Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ЈП „Македонијапат“ информира дека врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов не се пречка за сообраќајот и оти сите патни правци во државата се проодни. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кој секојдневно го посетуваат илјадници граѓани од сите делови на државата. Според Ѓорѓиевски, во акцијата се вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје, а целта е уредување на, како што посочи, срцето на македонското здравство, по долгогодишна негрижа за овој ...

Американската скијачка и една од најдобрите во светот Линдзи Вон по враќањето на патеката имаше желба да настапи на ЗОИ во Милано и Кортина. Сепак нејзиното учество е неизвесно откако на последната трка на спуст трка од Светскиот куп доживеа тежок пад. Таа ја изгуби контролата и заврши во заштитната ограда. Сепак успеа да се спушти, но јасно беше дека има повреда на коленото и беше укажана лекарска помош на патеката. За тежината на повредата ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денот пред финалето во Мелбурн на Австралија опен ќе го искористи за одмор. Тој по мечот од полуфиналето со Синер најави дека нема да тренира особено што мечот заврши околу 2 часот по полноќ, а на теренот беше 4,5 часа. – Ќе биде тоа време за закрепнување. Во сабота сигурно нема да тренирам. Можно е да имам активно закрепнување. Имам свој „протокол“ и ќе го почитувам тој распоред, изјави Ѓоковиќ. За ривалот во ...

Македонската Дејвис куп репрезентација следниот викенд ја очекува првиот дуел во 2026 година. Македонските тенисери гостуваат на Кипар во мечот од Втората Светска зона. Селекторот Горан Шевченко за овој дуел ќе смета на следниве тенисери: Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Марко Алексовски. Нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски за овој меч според информациите од неговиот тим од САД каде што се наоѓа сега не е доволно ...

Тенисерката од Казахстан Елена Рибакина е новата шампионка на Австралија опен откако со 2:1 во сетови (6:4; 4:6 и 6:4) ја совлада првата тенисерка на светот Белорусинката Арина Сабаленка. За Рибакина ова е втора Гренд слем титула откако беше победничка на Вимблдон 2022 година, а воедно и се реваншираше на Сабаленка за поразот во финалето во Мелбурн во 2023 година. Сабаленка остана на две титули на Австралија опен, а го играше четвртото финале ...

По голема борба на централниот терен „Род Лејвер Арена“ во Мелбурн 26-годишната Елена Рибакина стигна до својата втора Гренд слем титула. Таа во финалето ја совлада двократната шампиона на Австралија опен Арина Сабаленка. Победничкиот пехар на новата шампионка и го предаде победничката од 2001 и 2002 година Американката Џенифер Капријати. – Беше битка и навистина сум горда и среќна. Горда сум на постигнатиот резултат и се надевам дека ...

Ракометната репрезентација на Хрватска го загуби полуфиналето од Германија и за да освои медал на Европското првенство во неделното „мало финале“ ќе мора повторно да го победи Исланд. Свое видување за истакна и поранешниот македонски и хрватски селектор Лино Червар. Тој најпрво упати честитки за хрватските ракометари за пласманот во полуфиналето, со напомена дека мора да се освои бронзениот медал. Червар во изјава за хрватските медиуми се ...

Нови проблеми за организаторот на завршницата на Европското првенство и за ЕХФ. Првите стигнаа од Хрватска, а сега реагираа и од Исландската федерација. Исланд го загуби полуфиналето од Данска (28:31) и утре недела (почеток 15:15 часот) ќе игра против Хрватска за третото место. Од таборот на Исланд упатија реакција до ЕХФ и барање подоцна да бидат присутни на денешните обврски кон медиумите (организирани од домаќинот и ЕХФ). Тие во своето ...

По повредата на коленото Никола Јокиќ синоќа го одигра првиот натпревар. Тој надвор од теренот беше од 29.декември. На дуелот против ЛА Клиперс што Денвер го доби со 122:109, Јокиќ на теренот мина 25 минути, а реализираше 31 поен, со 12 скока и 5 асистенции. Денвер ја постигна четвртата победа на последните пет натпревари. Јокиќ на теренот мораше да се врати за да остане и во конкуренција за наградата МВП бидејќи досега паузираше на 16 ...

„Добар ден и од мене. Јас само сакам да го изразам своето задоволство од ова што денеска го гледаме, за само неколку месеци навистина силна посветена работа и тоа што тогаш можеби делуваше невозможно, денеска е возможно, реално. Сакам да се заблагодарам на градоначалникот, на советниците од Општина Тетово коишто го поддржаа овој проект, да се заблагодарам на Министерството за образование, на сите оние коишто се добронамерници за Тетово и ...

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места ќе има слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до шест, а максималната ќе достигне од седум до 11 степени. Во Скопје променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до пет, а максималната ќе достигне до 10 степени. УХМР информира дека ...

Најстудено утринава било на Попова Шапка каде се измерени -5 целзиусови степени, а температури под нулата се измерени и во Битола, Берово, Маврови Анови, Прилеп, Крушево и Претор. Во Петровец, Охрид, Штип, Велес и Крива Паланка утринава се измерени нула степени, а максималната утринска температура била 4 степени и е измерена во Гевгелија. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди и наместа со услови за ...

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места. Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните ...

Од утре почнува сезоната на спортски риболов по Радика и Мавровското езеро, информираат од управата на Националниот парк „Маврово“. Риболовот ќе биде дозволен до крајот на октомври. Од НП „Маврово“ појаснуваат дека спортскиот риболов на Мавровско Езеро е дозволен до 31 мај за време на викенд и државни празници, а понатаму ќе може да се риболови секој ден. Спортскиот риболов на Мавровско Езеро е дозволен за сите видови риби, освен пастрмка, ...

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ посветено на 63 жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“. Предлогот беше усвоен со 19 гласа „за“ и плод на иницијатива на Здружението „16 март 2025 Кочани“. Според усвоениот план, спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ ќе биде изградено во Стариот парк, во централното ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, градоначалникот на Тетово Биљал Касами и други државни функционери присуствуваа на пуштањето во употреба на реконструираните два објекта на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, познати во градот како „Стара медицина“. Двете гимназиски згради стари над 100 години се реконструираа од јули 2025 година со донација од 800 илјади евра од приватната фирма. – Денес ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска информира дека за реализација на активностите за ревитализација на езерото „Младост“ обезбедена е финансиска поддршка од шест милиони денари од Програмата за водостопанство. -Денеска извршив увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години. Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко ...

Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари. -Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да ...

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реагирајќи на бројните критики на распоредот на натпреварите на Европското првенство кое се одржува во Шведска и Данска, одлучи во иднина да воведе измени за да можат ракометарите да имаат повеќе време за одмор. „Распоредот на натпреварите на следното Европско првенство ќе бидат приспособени за да се намали оптоварувањето на играчите и да се обезбеди најдобра можна рамнотежа за сите учесници во однос на ...

Германскиот репрезентативец Леон Горецка, чиј договор со Баерн Минхен истекува на 30 јуни, објави денеска дека ќе го напушти клубот ова лето. „Почестен од интересот од големите клубови, донесов јасна одлука за себе дека сакам да останам во Баерн до крајот на сезоната. Во исто време, клубот и јас се согласивме, по добри и конструктивни дискусии, дека нашиот успешен период заедно ќе заврши ова лето. Како што реков претходно, ова е исто така ...

Италијанскиот стратег Роберто Де Зерби би можел да добие отказ на клупата на Марсеј, откако францускиот клуб не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампиони (ЛШ), јавија денеска британските медиуми. Марсеј ја заврши групната фаза во ЛШ на 25 место, а во француското првенство е третопласиран, седум бода зад лидерот ПСЖ. Де Зерби пристигна на кормилото на клубот од Велодром во летото 2024 година и го водеше Марсеј до второто место ...

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, го продолжи денеска договорот до јуни 2031 година, објави шпанскиот клуб. Дваесетидвегодишниот Лопез беше на чекор до трансфер во Челзи минатото лето, но остана во Барселона и стана еден од клучните играчи во тимот на Ханси Флик благодарение на неговиот инстинкт за постигнување голови. Оваа сезона, Лопез постигна десет голови, вклучувајќи пет во Лигата на шампиони, а додаде и 11 асистенции и покрај тоа ...

Македонската традиционална карате федерација (МТКФ) денеска во Скопје го одржа традиционалниот „Избор за најдобри каратисти“ на кој беа прогласени најуспешните каратисти во 2025 година во сите возрасни категории, од деца до сениори. За најдобра каратистка беше прогласена Антонија Белазелкоска, додека признанието во машка конкуренција му беше врачено на Дејан Недев. Во јуниорска конкуренција, признанието за најдобар каратист го освои Матеј ...

Германија е првиот финалист на Европското првенство во ракомет, откако вечерва ја совлада Хрватска со 31-28. Првото полуфинале од завршницата во Хернинг донесе резултатски израмнето прво полувреме во кое Германците во самиот финиш дојдоа до предност од два гола (17-15). На стартот од второто полувреме, германскиот напад и одбраната функционираа беспрекорно, постепено разликата се зголемуваше за да достигне највисоки плус седум голови (26-19). ...

Данската ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Европското првенство со победа вечерва над Исланд од 31:28 и в недела за титулата ќе игра против Германија. Исланд пружи силен отпор на фаворизираната данска репрезентација и имаше водство од три голови (6-3) на почетокот од натпреварот. Данците успеаја да се вратат на средина од првото полувреме и да го израмнат резултатот (8-8). Сепак, не создадоа позначајна предност и по првото ...

Почина Тихомир Јанчовски, поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, соопшти Друштвото на писатетелите на Македонија (ДПМ). Со длабоко жалење и со огромна тага известуваме за прераното заминување на нашиот драг Тихомир Јанчовски: поет, писател, преведувач, професор, музичар, издавач, автор на над триесет книги, пред сè поезија, преводи и (поетски) романи, како и една книга историја („Историја на ...

Во меч со пет сета десеткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ со 3:2 во сетови (3:6; 6:3; 4:6; 6:4 и 6:4) го победи двократниот и актуелен шампион на овој Гренд слем турнир Италијанецот Јаник Синер. Синер во два наврати водеше со 1:0 и 2:1 во сетови, но Ѓоковиќ успеваше да изедначи. Во решавачкиот сет во првите три гема на свој сервис Ѓоковиќ успеа да спаси и осум брејк топки, а ја реализираше и третата меч топка. Со оваа победа ...

Португалската ракометна репрезентација го освои петтото место на Европско првенство, откако попладнево во Хернинг го совлада домаќинот Шведска со 36-35 (16-16). Португалците во најголем дел од првиот дел беа во предност која достигна највисоки три голови (7-4), но Шведска до крајот на полувремето го израмни резултатот (16-16). Двете репрезентации се менуваа во водство во продолжението, а Шведска во завршните пет минути влезе со предност од ...

Неготино ќе го имплементира проектот „Безбеден град“ оваа година, потврди попладнево за МИА, градоначалничката Марија Нацева. Таа подвлече дека во општината од која потекнува Фросина, која загина во сообраќајна несреќа во Скопје пред една година, има морална и институционална обврска, да се зачува споменот на неа, но и активно да се работи на тоа, вакви трагедии никогаш да не се повторат. Таа истакна дека безбедноста е врвен приоритет и дека ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
70%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.03
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 0ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
76%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
86%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Калај

43.91

Родиум

358480.82

Цинк

0.00

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86