Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Ливерпул го победи Евертон со 2:1 вчера на гостински терен во 33. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на стадионот „Хил Дикинсон“ во Ливерпул. „Црвените“ станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони во натпреварувањето. Евертон минатите сезони играше на „Гудисон парк“ се до изградбата на новиот стадион – „Хил Дикинсон“. Ливерпул има 55 бода и е петти на табелата во Англиското ...
Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и каналзиација-Скопје. Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје. -Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите ...
Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија Вистината за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија излезе на виделина, на увид на домашната и на странската јавност. „Матица македонска“ објави втор том од зборникот „Табу – време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во ...
Со традиционални ора и танци во изведба на професионални француски и македонски танчери, во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа француско-македонска вечер. Настанот во организација на Фондацијата „Бел Идеал” насловен „Култури и резонанси” овозможува исклучителна културна размена помеѓу Франција и Македонија, а ќе биде достапен и за скопската публика вечерва, со почеток во 19 часот во МКЦ, сала “Фросина”. -Настанот ...
Факултетот за музичка уметност во Скопје со концерт на пијанистот Дино Имери вечер ќе одбележи 60 години постоење. Концертот ќе се одржи од 20 часот во концертната сала на ФМУ и ќе биде бесплатен за посетители. На програмата на концертот е „Голдберг варијации” од Јохан Себастијан Бах, за кое Имери вели дека е дело застапено на репертоарот на мал број пијанисти во светот поради тоа што од изведувачот бара огромна подготвеност, уметничка ...
Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со 2:1 вечерва на домашен терен, во натпревар од 33 коло во Премиер лигата и ја намалија разликата на три бода зад лондонскиот тим во трката за титулата. Сити поведе со голот на Рајан Черки во 16 минута, но само 107 секунди подоцна, Арсенал израмни со голот на Каи Хаверц по кардинална грешка на голманот Џанлуиџи Донарума. Победата на Манчестер сити му ја донесе Ерлинг Халанд во 66. минута. ...
Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва ја освоија 35, шампионска титула во Бундеслигата, откако го совладаа Штутгарт со 4:2 на домашен терен, и обезбедија недостижна предност на четири кола пред крајот на сезоната. На Баерн му беше доволен бод да ја одбрани титулата, откако единствениот конкурент Борусија Дортмунд загуби влера од Хофенхајм со 1:2. Штутгарт поведе во 21 минута со голот на Крис Фирих, а Баерн возврати со голови постигнати за шест ...
Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Струмица триумфираа против дебитантот Спартак со 33-30 (18-14). Бранителот на титулата потешко од очекувањата дојде до победата, наидувајќи на силен отпор на ракометарките на Спартак, кои прв пат во клупската историја настапија во куп финалето. Во израмнето прво полувреме, Ѓорче Петров замина на пауза со предност од четири голови, ...
акометарите на Вардар 1961 по рекорден 18. пат го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во неизвесно финале во Струмица го совладаа дебитантот Охрид со 24-23. Вардар добро го отвори натпреварот во салата „Парк“ во Струмица и на средина од полувремето имаше предност од 8-4, но Охрид во продолжението ги консолидираше редовите и на полувреме замина со гол негатива (12-13). Охрид по паузата продолжи во добар ритам и во 42. ...
Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција. Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо. „Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е кривично ...
Работнички го совлада Арсими со 2-0 на домашен терен, додека Струга извојува гостинска победа над Башкими од 4-0 над Башкими во двата завршни натпревари попладнево во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Скопски Работнички извојува важна победа во битката за опстанок со головите на Мухарем (54 минута) и Хоџа (90+4). Струга извојува убедлив триумф на гостувањето во Куманово со головите на Кампаоре (45+2), Бојку (80), ...
Македонското друштво „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ објавија дека за гласање на денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле 183 лица. -Во Албанија на пописот над 7.000 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Вистината е поедноставна и поубедлива — поголемиот дел од тие „Бугари” го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност, ...
Македонскиот рекордер Дарио Ивановски забележа денеска огромен успех со освојувањето на второто место на престижниот Белградски маратон што се одржа по 39. пат во силна конкуренција. Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Маратонецот од Етиопија мина прв низ целта со време од 2:09:11 часа со што го собори рекордот на Белградскиот маратон. ...
Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1. За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „Порше 911 Карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд. За Рибакина, која годинава победи на Австралија Опен, ова е втора титула во Штутгарт по 2024 година и 13-та во ...
Напаѓачот на бразилски Сантос, Нејмар, предложи промена на правилото за офсајд. „Би го променил правилото за офсајд. Офсајд треба да се зема предвид само за високи додавања. Кога станува збор за ниско додавање или додавање под пределот на градите, тоа не треба да се нарекува офсајд“, изјави Нејмар за „Зиго Спорт“. Поранешниот напаѓач на ПСЖ и Барселона постигна четири голови и додаде три асистенции на осум натпревари оваа сезона. Нејмар ...
Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, поради повреда веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезона, што го доведува во прашање неговиот настап за германската репрезентација на претстојното Светското првенство, јавија синоќа локалните медиуми. Гнабри има повреда на мускулот на десната нога и ќе биде надвор од терените подолг период, објави Баерн. Клубот не даде дополнителни детали, оставајќи ја неизвесна сериозноста ...
Иднината на 58-годипниот Јирген Клоп не е поврзана со тренерското место во Реал Мадрид, туку негова долгорочна цел е да седне на клупата на Германија, објави денеска весникот „АС“. Според шпанскиот весник, Клоп се чувствува комфорно и среќно на неговата сегашна позиција како спортскиот директор на „Ред Бул Груп“ и не планира во скоро време да се врати на тренерската работа. Клоп својот последен тренерски ангажман го имаше во Ливерпул, ...
Актуелниот европски првак ПСЖ нема да му прави пречки на капитенот Маркињос при евентуално заминување од екипата на крајот од сезоната, објави денеска парискиот весник „Л Екип“. Според истиот извор, 31-годишниот Бразилец самиот ќе одлучи дали сака да остане во тимот, бидејќи парижаните се склони да се разделат од играчот на лето. Маркињос е во ПСЖ од 2013 година. Оваа сезона запиша 26 настапи во сите натпреварувања и постигна два гола. ...
Најплатените фудбалери во светот сè повеќе купуваат помали фудбалски клубови со цел да го искористат нивниот раст или, пак, на тој начин да отворат други деловни можности во тие средини, оценуваат аналитичарите. Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) претходно оваа седмица го купи каталонскиот петтолигаш Корнеља. Неколку недели претходно, 41-годишниот Португалец Кристијано Роналдо купи 25 проценти од акциите во шпанскиот второлигаш ...
Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), соопшти Министерството за култура. Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцирала важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни ...
Вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов извршија целосно уредување на планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари. Локацијата Лоша Стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на околу 1.220 метри надморска висина, југоисточно од селото Цапари и сега е веќе лесно ...
Кошаркарите на Кливленд, Денвер, Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс забележаа победи синоќа на стартот од плејоф серијата до четири победи во НБА лигата. Во Источната конференција во првото коло од плејофот, Кливленд поведе против Торонто откако победи со 126-113, додека Њујорк дојде до стартна победа над Атланта со 113-102. Во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс триумфираше против Хјустон со 107-98, а во отсуство на Лука Дончиќ и Остин ...
Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на Кралот, совладувајќи го синоќа Атлетико Мадрид на пенали со 6-5 (2-2) во финалето во Севиља. Баскискиот тим ја повтори историјата кога пред 39 години го победи Атлетико Мадрид во финалето на Купот, исто така, по изведувањето на пенали, откако натпреварот заврши нерешено 2-2. За Реал Сосиедад ова четврти куп трофеј во клупската историја, шест години по нивниот последен триумф. Реал ...
Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други. Градоначалникот ...
Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок пораз на гостувањето во Фалчут од домаќинот Унгарија со 7-0, во четвртото коло од квалификациите во Групата Ц3 за пласман на Светското првенство во 2027 година. Како и на првиот дуел во вторникот во Битола на кој загубија со 5-0, избраничките на селекторот Александар Андов беа немоќни и во реваншот да му се спротивстават на унгарскиот состав. Почетниот резултат стоеше на ...
„Денеска продолжува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во општина Кавадарци, еден од најзначајните центри на агросекторот во државата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна ...
Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација. Тој за време на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска ...
Кошаркарите на ТФТ го совладаа попладнево МЗТ Скопје Аеродром со 93-91 во дерби натпреварот од второто коло во ТОП 6 фазата на „МТЕЛ“ Супер лигата. ТФТ до триумфот дојде со фуриозна игра во четвртата четвртина во која надомести негатива од 14 поени, триумфирајќи со тројка на Ташовски во последниот напад. Ташовски со 27 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ, додека на другата страна Војдан Стојановски и Меквин реализираа по 18 поени. ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави денеска дека лондонскиот премиерлигаш нема да игра на нерешен резултат во дербито против Манчестер Сити, чиј исход би можел да го одлучи новиот англиски шампион, пренесуваат денеска британските медиуми. Арсенал влегува во утрешното дерби со предност од шест бодови и натпревар повеќе од Сити, но и со променлива форма и три порази на последните пет дуели во сите натпреварувања. „Сакаме да го добиеме ...
Раководството на Реал Мадрид планира да потпише нов договор со напаѓачот Винисиус, објави денеска весникот „Марка“. Според истиот извор, преговорите со 25-годишниот бразилски репрезентативец и неговиот менаџер ќе започнат наскоро. Винисиус му се приклучи на Реал во 2018 година, а актуелниот договор со важност до лето 2027 беше потпишан во 2023 година. Вредноста на Винисиус на трансфер пазарот се проценува на 150 милиони евра. Од почетокот на ...