Времето денеска ќе биде облачно со пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m²), на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...

Дваесет и осум годишниот Тарик Семси, по потекло од Македонија, од турската етничка припадност, поточно од село Коџаџик – Центар Жупа, а живее во Италија, е кандидат за советник во општискиот совет на Венеција, што е прв Македонец и воопшто странец кој се нашол на кандидатска листа за советници во овој познат италијански град. Дипломирал архитектура на престижниот универзитет во Венеција, оженет е и е татко на едно дете. Во трката на ...

Ракометарите на ГРК Охрид со победа од пет разлика (31:26) се вратија од гостувањето од Атина од првиот четвртфинален дуел од ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос. Реваншот охриѓани ќе го играат пред полни трибини на домашен терен. Спортскиот директор на ГРК Охрид Славчо Ристески се обрати до јавноста за фер и коректно навивање и поддршка за домашните ракометари. Почитувани охриѓани, симпатизери, навивачи и љубители на ракометот! ГРК Охрид ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс постави уште еден рекорд и продолжува да ја „полни“ историјата на НБА лигата. На дуелот со Кливленд во победата на својот тим 127:110 постигна 14 поени со 5 скокови и 6 асистенции. Ова за Леброн Џејмс беше 1.229 победа во кариерата и стана кошаркарот со најмногу победи во историјата на НБА лигата. Тој така успеа да го мине рекордот на Карим Абдул-Џабар, поранешниот играч на ЛА Лејкерс и Милвоки. ...

Кошаркарската Евролига одреди висока казна за израелскиот претставник Хапоел Тел Авив, пренесуваат израелските медиуми. Казната за клубот е парична и изнесува пет милиони евра. Првата казна е за изречена пред две недели за прекршувањето на правилото за финансискиот фер плеј. Втората казна е поради надминувањето на лимитот за платите на играчите, најверојатно како резултат на бројот на играчи во тимот. Хапоел се наоѓа на трето место според ...

Лондонскиот премиерлигаш Челзи пријави загуба од 262,4 милиони фунти за сезоната 2024/25, што е најголем финансиски минус во една година во историјата на англискиот фудбал. Претходната најголема загуба во една сезона во износ од 194,9 милиони фунти ја имаше Манчестер Сити во сезоната 2010/11. Во намалување на загубите на Челзи не му помогна ниту зголемувањето на приходите, на 490,9 милиони фунти, благодарение на освојувањето на ...

„Столб на македонската држава, колективна меморија“ е мотото со кое Државниот архив на Република Северна Македонија денеска свечено одбележа 75 години од основањето во 1951 година, со указ на тогашната влада. По седум и пол децении постоење, предизвик на институцијата е дигитализација на документите. Директорот на Архивот, Димитар Богески, изјави дека прават анализи колку би ги чинело дигитализацијата не само на Државниот архив туку и на ...

Ансамблот на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ утревечер од 20 часот на „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ премиерно ќе ја прикаже претставата „Саатот“ од Лидија Митоска Ѓорѓиевска во режија на Кристина Димитрова. Ова е прва претстава на театарот од годинашната програма. Драмскиот автор Лидија Митоска Ѓорѓиевска која како драматург работи во Театарот е со посебни впечатоци дека ќе се постави на сцена нејзиното прво ...

Рокот за поднесување иницијативи до единиците на локалната самоуправа за вклучување енергетски објекти со инсталирана моќност под 1 MW во општинските енергетски планови истекува денес, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Според Законот за енергетика и соодветниот правилник, општините се должни да ги разгледаат сите пристигнати иницијативи и да ги инкорпорираат во општинските енергетски планови, кои треба да ...

Плодна дискусија на трибината со земјоделците, која се одржа во општина Гевгелија во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Гевгелија е пример како се развива земјоделството, согласно податоците имаме близу 3.000 регистрирани земјоделски стопанства, над 700 договори за користење на околу 2.800 хектари државно земјоделско земјиште. Минатата година за мерката „зелена нафта” аплицирале над 890 земјоделци, со вкупна ...

По 40 години запоставеност, денеска беше пуштен во употреба современиот Дом на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто во општина Гази Баба. Реконструираниот објект е на површина од 1.000 квадратни метри и е реализиран како дел од капиталните инвестиции на Владата за поддршка на општините во областа на културата со вкупна вредност од 87.514.771 денар. Домот на културата е изграден во простор на три нивоа – со сцена, галерија, библиотека и ...

„Играч од Северна Рајна-Вестфалија освои џекпот вреден околу 70,7 милиони евра“, соопшти германската лотарија Вестлото („Westlotto“). „Ливчето е купено кај локален продавач на лотарија во Рајнската област, а среќниот играч пополнил девет реда со вкупно вложување од 18,75 евра“, информираше германскиот весник Билд. Евроџекпот не се игра само во Германија, туку и во уште 18 европски земји, а шансите за освојување на главната награда се еден на ...

На барање на одбраната за да го разгледа пристигнатото супервештачење од Клиниката за психијатрија за Вангелица Илијевска, Судот денеска донесе решение да се одложи рочиштето за случајот со обвинетата која пред две години ги уби сопругот и свекорот во семејната куќа во Кратово. Одбраната, адвокатот Кристијан Георгиевски кажа дека добил примерок од супервештачењето неколку дена пред расправата и поради како што нагласи „опширноста и насоките ...

Со две соби долу, две горе… Така изгледа скромната куќа со тераси во лондонската населба Бромли, каде што пораснал Дејвид Боуви, британската музичка икона. Личи на многу други домови, но меѓу овие четири ѕидови има многу музичка историја. Куќата во јужен Лондон, каде што Боуви живеел од своите осум до 20 години, е преземена од Фондацијата за наследство во Лондон и моментно е во процес на реставрација, со цел да биде отворена за јавноста во ...

Унгарскиот репрезентативец Доминик Мате е едно од најголемите имиња кои го ставиле потписот за ГРК Охрид. Дваесет и седумгодишниот ракометар игра на позицијата десен бек (202 cm, 108 kg) и ќе го носи дресот со број 23 следната сезона. – Мило ми е што ќе го облечам дресот на ГРК Охрид. Од првиот разговор бев импресиониран од проектот и плановите за идниот период. Едвај чекам да ги запознам фановите, се надевам дека ќе играм клучна улога во ...

Под влијание на циклонска активност од денес ќе има врнежи од дожд кои попладне и во текот на ноќта во јужните и западните подрачја ќе бидат пообилни, поточно ќе наврнат и над 20 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса, на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, а во текот на ноќта, повремено силен ветер кој ќе достигнува брзина и над 70 km/h, особено во североисточните делови. ...

По повод 65-годишнината од раѓањето и повеќе од 40 години творештво на прозаистот и драмски автор Блаже Миневски, издавачката куќа „Матица македонска“ објави нов том од избраните дела на авторот – романот „Црна лисица“. -Ова издание се вбројува и меѓу значајните дела од македонската книжевност со коишто првата издавачка куќа во самостојна Македонија, „Матица македонска“, го чествува и својот јубилеј, 35-годишнината од основањето. Романот ...

Популарното списание Archaeology Magazine, едно од најчитаните во светот во областа на археологијата, објави прилог за неолитските антропоморфни модели на куќи од Македонија. Центарот за истражување на предисторијата соопшти дека вклучување македонски артефакти во списанието е врвна афирмација за нашето културно наследство. – Во најновиот број на Archaeology Magazine е објавен напис за древните модели на куќи во светот, со посебен осврт на ...

Априлската програма на Кинотеката на Македонија ќе опфати филмски проекции во рамки на „Неделата на франкофонијата“, како и програма на македонски филмови, меѓу кои ќе биде прикажан и првиот долгометражен игран филм на македонски јазик – „Фросина“, а значаен сегмент во програмата, соопшти Кинотеката, е посветен на македонскиот документаризам „и неговите поетски и историски импулси“. -Краткиот филм „Охридско Езеро“, првиот домашен документарен ...

„Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и нацијата“ е новата книга на проф. д-р Ганка Цветанова, која ќе биде промовирана на 6 април напладне во Музејот на македонската борба. Промотори на книгата ќе бидат академик Катица Ќулавкова и проф. д-р Константин Миноски. Книгата „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и нацијата“ е новата книга на проф. д-р Ганка Цветанова, во ...

Креативни маски, игри, песни и многу шеги можеа да се забележат денеска во Паркот на револуцијата во Кочани, по повод одбележувањето на 1 април, Денот на шегата. Цветчиња, пчели, пеперутки, принцези, муви и главни ликови од цртаните филмови продифилираа низ улилиците во Кочани. Манифестацијата „Априлијада“ се одржа пред платото на Центарот за култура „Бели Мугри“, а со ритмички точки се претставија дечињата од Детската градинка „Павлина ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, учествуваше на настанот „Традиции што нè поврзуваат: Градејќи ја иднината заедно“, кој се реализира во рамки на програмата „Суперучилишта“ – иницијатива на земјите од Западен Балкан насочена кон зближување на младите, нивно поврзување надвор од границите и создавање трајни пријателства. Настанот се одржа во СУГС „Јосип Броз Тито“ – Скопје, како училиште домаќин, во ...

Истражувачи откриле мала генетска мутација присутна кај помалку од еден процент од популацијата која им овозможува на одредени луѓе да се разбудат целосно одморени по само четири до пет часа сон. Според научните сознанија, оваа мутација влијае на генот ДЕЦ2 (DEC2) кој е главен за регулирањето на циклусот на спиење и будење, како и за одредувањето на ефикасноста со која мозокот се обновува за време на одморот. Додека кај поголемиот дел од ...

Природните дијаманти се формираат во текот на милијарди години под екстремни притисоци и температури длабоко под земјата. Синтетичките облици на скапоцениот камен можат да се произведат многу побрзо, но и тој процес обично сè уште бара интензивно обликување коешто трае до неколку недели. Тим истражувачи, предводен од Институтот за основни науки во Јужна Кореја, сега создадоа дијамант за 150 минути, со помош на новата технологија, објави ...

Шефот на делегацијата на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, го коментираше неуспехот на тимот да се квалификува за Светското првенство во 2026 година по нивниот пораз од Босна и Херцеговина во последниот плејоф натпревар (1:1, пенали – 1:4). – Ова е деликатен момент. Ни треба време да ја процениме ситуацијата. Сезоната завршува во јуни, па затоа е исправно и фер кон Федерацијата, претседателот и сите што ни веруваа ако ...

Селектор на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа впечатоците за триумфот над Италија (1:1 4:1 на пенали) синоќа во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Нашата репрезентација имаше некои проблеми на почетокот на првото полувреме. Ни недостасуваше организација, не бевме таму каде што требаше да бидеме и не можевме да се справиме со противникот. Затоа дозволивме многу контранапади. Но, верувавме во себе од првата минута и ...

Бошњаците од Скопје и околните места се организираа во поголем број и во Стара чаршија во духот на заедништвото и спортот, заедно со сите останати граѓани, ги бодреа босанските репрезентативци, познати кај навивачите и како „Змејови“ во натпреварот против Италија, кој се одигра синоќа на стадионот во Зеница. Во регуларните 90 минути, резултатот беше нерешен (1:1), по што следуваа две продолженија по 15 минути, кои завршија без погодок, за на ...

Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ – соопшти градоначалникот Бобан Стефковски. – Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба – објави градоначалникот на „Фејсбук“. Според објавата на градоначалникот, објектот ...

Портланд ги победи Лос Анџелес клиперси утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 114:104. Гостите клучната предност ја остварија во втората четвртина која ја добија со 28:15. За Клиперс ова е прв пораз по петте врзани победи. Резултати на другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта вторник кон среда: Орландо – Феникс 115:111 Бруклин – Шарлот 86:117 Детроит – Торонто 127:116 Хјустон – Њујорк 111:94 Милвоки – ...

Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница. Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. „Азурите“ ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97