Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ги искажа впечатопците по синоќешниот пораз со ПСЖ. Англискиот претставник на гостувањето во Париз во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите загуби со 2:0. -Гледајќи го натпреварот како целина, мислам дека имавме среќа што загубивме со 2:0, бидејќи противникот имаше повеќе шанси отколку голови. Првиот гол беше особено тежок за прифаќање, бидејќи дотогаш не создадоа многу, а потоа топката ...

Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје утре (петок) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, а задутре (сабота) ќе работат од девет до 14 часот, соопшти денеска службата за информирање на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14 април, вторник, се вели во информацијата. Post Views: 2 април 9, ...

Во организација на Здружението на бармени вчера во хотелот „Континентал“ се одржало 17. државно првенство на кое учествувале 28 бармени од повеќе градови од државава. Пред стручното жири, бармените ги презентирале своите креации, а титулата најдобар бармен ја освоил Васил Пеевски кој оваа есен ќе ја претставува Македонија на Светското првенство на бармени во Макао. Второто место го свои Бојан Михајловски, а третото Никола Анастасијески. ...

Велигденска изложба на ракотворби, беше отворена синоќа во Домот на културата „Иван Мазов – Климе“. На настанот беше кажано дека оваа година, изложбата обединува 29 учесници, секој со свој уникатен израз, вештина и љубов вложена во делата. – По повод големиот христијански празник Велигден, симбол на надежта, обновата и новиот почеток, традиционално, по втор пат, се собираме со една ваква прекрасна изложба, заедно да ја прославиме убавината на ...

Јавното претпријатие „Стрежево“-Битола кое стопанисува со истоимената вештачка акумулација информира за времена забрана за лов на сом во водите на акумулацијата. Согласно риболовната основа за риболовното подрачје „Стрежево“, од 15 април до 15 јуни 2026 година стапува во сила привремена забрана за лов на сом со цел заштита во период на мрестење. Од ЈП „Стрежево“-Битола посочуваат дека во овој период не се воведува целосна забрана за риболов ...

Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус постигна согласност со својот тренер Лучијано Спалети за потпишување нов договор, објави денеска весникот „Газета дело Спорт“. Истиот извор наведе дека одлуката официјално ќе биде објавена во текот на оваа седмица, а Спалети ќе остане на клупата на Јувентус до лето 2028 година. Според новиот договор, Спалети годишно ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра, плус бонуси. Шеесетиседумгодишниот Спалети ...

Советот на Општина Кочани на денешната редовна 13 седница, едногласно усвои одлука за целосно ослободување од партиципација за престој во Детска градинка „Павлина Вељанова“ за деца од семјства со повредени или починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата година. Донесената одлука има за цел да им излезе во пресрет на родители кои се соочуваат со последиците од трагичниот настан. Станува збор за мерка, која нема временско ...

Компаниите за пијалаци „Пепси“ и „Дијаџио“ се повлекоа од своите договори за спонзорство за Музичкиот фестивал „Вајерлес“ во Лондон, чијашто „главна ѕвезда“ е американскиот рапер Кање Вест, познат по своите антисемитски испади. Хип-хоп ѕвездата, кој сега се претставува под името Је, требаше да одржи три концерти на „Вајерлес“ во јули, како дел од неговата повратничка турнеја низ Европа. Гланоговорникот на „Пепси“ – главниот спонзор на ...

Владата на Велика Британија му забрани на американскиот рапер Канје Вест влез во земјата по реакциите за неговиот планиран настап на фестивалот „Вајерлес“ (Wireless) во Лондон. Одлуката на владата доведе до откажување на целиот фестивал – пренесуваат Би-би-си (BBC) и „Гардијан“ (The Guardian). Раперот, кој сега се претставува под името Je, претходно требаше да биде на главен настап на тридневниот фестивал за ар-ен-би и рап-музика „Вајерлес“ ...

Финалната серија од плејофот во машкото национално првенство ќе стартува на 16 април во Штип, каде најдобрите две екипи сезонава, Штип УГД и ГОК Борец, ќе ја започнат битката за шампионската титула, која традиционално се игра во три добиени натпревари. Лидерот на прволигашката табела Штип УГД и второпласираниот ГОК Борец низ целата сезона покажаа константност и квалитет со кои заслужено се најдоа и во финалето на Купот на ОФМ 2026 пред ...

Атлетскиот митинг од Дијамантската лига што идниот месец требаше да се одржи во Катар е одложен и би се одржал во јуни „доколку условите дозволат“, поради безбедносните околности и неизвесноста предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, објавија денеска организаторите. Митингот во Доха, со кој на 8 мај требаше да биде отворена новата сезона во елитната атлетска серија на 8 мај, сега е поместен за 19 јуни. Новата сезоната официјално ќе ...

Втор пораз претрпе македонската женска тениска репрезентација на Били Џин Кинг купот од Втората Евро-африканска зона што се игра во Бања Лука, откако денеска загуби од првиот фаворит во групата Б, Бугарија, со максимални 3:0 во сетови. Во воведниот дуел, Лидија Енчева ја победи Зара Зафировска со 2:0 (6:1 и 6:2), а водство на Бугарките од 2-0 донесе Денислава Глушкова која ја совлада Сара Митевска со 6:1 и 6:0. Во дуелот во двојки, ...

Македонската женска ракометна репрезентација загуби вечерва на домашен терен од Германија со 35-27 во рамки на петтото коло од групата 3 во квалификациите за пласман на Европското првенство. За македонските ракометарки ова беше четврти пораз во квалификациската група во која се третопласирани пред вечерашниот дуел меѓу Белгија и Словенија. Во случај на победа на гостинската репрезентација, Македонија ќе ја чека разврската од последното коло ...

Во дерби натпреварот од 26 коло во македонската ракометна Суперлига, ГРК Охрид вечерва во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер на гостински терен во Битола со 27-26. Тренерот на охридскиот прволигаш Борис Ројевиќ по дуелот упати честитки за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ и наведе дека победата дополнително ќе влијае на самодовербата на неговите ракометари пред претстојните дуели против словенечки Цеље во полуфиналето на ...

Оклахома Сити рано утрово ги победи Лос Анџелес лејкерс со 123:87 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 25 поени и имаше осум асистенции. За Лејкерс не настапија Лука Дончиќ, Остин Ривс и Леброн Џејмс. Претходно беше објавено дека поради повреди, Дончиќ и Ривс веројатно ќе го пропуштат остатокот од регуларната сезона. ...

Поранешниот главен тренер на Денвер, Мајкл Малоун, потпиша шестгодишен договор со универзитетот во Северна Каролина. Според „ESPN“, договорот вреди приближно 50 милиони долари, со просек од над 8,3 милиони долари по сезона. Овие услови го ставаат Мелоун помеѓу петте најплатени тренери во колеџ кошарката. Се забележува дека платата на Малоун би се рангирала меѓу десетте најплатени тренери во НБА. По неговото назначување, Малоун изјави дека е ...

Стратегот на НБА лигашот Милвоки, Док Риверс, навести дека ќе стави крај на тренерската кариера по завршување на актуелната сезона. „Нема конкретно да одговорам на тоа прашање, но имам внуци кои сакам да ги гледам. Ќе го кажам вака и ќе ви дозволам сами да протолкувате“, изјави Риверс одговарајќи на новинарско прашање околу за иднина како тренер. „Имам седум внуци и сите имаат осум години и помалку. Ме убива секој пат кога ќе пропуштам нешто ...

Кошаркарите на ТФТ Скопје триумфираа вечерва на гостински терен против Сутјеска со 93-88 и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија во АБА 2 лигата. Македонскиот прволигаш на гостувањето во Никшиќ одигра одлично прво полувреме во кое постигнаа 59 поени и со предност од 18 поени на полувремето го тарсираше патот до крајната победа. Домашните кошаркари ја намалија предноста на ТФТ на 78-72 на почетокот на четвртата четвртина, но составот на Боро ...

Напаѓачот на Баерн Минхен, Мишел Олисе, имаше една асистенција во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Баварците победија со 2:1, Олисе асистираше при вториот гол кој го постигна Кејн во 46.минута. Олисе стана првиот француски играч во 21 век кој има 25 асистенции во една сезона во сите натпреварувања во првите пет лиги. Дваесет и четиригодишниот фудбалер го сруши рекордот на Франк Рибери од 24 ...

Актуелниот првак Шкендија триумфираше денеска на гостински терен над Работнички со 3-0 во рамки на 26 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Тетовскиот состав дојде до победата со двата гола на Красниќи (7, 72) и Тамба (37), ставајќи крај на серијата на работнички од четири последователни прволигашки Актуелниот првак Шкендија триумфираше денеска на гостински терен над Работнички со 3-0 во рамки на 26 коло во Првата македонска ...

Фудбалерите на Пелистер и Вардар одиграа вечерва во Битола нерешено 0-0 во дерби натпреварот од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Вардар со ремито на стадионот „Петар Милошевски‘ го задржа лидерското место на табелата, но сега има само бод повеќе од второпласираната Шкендија, која претходно денеска извојува гостински триумф над Работнички од 3-0. Дербито во Битола донесе малубројни шанси за гол од кои најизгледната ја имаше ...

Фондацијата „Фросина Кулакова“, во соработка со Моден институт „Изет Цури“ објави конкурс за доделување на стипендија за студии по моден дизајн „Фросина Кулакова“, наменета за млади и талентирани кандидати од Македонија кои имаат интерес и потенцијал да се развиваат во областа на модата. Заинтересираните можат да аплицираат на конкурсот до 10 јуни 2026 година на полноќ. Сите материјали треба да се доставуваат електронски на адресата ...

Досега се склучени над 35.000 договори за новата реколта тутун за очекувано производство од околу 30.000 тони, што значи се зголемува интересот за оваа индустриска култура, изјави министерот за земјоделство Цветан Триоуновски кој денеска имаше средба со сточарите во Прилеп. – Рокот за склучување договори за новата реколта тутун е пролонгиран до 9 април. Но, заклучно со вчерашните податоци, склучени се или внесени во системот се околу 35.000 ...

Министерството за животна средина и просторно планирање на системски начин го унапредува менаџирањето со водите и го усогласува со стандардите на Европската унија, истакна денеска ресорниот министер Мухамед Хоџа. Одговарајќи на прашање на пратеникот Димитар Ковачевски, на Собраниската седница наменета за прашања од опозицијата, тој нагласи дека изминатиот период биле преземени значајни чекори за унапредување на тоа прашање, кое е во склад со ...

Под покровителство на Министерството за спорт, во наредниот период во Македонија ќе се одржат два големи спортски настана – од 21 до 29 април, Скопје ќе биде домаќин на Светското училишно првенство во ракомет за средношколци, а на 27 април стартуваат и „Плазма спортските игри за млади“ што ќе се реализираат низ 11 градови во државата. Овие два настани кои се особено значајни за развојот на младинскиот спорт, Министерството за спорт ги ...

„Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“, е насловена меѓународната работилница, што се одржува во Скопје, во организација на Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА. – Оваа работилница претставува една од клучните цели на самата организација, на земјите кандидати и потенцијални кандидати во Европската Унија, што претставува начин на размена на знаења и искуства во делот на ...

Владата донесе одлука за целосно реновирање на зградата на Инфективното одделение на велешката Општа болница со 75 милиони денари, инсталирање на систем за гасови за операционите сали на болницата, информира заменик-министерот за здравство Јовица Андовски по денешната посета на болницата при увидот на набавена вредна нова здравствена опрема. -Проектот за Инфективното одделение за велешката ЈЗУ Општа болница е веќе направен. Тој заврши и сега ...

Вечерва во населеното место Прељубиште, општина Јегуновце го слушнавме гласот на земјоделците. Се одржа уште една од низата трибини во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Со земјоделците разговаравме за актуелните теми во земјоделскиот сектор, како и за поттикнување на домашното производство. Во општина Јегуновце има потенцијал за зголемување на земјоделското производство, со поддршка на земјоделците и ...

Антарктикот, долго време симбол на недопрена природа и научно истражување, може да се соочи со радикална трансформација во наредните векови. Новите научни проценки укажуваат дека топењето на мразот би можело да открие огромни површини копно, отворајќи не само нови географски реалности, туку и сериозни геополитички прашања. Според студија објавена во Nature Climate Change, до 2300 година на Антарктикот би можело да се појави копно без мраз со ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и сопругата на Премиерот, Рози Мицкоска, денес го посетија новиот објект на ЈДГ „8 Март“ во населбата Потстаница, кој е во завршна фаза на подготовки пред неговото официјално отворање. При заедничката обиколка, г-ѓа Мицкоска донесе подароци, играчки наменети за дечињата кои ќе бидат згрижени во оваа установа. Внатрешноста на градинката е веќе целосно опремена со современи реквизити, а во моментов ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.55
79%
1015
weather icon

Белград

20ᴼ / 20ᴼ
1.74
76%
1011
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.98
89%
1016
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.39
86%
1015
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.67
77%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.71
89%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
0.45
41%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.2
79%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.82
73%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.47
91%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
8.94
84%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.19
90%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.4226

Currency

71.4567

Currency

37.4477

Currency

38.2887

Currency

66.7639

Currency

7.87774

Currency

0.73849

Currency

0.33248

Currency

0.52512

Currency

1.15642

Currency

0.55977

Сребро

2076.79

Калај

53.31

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

133489.54

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.47

Паладиум

39288.21

Платина

53981.10

Бакар

12.62

Рутениум

48965.59