Менаџерот на Англија, Томас Тухел, го коментираше поразот на тимот од (0:1) во пријателскиот натпревар против Јапонија. – Секако, разочарувачки е. Губењето е секогаш разочарувачко, особено дома. Мислам дека не бевме казнети за ништо значајно, освен за еден контранапад во првото полувреме. Сепак, ни требаат вакви натпревари. Тие се тежок противник. Не можевме да сметаме на голем број играчи, па затоа мораше повторно да пробаме нова тактика. ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, ќе ја напушти својата функција, објави инсајдерот Фабрицио Романо. На 31 март, Италијанците загубија од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. Италијанската репрезентација ќе го пропушти Светското првенство трет пат по ред. Претседателот на тамошната федерација, Габриеле Гравина, изјави дека го замолил Гатузо да остане на ...

Фудбалерот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Марио Геце, го продолжи договорот со германскиот клуб. Новиот договор важи до јуни 2028 година. – Ајнтрахт Франкфурт ми значи многу. Тука сум речиси четири години и досега се забавувам прекрасно. Знам дека мојата фудбалска кариера е ограничена. Ова ме тера да го ценам секој момент на теренот и на стадионот уште повеќе. Радоста што ја добивам од фудбалот и од овој клуб ме убеди да го продолжам ...

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, е задоволен од постигнатото по неговото доаѓање на селекторското место кај „Кариоките“. -Не сум нервозен за Светското првенство. Среќен сум и мотивиран, самоуверен и смирен. Имаме добра тимска структура, добра атмосфера и ќе функционира одлично. Смирени сме, изјави Анчелоти за инсајдерот Фабрицио Романо на страницата на социјалните медиуми Икс. Светското првенство во 2026 ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, објави дека напаѓачот Александар Исак се враќа на тренинзите. Дваесет и шестгодишниот Швеѓанец заздрави по повредата на скочниот зглоб. Напаѓачот ја претрпе повредата во декември 2025 година за време на натпреварот против Тотенхем. – Враќањето во тимот кој обично создава многу шанси, и можеби не од првата минута, но неговото враќање во последните два месеца, мислам, ќе биде многу корисно за нас. Алекс е во ...

Пари Сен-Жермен е заинтересиран да го потпише фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Според „The Touchline“ парижаните размислуваат да го добијат играчот од средниот ред на крајот од сезоната. Претходно беше објавено дека Арсенал е заинтересиран за 23-годишниот Французин. Оваа сезона, Камавинга има 33 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи два гола и имајќи една асистенција. Неговиот тековен договор со ...

Во првиот натпревар од 25.коло од ПФЛ одигран попладнево во Куманово Башкими и Тиквеш одиграа нерешено 2:2 и сите четири голови беа постигнати во вториот дел. Двете екипи освоија по еден бод и останаа на своите позиции, кои ги имаа и пред ова коло. Тиквеш е петти со 37 бодови, а Башкими шести со 36. Гостите поведоа во 54.минута преку интернационалецот од Гвинеја Н’Фанли Сила. Башкими преку Емануел Аворнио во 56.минута пропушти да изедначи ...

„Јатки од зборови“ е насловена новата поетска книга за деца од Стојан Тарапуза, која издавачката куќа „Панили“ ја објави по повод Светскиот ден на книжевноста за деца – 2 Април. -Песните во „Јатки од зборови“ се создавани спонтано и во подолг период. Содржински се разликуваат едни од други, но во однос на пораките што ги сугерира книгата се многу слични. Тоа на книгата ѝ дава посебен белег. Нејзините дваесет и шест поглавја имаат богата ...

Продуцентката Марија Димитрова е избрана за нова претседателка на Друштвото на филмски работници на Македонија, кое соопшти дека на годишното редовно собрание на ДФРМ членовите со мнозинство изгласале мандат од четири години на Димитрова. За нов претседател на Друштвото имаше двајца кандидати, противкандидат на Димитрова беше Мартин Иванов, искусен филмски монтажер, кој во кариерата монтирал филмови од различни формати и жанрови. -Новата ...

Општина Штип информира дека во рамки на настанот Shtip Fashion Days S/S 2026 се објавува конкурс наменет за студенти по моден дизајн од сите високообразовни институции во Република Македонија. Право на учество имаат студенти од државни и приватни факултети за моден дизајн, кои под менторство на свој професор ќе работат на зададена тема, дефинирана од поддржувачот на оваа активност во рамки на настанот. -Заинтересираните кандидати потребно е ...

Вршителката на работите македонски амбасадор во Тирана, Радмила Стојмировска, во обраќањето на свеченоста по повод 15-годишнината од излегувањето на првиот број на македонскиот весник „Илинден“, порача дека весникот претставува вистински столб на македонската заедница во Албанија. -Весникот повеќе од една декада и половина, претставува вистински столб на македонската заедница во Албанија и место каде секој член може да ги најде најновите ...

Владата соопшти дека завршен е проектот за отворање на базенот во рамките на училишниот двор на ОУ „Невена Георгиева“ во Општина Кисела Вода. Со реализацијата на проектот, како што информираат од владината прес-служба, е обезбеден нов и современ простор за спорт, рекреација и едукација на учениците, кој придонесува за развој на здрави навики и активен животен стил. -Воедно, се унапредува училишната инфраструктура и се создаваат подобри услови ...

По повод 161-годишнината од раѓањето на Ѓорче Петров, делегација на Општината Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојкоски оддаде почит со полагање цвеќе пред неговиот споменик во реонскиот парк. Градоначалникот Стојкоски посочи дека делото на Ѓорче Петров претставува вредносна насока и денес, особено во процесот на развој и унапредување на локалната заедница. – Ѓорче Петров не е само историска личност, туку име што нè ...

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува корисниците на јавниот превоз дека од 4 април (сабота) ќе почне примената на нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во главниот град. -Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз, соопшти ...

Владата денеска преку социјалните мрежи соопшти дека започнала реконструкцијата на спортската сала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во оваа фаза се реализираат подготвителни и теренски активности, кои вклучуваат расчистување на просторот и подготовка за понатамошни градежни зафати. -Овие активности претставуваат основа за успешно спроведување на целокупниот проект. Проекти за трајна промена – темели за сигурна иднина. Проекти ...

Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е предводник на својот тим и во оваа сезона и веќе имаат обезбедено плејоф. Но, аналитичарката во НБА лигата Рејчел Николс има свое видување за игрите на словенечкиот репрезентативец. Таа истакнува дека Дончиќ не е главен кандидат за наградата МВП и објаснува. „Мора да играте на двете страни на теренот во текот на сите осум месеци. Тој напредува, но одбрана не е одговорен како ...

Сан Антонио спарс рано утрово го победи Голден Стејт вориорс на гостински терен со 127:113 во натпревар од регуларниот дел на НБА-лигата. Центарот на Спарс, Виктор Вембањама, беше најефикасен на натпреварот со дабл-дабл ефект од 41 поен и 18 скока за 28 минути поминати на теренот. Сан Антонио е во серија од десет победи. Тимот има биланс 58-18 (победи-порази) за во моментов второто место во Западната конференција на НБА. Голден Стејт со ефект ...

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работни посети на општините Валандово и Неготино, каде што се сретна со градоначалниците Ѓоко Камчев и Марија Нацева, членовите на советите и општинските администрации. Во Општина Валандово, на средбата со градоначалникот Ѓоко Камчев, беа разгледани тековните состојби, секојдневните предизвици со кои се соочува општината, како и ...

Легендата на македонскиот ракомет и РК Вардар, Стојанче Стоилов од новата сезона ќе го предводи суперлигашот Бутел Скопје, откако потпиша договор на две сезони. Тој ќе го замени Горан Кузманоски, кој на крајот од сезоната заминува од клубот. – Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во посета на општина Неготино во рамки на теренските посети под мотото „Каде што срцето е дома“. Како што појасни самиот, почнале од Неготино, а во план е да се продолжи во Валандово. Разговаравме со градоначалничката и можам да кажам дека сум презадоволен од тоа што го слушнав од нејзина страна, затоа што сум уверен дека оваа општина има еден континуитет на раст и развој и во ...

„Од научни податоци до практични одлуки: Ставот на младите за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје“ беше тема на дводневната работилница со која се заокружи циклусот на настани во рамки на проектот „Применето моделирање на квалитетот на воздухот и валидација на мерките за ублажување на штетните ефекти преку идентификација на изворите“, чиј носител е Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Проектот е ...

Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Во сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 km/h), информира УХМР. Од недела до средината на новата седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и значително потопло, со температури до 25 степени. Post Views: 3 април 2, 2026 Времето утре и во сабота ќе биде променливо облачно со повремени ...

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се појавија невистини и дезинформации за наводна предлог мерка за 2026 година, се вели во соопштението од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во објавата незаконски е искористено името на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лажен печат на самото Министерство се со цел да се создаде паника и ...

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Дваесет и осум годишниот Тарик Семси, по потекло од Македонија, од турската етничка припадност, поточно од село Коџаџик – Центар Жупа, а живее во Италија, е кандидат за советник во општискиот совет на Венеција, што е прв Македонец и воопшто странец кој се нашол на кандидатска листа за советници во овој познат италијански град. Дипломирал архитектура на престижниот универзитет во Венеција, оженет е и е татко на едно дете. Во трката на ...

Ракометарите на ГРК Охрид со победа од пет разлика (31:26) се вратија од гостувањето од Атина од првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос. Реваншот охриѓани ќе го играат пред полни трибини на домашен терен. Спортскиот директор на ГРК Охрид Славчо Ристески се обрати до јавноста за фер и коректно навивање и поддршка за домашните ракометари. Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот! ГРК Охрид ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави уште еден рекорд и продолжува да ја „полни“ историјата на НБА лигата. На дуелот со Кливленд во победата на својот тим 127:110 постигна 14 поени со 5 скокови и 6 асистенции. Ова за Леброн Џејмс беше 1.229 победа во кариерата и стана кошаркарот со најмногу победи во историјата на НБА лигата. Тој така успеа да го мине рекордот на Карим Абдул-Џабар, поранешниот играч на ЛА Лејкерс и Милвоки. ...

Кошаркарската Евролига одреди висока казна за израелскиот претставник Хапоел Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми. Казната за клубот е парична и изнесува пет милиони евра. Првата казна е за изречена пред две недели за прекршувањето на правилото за финансискиот фер плеј. Втората казна е поради надминувањето на лимитот за платите на играчите, најверојатно како резултат на бројот на играчи во тимот. Хапоел се наоѓа на трето место според ...

Лондонскиот премиерлигаш Челзи пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, што е најголем финансиски минус во една година во историјата на англискиот фудбал. Претходната најголема загуба во една сезона во износ од 194,9 милиони фунти ја имаше Манчестер Сити во сезоната 2010/11. Во намалување на загубите на Челзи не му помогна ниту зголемувањето на приходите, на 490,9 милиони фунти, благодарение на освојувањето на ...

„Столб на македонската држава, колективна меморија“ е мотото со кое Државниот архив на Република Северна Македонија денеска свечено одбележа 75 години од основањето во 1951 година, со указ на тогашната влада. По седум и пол децении постоење, предизвик на институцијата е дигитализација на документите. Директорот на Архивот, Димитар Богески, изјави дека прават анализи колку би ги чинело дигитализацијата не само на Државниот архив туку и на ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
0.23
83%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
2.68
69%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.55
75%
1017
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.5
79%
1016
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.9
85%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.8
93%
1017
weather icon

Атина

24ᴼ / 21ᴼ
0.45
41%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.75
78%
1014
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.23
69%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.47
95%
1013
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
5.81
89%
1014
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
90%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.4226

Currency

71.4567

Currency

37.4477

Currency

38.2887

Currency

66.7639

Currency

7.87774

Currency

0.73849

Currency

0.33248

Currency

0.52512

Currency

1.15642

Currency

0.55977

Бакар

12.62

Алуминиум

3.47

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Калај

53.31

Злато

133489.54

Цинк

0.00

Платина

53981.10

Сребро

2076.79

Паладиум

39288.21

Родиум

257205.97