Реал Мадрид денеска и официјално го претстави новиот привремен тренер Алваро Арбелоа, откако вчера ја прекина соработката со Чаби Алонсо. Според најавите од „кралскиот клуб“ поранешниот дефанзивец на клубот ќе остане на клупата до крајот на сезоната. – Ова е посебен ден, како и сите денови што сум дел од Реал Мадрид. Денеска ја знам одговорноста и задачата која е пред мене и ја прифатив со голема ентузијазам.Вчера бев информиран дека го ...

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов, денеска оствари работна средба со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа. На средбата се разговараше за повеќе прашања од локално значење, со посебен акцент на изградбата на типските куќички за станарите од Старата касарна во Кочани, проблем стар неколку децении. Станува збор за проект кој со години е во фаза на планирање, а според најавите од општинското раководство, ...

Кумановците што во изминатиот период беа ангажирани од американски компании во воените бази во Ирак и Авганистан денеска повторно излегоа на протест пред подрачната канцеларија на Управата за јавни приходи. Тие бараат од надлежните служби да им ги признаат доставените докази, меѓу кои се патни исправи со гранични печати, потврди од работодавачите и други документи, што, според нив, потврдуваат дека биле отсутни од земјата повеќе од 183 дена ...

Вардар и Вуко Борозан спогодбено го раскинаа договорот, кој стапува на сила веднаш. Со тоа, ракометарот е слободен во изборот на нова средина. – Борозан во периодот поминат во Вардар беше дел од тимот во важни натпреварувања на домашната и на европската сцена и со својот професионален однос даде значаен придонес во работата на екипата. Клубот му се заблагодарува на Борозан за сè што направи во дресот на Вардар и му посакува многу среќа, ...

Центарот на Минесота тимбервулвс, Руди Гобер, на вчерашниот натпревар направи флагрантен прекршок врз центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама. За ова, Гобер доби неспортски прекршок од прв степен и го заработи својот шести поен за неспортски прекршок, што значи автоматска суспензија од еден натпревар. Според американските медиуми, овој пропуштен натпревар ќе го чини Гобер 201.149 долари од платата. Оваа сезона, центарот на Волците има ...

Алонсо ја даде првата изјава откако поднесе оставка од тренерската позиција на Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ вчеравечер соопшти за разделбата со шпанскиот фудбалски стручњак. -Оваа професионална фаза заврши, а работите не одеа како што сакавме. Работата како тренер на Реал Мадрид беше чест и голема одговорност. Им се заблагодарувам на клубот, на играчите и пред сè на навивачите за нивната доверба и поддршка. Заминувам со почит, благодарност и ...

Групни и индивидувални маски почнаа да се движат низ вевчанските улици. Полека се собираат кон збирното место, односно почетокот на селото од каде традиционално ќе тргне дефилето на Вевчанскиот карневал. Претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел, втора година присуствува на карневалот и го оценува како уникатен со вековна традиција. -Вевчанскиот карневал е нешто уникатно, традицијата е многу стара. Мислам дека ...

Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со заложбите за доближување на услугите до граѓаните и правните лица, преку подобра територијална покриеност, поефикасни постапки и рамномерен регионален развој. Во таа насока, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата – уште еден значаен и конкретен ...

Поранешниот светски рекет број 4, Кеи Нишикори, се откажа од квалификациите за Австралија Опен. Јапонскиот тенисер денес требаше да го игра својот прв натпревар против Кимер Копејанс. Тој беше заменет од домашниот играч Омар Јасика кој загуби со 6:7 и 0:6. Минатата недела, Нишикори се откажа од натпреварот во првото коло на Челинџерот во Канбера поради проблеми со грбот. Грен слемот во Мелбурн ќе се игра до 1 февруари. Post Views: 4 јануари ...

Националниот парк Шар Планина информира дека во текот на 2026 година ќе почне продлабочена соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) насочена кон унапредување на постоечкиот мониторинг на балканскиот рис и популациите на дива коза на Шар Планина. Во текот на оваа година следењето и набљудувањето на овие диви животни установата ќе го прави со зголемен број видеокамери. Благодарение на поддршката од проектот на ПОНТ, набавени се ...

Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира Свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализираше хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално-загрозените семејства. Со поддршка на општествено-одговорни компании, беа обезбедени над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна. Оваа активност е дел од ...

Општина Кисела Вода денеска почна со изградба на првото од вкупно 10 нови детски катчиња, кои ќе се реализираат во целата општина. Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“ во селото Драчево. Како што информираат од локалната самоуправа, на гумирана подлога, која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогана и мрежа за качување. ...

Според стјуардеса од авиокомпанијата Вирџин Атлантик (Virgin Atlantic), изборот на вистинското седиште може значително да влијае врз удобноста и квалитетот на патувањето. Таа објаснува дека патниците кои чувствуваат вознемиреност или потешко ги поднесуваат турбуленциите треба да изберат седишта над крилата на авионот, каде движењето е најмало. Како дополнителни фактори што влијаат врз лошиот сон на долги летови, стјуардесата ги наведува ...

Шпанскиот тренер Чаби Алонсо поднесе оставка од функцијата главен тренер на Реал Мадрид, според новинарот Пепе Алварез. Шпанските медиуми пишуваат дека една од причините за оваа одлука била однесувањето на играчите. Алонсо бил исцрпен од себичноста во соблекувалната, која се интензивираше по поразот од 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Исто така, поддршката за тренерот од раководството на мадридскиот клуб била целосно ...

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, смета дека неговиот тим треба уште да работи за да биде конкурентен за трофејот во Италија. Јувентус синоќа го победи Кремонезе со 5:0 во домашниот натпревар од 20. коло од италијанското фудбалско првенство. – Ја контролиравме играта, игравме добро, се подготвивме добро и имавме вистински менталитет против противник кој знае што прави. Давиде Никола многу добро ја познава Серија А и што треба да направи ...

Тотенхем се согласи на трансфер од 40 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Конор Галагер. Според инсајдерот Фабрицио Романо, Спарс ќе платат 40 милиони евра за 25-годишниот Англичанец. Претходно беше објавено дека мадридскиот клуб се согласил да го позајми играчот на Астон вила со опција за откуп, но тој го избрал Тотенхем Хотспур. Договорот на Галагер со Атлетико е до летото 2029 година. „Трансфермаркт“ ја проценува ...

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, ќе го води тимот до крајот на сезоната 2025/26. Според „Атлетик“, Манчестер Јунајтед веќе постигнал договор со 44-годишниот тренер. Претходно беше објавено дека друг поранешен фудбалер и тренер, Оле Гунар Солскјер, исто така се бори за позицијата. Карик беше дел од персоналот на Манчестер јунајтед од 2018 до 2021 година. Од ноември до декември 2021 година, тој беше тренер ...

Водостоите на речиси сите реки во земјава бележат благо намалување во споредба со вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Исклучок се реките Струмица на мерното место Сушево каде има зголемување на водостојот од четири сантиметри во споредба со вчера и Црн Дрим кај Ложани каде нивото е повисоко за 31 сантиметар во споредба со вчерашното, како и Бабуна на мерното место Богомила каде ...

„Македоника литера“ објави книга од областа на теоријата на литературата – „Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век“ од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска. Во првиот дел од изданието, авторката „ја третира теоријата на романот, почнувајќи од историскиот развој до постмодерните и метафикциските парадигми. Се задржува на дефинирање на романот и неговото место во книжевната теорија, видовите и типологиите на роман, теориските ...

Во согласност со заклучокот на Советот на Општината, градоначалникот Владко Грозданов синоќа во Мултиукултурниот центар во Кочани организира јавна трибина на која имаше дебатира за иницијативата на Здружението на граѓаните „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје на местото во Кочани познато како стар парк, на триаголникот помеѓу улиците Браќа Ставреви и Кеј на револуцијата. Во присуство на заинтересирани граѓани ...

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид денеска во водите на Охридското Езеро кај Музејот на вода го запалија василичарскиот оган, со што го најавија доаѓањето на Стара нова година. Со ова нуркачите од АМФОРА на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организација на Охрид во празнување на претстојните празници Богојавленије Водици и Св. Јован крстител – денот на рибарите. Post Views: ...

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) започнува со имплементација на еден од најзначајните меѓународни проекти за јавното здравје во Северна Македонија, со што се прави голем и стратешки исчекор во зајакнувањето на националните капацитети за справување со антимикробната резистенција – еден од најсериозните глобални предизвици на современото време. Станува збор за проектот MAK5012 ...

Во рамките на континуираните активности за одржување на јавните површини и унапредување на животната средина, Општина Кисела Вода од утрово спроведува обемна интервенција за чистење, кастрење, косење и подигнување на кабаст отпад долж трим-патеката, на потегот од објектот на Институтот за јавно здравје до спојката со булевар Србија. За реализација на овие активности се ангажирани 30 сезонски работници. Со цел ефективно и квалитетно извршување ...

Во последните две децении, социјалните медиуми прераснаа од платформи за споделување содржини во доминантен медиумски простор што суштински го обликува секојдневието, особено кај најмладите. Сѐ поголемата изложеност на деца и тинејџери на дигиталниот свет ги отвори прашањата за безбедноста, психолошкото здравје и социјален развој, што ја поттикна и првата историска интервенција. Австралија како прва земја во светот на почетокот на декември, ...

Жрепката за двете полуфиналиња на „Евросонг 2026“ се одржа во Виена вчера, а Израел е меѓу 15-те земји-учеснички кои ќе се натпреваруваат за место во финалето, и покрај противењето на неколку земји. Претставникот на Израел би требало да настапи во првото полуфинале на 12 мај, заедно со Грција, Белгија, Шведска, Хрватска и други. Данска, Романија, Швајцарија и Норвешка се меѓу оние кои ќе настапат во второто полуфинале. Германија, Франција, ...

Полицијата потврди за списанието „Пипл“ (People) дека полицијата соработува со американските маршали со цел лоцирање и апсење на Басфилд, чијашто местоположба во мигов е непозната. Според налогот за апсење, глумецот е обвинет за незаконски сексуални дејствија со 11-годишни близнаци. Децата имале улога во еден од последните ТВ-проекти на режисерот – едно од момчињата им кажало на полицајците дека наводните случаи почнале кога тоа имало само ...

Бекот на Лос Анџелес Клиперс, Џејмс Харден, се искачи на деветтото место на листата на најдобри стрелци во НБА. Рано утрово 36-годишниот Американец постигна 32 поени во победата од 117:109 над Шарлот на домашен терен. Харден сега има 28.614 поени во својата НБА кариера, надминувајќи ја легендата на НБА, Шекил О’Нил кој кариерата ја заврши со 28.596 поени. Џејмс Харден беше продаден на Клиперс во летото 2023 година. Претходно играше за ...

Лос Анџелес лејкерси ноќеска загубија од Сакраменто на гостински терен со 124:112. ПНајефикасен на теренот беше Лука Дончиќ со 42 поени. Во домашниот тим се истакна Демар ДеРозан со 32 поена. Лејкерси го претрпеа својот трет пораз по ред и се петти во Западната конференција на НБА. Сакраменто е 14. на Запад. На другите средби од НБА-лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се следниве резултати: Кливленд – Јута 112:123 Индијана ...

ПСЖ синоќа загуби од Париз со 1:0 на домашен терен во 1/16 финалето на Купот на Франција. Ова е прва елиминација во оваа фаза на францускиот фудбалски великан во последните 12 години. Во 2014 година пари Сен-Жермен загуби со 2:1 од Монпелје во 1/16 финалето. ПСЖ го освои Францускиот Куп во сезоните 2023/24 и 2024/25. Во домашниот шампионат ПСЖ е втор на табелата со 39 бода по 17 натпревари. Post Views: 1 јануари 13, 2026 ПСЖ синоќа загуби ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, се осврна на поразот (0:1) од Париз синоќа во осминафиналето на Купот на Франција. – Мислам дека е прилично лесно да се анализира играта. Одигравме солиден натпревар. Игравме брилијантно, направивме сè како што треба. Секако заслуживме да победиме. Но, ова е спорт каде што головите одлучуваат сè. Тие постигнаа гол, ние не. Тоа е само фудбал. Сепак, многу сум горд на тимот – и како целина и на секој играч ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
50%
1012
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
46%
1015
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
6.69
48%
1015
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
56%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
1.89
90%
1018
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
57%
1016
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
4.12
59%
1011
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
62%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
3.09
69%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.6
41%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Платина

60154.05

Алуминиум

3.18

Кобалт

66.14

Сребро

2840.84

Цинк

3.07

Бакар

10.68

Паладиум

45911.27

Рутениум

56199.51

Иридиум

258288.78

Родиум

350443.14

Злато

166450.52

Калај

43.90