Фудбалерите на Сенегал се првите полуфиналисти на Африкански куп на нации, откако вечерва во мароканскиот град Тангер го совладаа Мали со 1-0. Голот за пласман во полуфиналето го постигна Илиман Ндијаје во 27. минута. Репрезентацијата на Мали во второто полувреме беше со играч помалку на теренот, поради исклучувањето на Ив Бисума. Во полуфиналето, Сенегал ќе игра против победникот од дуелот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска. Post ...

Арсенал е апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата и има речиси 87 проценти шанса да стане нов англиски шампион, покажува најновата симулација на статистичката компанија Опта. Арсенал ремизираше 0-0 во четвртокот вечер во дербито со Ливерпул, но е лидер на табелата по 21 коло со шест бодови предност пред второпласираниот Манчестер Сити. Според Опта, Арсенал има 86,8 проценти шанса за освојување на титулата, додека Сити има 8,9%. Астон ...

Јавните комунални претпријатија во Пелагонискиот регион и во останатите региони во земјава се на терен и се справуваат со последиците од поплавите, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК) и додавааат дека состојбата се стабилизира. Како што се посочува во информацијата од ЦУК за состојбата до 17:00 часот, во Битола во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја. Во селото ...

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци се проодни, но на делници кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, соопштуваат од ЈП Македонијапат. Слаби врнежи од снег се забележани на Попова Шапка, додека во Македонски Брод, Крушево и Ресен има врнежи од снег проследени со дожд. Од Јавното претпријатие апелираат до возачите на внимателно управување со ...

Манчестер Сити официјално го потврди денеска доаѓањето на репрезентативецот на Гана, Антоан Семењо од Борнмут во трансфер вреден околу 75 милиони евра. Тоа е рекорден трансфер во историјата на Борнмут, откако Сити ја активираше клаузулата за откуп во договорот на Семењо. Репрезентативецот на Гана потпиша договор со Манчестер Сити до 2031 година и ќе го носи дресот со број 42, со кој претходно настапуваше Јаја Туре. „Исклучително сум горд што ...

Натпреварот од Бундеслигата меѓу Сент Паули и Лајпциг, кој требаше да се игра в сабота, е одложен поради обилен снег и мраз на теренот на стадионот во Хамбург, соопшти денеска Германската фудбалска лига. Германија е погодена од обилни снежни врнежи и температури под нулата во последните денови, кои се очекува да продолжат и во текот на викендот. Фудбалската сезона во Германија продолжува овој викенд, откако заврши тринеделната зимска пауза. ...

Македонија е меѓу Топ 50. светски извозници на фудбалери во последните пет години, покажува најновиот извештај на Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС). Овој статистички завод, со седиште во Швајцарија, го анализираше периодот од 2020 до 2025 година. Во тој период, вкупно 182 фудбалери родени во Северна Македонија играле во странство, од кои 180 во европските земји. Според податоците на ЦИЕС, Северна Македонија се наоѓа на 49. место ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, е добитник на Audience Choice Prize (наградата од публиката) на Cinema Eye Honors, една од најзначајните и највлијателни меѓународни награди за документарен филм. Наградата, која се доделува исклучиво врз основа на гласовите на публиката, доаѓа по силна меѓународна конкуренција. „Приказната за Силјан“ победи во конкуренција со документарни филмови од Бразил, Канада, ...

Општина Велес и покрај ниските температури продолжи со градежни активности на дел од градските улици. Како што информира градоначалникот Марко Колев, на улицата „Белградска“ се изведуваат подготвителни работи за изградба на два потпорни ѕида, со цел зголемување на безбедноста на граѓаните и возилата. Колев нагласи дека специфичната поставеност на Велес често наложува изградба на потпорни ѕидови за заштита на имотот, граѓаните и сообраќајот. ...

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, побарал од родителите да го контактираат исклучиво преку неговите адвокати. Според извори блиски до семејството, адвокатските тимови на Бруклин и неговите родители размениле правни писма во кои е нагласено дека комуникацијата треба да биде формална и посредувана преку правни застапници, јавува британскиот „Дејли мејл“(„Daily Mail“). Бруклин посебно нагласил дека не сака јавни изјави на ...

Патувањата обично се планираат за одмор и релаксација, но за Час едно заминување во странство се претворило во вистинска спасувачка мисија. Неколку месеци претходно, додека престојувала надвор од земјата, на платформата Петфајндер (Petfinder) забележала оглас за куче кое веднаш ѝ го освоило срцето. Но и покрај бројните административни и логистички пречки, Час донела цврста одлука- да му обезбеди дом. Целиот процес, како и првата средба со ...

Според статистики на Акуведер (AccuWeather), Јапонија се издвојува како најснежна земја во светот, поточно, три јапонски градови со над 100.000 жители се на врвот на листата на најснежни места. Градот Аомори, на најголемиот јапонски остров, е лидер по снежни врнежи- секоја година во просек тука паѓаат 7,9 метри снег. Дебелата снежна покривка ги покрива улиците од ноември до април, а тротоарите се оградени со наноси снег и мраз што стануваат ...

На Саемот за потрошувачка електроника (ЦЕС) во Лас Вегас годинава музиката не беше само нешто што се слуша, туку и нешто што се вкусува. Компанијата Лолипоп Стар (Lollipop Star) презентираше необичен новитет- лижавче што пушта музика додека се лиже или гризе, а содржи песни од изведувачи како Ајс Спајс и Ејкон -„Лолипоп Стар“ е лижавче со вградена музика. Тоа не е само слатко задоволство, туку и носител на звук. Со помош на коскената ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос го откажа настапот во сингл конкуренција на претстојниот Австралија Опен, а негово место со „специјална покана“ го доби Стан Вавринка (рангиран е како 156-ти тенисер) и на тој начин ќе ги прескокне квалификациите. – Не сум доволно подготвен за настап во Мелбурн и ќе се појавам само во конкуренција на машки двојки, каде ќе настапам со Танасис Кокинакис и ќе се обидеме како пред четири години да стигнеме до ...

Во пресрет на првиот Грен слем турнир Австралија Опен најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка го привлече вниманието. Таа изјави дека во плановите за оваа сезона и е настап на помалку турнири, како би го одморила своето тело. Сезоната е дефинитивно луда. Тенисерките се повредуваат, а на некои турнири настапував и болна и бев навистина исцрпена, истакна Сабаленка која настапува на турнирот во Бризбејн. Според правилата на ВТА најдобрите ...

Дерби дуелите секогаш имаат тензии, а така беше синоќа и на дуелот меѓу Арсенал – Ливерпул. Во еден момент настана турканица, а судијата Ентони Тејлор мораше да подели и неколку жолти картон. Во целата мешаница играчот на Арсенал Габриел Мартинели беше иницијаторот, откако бекот на Ливерпул Конор Бредли се повреди и остана во теренот крај аут линијата. Мартинели прво со топката го удри противничкиот играч, а потоа се обиде и да го истурка ...

Општина Битола утврди програма за развој на туризмот и буџет кој во 2026 година е проектиран на осум милиони денари. Според програмата, главен акцент ќе биде ставен на промотивните активности поврзани со Националниот парк „Пелистер“, реализација на актуелни и изработка на нови студии за развој на туризмот во националниот парк. Општина Битола во текот на годината ќе ја поддржи работата на здруженија на граѓани кои се посветени на туризмот или ...

Републичкиот Центар за управување со кризи (РЦУК) информира дека во регионите низ земјава се стабилизира состојбата по обилниот дожд што падна деновиве и предизвика пречки во сообраќајот. Во пелагонискиот регион, состојбата во градското подрачје на Општина Битола е нормализирана и нема тековни проблеми, освен во населбата Стрчин каде се евидентирани наноси од чакал и земја и каде една градежна машина на КЈП „Нискоградба“ интервенира на ...

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги посети ски терените на ски центарот Ниже Поле со кој управува ЈП „Стрежево“. Како лани, така и оваа година, Општина Битола и меѓуопштинското Јавно претпријатие „Пелалинк“ за време на зимскиот распуст за учениците, но и за сите граѓани обезбедија бесплатен превоз до ски центрите на Баба Планина. -По вчерашниот и денешниот ден, бесплатниот превоз продолжува од 12-ти до 16-ти јануари и е до ...

Проблемот со кучињата скитници во североисточниот дел од државата бара итно и долгорочно системско решение, сметаат надлежните. Директорот на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, Зоран Пешевски, вели дека проблемот треба да почне да се решава со измени на Законот за благосостојба на животните и консултации треба да дадат сите инволвирани страни Агенцијата за храна и ветеринарство, здруженијата за заштита на животните, со цел да се ...

На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција, јави на дописничката на МИА од Атина. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси. Грчките земјоделци и вчера попладне, во ...

Традиционалниот Вевчански карневал, една од најстарите живи карневалски манифестации на Балканот, ќе се одржи на 12 и 13 јануари со централна карневалска поворка на 13 јануари од 13 часот кога во центарот на Вевчани ќе се сретнат карневалците од двете маала. Ова беше најавено денеска на прес-конференција во Скопје по повод годинашното издание на „Вевчански карневал 2026“, кое традиционално се одржува на празникот Свети Василиј Велики. ...

“Луѓето се обично среќни онолку што ќе одлучат да бидат” – Абрахам Линколн Оваа максима на 16. американски претседател, во чиј мандат било укинато ропството, пренесена во актуелниов миг, се чини, најдобро ја разбираат Финците, како и и нивните скандинавски соседи од северот на Европа. Финците ниту се најбогати, ниту се најотворени, а, сепак, со години наназад, дури осум пати по ред, според наодите на World Happiness Report, се прогласувани за ...

Последните обилни врнежи од дожд во изминатите денови предизвикаа зголемување на нивото на реката Вардар во Велес, која денеска е излеана на двете страни од кејот. На мерното место кај Стариот мост, утрово во 7:30 часот, биле измерени 182 сантиметри, што е за 42 сантиметри повеќе во споредба со вчера, кога нивото изнесувало 140 сантиметри, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи. Критичната точка за целосно излевање на Вардар во ...

Македонската ракометна репрезентација попладнево го игра вториот дуел на „Јелоу куп“ во Швајцарија. Противник ни е селекцијата на Украина, а по вчерашниот триумф над Бахреин со 32:28, ова ќе биде нова можност за проверка на силите пред Европското првенство. – Имавме тежок натпревар за играње со Бахреин, како и што е вообичаено првиот натпревар има посебна тежина, но тоа е само подготвителен дуел. Очекувам од дуел во дуел да бидеме подобри, ...

Тренерот на Индијана Рик Карлајл стигна до 1.000-та победа во кариерата. Синоќа Индијана го совлада Шарлот со 114:112. Карлајл е 11.тиот тренер во НБА лигата што успеал да стигне до 1.000 победи. На таа листа се наоѓаат: Грег Попович, Дон Нелсон, Лени Вилкинс, Џери Слоун, Пет Рајли, Џорџ Карл, Фил Џексон, Лери Браун, Рик Аделман и Док Риверс. Карлајл во својата кариера бил тренер на НБА екипите: Детроит, Индијана, Далас и повторно Индијана. ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на социјалните права: посебен додаток, парична помош за попреченост и туѓа нега за декември 2025 година. Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Денеска може да ги ...

Повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините ќе има утре претпладне, кога ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час. Попладнето врнежите насекаде ќе бидат само од снег. -Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на ...

Годинава карневалските празнувања во Струмица ќе се одржат од 18 до 25 февруари, а традиционално тие почнуваат со предавањето на клучот на градот од градоначалникот на карневалистите, беше соопштено денеска на прес-конференција. Според градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, Струмичкиот карневал е вековна традиција, симбол на Струмица и препознатлив белег на културниот идентитет. -Оваа наша жива традиција со векови ги обединува граѓаните, ...

Набавени се компјутери, принтери и телевизори за основните училишта „Рајко Жинзифов“ и „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода, како дел од континуираните активности за унапредување и модернизација на наставниот процес. Во периодот кога учениците се на зимски распуст, во училиштата се врши опремување со нова информатичка опрема, со цел второто полугодие учениците да го започнат со поквалитетна настава и полесен пристап до дигитални ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1013
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
54%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
57%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.38
93%
1018
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
68%
1019
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
72%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
71%
1014
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
4.63
54%
1014
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.6
69%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
46%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
85%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Бакар

10.68

Алуминиум

3.18

Родиум

350443.14

Кобалт

66.14

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Платина

60154.05

Паладиум

45911.27

Калај

43.90

Иридиум

258288.78