Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно со постепен пораст на дневната температура. Во одделни котлини се очекува појава на магла, особено во утринските часови, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од сабота кон крајот на денот, а особено в недела, се најавуваат локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки подрачја врнежите ќе бидат од снег. Минималните утрински ...
ЈП Комунална хигиена спроведува активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, со цел да се овозможи безбедно движење на пешаците и одвивање на сообраќајот, информираат од јавното претпријатие. Активности за расчистување на снегот и мразот биле реализирани и во централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и ...
Во време кога секоја секунда се мери преку продуктивност, а екраните ја избришаа границата меѓу работата и приватниот живот, сè повеќе луѓе почнуваат со употреба на поинаков начин на комуникација. Пишувањето писма, калиграфијата и користењето ретро прибор за пишување повторно стануваат популарни, особено меѓу младите. Дигиталните пораки сè почесто се заменуваат со рачно напишаните писма, но токму тактилните активности, како пишувањето со ...
Ракометарите на Португалија го приредија најголемото изненадување на Европското првенство, откако вечерва во Хернинг го совладаа домаќинот Данска со 31:29 (12:11) во завршниот натпревар од групата Б, со што двете селекции се пласираа во главната фаза, а македонската репрезентација како третопласирана во групата го заврши настапот на континенталниот турнир. Во увертира на последниот натпревар од групата Б, македонските ракометари претходно ...
Сите патни правци се проодни и сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози. Сите патни правци каде што паѓа снег континуирано се чистат со координирани активности на ЈП „Македонијапат“ во соработка со Министерството за транспорт. Како што информираат од Министерството за транспорт, екипите на ЈП „Македонијапат“ се целосно екипирани и со цела механизација и работна сила на терен вршат континуирано чистење на државните патишта. Се ...
Од 9.30 часот сообраќајот на наплатната станица Отовица, односно патниот правец Велес-Скопје е нормализиран, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на овој патен правец беше целосно затворен од Од 9.16 часот поради расчистување на снегот. Од 9 часот воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Плетвар. Како што информираат од ЈП „Македонијапат“, нивни екипи со цела механизација и работна ...
Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да патуваат внимателно во текот на денешниот ден, ако тоа е неопходно, со доволно гориво во резервоарите и со соодветна зимска опрема за возилата на повисоките места и планинските превои бидејќи е можно да се формираат навеви од снег и патните правци во одреден временски период да бидат непроодни на повисоките делници. – Потсетуваме дека луѓето што живеат на повисоките места навремено да се ...
Проектот „Енергетска ефикасност во средните училишта со промена на начинот на греење“ во општина Кичево има цел унапредување на енергетската ефикасност и создавање поквалитетни услови за настава во образовните институции – пишува премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил. Со проектот се предвидува модернизација на системите за греење, со што ќе се постигне значително намалување на потрошувачката на енергија и на трошоците за ...
Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб. Во прилог објавата на социјални мрежи од ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, е задоволен од победата над Романија, иако смета дека можеше поубедливо од конечните 24:23. „Црвено-жолтите“ ја забележаа првата победа на Европското првенство и останаа со теоретски шанси да ја поминат првата групна фаза, но сигурно си обезбедија место помеѓу носителите во баражот за Светското првенство 2027. – Кога ќе сумираме се треба да бидеме задоволни од тоа што ...
Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски поднесе денеска оставка на должноста која Управниот одбор на Кошаркарската федерација (КФСМ) експресно ја прифати. „Иако Управниот одбор беше изненаден од ваквата одлука, Федерацијата во целост ја почитува личната и професионалната одлука на Илиевски и уште еднаш упатува искрена благодарност за неговиот ангажман, професионалност и придонес во периодот додека ја ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Хернинг во драматичен натпревар ја совлада Романија со 24-23 и со триумфот обезбеди статус на носител во жрепката за плејофот за следното Светско првенство, а за пласман во главната фаза на тековното Европско првенство ќе треба да го чека исходот од завршниот дуел во групата Б и да се надева на победа со двоцифрена разлика на домаќинот Данска над Португалија Македонските ракометари во текот на ...
Лидерот во Првата македонска фудбалска лига Вардар одигра попладнево нерешено 1-1 против узбекистански Андијон во својот втор натпревар во рамки на подготовките во Анталија пред стартот на пролетната сезона. Узбекистанскиот тим дојде во водство во 62 минута, а конечниот резултат го постави Давид Бабунски во 77 минута. За избраниците на Гоце Седлоски ова беше втор контролен натпревар во Анталија, по стартниот пораз од Јаблонец од Чешка со 6-2. ...
Со длабока загриженост ги следам пријавите и сведоштвата за труење и сурово постапување со кучиња во Неготино. Ова го осудувам најостро. Вакви дејствија не смеат да се случуваат во градот во кој живееме, напиша денеска на „Фејсбук“, градоначалничката Марија Нацева. – Законот за заштита и благосостојба на животните е јасен, а намерното труење и мачење животни претставува сериозен прекршок и ваквите дејствија можат да повлечат и кривична ...
Меѓународното здружение на спортски новинари (АИПС) го осуди денеска однесувањето на дел од новинарите по хаотичното финале на Африканскиот куп на нации во неделата во кое Сенегал го победи домаќинот Мароко. Видеоснимките покажуваат како марокански новинари ја напуштаат салата за прес конференции по влегувањето на сенегалскиот селектор Папе Буна Тиав, држејќи ја за рака својата ќерка, по што избувнаа кавги и судири меѓу мароканските и ...
Во Драмски театар – Скопје (ДТС) денеска се одржа првата проба на претставата „Ова е само крајот на светот“ по истоимената драма на Жан-Лик Лагарс. Преводот, адаптацијата и режијата се на режисерката Теа Беговска. Во актерската екипа се Стефан Вујисиќ, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Александар Степанулески, Сара Климоска и Ања Митиќ. Сценограф и костимограф на претставата е Надиа Василева од Бугарија, музиката е на Енес Беговски. „Ова е само ...
„Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој. ...
Шампионот во Формула 1 од 1996 година, Дејмон Хил, верува дека Ландо Норис нема да се потпира на своите ловорики и ќе се стреми да го повтори својот успех по освојувањето на шампионатот минатата година. – Норис постигна успех со освојувањето на титулата, што треба да му даде чувство на удобност. Успехот ќе му овозможи на Ландо малку да се опушти. А тука е повеќе прашање колку сте амбициозни и колку сакате да освоите. Кога Михаел Шумахер ја ...
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се сретна со поранешната ѕвезда на американската Национална кошаркарска асоцијација (НБА) – Шекил О’Нил во Центарот за развој на кошарката „Турксел“ во Истанбул денеска. На настанот, двајцата играа кошарка, се дружеа со млади спортисти и потпишуваа кошаркарски топки, јави Анадолија. На настанот присуствуваа и турскиот министер за труд и социјална политика, Ведат Ишихан, министерот за млади и спорт, ...
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, ги сподели своите емоции откако беше именуван во почетниот состав на Западната конференција за НБА Ол-стар натпреварот. – Бев навистина среќен кога слушнав за тоа. Искрено, не мислев дека моето име ќе биде на оваа листа, па затоа беше навистина пријатно изненадување за мене. Секако, ова е само уште еден чекор напред, но особено е убаво да се биде првиот Французин што го постигнал ова. Навистина ...
Тајфата на Мартин Гоџо, кој вчера го извади Чесниот крст од осветените води на Охридското Езеро, денеска со капење во езерските води ја продолжи традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото и на тој начин да го одбележат почеткот на риболовната сезона. Богојавленските празници во Охрид се меѓу најпочитуваните денови од православниот календар. И оваа година охриѓани се собраа на Сараиште ...
Австралиските власти денеска затворија 30-километарски дел од крајбрежјето кај Сиднеј по трет напад од ајкула за два дена. Имено, затворањата следуваа кога вчеравечер еден човек беше каснат од ајкула, како што соопшти полицијата на Нов Јужен Велс. Повредениот е лекуван од сериозни повреди на ногата и е однесен во болница во критична состојба. Советот на плажите во соопштението наведе дека сите 34 плажи во областа ќе бидат затворени до ...
Кајли Џенер, најмладата членка на семејството Кардашијан, на само 21 година стана најмладата милијардерка во светот која самостојно го стекнала своето богатство, објави магазинот „Форбс“. Џенер е основачка на козметичката компанија Кајли Козметикс (Kylie Cosmetics), која, според процените, во 2018 година остварила приход од околу 360 милиони долари. Вкупното нето богатство на Џенер се проценува на една милијарда долари. Со тоа, таа го надмина ...
Модерен екран на допир во нов автомобил може да изгледа како врв на луксузот. Но, некои стручњаци предупредуваат дека тоа може да доведе во сериозна опасност бидејќи пренасочувањето на вниманието во мигот на возењето е можеби поризично и од користењето телефон зад воланот. Имено, истражувањата укажуваат дека времето на реакција на возачот се влошува над 50 отсто додека го чепкаат екранот пред себе. Ова, секако, има влијание врз ...
Управителите на еден планински камп во Германија направија џиновски снешко висок 11,5 метри за што им биле потребни речиси 300 кубни метри снег, пренесуваат германските медиуми. Според управителката на кампот во Ханенклее, Лидија Бечер, најверојатно станува збор за најголемиот снешко во Северна Германија создаден досега. Во неговата изработка учествувале 30-ина лица, меѓу кои пожарникари, стручњаци за градежни машини и неколку кампери. ...
Антарктичките пингвини се размножуваат до две недели порано како резултат на климатските промени, покажа ново долгорочно истражување. Набљудувани се 37 колонии на Антарктичкиот Полуостров и други делови на ледениот континент од 2012 до 2022 година, при што се покажало дека Антарктичкиот Полуостров драматично се затоплува. Истражувачите од Универзитетот „Оксфорд“ и од „Оксфорд брукс“, кои ги проучуваат пингвините на Јужниот Пол, откриле дека ...
Јапонската играчка тамагочи, која беше вистинска сензација меѓу децата во 1990 години, и по три децении останува популарна, особено меѓу припадниците на Зет – генерацијата , но и меѓу нивните носталгични родители. Виртуелните миленици, кои бараат постојана грижа, храна и внимание, се продадени во повеќе од 100 милиони примероци ширум светот од нивното прво појавување, соопшти компанијата Бандаи Намко (Bandai Namco). Според нив, чипичан ...
Екипата на Далас маверикс го совлада Њујорк никс на гостински терен со 114:97. Оваа победа е трета во низа за Далас, водено поразот за домаќините е четврти по ред. На другите натпревари од НБА-лигата одиграни ноќеска постигнати се овие резултати: Сан Антонио – Јута 123:110 Филаделфија – Индијана 113:104 Бруклин – Феникс 117:126 Детроит – Бостон 104:103 Голден Стејт – мајами 135:112. Лидер во Западната конференција е Оклахома сити со биланс ...
НБА-лигата ги објави почетните состави на тимовите на Западот и Истокот за „Ол стар“ натпреварот. Стартната постава на тимот од Западната конференција ќе ги вклучува Стефен Кари (Голден Стејт), Лука Дончиќ (Лос Анџелес лејкерс), Шеј Гилџус-Александер (Оклахома Сити), Никола Јокиќ (Денвер) и Виктор Вембањама (Сан Антонио). Во почетниот состав на Истокот се најдоа: Јанис Адетокунбо (Милвоки), Џејлен Браун (Бостон), Џејлен Брансон (Њујорк), Кејд ...
Сенегалските фудбалски репрезентативци и тренери би можеле да бидат суспендирани од четири до шест натпревари поради нивниот протест за време на финалето на Африканскиот куп на нации против Мароко што заврши со 1:0. Според шпанскиот весник „AS“, доколку санкциите бидат одобрени, дисквалификацијата би се однесувала на натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Понатаму, според прописите на турнирот, Сенегал се соочува ...