи од снег е воведена забрана за тешки товарни ...

Во Младинскиот културен центар вечер ќе биде изведена претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василески која раскажува за откривањето на радиумот „кој ветувал вечна младост, а донел смрт“. Независниот театар „Штрих“ соопшти дека претставата е приказна за харизматичниот индустријалец Ибен Бајерс, чија опсесија бил зелениот еликсир наречен „Радитор“. -Во мракот на фабриките за часовници, нешто неприродно свети. Младите ...

Преку електронскиот систем за аплицирање на годишните конкурси за проекти од културата за 2026 година пристигнале 2618 пријави, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од конкурсите, нагласувајќи дека овој број на пристигнати апликации го потврдува интересот и довербата во системот. -Се работи за проекти кои ќе ја збогатат културната понуда, ќе отворат простор за нови креативни изрази и ќе придонесат ...

За инвестициско и техничко одржуваење и за набавка на опрема на националните установи пристигнале 239 проектни апликации за 2026 година и по евалуацијата се прифатени 66 проекти со вкупен износ од 15.500.000 денари. Министерот Зоран Љутков соопштувајќи ги резултатите од годишните конкурси по дејности на прес-конференција во Владата посочи дека овие средства се наменети за обезбедување основни услови за функционирање на националните установи ...

ВРОДЕН ДЕФИЦИТ НА ФАКТОР XIII/ CONGENITAL FACTOR XIII DEFICIENCY/ MKБ-10 Q68.2 ПРЕВАЛЕНЦА Вродениот дефицит на фактор XIII е многу ретко заболување со проценета преваленца 1/2 000 000 население. ВОВЕД Вродениот дефицит на фактор XIII, познат и како недостаток на фибрин-стабилизирачки фактор е ретко наследно нарушување на коагулацијата на крвта кое подеднакво се јавува и кај двата пола. Фактор XIII е клучен ензим во процесот на згрутчување на ...

Во Општина Кисела Вода синоќа за првпат се одржа манифестацијата „Спортист на годината“, посветена на најдобрите спортисти кои со своите резултати ја промовираат општината и ја градат нејзината спортска иднина. Признанието за најдобар спортист во машка конкуренција го добил мотоциклистот Кристијан Бузалковски, третопласиран во генералниот пласман на европскиот шампионат ФИМ Европа, додека во женска конкуренција приматот ѝ припаднала на ...

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој истакна дека со оваа набавка ќе се реши еден од најголемите долгогодишни проблеми во работењето на претпријатието – застарената неодржувана и истрошена механизација, која сериозно го отежнувала одржувањето на јавната хигиена во главниот град. Според ...

Машкото финале на првиот Гренд слем турнир Австралија опен ќе донесе нов шампион откако двократниот и сè уште актуелен победник Јаник Синер загуби ви полуфиналето. Во борба за престижниот пехар ќе играат Новак Ѓоковиќ од Србија, кој ќе го игра своето 11. финале во Мелбурн и досега нема пораз во финале и Шпанецот Карлос Алкараз за кого ова ќе биде прво финале во Мелбурн парк. „Род Лејвер Арена“ и 15 илјадната публика секако и бројните љубители ...

Македонската ракометна репрезентација за пласман на Светското првенство 2027 во Германија во баражот од третата фаза ќе игра со победникот од двомечот меѓу Украина и Словачка што се игра во март годинава. Селекторот Кирил Лазаров повика на внимателност и сериозен пристап, без разлика кој ќе биде противник. – Треба да бидеме задоволни од извлекувањето. Напорно работевме за да дојдеме до моментот да бидеме во групата на носители и сега сме на ...

Кошаркарот на Филаделфија Пол Џорџ е суспендиран поради позитивен наод на допинг тест. НБА реагираше веднаш и играчот е суспендиран со 25 натпревари поради кршење на правилникот за антидопинг. – Во последните години често зборував за тоа колку е важно менталното здравје и барав решение и направив голема грешка што користев лекови на своја рака. Ја преземам одговорноста и им се извинувам на сите во клубот, соиграчите, навивачите за моите лоши ...

Екипата на Наполи со вечерашната победа од 2:1 против Фиорентина во рамки на 23.коло од Серија А се проби на третата позиција на табелата со 46 бодови или еден помалку од вториот Милан, додека лидерот Интер има 52. 14.та победа на Наполи ја најави Антонио Вергара во 11.минута, а на 2:0 на почетокот на вториот дел зголеми Мигуел Гутиерез во 49.минута. Неизвесност најави Манор Соломон со голот во 57.минута, но до крајот на дуелот мрежите ...

Екипата на Челзи направи неверојатен пресврт и стигна до победа во дуелот од 24.коло од Премиер лигата откако го совлада Вест Хем со 3:2, а на полувреме беше во негатива од 0:2. Гостите поведоа со головите на Џерод Бовен во 7.минута и на Крисенсио Самервил во 36.минута. Менаџерот на „сините“ Лиам на полувреме направи три замени, а токму двајца од замените донесоа изедначување. Во 57.минута Жоао Педро намали на 1:2 на асистенција на Весли ...

Натпреварот за третото место на Европското првенство во ракомет има и една специфика, на клупата на Хрватска седи Исланѓанецот Дагур Сигурдсон. Но, ова нема да биде прв негов натпревар против неговата држава. – Имам веќе неколку натпревари и додека бев селектор на Австрија, Германија, Јапонија, па и сега на Хрватска (ќе биде трет натпревар). Како да е судено да играм на секое првенство. Дуелот за бронзениот медал ќе биде сосема поинаков од ...

Македонските ракометари во борба за пласман на Светското првенство односно во баражот 3 ќе играат со победникот од дуелот Украина – Словачка. Ова е епилогот од денешното извлекување на двојките за баражот од третата фаза. Противникот ќе биде познат во март годинава кога ќе се играат бараж дуелите меѓу Украина и Словачка. Другите двојки за пласман на СП 2027 се: Победник Босна и Херцеговина / Косово – Фарски острови Чешка – Франција Швајцарија ...

Европската ракометна федерација направи грешка при извлекувањето на двојката меѓу македонскиот ракометен тим и победникот од дуелот Украина и Словачка во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство во Германија 2027. Според пропозициите се влече „топче“ од „шешир носители“, а потоа топче од „шешир неносители“ и двете се ставаат во сад и првото „топче“ е домаќин на првиот натпревар. Тоа не се случи при првото извлекување. Сепак ...

Лидерот во Премиер лигата Арсенал постигна убедлива победа од 4:0 на гостувањето кај Лидс во еден од трите први дуели од 24.коло и по три натпревари без триумф стигнаа до „цел плен“. Со новите три бодови „топџиите“ на конкурентите (Астон Вила и Манчестер Сити) им „побегнаа“ на седум бодови разлика. На дуелот со Лидс поведе со голот на Мартин Зубименди во 27.минута, а на полувреме беше 2:0 по автоголот на домашниот голман Карл Дарлоу во ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
70%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.03
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 0ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
76%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
86%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Злато

144593.23

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Родиум

358480.82

Бакар

10.65

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78