Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово преку соопштение реагира против одлуката на Советот на Општина Тетово повторно да се формира Работна група за преименување и именување на улици. -Сојузот на борците од НОАВМ и граѓаните продолжувачи од Тетово остро реагира против одлуката на Советот на Општина Тетово повторно да се впушти во процес на преименување на тетовските улици и да се обиде на голема врата да наметне како ...

Од 31 јануари до 17 февруари Венеција повторно ќе биде средиште на карневалската магија. Претходните две години темата на светски познатиот карневал беше поврзана со годишнините од раѓањето и смртта на Марко Поло и смртта на Џакомо Казанова, но годинешното издание на познатиот венециски настан ќе му оддаде почит на олимпизмот – со оглед на тоа што оваа година Италија е домаќин на Зимските олимписки игри, кои се отвораат за неколку дена, на 6 ...

Во Нион денеска беа извлечени двојките за првата нок-аут фаза од УЕФА Лига Европа. Најинтересен е дуелот меѓу Фенербахче и Нотингем Форест, додека Лудогорец ќе игра против Ференцварош, а Динамо Загреб за ривал го доби Генк. Поранешниот европски првак Црвена Звезда за ривал го има тимот на Лил. Двојки од 1/16 финале од Лига Европа: Лудогорец – Ференцварош Панатинаикос – Викторија Плзен Динамо Загреб – Генк ПАОК – Селта Селтик – Штутгарт ...

ечиси 50 излагачи од цела Македонија – производители на органска храна, локални деликатеси, зимници, слатка и други традиционални преработки, пчелари, мали, семејни винарници, но и туристички агенции, се само дел од учесниците на Саемот за туризам: рурални домаќинства, што ќе се одржува утре и задутре во Скопје. Организаторите најавуваат два дена исполнети со автентични вкусови, знаења, искуства и инспирација од македонското рурално ...

Градоначалникот на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска претседаваше со втората седница на Управниот одбор на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) во новиот состав, на која беа разгледани и усвоени повеќе значајни прашања од суштинско значење за понатамошното јакнење на локалната самоуправа и унапредување на јавната администрација во државата, информираат од Град Скопје. Седницата, како што нагласуваат ...

Руралниот и искуствениот туризам со години беше маргинализиран, без јасна институционална стратегија и поддршка, со исклучок на поддршката на неколку меѓународни програми и амбасади. Но, со фузирањето на туризмот и културата, препознавме огромен потенцијал во овој досега недоволно видлив дел од туристичката понуда. Домаќинствата и малите производители се моторот на локалната економија и токму во нив ќе инвестираме сè повеќе, континуирано и ...

Справувањето со аерозагадувањето и воспоставување на модерен регионален систем за управување со отпад се двата клучни приоритети на кои ќе се фоксуира Министерството за животна средина и просторно планирање. На денешниот брифинг со новинарите министерот за животна средина и просторно планирање Муамед Хоџа најави „нула толеранција“ за загадувачите и имплементација на новиот Закон за контрола на емисии. -Во справувањето со аерозагадувањето ...

Завршени се тестирањето, калибрацијата и верификацијата на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор во рамките на проектот „Безбеден град“ во Куманово, информираа на денешната прес-конференција од СВР Куманово. Од таму наведуваат дека во иднина е предвидено надградување на системот и поставување нови камери и функционалност на камерите за детектирање сообраќајни прекршоци. – Доколку граѓанинот смета дека не го сторил прекршокот, има ...

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус+“ на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на отплата ...

Лејди Гага ќе настапи на Греми наградите во 2026 година. Таа има седум номинации оваа година, што е личен рекорд за поп-пејачката. Нејзиниот најдобар резултат досега е оној од 2011 година, кога освои шест одличја, објави списанието „Билборд“. Албумот на Гага, „Мејхем“ (Mayhem) е номиниран за албум на годината и за најдобар поп вокален албум. Песната „Абракадабра“ е номинирана за запис на годината, песна на годината и најдобра денс-поп-снимка; ...

По голема борба и меч во пет сета Карлос Алкараз со 3:2 во сетови го совлада Александер Зверев во најдолгиот полуфинален меч на Австралија опен. – Верував во себе постојано. Мора да верувате во себе, дури кога ќе имате проблеми. Имав проблеми за време на третиот сет, но се извлеков. Ова беше физички најтешкиот меч што го имам играно. Се борев буквално за секоја топка. Зверев беше неверојатен, но најдов начин да победам. Има време за финалето, ...

По поразот на домашен терен од Баерн Минхен (64:79) кошаркарите, раководството, стручниот штаб и сопственикот на клубот Хапоел Тел Авив останаа во салата до 1.25 часот по полноќ. Најмногу лут беше главниот тренер Димитрис Итудис. Ова за неговата екипа беше втор последователен пораз во Евролигата. Тренерот Итудис не се појави ниту на задолжителното интервју по дуелот, како и на прес конференцијата. По двата пораза во Евролигата, Хапоел не е ...

Легендата на НБА Леброн Џејмс би можел да остане во Лос Анџелес Лејкерс и да игра за помала плата. Но, во меѓувреме се појавија и информации дека Леброн би можел да се врати во Кливленд и кариерата да ја заврши во овој клуб. Евентуалното останување во ЛА Лејкерс се финансиските услови и од клубот бараат играчот да се согласи на пониска плата и да остане. Леброн Џејмс има 41 година и сезонава има одиграно 29 натпревари со просек од 22 поена и ...

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека е постигнат договор за ангажман на Ѓорѓи Кочов како асистент-тренер во стручниот штаб на сениорската машка репрезентација, предводен од селекторот Хозе Мариа Берокал. Ѓорѓи Кочов важи за еден од најперспективните и најуспешни македонски тренери од помладата генерација, со богато искуство во младинските и сениорските категории, како и значајно меѓународно тренерско присуство. ...

Во седиштето на УЕФА денеска беа извлечени двојките за 1/16 финалето од Лигата на шампионите. Европскиот првак ПСЖ за ривал го доби францускиот претставник Монако, додека Реал Мадрид ќе има шанса за „одмазда“ бидејќи за ривал ја има Бенфика. Двојките од оваа рунда се: Монако – ПСЖ Бенфика – Реал Мадрид Карабах – Њукасл Бодо/Глимт – Интер Галатасарај – Јувентус Борусија Дортмунд – Аталанта Бриж – Атлетико Мадрид Олимпијакос – Баер Леверкузен ...

Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Пообилни врнежи ќе има в недела кога ќе преминуваат во снег и на некои од пониските места. УХМР најавува дека утре минималните темпартури ќе се движат од -2 до 6 степени, максималните од 4 д 11, а задутре од 0 до 6 степени, односно од 3 до 8. Од понеделник следуваат минимални температури и до – ...

В понеделник ќе биде донесена одлуката за изведувач на Универзалната сала, но ќе мора да се причека рокот од осум дена за поднесување жалба – рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Како што нагласи Љутков, едната постапка е завршена, а втората е во фаза на евалуација. – Комисијата работи и процесот е веќе во завршна фаза. Одлуката за избор ќе биде донесена в понеделник – информира министерот одговорајќи на новинарски ...

Со донаторската вечер „Конци на светлината“ (Threads of Light), која се одржа синоќа, официјално беше одбележан почетокот на работата на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива посветена на градење култура на грижа, правда и свесност и на системска поддршка за семејствата погодени од сообраќајни трагедии, се вели во соопштението од Фондацијата „Фросина Кулакова“, што МИА го објавува интегрално. Настанот ги обедини уметноста, културата и ...

Општина Кочани спроведува градежни интервенции на повеќе раскопани и тешко проодни делови од сообраќајници и тротоари во градот, со цел да се подобрат условите за движење и безбедноста и на граѓаните. Бетонирани се оштетени делови на улиците „Иван Иванов-Балашо“, „Крум Вранински“, „Мородвиска епископија“ и „Вера Которка“, каде што поради претходни интервенции и временски влијанија беше отежнато нормалното одвивање на сообраќајот и пешачкото ...

Февруари и оваа година ќе мине во знакот на осмото по ред издание на националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Како што беше истакнато на денешата прес-конференција по повод кампањата, во февруари, кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, ќе биде направен обид јавноста поблиску да биде запознаена со нови ретки дијагнози, секоја од нив проследена со соодветен текст, двојазично на македонски и на албански јазик, изработени ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска го посети бачилото на овчарот Никола Колев во струмичко Костурино, кому поплавата во понеделникот му однесе 56 овци и над 120 јагниња и притоа вети институционална и општествена помош. Посочи дека Општината на вчерашната седница на Советот има формирано Комисија за проценка на штети од ова невреме, која е составена и од претставници на Министерството за ...

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска упати апел до граѓаните кои живеаат на подрачјето кое го покрива. Во соопштението се вели дека во изминатиов период во СВР Штип има зголемен број на пријави за поголем број на кривични дела измама и обид за измама, во случаи кога непознати лица од странски телефонски број се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини, внуци и ...

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска најави повторно активирање на кавадаречкиот комбинат, поранешно „Фени“. – Компанијата „Golden Eagle“ – поранешно „Фени“, во првата фаза ќе врати на работа 170 работници, по што следува втора фаза со вклучување на дополнителни 500 лица, напиша Јанчев во објавата на Фејсбук. Градоначалникот подвлече дека во април бил планиран почетокот на производството на никел, при што производствените печки ...

Советот на Општина Тетово на денешната осма седница формираше нова Работна група за преименување на улиците во општина Тетово, кои веќе имаат определено име и именување на улици кои името им е определено со реден број. Ваква група имаше формирано во август 2024 година, но во мај 2025 беше прекината работата поради локалните избори што се одржаа во октомври 2025 година. На денешната седница за формирање на оваа Работна група гласаа 27 ...

Поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, закажан во 12 часот, во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, маршрутата на движење почнува пред Владата на булеварот Илинден, продолжува десно по булеварот ВМРО, по што учесниците ќе се движат по улицата Васил Главинов, потоа „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, сѐ до Собранието. Маршот ќе заврши на ...

Според научно истражување објавено во списанието „Сајенс“ (Science), генетиката одредува дури до 55 отсто од животниот век на човекот. Во него се наведува дека гените имаат значително големо влијание врз животниот век отколку што се мисли. „Меѓународен тим истражувачи користел податоци од анализи на близнаци за да ги разграничи надворешните причини за смрт: несреќи, убиства, инфекции, од внатрешните, биолошки фактори: генетски мутации и ...

Американската компанија „Епл“ (Apple) соопшти дека продажбата на „Ајфон“ телефони достигна рекордно високо ниво последните три месеци од минатата 2025 година. Приходите се зголемени за 16 отсто на годишно ниво на 143,8 милијарди долари (околу 120,6 милијарди евра). Тоа е нивниот најголем раст од 2021 година – благодарение на продажбата во Кина, но и во Европа, Америка и во Јапонија. Резултатите ги надминаа очекувањата на „Волстрит“, главно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп даде изјава на премиерата на документарецот „Меланија“, кој ја раскажува приказната за неговата сопруга. Имено, тој смета дека таа е поотворена за време на неговиот втор мандат, кој почна во јануари минатата година, пренесе ДПА. Филмот, режиран од Брет Ратнер и продуциран од „Амазон Ем-џи-ем студиос“ (Amazon MGM Studios), го следи животот на првата дама пред инаугурацијата на Трамп во 2025 година, од ...

Холандските лекари во последната година речиси двојно го зголемиле препишувањето лекови за слабеење, покажуваат податоците на Холандската фондација за фармацевтска статистика. Во моментов се проценува дека околу 80.000 лица во Холандија користат лекови на база на семаглутид, односно ГЛП-1 агонисти на рецепторите. „Употребата на лековите се зголемила откако стручните лица ги смениле официјалните медицински правила за лекување на дебелината, во ...

Мексиканската компанија „Геотест“ (Geotest) го вработи мачорот Мјаурисио како „менаџер за емоционална поддршка“ за вработените откога го пронашле исцрпениот мачор во близина на седиштето на фирмата. По ветеринарскиот преглед, мачорот доби име, картичка за идентификација, униформа приспоосбена на неговата големина и официјално „работно место“ во компанијата. Во едно од видеата на социјалните мрежи се гледа како „потпишува“ договор со отпечаток ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
76%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
5.14
65%
1015
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
85%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
82%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
73%
1013
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
58%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
47%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
54%
1017
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
100%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Калај

43.91

Алуминиум

3.19

Иридиум

258288.78

Бакар

10.65

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Цинк

0.00

Сребро

2179.44

Кобалт

3.86

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51