Македонија2025 објави отворен повик за доделување на 20 целосни и/или делумни стипендии за учество на шестиот по ред Охрид Камп за високотехнолошка извонредност, кој ќе се одржи во периодот од 5 до 11 јули 2026 година во Охрид. Право на аплицирање имаат деца на возраст од 11 до 15 години, со интерес за кодирање, програмирање и роботика, а посебен акцент се става на учесници од социјално и економски ранливи семејства. Кампот е наменет за деца ...

Нова мапа на далечните галаксии со висока резолуција би можела да им помогне на научниците подобро да ја разберат мистериозната невидлива супстанција, позната како темна материја, којашто, се верува, го одржува универзумот. Темната материја ни впива, ниту испушта светлина, па затоа научниците не можат директно да ја набљудуваат. Наместо тоа, тие гледаат како нејзината гравитација ја искривува и свиткува материјата околу неа – на пр. ...

Најдолгиот чоколаден воз во светот официјално е впишан во Гинисовата книга на рекорди во Милано, Италија. Возот, долг 55,27 метри и тежок 23 квинтали (2.300 килограми), беше изложен на плоштадот Пјаца Чита ди Ломбардија“. Идејата е на италијански и малтешки слаткари, а учество земаа и млади ученици од училишта и центри за стручно образование. Проектот го осмисли Ендрју Фаруџија од Малта, чиј чоколаден изум сега е официјално запишан во книгата ...

Рафаел Лузан, претседател на Шпанската фудбалска федерација (RFEF), објави дека финалето на Светското првенство во 2030 година ќе се одржи во Шпанија. Објавата на Лузан е прва официјална потврда за локацијата на одлучувачкиот натпревар на турнирот, кој ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Мароко. Шпанија ќе биде домаќин на Светското првенство, а финалето ќе се одржи тука, изјави Лузан за новинската агенција АП. Сепак, Лузан не го прецизираше ...

Подигнати и транспортирани биле вкупно 21.995 кубни метри отпад од стотици диви депонии лоцирани во скопските општини во текот на 2025 година, од страна на екипите на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје. Претпријатието нема ингеренции на терен да ги санкционира прекршителите на Законот за јавна чистота и од тие причини апелира што поскоро на сила да стапи закон за формирање комунална полиција, како најефикасен начин да се ...

Новодојдениот фудбалер на Пари Сен-Жермен, Дро Фернандез, го коментираше својот трансфер во парискиот клуб од Барселона. Осумнаесетгодишниот Шпанец потпиша договор со важност четири и пол години. – Многу сум среќен и горд што се приклучувам на ПСЖ. Ова е огромен клуб, кој го следам уште од детството и каде што многу големи легенди направија историја. Сега сум неверојатно возбуден и мотивиран да играм и да дадам сè од себе, изјави Дро за ...

(Б92 / ТУ Магазин) Македонија, позната по своите древни пејзажи, кристално чисти езера и богато културно наследство, влегува во 2026 година со силно забрзување на растот на туризмот. Сè поголемиот број странски туристи води кон зголемување на туристичките посети и меѓународниот интерес, што ја прави Северна Македонија една од најинтригантните и најбрзо растечките туристички дестинации во Европа. Официјалните извештаи и државната статистика ...

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сумираше впечатоците по својот натпревар против Американката Ива Јовиќ во четвртфиналето на Отвореното првенство на Австралија во 2026 година. Белоруската победи во два сета, 6:3 и 6:0. Осумнаесетгодишната Јовиќ за прв пат стигна до четвртфиналето на еден Грен слем турнир. – Овие тинејџерки ме тестираа во последните два натпревара. Таа е неверојатен талент. Не гледајте го резултатот, беше тежок ...

Германскиот тенисер Александар Зверев рано утрово го победи Американецот Лернер Тиен во четвртфиналниот натпревар на Австралија опен со 6:3, 6:7 (5:7), 6:1 и 7:6 (7:3). Мечот траеше 3 часа и 13 минути. Зверев сервираше 24 аса, направи една двојна грешка и реализираше три од осум брејк топки. Тиен сервираше 11 аса, направи девет двојни грешки и не реализираше ниту една од три брејк топки. Германецот стана првиот полуфиналист на Австралија ...

Лос Анџелес лејкерс го победи Чикаго булс на гостински терен ноќеска со 129:118. Најдобар стрелец на натпреварот беше Лука Дончиќ. Словенецот постигна дабл-дабл со 46 поени и 11 асистенции. Лејкерси се петти во Западната конференција на НБА по 45 натпревари. Чикаго е деветти на Истокот по 46 натпревари. На другите средби играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати: Кливленд – Орландо 114:98 Бостон – Портланд 102:94 ...

Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Фермин Лопез, е блиску до потпишување на нов долгорочен договор со Каталонците. Според инсајдерот Фабрицио Романо, договорот ќе важи до летото 2031 година, по што ќе заврши интересот на Челзи за играчот. Дваесет и двегодишниот Шпанец, производ на академијата на Барселона, се појави како едно од најголемите откритија во сезоната 2025/26 под водство на Ханси Флик. И покрај тоа што пропушти натпревари ...

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Попладне облачноста ќе ...

Ракометарите на Данска се пробија на првата позиција во групата 1 од Главната фаза на Европското првенство откако вечерва ја совладаа Германија со 31:26. Со оваа победа Данска е првиот полуфиналист бидејќи конкурентите во групата не се во можност да ги надминат особено што во последното коло од групата меѓу себе играат Германија – Франција. Во дербито на групата Данска имаше предност во првиот дел, а по 13:13 на стартот од вториот дел до ...

Италијанскиот тенисер Јаник Синер постави уште еден рекорд на Австралија опен. Тој со максимални 3:0 во сетови го совлада Лучано Дардери и во четвртфиналето ќе игра против Американецот Бен Шелтон. Синер има серија од 18 победи против некој сонародник, односно нема пораз во меч со италијански тенисер. Тој на истиот меч постави уште еден рекорд со 19 ас сервиси на еден Гренд слем турнир. Победата во мечот со сонародникот Дардери му овозможи на ...

Ракометарите на Шпанија ја постигнаа првата победа во главната фаза на Европското првенство откако го совладаа европскиот првак Франција со 36:32. За Шпанците ова се и првите бодови, додека Франција по денешниот пораз ги намали шансите за пласман во полуфиналето и одбраната на титулата. „Црвената фурија“ победата ја најави во првиот дел откако во неколку наврати имаше предност од шест разлика (20:14 полувреме), а во вториот дел имаа предност ...

Македонскиот ракометар Филип Талески во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на унгарскиот клуб Татабања. Унгарскиот тим Талески го претстави како засилување. Играчот доаѓа како слободен агент. Левиот бек по заминувањето од Вардар тренираше индивидуално, а сега ќе има неколку недели заеднички подготовки со играчите од новиот клуб до продолжението на унгарското првенство односно по завршувањето на Европскиот шампионат. Во редовите на ...

Првиот денешен натпревар на Европското првенство од групата 1 меѓу Португалија и Норвешка заврши нерешено 35:35. Со овој резултат двете селекции ги намалија шансите за повисок пласман во групата. Инаку, самиот дуел беше изедначен, а двете селекции имаа највисоко водство од три разлика Норвешка (8:5) во првото полувреме, а Португалија во вториот дел (31:28). Последните два напада по еден за секоја репрезентација заврши без реализација. Луис ...

Управниот одбор на Кошаркарската Федерацијата донесе одлука за именување на Хозе Мариа Берокал за селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија. Берокал е искусен шпански тренер со импозантно портфолио зад себе, со повеќе од 35 години тренерско искуство, од кои 21 година во професионална кошарка и 14 години искуство во Евролигата, најелитното европско клупско натпреварување. Во својата богата кариера како главен и помошен тренер, ...

Бразилската фудбалска федерација размислува за продолжување на договорот со актуелниот селектор Италијанецот Карло Анчелоти. Претседателот на Бразилската фудбалска федерација Самир Шауд за медиумите потврди дека Анчелоти би можел да остане на селекторската позиција. – Преговорите се во тек, а двете страни имаат желба за продолжување на соработката. Тоа ќе биде исклучително важно за Бразил, нов договор да имаме пред почетокот на Мундијалот. ...

Во Општинското основно училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Велес во тек се градежни зафати за реконструкција на дворната површина позади училишната зграда.Средствата се обезбедени од Општина Велес,информира денеска градоначалникот Марко Колев. – По завршувањето на овие зафати учениците ќе добијат уште еден функционален простор за одвивање на наставните активности, како и за одмор и рекреација. Децата се нашата иднина. Инвестициите во ...

Општина Пробиштип денеска организираше средба со претставници на Средното Општинско училиште (СОУ) „Наум Наумовски – Борче“ и локални приватни компании, а темата на состанокот беше унапредување на дуалното образование. Од кабинетот на градоначалникот на Општина Пробиштип информираат дека целта на настанот е согледување на потребите од воведување нови струки во средното образование, во согласност со реалните барања на пазарот на труд, како и ...

Околу 50 возачи на товарни возила денеска излегоа на мирен протест на граничниот премин Делчево, со кој дадоа поддршка на барањата на нивните колеги од земјите на Западен Балкан, поврзани со ограничувањето на престојот во Шенген зоната на 90 дена во период од 180 дена. Протестот е реакција на воведувањето на електронскиот систем за евиденција на влез и излез (Entry/Exit System – EES), кој, според возачите, ќе резултира со тоа голем број ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одржаа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во работа на системот „Безбеден град“, соопштија од градот. На состанокот било истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна улога во неговата имплементација, со цел унапредување на редот, дисциплината и безбедноста во ...

На прв поглед, обичната сообраќајница над вода се претвора во вистински тест за нервите на многу возачи. Причините стануваат јасни дури кога ќе се тргне по мостот. Станува збор за Лејк Поншартрен Козвеј (Lake Pontchartrain Causeway) во американската сојузна држава Луизијана – најдолгиот континуиран мост над вода на планетата, долг речиси 39 километри. Мостот ги поврзува местата Метари и Мандевил, а неговата изградба започнала среде минатиот ...

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево, преку претседателот во оставка Марјан Ристевски, достави покана до Фудбалската федерација на Македонија за одржување на вонредно изборно собрание на ОФС Кичево, закажано за 23. јануари 2026 во 18:00 часот, во „Куќа на уметноста“ во кичевско Кнежино. Овластени претставници на Фудбалската федерација на Македонија навремено беа присутни на закажаното собрание. Сепак, истото не се одржа поради немање кворум за ...

Екипата на Манчестер Јунајтед ги доби последните два дерби натпревара во Премиер лигата против Манчестер Сити (дома) со 2:0 и вчера против Арсенал (гости) 3:2. Шест бодови се освоени под водство на новиот менаџер Мајкл Керик. – До крајот на сезоната да ги добие сите натпревари, не би му ја дал работата. Два натпревара одлични, но секој може да победи два натпревара, а јас сметам дека човек за тоа место. Апсолутно не. Треба да дојде тренер ...

Претпладне во источните делови од земјата се очекуваат слаби врнежи од дожд во пониските предели, дожд и снег на повисоките места, а на планините од снег. Попладне времето ќе се стабилизира. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, во среда кон крајот на денот, како и во четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Од петок се очекува променливо облачно време со услови за појава на слаби ...

Општина Штип распиша јавен повик за доделување финансиски средства на спортските клубови, спортски здруженија и спортски институции кои извршуваат јавен интерес во спортот во Општина Штип и спортски манифестации што се одржуваат на територија на општината. Повикот трае до 28 јануари. Во соопштението од Општината се наведуваат и услови кои треба да ги исполнат спортските клубови, здруженија и институции. Треба да имаат годишна Програма за ...

На Пониква месецов има доволно снег и пријатни услови за рекреативно скијање, но ски-лифтовите во моментов не се во функција поради тековна тендерска постапка за избор на оператор, која според најавите треба да заврши на 28 јануари. За време на сезоната во овој регионален зимски центар, oсебно фреквентна е патеката во близината на одморалиштето на МВР. Таму, ски-школите активно функционираат и секојдневно работат со деца, кои ги прават своите ...

Иако е нормално телото на жената да се менува за време на бременоста, ново истражување посочува како таа состојба влијае и на мозокот на жената. Истражувачите, имено, го проучувале мозокот на здрава 38-годишна трудница низ целата нејзина бременост и две години по породувањето. Тие направиле 26 магнетнорезонантни скенирања и крвни тестови. Сѐ тоа е споредено со податоци од осум лица кои не биле бремени. Според порталот „Кликс“, наводите ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
61%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.46
81%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
41%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.81
65%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Бакар

10.65

Цинк

0.00

Злато

144593.23

Родиум

358480.82

Иридиум

258288.78

Кобалт

3.86

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Паладиум

44753.84

Калај

43.91

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19