Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне 9 степени. Според УХМР, од среда времето ќе биде променливо ...

Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ ги соопшти добитниците на меѓународната награда „Гоцева мисла“ за 2026 година, која традиционално се доделува во пресрет на 4 февруари, роденденот на Гоце Делчев, и на неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. Наградата „Гоцева мисла“ е високо признание што им се доделува на личности што со својот творечки, ...

Отворен е нов наплатен пункт на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје во општина Ѓорче Петров. Лоциран е во постоечкиот објект на „Водовод и канализација“ – Скопје, на улица „Ѓорче Петров“, до Тинекс маркетот и ќе работи секој работен ден од 7:30 до 15:00 часот. Како што информира претпријатието, пунктот е отворен за да овозможи поголема достапност на услугите за своите корисници. По тој повод директорот на претпријатието ...

Во месецот посветен на љубовта, ЈП Лајка започнува посебна иницијатива за љубителите на животни – „Биди мојот Валентајн за еден ден”. Со оваа акција, јавноста има можност да подари љубов и внимание на бездомни кучиња кои со месеци, а некои и со години, не излегле надвор од ѕидовите на прифатилиштето, известуваат од Лајка. „Иницијативата им овозможува на граѓаните да изберат куче и да поминат еден цел ден со него надвор од прифатилиштето – на ...

Со одлука на Владата, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани кои го користат јавниот превоз, објави на фФејсбук скопскиот градоначланик Орце Ѓпрѓиевски. – Почитувани скопјани, кај мене дадениот збор е обврска, а не само формалност пред избори. Затоа, со огромна одговорност, ви ја соопштувам веста што значи нов почеток за нашиот град. Како што истакна ...

Црногорскиот репрезентативен лев бек, Вуко Борозан од денеска е нов ракометар на ГРК Охрид, потпишувајќи договор со македонскиот суперлигаш до крајот на актуелната сезона, со можност за продолжување на соработката. „Многу сум среќен што потпишав за екипа со големи амбиции, екипа која има одлични ракометари. По разговорот со тренерот Ројевиќ и управата на клубот одлучив да ја продолжам својата кариера во Охрид“, изјави Борозан за клупскиот ...

Досегашниот фудбалер на калчолигашот Аталанта, Адемола Лукман, е нов напаѓач на шпанскиот гигант Атлетико Мадрид, објави денеска италијанскиот клуб. Лукман го напушти клубот од Бергамо по три и пол сезони, во кои кои одигра 137 натпревари и со Аталанта го освои трофејот во Лига Европа, во сезоната 2023/2024. Лукман во финалето против Баер Леверкузен (3-0) ги постигна сите три голови. Италијанскиот клуб не ги објави финансиските детали од ...

Ливерпул ќе го доведе во своите редови 20-годишниот француски дефанзивец Жереми Жаке од Рен, откако клубовите се согласија околу трансферот во висина од 55 милиони фунти, јави денеска агенцијата ДПА. Се очекува трансферот да биде комплетиран во текот на летниот преоден рок. Скај Спорт објави дека Жаке треба да пристигне на „Мерсисајд“ пред почетокот на сезоната 2026/27. Репрезентативецот на Франција до 21 година и потекнува од академијата на ...

Општина Струга ќе формира комисија која ќе ја утврди почетната цена за продажба на службениот автомобил „Ауди А6“, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција, соопшти денеска општинската прес-служба. Одлуката за продажба на службеното возило беше првата што градоначалникот Менди Ќура ја потпиша веднаш по превземањето на мандатот. Одобрување за реализација доби и од Советот на Општина Струга. – Општина Струга ...

Со последните кадровски решенија, Тоше Стојанов и Драганче Даневски веќе ги презедоа раководните функции во ОВР Кочани. Станува збор за полициски службеници со богато искуство и докажан професионален ангажман во досегашното работење. Тоше Стојанов е именуван за началник при ОВР Кочани, на позиција што ја презема по Филип Костовски. Во својата кариера, Стојанов има повеќе од десет години работно искуство, при што работел во специјализирани ...

Системот „Безбеден град“ констатирал 24 прекршоци за минување на црвено светло во Куманово, а 31 прекршок за возење со брзина поголема од дозволената, соопшти денеска МВР. – Во текот на вчерашниот ден системот „Безбеден град“ за минување на црвено светло-констатирани се 64 прекршоци, од кои на територија на Скопје 35, Тетово пет, Куманово 24. За возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 582 прекршоци, од кои 445 во ...

Градоначалникот на едно романско село со 166 жители, кое нема вода за пиење, ниту канализација, оди на работа со хеликоптер вреден 800.000 долари, објавуваат телевизијата „Диџи 243 и веб-страницата „Хотњуз“. Жителите на селото Бребу Ноу во округот Карас-Северин немаат ниту вода за пиење ниту канализација. Сепак, неговиот градоначалник користи хеликоптер за службени цели, купен за 800.000 долари од Австрија на име на компанија што ја ...

Македонскиот олимписки комитет денес им посака успешни настапи на нашите скијачи кои ќе учествуваат на Зимските олимписки игри Кортина Милано 2026 Македонските скијачи во Италија ќе заминат со новата официјална опрема на брендот „JOMA“, изработена за потребите на тимот во зимски услови. На денешната прес-конференција, претседателот Даниел Димевски изрази задоволство поради тоа што македонската репрезентација за прв пат ќе има четворица ...

Дваесет и четирикратниот шампион на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ, одговори дали планира повторно да игра на Австралија опен. -Искрено, навистина не знам. Ме следите долго време – не се преправам, не играм улога и не го искривувам значењето. Го кажувам онака како што е. Последната година или година и пол велам дека не сум сигурен колку долго ќе играм и во кој формат. Реков дека би сакал да играм до Олимписките игри во 2028 година. Но, ...

Ден откако триумфираше на Австралија Опен, најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз објави денеска дека нема да ја брани титулата на претстојниот АТП турнир во Ротердам, поради замор. „По консултациите со мојот тим, морав да донесам тешка одлука да се повлечам од „ABN AMRO Open“. Ми треба повеќе време да се опоравам од долгиот престој во Австралија. Разочаран сум што нема да можам да ја бранам титулата од минатата година. Минав одлично во ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска ги одреди термините за воведното коло на вториот дел од сезоната во домашното првенство кое ќе продолжи на 10 февруари. Првото коло од пролетниот дел на сезоната ќе биде отворен со дуелите Шкупи – Тиквеш и Шкендија – Струга. Ден подоцна, ќе играат Вардар – Арсими и Силекс – Башкими, додека 17. прволигашко коло ќе го комплетираат дуелите на 12. февруари меѓу Брера Струмица – Македонија ЃП и ...

Голманот на шпанскиот прволигаш Жирона, Марк-Андре тер Штеген ќе биде надвор од теренот поради потешка повреда, јавија денеска локалните медиуми. Според истите извори, Тер Штеген ја повредил тетивата во саботата за време на натпреварот против Овиедо и истата е посериозна отколку што се мислеше во прв момент. Според лекарскиот тим на шпанскиот клуб, 33-годишниот Германец ќе паузира најмалку два месеци. Тер Штеген неодамна се врати на теренот, ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) треба да размисли за укинување на забраната за руските тимови да настапуваат во меѓународните натпреварувања. Ова, денеска во интервју за британскиот телевизиски канал Скај, го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, доведувајќи ги во прашање придобивките од воведените санкции кон рускиот фудбал. „Дали треба да размислиме за укинување на санкциите против руските тимови? Дефинитивно треба. Бидејќи ...

Лидерот во Премиерлигата Арсенал е заинтересиран да ги засили своите редови со играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали, објави денеска новинарот Флоријан Плетенберг. Истиот извор наведува дека лондонскиот клуб неочекувано ги засилил преговорите за трансфер на 25-годишниот италијански фудбалер, откако првичната понуда до Њукасл беше одбиена. Тонали е во Њукасл од летото 2023 година. Оваа сезона тој има 35 настапи во сите ...

Лондонски Кристал Палас ги засили своите редови со напаѓачот Јорген Странд Ларсен од Вулверхемптон, во трансфер вреден рекордни 48 милиони фунти. Палас ќе плати загарантиран надомест од 43 милиони фунти плус пет милиони фунти во бонуси. Странд Ларсен зад себе има 61 настап во сите натпреварувања во неговите две сезони со Вулверхемптон, постигнувајќи 20 голови. Кристал Палас веќе втор пат го урива клупскиот трансфер рекорд во зимскиот преоден ...

Полни 20 години откако „Ѓаволот носи Прада“ ги освои киносалите, Мерил Стрип и Ен Хатавеј се враќаат во суровиот свет на високата мода и канцелариските интриги. Студиото „Твениет сенчри“ (20th Century Studios) објави нов трејлер за „Ѓаволот носи Прада 2“, нудејќи поподробен увид во долгоочекуваниот втор дел, чијашто премиера е закажана за 1 мај. Продолжението ја следи Миранда Пристли (Стрип), главната уредничка на списанието „Ранвеј“ ...

Американската поп-ѕвезда Били Ајлиш изјави дека „никој не е нелегален на украдена земја“ (во контекст на прогонот на незаконски имигранти во Соединетите Американски Држави) откако освои награда Греми за песна на годината. Поп-пејачката, чија победничка песна „Wildflower“ се наоѓа на нејзиниот албум „Hit Me Hard And Soft“, во својот победнички говор во Лос Анџелес ги повика луѓето да продолжат да протестираат против политиката на државата. На ...

Непознати крадци вторпат за помалку од една година украле буриња со искористено масло за пржење од киоскот за помфрит „Фрутeри“ во белгискиот град Турнхаут. Сопственикот на објектот, Арнолд Сегерс, изјави дека биле украдени шриближно три тони употребено масло за кое се сомнева дека се користи за производство на биодизел. – Газдата изјави дека кражбата била снимена од безбедносните камери во раните утрински часови – пренесува Фламанската ...

НБА-лигата ги објави резултатите од гласањето на тренерите за учество на Ол-стар натпреварот 2026. Суперѕвездата на Лејкерси, Леброн Џејмс, беше именуван во резервниот состав на Западната конференција, продолжувајќи ја својата рекордна серија на 22 последователни Ол-стар натпревари. Тој првпат играше на Ол-стар во 2005 година. Четириесет и едногодишниот Џејмс ја предводи листата по бројот на настапи на Ол-стар натпреварите на која во топ 8 се ...

Фудбалерот на Тотенхем, Доминик Соланке со два постигнати гола вчеравечер го спаси својот тим од пораз на средбата со Манчестер сити. Вториот гол на Соланке постигнат со „скорпија“ во Премиер лигата го сметаат за еден од најубавите во историјата. По еден центаршутот од крилната позиција, Соланке направи брилијантна импровизација и со еден замав со петицата, ја упати топката во голот на Џанлуиџи Донарума. Самиот фудбалер призна дека бил ...

На фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингам, му е дијагностицирана повреда на тетивата на левата нога, објави прес-службата на мадридскиот клуб. Според новинарот на „Ел Чирингито“, Хозе Луис Санчез, закрепнувањето на 22-годишниот Англичанец ќе трае околу еден месец. Белингам ја заработи повредата во победата од 2:1 над Рајо Ваљекано во 22-то коло од Ла Лига. Натпреварот се одигра вчера, а фудбалерот беше заменет во 10. минута. ...

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Микел Мерино, ќе биде подложен на операција поради повреда на стапалото, објави лондонскиот клуб. Дваесет и деветгодишниот Шпанец ја заработи повредата на натпреварот од 23. коло од англиската лига против Манчестер јунајтед (2:3), кој се одржа на 25 јануари. – На Мерино му е дијагностицирана повреда на коската на десната нога. Тој ќе биде подложен на операција во наредните денови, по што ќе започне ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање дали тимот е блиску до она што тој сака да биде. Арбелоа го презеде тимот од Мадрид на 12 јануари, заменувајќи го Чаби Алонсо. Под негово водство „Кралевите“ одиграа шест натпревари, победија на четири и загубија на два. – Јас не сум волшебник нели? Она што го сакам од моите играчи е тоа што го гледам – посветеност, став, менталитет и разбирање дека победата на секој натпревар бара ...

„Срам и пари“ (Shame and money) во режија на Висар Морина ја освои големата награда на жирито – World cinema grand jury prize: Dramatic, на годинешното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, соопштија денеска од екипата. Филмот е реализиран како копродукција помеѓу Германија, Косово, Северна Македонија, Словенија, Албанија и Белгија. Македонски копродуцент е Марија Димитрова со „Лист продукција“ од Скопје, а со поддршка од Агенцијата за ...

По подолга пауза, едно од најзначајните дела на Моцарт ќе се изведе на големата сцена на Националната опера и балет (НОБ) на 7 февруари, со почеток во 19.30 часот, соопштија денеска од установата. – Постојат оперски наслови што се дел од репертоарот. И постојат дела што го дефинираат самиот поим опера. „Дон Џовани“ од Волфганг Амадеус Моцарт припаѓа токму во втората група. Оваа опера не е само музичка класика, туку интелигентна, драматична и ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.66
70%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.03
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 0ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
76%
1012
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
73%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
86%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Злато

144593.23

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.19

Платина

61858.04

Родиум

358480.82

Рутениум

56199.51