Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо е најплатениот спортист во 2025 година, објави денеска спортскиот бизнис медиум „Спортико“ во своето годишно истражување. Меѓу првите 100. се наоѓаат спортисти од осум различни спортови и 28 земји, кои инкасирале вкупно речиси 6,05 милијарди долари во календарската година, вклучувајќи 4,63 милијарди од плати и наградни фондови. Дополнителни 1,42 милијарди се заработени надвор од спортските ...
Општина Велес ги известува своите жители кои имаат поднесено барања за легализација, а постапките им се во прекин поради некомплетна документација дека Законот за постапување со бесправно изградени објекти е со важност до трети март 2026 година. Од Општината апелираат до сите граѓани заради запазување на рокот на време да се обратат во Одделението за урбанизам и да ја достават потребната дополнителна документација. – Во спротивно, доколку ...
По повод православниот христијански празник Богојавление – Водици, на 19.01.2026 година (понеделник) ќе се одржи традиционалната манифестација „Чествување на Водици“ во Злетово и Пробиштип, информираат од Општина Пробиштип. Во соопштението од Општина Пробиштип се наведува дека во Злетово, настанот ќе започне во 07:30 часот на локацијата „Пешка“, каде ќе се изврши осветување на водите на Злетовска Река и потопување на светиот крст. Светата ...
Градоначалникот Владко Грозданов и претставници на Одделението за урбанизам од Општина Кочани денеска остварија средба со сопствениците на пицериите од Трговскиот центар блок А, со цел да најдат најсоодветно решение за проблемот со бесправно изградените монтажни објекти на терасата од источната страна на овој блок. На средбата, градоначалникот Грозданов потсети на реакциите на станарите од Трговскиот центар блок А за узурпираната тераса и за ...
Продолжува протестот на незадоволните кумановци што работеа во американски компании во базите во Ирак и Авганистан. Тие денеска потенцираа дека никогаш не добиле решенија за плаќање даноци изминативе години, побараа одговорност од надлежните во Управата за јавни приходи. На денешниот протест укажаа дека нивното дејствување е исклучиво граѓанско, немаат никаква политичка поврзаност и категорично се оградија од какво било политичка заднина ...
Општина Аеродром објави оглас за давање под закуп на урбана опрема – покриен шанк, по пат на електронско јавно наддавање, што ќе се спроведе преку електронскиот систем www.e-stvari.mk. Рокот за поднесување пријави е до 13 февруари 2026 година, а електронското јавно наддавање ќе се одржи на 16 февруари 2026 година. Како што информираат од општинската прес-служба, предметот на закуп е покриен шанк со вкупна површина од 118,76 квадратни метри, ...
Многумина не може да го замислат својот дневен оброк без месо, но експертите велат дека начините на кои се хранат може сериозно да влијаат на здравјето на цревата. Здравите црева се клучни не само за варење туку и за функцијата на мозокот, срцето, имунолошкиот систем и за општото здравје. Гастроентеролозите нагласуваат дека исхраната е најмоќното средство за поддршка на цревата. Според нив, претежно растителната храна, богата со влакна и ...
Астронаут на кој му е потребна лекарска помош ја напушти Меѓународната вселенска станица (ИСС) заедно со уште тројца членови на екипажот. Тоа е прва медицинска евакуација во историјата на Националната американска вселенска агенција (НАСА). Пред време ќе се вратат астронаутите Зејна Кардман и Мајк Финке од НАСА, Јапонецот, Јуи Кимија и Русинот, Олег Платонов. Тоа беше четврти престој на ИСС за Финки, втор за Јуи, додека Кардман и Платонов ...
„Некои видови комарци сè повеќе се хранат со човечка крв, а научниците велат дека за тоа најверојатно сме самите одговорни. Ново истражување спроведено во Бразил покажува дека со намалувањето на биоразноликоста расте веројатноста комарците да ги изберат луѓето за оброк. Како што човечката активност ги потиснува другите животни од одредени региони, комарците имаат сè помалку алтернативи за хранење“, пишува Сајанс Аларт (Science Alert). ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, зборуваше за Винисиус Жуниор по поразот на тимот од 3:2 од Албасете синоќа во осминафиналето на шпанскиот куп. – Позитивно е што сакаше да биде на теренот и да го одигра целиот натпревар по огромниот напор што го вложи минатата недела. Тој беше подготвен да му помогне на тимот, да преземе сè на себе, да трча насекаде и да не се крие. Таков треба да биде Винисиус – некој што не се плаши, кој презема ...
Сончево време со мала до умерена облачност ќе се задржи и утре. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Според прогнозата, викендов ќе има локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските предели и снег на повисоките места и на планините. -Дневната температура ќе има тенденција ...
За само два дена над 100 верници се пријавени за положувањето на Светиот крст во водите на реката Радика што го организира Бигорскиот манастир. Во објавата на манастирот се вели дека по повод големиот христијански празник Богојавление, со благослов на Неговото преосвештенство епископ Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, светиот крст и годинава ќе биде положен во водите на река Радика, за што може да се пријават сите ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во свој стил го прокоментира поразот од Порто во четвртфиналето од Купот на Португалија. – Причините се очигледни. Подобриот тим загуби затоа што не постигна гол и прими еден гол, тоа е сè. Ја контролиравме играта против тим кој играше со голем интензитет. Бенфика доминираше од почеток до крај во натпревар без многу шанси за гол. Против тим полн со самодоверба, каде што навивачите го прифаќаат фактот дека ...
Регистер на бизниси во општината, најави градоначалничката Бети Стаменкоска – Трајкоска, за време на денешниот настан со наслов „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“. Стаменкоска-Трајкоска и заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, денеска се на средба со претставници на локалниот бизнис сектор. -Со благовремено ажурирани податоци, ние може да имаме поквалитетен пристап кон бизнис заедницата. ...
Сонот е едно од најважните нешта за добро здравје. Но ново истражување покажа дека постојано покусото спиење всушност може и да го скрати животот. Научниот труд спроведен во Соединетите Американски Држави е објавен во списанието „Слип адвенсес“ (Sleep Advances). Врската меѓу спиењето и долговечноста е сложена, но лекарите велат дека не се шокирани од резултатите. Научниците, имено, анализирале податоци од анкетата за фактори на ризик во ...
Американскиот глумец и режисер Тимоти Басфилд се соочува со ново обвинение за сексуален напад. Тужбата се однесува на настан што наводно се случил пред неколку години во Сакраменто, Калифорнија, САД, и вклучена е девојка што во тоа време имала 16 години. Басфилд (68) ѝ се предаде на полицијата во Албакерки на 13 јануари откога неколку дена претходно беше издаден налог за негово апсење. Истиот ден тој доби две обвиненија за криминален ...
Најмладиот ракометар на македонската репрезентација Дамјан Митев најави максимална борбеност на утрешниот натпревар со Данска, иако противникот е апсолутен фаворит. – Данска е Данска, не треба многу да се зборува за нив. Одлично е чувството кога треба да играш против оние кои до вчера ти биле идоли. Кога се игра за репрезентацијата и кога се претставува државата, посебно на Европско првенство, тоа е чест и задоволство. Одиме на максимум и со ...
Екипата на Партизан синоќа претрпи најголемиот евролигашки пораз на домашен терен. „Црно-белите“ загубија во Белград од Олимпијакос со 104:66. Тренерот на партизан, Жоан Пенароја е свесен за катастрофалната форма во која се наоѓа неговиот тим. – Игравме мека одбрана. Лоши проценти на шутирање во нападот. На крајот на краиштата, одигравме лош натпревар. Навивачите и клубот заслужуваат повеќе од нас. Мораме да се натпреваруваме и да бидеме ...
Црногорскиот кошаркар Никола Вучевиќ, постигна 35 поени, имаше седум скока и пет асистенции во победата на Чикаго булс над Јута џез ноќеска на домашен терен. Вучевиќ го постигна победничкиот кош на четири секунди пред крајот на натпреварот. Резултати на натпреварите од НБА-лигата играни ноќта среда кон четврток: Индијана – Торонто 101:115 Филаделфија – Кливленд 107:133 Чикаго – Јута 128:126 Њу Орлеанс – Бруклин 116:113 Далас – Денвер 109:118 ...
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Дани Карвахал, остро ги нападна соиграчите по поразот 3:2 синоќа од Албасете во осминафиналето на Купот на кралот. – Го допревме дното. Елиминирани сме од тим од втората лига и им честитам за тоа. Почнувајќи од денес, треба да спроведуваме индивидуална и колективна критика. Сè уште имаме време да се вратиме оваа сезона. Нè очекуваат два фантастични турнири, за кои мора да се бориме. Реал Мадрид не е во најдобра ...
Општина Битола во 2026 година утврди програма за животна средина за чија реализација ќе вложи 11,5 милиони денари. Главна цел на програмата е постигнување повисок степен на решавање на состојбите во сферата на животната средина и зачувување на квалитетот на медиумите на животната средина, со што ќе се заштитува здравјето и ќе се подобрува квалитетот на живот на граѓаните. Според програмата, во претстојнава година локалната самоуправа ќе ...
Со натпреварите Франција – Чешка и Шпанија – Србија вечер од 18 часот почнува 17. Европско првенство во ракомет за мажи. ЕХФ Еуро 2026 ќе се трае до 1 февруари за кога се закажани натпреварите за медали. Домаќини на најголемиот континентален ракометен собир оваа година ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска. Ова е второ ЕП што ќе се игра во три земји, по првенството во 2020 година. На завршниот турнир ќе учествуваат 24 репрезентации, по четврти ...
Мароко синоќа ја победи Нигерија во полуфиналето на Африканскиот куп на нации со 4:2 на пенали. По основните 90 и дополнителните 30 минути игра на „Мулај Абдула“ во Рабат не беше постигнат ниту еден гол. Во пенал-серијата Нигеријците ги промашија вториот и четвртиот удар, додека домаќините не погодија само во вториот удар. Мароко ќе се соочи со Сенагал во финалето на 18 јануари. Нигерија на 17 јануари ќе игра со Египет за третото место. Post ...
Преку општинскиот сервис за пријавување на комунални проблеми „Систем 48“ лани биле решени 1.046 проблеми од вкупно пријавените 1.153 од страна на граѓаните. Според информацијата од Општината, за останатите 107 е потребно повеќе време од 48 часови и истите биле проследени до надлежните служби. Најголем број од доставените пријави се од областа на улично осветлување 777, од областа на собирање смет 241, водовод и канализација 74, паркови и ...
Реал Мадрид планира да ја напушти кошаркарската Евролига и да се приклучи на НБА Европа. Информацијата денеска ексклузивно ја објави мадридскиот спортски весник АС, повикувајќи се на клупски извори. Ништо не е официјално објавено сè уште, но АС пишува дека двете страни се блиску до договор, бидејќи „кралскиот клуб“ е решен да ја прифати понудата од НБА Европа. „Разговорите со НБА напредуваа, иако договорот сè уште не е потпишан. Дијалогот е ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја почнаа новата календарска година, откако вечерва загубија на домашен терен од Војводина со 78-73 во рамки на 6. коло во АБА 2 лигата. По резултатски израмнетата прва четвртина (18-16), уследи пад во играта на МЗТ Скопје што гостите од Нови Сад го искористија и пред крајот на третиот дел стекнаа предност од највисоки плус 18 поени (63-45). Од тој момент МЗТ Скопје влезе во серија од 16-0, ...
Англискиот фудбалер Конор Галагер ги напушти редовите на мадридски Атлетико и потпиша денеска договор во траење од пет и пол години со лондонски Тотенхем. За услугите на 25-годишниот Галагер беше заинтересирана и Астон Вила, која настојуваше да го доведе на позајмица со опција да го откупи неговиот договор, но таквата опција не беше прифатлива за Атлетико. Според англиските медиуми, Тотенхем платил 34 милиони фунти за трансферот на Галагер, ...
Со традиционалното ечење на „Сурова“, денеска, во делчевското село Ѕвегор, повторно оживеа еден од најзначајните обичаи во Пијанечкиот Регион, поврзан со празникот Василица и одбележувањето на Стара Нова година. Под маски и преку форма на театар на отворено суроваскарите го продолжија вековниот обред, чија основна цел е симболичното бркање на злото и благословување на домаќините со желби за здравје, плодност и бериќет во годината што следува. ...
Со традиционалното василичарско оро на сред село и палење на маските во центарот на Вевчани, заврши годинашното издание на Вевчанскиот карневал. Преку хумор и сатира неуморните вевчанци на креативен начин попладнево, симболично го избркаа злото и прочистени со желба за здравје и бериќет ја дочекаа Новата година, по Јулијанскиот календар. Василичарите од рано утрово ги посетија семејствата, чии членови го носат името Свети Василиј. Вевчанци, ...
МВР распиша јавен конкурс за избор на правно лице за добивање лиценца за испитен центар Велес со подружници и испитно место во Неготино и Кавадарци Право на учество на јавниот конкурс има секое правно лице кое ги исполнува условите за работа, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој пропишува дека за добивање на потребниот документ за работа кандидираното правно лице треба да располага со стручен кадар, воспоставена ...