Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Под влијание на циклонска активност од утре до петок ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради заладување врнежите ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Според најавите од Управата на хидрометеоролошки работи (УХМР), пообилни врнежи ќе има во среда и четврток кога локално се очекува да наврнат над 50 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен, а во среда засилен ветер од североисточен правец. Во деновите од ...
Со проекција на филмот „Склоност кон пораз“ од Лени и Арпо Гит вечерва во Кинотеката почнува Неделата на франкофонскиот филм, што ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на земјите- ленки на Меѓународната организација на франкофонијата. На отворањето ќе се обратат амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, и амбасадорот на Белгија во Софија, Пол Ламбер. Влезот за оваа проекција е ...
Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ. Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко не засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на ...
По завршувањето на Саемот во Лајпциг, делегацијата од македонската Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје , предводена од директорот Јовица Никчевски го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб, каде оствари работна средба со директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска. Во рамките на средбата македонската Национална и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски од Скопје на ...
Во организација на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се одржа консултативен настан на тема „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, со учество на градоначалници, претставници од општините, институциите и меѓународните партнери. Настанот го отвори министерот за локална самоуправа, Златко Перински кој ги поздрави присутните и даде краток вовед за ...
Министерството за образование и нака објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Северна Македонија за учебната 2026/2027 година, во кои на учениците од средното образование ќе им биде обезбедено сместување и исхрана. Според конкурсот на МОН, во 17 ученички дома (од кои пет се во Скопје) има речиси 2.400 слободни места за сместување средношколци. Учениците што ќе се пријават на конкурсот треба да пополнат ...
Ракометарите на ГРК Охрид ја постигнаа и седмата победа сезонава во ЕХФ Европскиот куп откако попладнево во Атина го победија Олимпијакос во првиот четвртфинален натпревар со 31:26. Македонскиот претставник има максимален ефект во европскиот куп и седум победи од седум натпревари. Ракометарите на ГРК Охрид од самиот почеток покажаа дека се подготвени за триумф и имаа целосна контрола над резултатот. Домаќинот Олимпијакос немаше ниту еднаш ...
Генералниот директор на Евролигата Чус Буено најави сериозни промени во системот на натпреварување. Можно е зголемување на бројот на екипите, но сè ќе биде познато кон средината на месец април. Тој се осврна и на политичките случувања, кои имаат директно влијание врз ова натпреварување. „Не го менуваме ставот за екипите од Русија. Истото важи и за Израел и Дубаи, но ја следиме ситуацијата секојдневно“. Првиот човек на Евролигата истакна дека ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по дополнителните пет минути остварија победа од 97:93 во дербито на 21.коло од МТел Супер лигата против Работнички. Двете екипи одиграа неизвесен натпревар со чести промени на водството, кое го имаа двете екипи. Првиот период им припадна на гостите со 20:13, а првакот возврати во втората четвртина со 29:23 и на полувреме Работнички водеше со 43:42. И третиот период беше во знакот на шампионот 20:15 за ...
Хрватскиот тренер Игор Тудор и премиерлигашот Тотенхем се договорија за прекин на соработката. Воедно се заминувањето на Тудор заминуваат и неговите помошници Томислав Рогиќ и Рикардо Рагначи. Оваа тројка изминативе шест недели беше на клупата на Тотенхем. Во кусото соопштение од клубот од Лондон пишува: „Се заблагодаруваме на Игор, Томислав и Рикардо за нивната работа изминативе шест недели“. Тотенхем останува на 17. место на табелата со 30 ...
Македонската фудбалска репрезентација денеска отпатува за Даблин, каде во вторник ќе одигра пријателски дуел против репрезентацијата на Република Ирска. Поразот во баражот во Данска сè уште е болна тема за македонските фудбалери. Данска покажа дека е квалитетен ривал. По примениот гол имавме неочекуван пад и сега мора да се фокусираме и тоа да го отстраниме. Ни претстои дуелот со Република Ирска – пријателски натпревар нема. Треба да покажеме ...
Поради зафати во електродистрибутивната мрежа без електрична енергија ќе бидат делови од Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров. Според информациите од ЕВН Македонија, во периодот од 08 до 12 часот струја ќе немаат објектите на Техномаркет, Старџим и Кам на булеварот „Босна и Херцеговина“ и ВФВ Поликлиника во општина Бутел, а во периодот од 09 до 11 часот, дел од потрошувачите на улицата „Коце Металец“ односно куќите од ул.Зеничка до ул. Гемиџиска ...
Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев по повод 95 години од неговата ненадејна смрт во Париз и 136 години од неговото раѓање. За ликот и делото на д-р Коцарев говореле градоначалникот на општина Бонди, Стефен Ерве и македонскиот амбасадор Игор ...
Фудбалската треска на Косово станува сè поголема во пресрет на бараж дуелот Косово – Турција што ќе се игра на 31.март (вторник). Домаќинот Фудбалската федерација на Косово се соочува со сериозен проблем. Капацитетот на стадионот „Фадиљ Вокри“ е 14.000 места, а побарувањата за влезници се десет пати поголеми и дека стадион со капацитет од 140.000 места би бил премал за да ги прими сите заинтересирани. Фудбалерите на Косово направија подвиг ...
Италијанската фудбалска репрезентација во вторник (31.март) против Босна и Херцеговина игра еден од најважните дуели за нив во последните години, откако „азурите“ не учествуваа на последните две Светски првенства. Проблем за Италија направи и лошото време во БиХ и снегот кој падна во Зеница каде треба да се игра натпреварот. Селекторот на Италија Џенаро Гатузо се реши за промена на планот и по инспекцијата на луѓе од италијанската федерација ...
Голот против Италија во Палермо ќе остане засекогаш запишан во фудбалската историја на македонскиот фудбал, а стрелецот Александар Трајковски по случувањата на дуелот со Данска реши да стави крај на репрезентативната кариера. Во своето обраќање на социјалните мрежи напиша: „Денес стојам пред вас со срце полно емоции … Од првиот ден кога го облеков дресот, знаев дека тоа не е само обврска – туку чест, гордост и одговорност која не може да се ...
Селекторот на Романија Мирчеа Луческу е итно пренесен во болница, соопшти Фудбалскиот сојуз на Романија. За време на техничкиот состанок пред последниот тренинг Луческу се чувствувал лошо, а на тренингот состојбата му се влошила. На самото место медицинскиот тим му пружил прва помош. Луческу потоа е префрлен во болница на дополнителни прегледи. Во четвртокот Луческу ја предводеше Романија во баражот со Турција во Истанбул, каде неговата ...
Три сообраќајно – превентивни активности беа реализирани денеска од страна на СВР – Скопје и ОВР – Кочани, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Денеска од страна на Одделението за превенција при СВР – Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачјето на Полициското одделение – Петровец, односно кај наплатната рампа „Миладиновци“, беа реализирани две ...
Арина Сабаленка успеа да триумфира на Мастерсот во Мајами и со тоа направи голем подвиг. Таа во две недели победи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и Мајами и на двата турнира на сите мечеви загуби само два сета. Сабаленка во финалето ја победи Американката Коко Гоф со 2:1 во сетови (6:2; 4:6 и 6:4). Првиот сет тенисерката од Белорусија го одигра речиси без грешка, а во вториот сет Гоф ја стабилизираше својата игра и успеа да направи брејк ...
Грбавиот кит кој беше насукан со денови кај германскиот брег на Балтичкото Море доцна синоќа успеа да се ослободи, откако претходно заглави на уште еден песочен гребен, изјави портпаролот на Министерството за животна средина на Мекленбург-Западна Померанија. Китот е придружуван од морската полиција која се обидува да го следи, изјави Клаус Танцен, додавајќи дека со оглед на тоа што водите во таа област се многу плитки, животното може повторно ...
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е суспендиран и ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим. Причината за суспензијата е 16.та техничка грешка што ја доби сезонава што автоматски значи еден натпревар пауза. Словенечкиот репрезентативец ќе го пропушти дуелот на неговиот тим против Вашингтон, а ќе може да игра против Кливленд. Тој техничката грешка број 16 ја доби на натпреварот со Бруклин во саботата, кога постигна 41 ...
Најниска температура од -7 степени Целзиусови утрово е измерена на Попова Шапка. Следат со -3 Mаврови Анови, -2 во Kрушево, -1 Крива Паланка, Претор, 0 Охрид, Штип, Струмица, 1 Тетово, Берово, Виница, 2 Битола, Прилеп, Демир Капија, 3 Куманово, 4 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и во Кавадарци и 6 степени во Гевгелија. Како што соопшти УХМР, најмногу количини врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот наврнале во Охрид – 6 л/м2, 5 во ...
Во текот на претстојната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Како што информира УХМР, под влијание на циклонска активност од вторник ќе има повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток (локално над 20 l/m²), а на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...
Возачот Мерцедес Кими Антонели победи на денешната трка за Големата награда на Јапонија што се возеше на патеката Сузука. Второто место му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен, а место на подиумот избори и Шарл Леклер од Ферари. Во финишот на трката Џорџ Расел вршеше голем притисок за третата позиција која Леклер сепак успеа да ја зачува. Расел од Мерцедес заврши на четвртото место, а шампионот Ландо Норис од Мекларен беше петти, додека Луис ...
Екипата на Сан Антонио без многу проблеми стигна до нов триумф откако ноќеска славеше против Милвоки со убедливи 127:95. На овој начин ја продолжија серијата од осум победи или 13.та победа на последните 14 натпревари. Од самиот почеток Сан Антонио ја најави победата, а предводник беше Виктор Вембањама, кој дуелот го заврши со 23 поени, 15 скокови и 6 асистенции. Екипата на Сан Антонио имаше дури седум кошаркари, кои постигнаа двоцифрен број ...
Грбавиот кит, кој со денови беше насукан во близина на германскиот брег на Балтичкото Море, повторно се заглави на друг песочен гребен, изјави денеска за ДПА портпаролката на „Гринпис“. Несреќното животно привлече огромно медиумско внимание откако се насука на песочен гребен рано во понеделникот кај германското одморалиште Тимендорфер Штранд, во близина на градот Либек. По неколкудневни неуспешни напори за негово ослободување, спасувачите во ...
Дебитантот на одбојкарскиот куп Вардар ЕМ е освојувач на 33. издание во женска конкуренција, откако во финалето со 3:0 (25:22, 25:12, 25:22) го победи бранителот на титулата Наковски Волеј. Ова за „црвено-црните“ е историски прв трофеј. Одбојкарките на Вардар ЕМ два сета добија со 25:22, а во вториот беа убедливи и на противничките им дозволија само 12 поени. Тимот на тренерот Јован Шапе покажа константност која стартуваше во осминафиналето ...
Одбојкарите на УГД Штип го освоија третиот трофеј во куп натпреварувањето откако вечерва во финалето го совладаа ГОК Борец со 3:1 во сетови (25:17; 22:25; 32:30 и 23:13). Ова беше трето финале за екипата на Штип што значи дека имаат максимален ефект, додека велешани по петтото финале останаа само со еден трофеј во Купот од 1994 година. По двата први сета резултатот беше 1:1 во сетови, а како решавачки се покажа третиот сет кога на разлика УГД ...
Екипите на Алкалоид и на Еурофарм Пелистер постигнаа победи на денешните дуели од 3.коло од плеј офот Супер лига. И двата тима ја потврдија фаворитската улога и запишаа нови два бода. Алкалоид го совлада Тиквеш со 40:25, а избраниците на тренерот Кирил Лазаров постепено рутински стигнаа до победата, а во 39.минута првпат стигнаа до двоцифрена предност 25:15. Во завршницата на дуелот ја имаа и најголемата серија од 6-0 за убедлив триумф. ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопансто во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро” вечерва со земјоделците од Радовишко, дикутирале за годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството -Вечерва во Општина Радовиш се одржа четвртата трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро”. Дискутиравме за актуелната состојба и детално ја појаснивме Програмата за финансиска ...