Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Повеќе од 180 верници од многу градови на нашата држава, до попладнево се пријавени за фаќање на светиот крст што утре ќе биде положен во водите на река Радика, општина Маврово и Ростуше, со благослов на епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир. Како што изјави за МИА, архимандрит Доситеј, на чиј телефонски број 070 342 970 се јавуваат заинтересираните верници, се очекува до крајот на денот тој број да биде и поголем, ...
Во Кочани ќе се гради современ центар за социјална и здравствена заштита за граѓаните од повозрасните години, на локација во кругот на старата касарна, чии простории сега се користат од Територијалната противпожарна единица. Изградбата ќе чини 226 милиони денари, а во него ќе се сместат 141 лице. Домот за стари лица во Кочани ќе има регионален карактер. Во тек е избор на градежна фирма. -На 15 јануари ги отворивме понудите и имаме пет понуди. ...
Со првата примена на методот интравенска тромболиза во прилепската болница беше спасен животот на младо, 28-годишно момче. Неврологот Петар Кузманоски со своите колеги веднаш интервенирал, прецизно дозирајќи лек за го спасат пациентот од смрт, но и од траен инвалидитет. -Тромболизата претставува третман на акутен ихемичен мозочен удар, односно протокол кој е добро дефиниран со временска рамка и со клинички индикации. Во случајот со младиот ...
Откупот на тутунот од ланската реколта е при крај. Досега откупубачите од производителите купија околу 25 000 тони по просечна цена од 419 денари за килограм. Откупот привршува но тутунарите не треба да стравуваат, зашто пунктови ќе има отворено до крајот на февруари, до 28, кога е законскиот рок за откуп. -Привршува откупот на тутунот од ланската реколта. Но потсетувам, дека и кооперантите и откупувачите треба да знаат, законски, откупот на ...
Српската тенисерка Олга Даниловиќ успеа да избори пласман во второто коло на Австралија опен, откако со 2:1 во сетови (6:7(5); 6:3 и 6:4) ја совлада ветеранката Венус Вилијамс. Притоа Даниловиќ во решавачкиот сет направи пресврт од 0:4 во гемови стигна до 6:4 и го доби третиот сет и мечот. Инаку, Американката Венус Вилијамс првиот сет го доби со 7:6 и 7:5 на поени, а Даниловиќ изедначи освојувајќи го вториот сет со 6:3 во гемови. Пласман во ...
Деби од соништата имаше новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик – победа над градскиот ривал Манчестер Сити. Но, и покрај триумфот во клубот не размислуваат за негово останување на клупата на „црвените ѓаволи“. Управата ќе бара нов менаџер, а меѓу кандидатите е Нико Ковач. Хрватскиот тренер беше една и од опциите за менаџер на Челзи пред да биде ангажиран Лиам Росениор, но тој не прифати во текот на сезоната да ја напушти клупата на ...
Ватерполо репрезентацијата на Хрватска со синоќешната победа од 17:9 против Романија ги задржа шансите за едно од првите две места во групата Ф на Европското првенство во ватерполо. Хрватите уште на стартот покажаа дека се подготвени за висока победа и ја добија првата четвртина со 5:1. На прагот на изненадување беше Грузија, која претрпе пораз од два разлика од Италија 14:16, додека во „балканското дерби“ Грција на надигра Турција со 20:8. ...
Ракометарите на Србија го направија најголемото изненадување во второто коло на Европското првенство во ракомет откако синоќа ја совладаа Германија со 30:27. Со овој триумф и поразот од Шпанија 27:29, со победа во последното коло против Австрија избраниците на поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез имаат прилика да се пласираат во следната фаза, особено што Шпанија и Германија играат меѓу себе. – Игравме совршено, пред полна сала. Пред ...
На покана на хрватскиот дистрибутер, македонскиот КИЦ во Загреб се јавува како еден од партнерите на кино-премиерата и дистрибуцијата во Хрватска на македонскиот документарен филм, „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска кој што својата премиера ја имаше на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Венеција. -Ова е одлична и ексклузивна прилика пошироката хрватска публика да го види најновото успешно остварување на македонската филмска ...
Во тетовската црква Пресвета Богородица се одбележа празникот Водокрст, ден пред Богојавление Водици. Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Златоустова литургија. По Литургијата беше извршен голем Богојавленски водосвет и според традицијата беше спуштен крстот во водите од базенот во дворот на храмот. По крстот скокнаа тројца верници, 48 годишниот Далибор Кузмановски, ...
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа нов пораз откако ноќеска загуби на гостувањето кај Портланд и ова беше петти пораз на последните шест натпревари за „езерџиите“. Тие дуелот го одиграат без најефикасниот играч Лука Дончиќ, кој превентивно по направените лекарски прегледи остана без минути на натпреварот. Најзаслужен за победата на Портланд беше Шејдон Шарп, кој постигна 25 поени и во клучните момент ја презеде одговорноста. Портланд ...
Инспекциската служба при Министерството за социјална политика, демографија и млади редовно вршат инспекциски надзори од сите видови (редовни, вонредни и контролни) во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, како субјект на инспекциски надзор, се вели во демантот од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Министерството за социјална политика, демографија и млади најостро ги демантира наводите изнесени во јавноста ...
Реконструкцијата на спортската сала „Работнички“ во Општина Центар се одвива во работна фаза, при што објектот добива целосно нов лик и функционалност согласно современите спортски и технички стандарди, наведува премиерот Христијан Мицкоски, во објава на Фејсбук. Инвестицијата за обновата на салата изнесува 120.000.000 денари и е обезбедена од Владата преку Министерството за спорт, како дел од владините Проекти за трајна промена – темели за ...
Италијанскиот тенисер Матео Беретини го откажа настапот на Австралија опен. Отказот на Беретини претставува изненадување особено што на крајот на годината успеа со репрезентацијата на Италија да го освои Дејвис купот. Во првата рунда Беретини требаше да игра против домашниот тенисер Алекс де Минор, а неговото место ќе го заземе среќниот губитник Американецот Мекензи Мекдоналд. Морам да се повлечам од Австралија опен. Уште имам проблеми со ...
Ракометарите на Хрватска многу тешко стигнаа до првата победа на Европското првенство откако на стартот ја совладаа Грузија со 32:29, откако ривалот водеше во поголемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме Грузија имаше и водство од шест разлика (12:6), но хрватските ракометари сепак ја запишаа првата победа. Ова беше првиот дуел во групата Е, додека во вечерниот термин играат Шведска и Холандија, а дуелот го судат македонските судии ...
Екипата на Реал Мадрид успеа да постигне победа против Леванте со 2:0. Но, навивачите имаа свое мислење кое го искажаа за време на натпреварот особено кон првите ѕвезди на екипата. Првиот „концерт“ свирежи го имаше Винисиус кога првпат имаше контакт со топката, а слично реагираа навивачите и кога Џуд Белингам ја имаше топката. На тој начин навивачите дадоа до знаење, кое е нивното мислење за двајцата играчи односно дека двајцата биле ...
Репрезентацијата на Нигерија го освои бронзениот медал на АФКОН откако во „малото финале“ по изведување на пенали го совлада Египет со 4:2 на пенали откако во регуларниот дел дуелот заврши 0:0. Нигерија беше поблиску до победата и во регуларниот дел откако во првото полувреме им беше поништен гол поради фаул и по прегледување на ВАР снимката. Во серијата пенали првите играчи на Египет Мохамед Салах и Омар Мармуш не ги реализираа првите два ...
Екипата на Наполи конечно успеа да стигне до триумф откако три натпревари во Серија А одигра нерешено. Наполи во денешниот дуел од 21. коло го совлада Сасуоло со 1:0, а стрелец на голот беше Станислав Лоботка во 7. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го почна натпреварот, но поради повреда беше заменет во 56. минута со Матео Политано. Во првиот дуел од денешната програма од оваа рунда лидерот Интер како гостин го совлада Удинезе ...
Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување. Дефектот предизвикал прекин на ...
По стартната победа на Европското првенство против Романија со 40:34, селекцијата на Португалија во второто коло за ривал ја има македонската ракометна репрезентација. Во таборот на португалската репрезентација се подготвуваат за следниот дуел. – Навистина сум среќен за победата. Следниот дуел ќе биде сосема поразличен имаат играчи со голем квалитет во нападот. Ќе биде потешко отколку со Романија. Тие одиграа навистина добро прво полувреме ...
Полскиот репрезентативец и играч на Вардар Виктор Јанковски, кој на вчерашниот дуел со Унгарија беше дисквалификуван во 34.минута со одлука на Дисциплинската комисија беше санкциониран. Тој нема да има право на настап на два натпревара, поради што неговото дејство било неодговорно и опасно. Јанковски нема право да ги игра следните два натпревари од ЕХФ ЕУРО 2026: Полска против Исланд на 18 јануари 2026 година и Полска против Италија на 20 ...
Хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ наскоро би можел да го напушти тимот на Манчестер Сити. Но, негова следна дестинација потенцијално е повторно клуб од Премиер лигата – Вест Хем. Последните неколку натпревари Ковачиќ не е во комбинација кај Пеп Гвардиола и има само два натпревара, а секако на бројот на натпревари влијание има и повредата. Клубот од Лондон, Вест Хем кој се бори за опстанок е подготвен за ангажирање на Ковачиќ, особено ...
Првиот дуел од 22.коло од Премиер лигата заврши со победа на Манчестер Јунајтед со 2:0 во „дербито на Манчестер“ против Манчестер Сити. Ова воедно беше и деби натпревар на новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Мајкл Керик. Манчестер Јунајтед беше подобар ривал во текот на целиот натпревар, а откако во првиот дел пропушти неколку шанси и им беа поништени и два гола поради офсајд позиција. Во вториот дел домашната екипа ги реализираше своите ...
Фудбалерите на Реал Мадрид по двата пораза во Супер купот и Купот на Шпанија се вратија на победите откако во дуелот на домашен терен во 20. коло го совладаа Леванте со 2:0. Ова воедно беше прв триумф на новиот тренер Алваро Арбелоа. Инаку навивачите со свирежи ги „поздравија“ претседателот Флорентино Перез и играчот Винисиус. Победата „кралскиот клуб“ ја обезбеди со двата гола во вториот дел. Водството во 58. минута го донесе Килијан Мбапе ...
Охрид – луѓе и марифети“ е новата книга на Томислав Тунтев, чија промоција се одржа денеска во Охрид. Делото претставува уште едно значајно сведоштво за животот, згодите и незгодите од охридски Варош, раскажани на стар охридски дијалект – посебен, богат и префинет говор кој сè поретко се слуша, а носи силен културен белег на градот. На промоцијата, авторот истакна дека желбата да напише книга произлегла од потребата да остави траен пишан ...
Џоломарите од кавадаречкото село Ресава, парите собрани за Василица, ќе ги вложат во старото училиште, за развој на етно туризам. Од џоломарската група информираа денеска за МИА, дека по отворањето на етно соба во старата училишна зграда, во план им е да направат и апартмани, за престој на туристите кои сакаат да го посетат ова интересно село близу Тиквешко Езеро. – Имаме прекрасна природа, езеро во близина, производство на извонредни вина и ...
Општина Аеродром го осудува синоќешниот вандалски чин во паркот „Бановина“, каде е искршена урбаната опрема, оштетена е фонтаната, а обиена е и чуварската куќа. Од Општината нагласуваат дека брутално е уништена заедничката сопственост на сите граѓани и додаваат дека ваквите постапки нема да бидат толерирани, а случајот е веќе пријавен во полиција. – Апелираме до граѓаните: да го чуваме она што е наше, да пријавуваме вандализам и да покажеме ...
Куќата од популарната серија „Принцот од Бел-Ер“, најверојатно, ќе оди на пазарот по 48 години од последната продажба. Имено, извор за списанието „Пипл“ (People) изјави дека легендарното здание во Лос Анџелес, користено за снимањето на американската хумористична ТВ-серија, ќе биде ставено на продажба првпат по 1978 година. Иако приказната се одвива во населбата Бел-Ер, куќата всушност се наоѓа во Брентвуд. Имотот е изграден во 1937 година. ...
На Европскиот шампионат во ватерполо што се игра во Белград синоќа беше комплетирано првото коло од завршната фаза. Фаворитите не дозволија изненадување, па така продолжува трката за подобра позиција во групите. Домаќинот Србија ја совлада Франција со 14:10, додека Унгарија беше поуспешна од Холандија со 16:11, додека најубедлива победа оствари Шпанија совладувајќи ја Црна Гора со 14:6. Унгарија е прва на табелата со 9 бодови, пред Србија со ...
Натпреварот со Данска е веќе минато, а македонските ракометари се подготвуваат за новиот предизвик – Португалија. На утринскиот брифинг со новинарите селекторот Кирил Лазаров напомена: – Нашиот следен ривал Португалија, тоа е одлична репрезентација и тука се дојдени да се борат за медал. Но, тие не се на нивото на Данска. За нас најважно е да се обидеме да одиграме подобро од дуелот со Данска. Сите ние сакаме изненадување. Португалија е ...