Еврокомесарката за проширување Марта Кос изјави во Белград дека Србија има многу да и понуди на Европа и дека во разговорот со премиерот Ѓуро Мацут ги поканила да работат заедно на реформите за да биде можно членството на Србија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград. „Сега имаме можност што се случува еднаш во генерацијата да го завршиме обединувањето на Европа. Не станува збор само за проширување. Многу земји-кандидатки сфатија дека е ...

Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница треба да го овласти претседателот на партијата Венко Филипче да бара партнери за соработка од албанскиот блок за локалните избори што треба да се одржат наесен. Филипче во интервју за Алсат - М на прашање со кои од партиите од албанскит блок СДСМ би можел да соработува и со кој е поблизок, не прецизираше, туку само рече дека соработка ќе има со оние со кои делат исти вредности и принципи и со кои ...

Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект. Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди. Како што изјави лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на Вреди ќе бидат конституирани и другите органи на раководството. -Претседателството на Влен е првиот заеднички орган ...

Собранието вечерва ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ. Базирана е на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени. Расправата ја одбележаа меѓусебни обвинувања за ...

Опожарена е викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкциите Александар Пандов во скопското село Орешани. Од МВР за МИА потврдија дека вечерва, во 18:45 часот во СВР Скопје А.П.(54) од Скопје пријавил дека била опожарена неговата викенд куќа во скопско Орешени. Полицијата, како што наведуваат, презема мерки за расчистување на случајот. За случајот на Фејсбук вечерва информира и сподели видео и директорот на Управата за ...

Голем народен собир ќе се одржи во Ниш од 16 до 18 мај, објавија белградски медиуми. На собирот ќе се обрати претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а ќе присуствуваат и гости од странство. Датумите ги потврди самиот Вучиќ, кој рече дека потоа ќе им се обрати на „мнозинството граѓани, пристојни луѓе“. „Очекувам дека ќе имаме пријатели од странство, кои ни се идеолошки блиски, и кои ќе се приклучат на тој собир“, рече тој. „Потоа ќе ...

Џиро д’Италија, еден од најважните настани во светскиот велосипедизам, за првпат во историјата годинава ќе започне од Албанија, при што од 9 до 11 мај, Драч, Тирана и Валона ќе бидат градовите што ќе бидат домаќини на професионални велосипедисти, со што Албанија ќе стане дел од овој голем спортски спектакл, објави албанскиот премиер Еди Рама. Според него, трката ќе понуди извонредна можност за промоција на природните убавини на земјата, ...

Косовското собрание денеска не успеа да ја избере Албуљена Хаџиу за претседател на Парламентот, дури ни по шестиот обид. За време на гласањето, Хаџиу доби поддршка од 54 пратеници, 44 беа против, а три лица беа воздржани. За нејзе гласаа пратениците на Самоопределување, како и пратениците на малцинските заедници, освен Адем Хоџа кој гласаше против. Пратеничката Дуда Баље, која досега гласаше против, не учествуваше на седницата. Пратениците од ...

Теми на разговор на еврокомесарката за проширување Марта Кос со нејзините домаќини во Белград ќе бидат европскиот пат на Србија и актуелната политичка ситуација во земјата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за проширување, меѓународни партнерства и Медитеранот, Гијом Мерсие во одговор на новинарско прашање дали Кос со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе разговара за неговото претстојно патување во Москва на 9 мај и за сите ...

Милијардерот и сопственик на компанијата „Икс.аи“, Илон Маск, го најави објавувањето на бета-верзијата на моделот за вештачка интелигенција (ВИ) „Грок 3.5“, кој ќе може прецизно да одговори на сложени технички прашања, вклучувајќи ги и тие за ракетна наука и електрохемија. „Следната недела, „Грок 3.5“ ќе биде во рана бета-верзија, достапен само за претплатници на СуперГрок. Ова е првата вештачка интелигенција што може точно да одговори на ...

За балетската уметност потребна е храброст и трпение. Патот до успехот е долг и тежок. Постојат денови кога сме уморни или повредени. Токму затоа, потребно е да имаш љубов кон оваа професија и да ја работиш секојдневно. Најважна е желбата за напредување и да бидеме искрени на сцената, вели во интервју за МИА Роксан Стојанов, балерина со македонско потекло, која е добитничка на наградата „Менада“ за врвни достигнувања во областа на танцот, на ...

Многу сум среќен за признанието кое го добив, и што се вмешав во доајените на кинематографијата на Македонија. Ова не е признание само за мене, туку и за сите кои работеа со мене. Имав многу добра екипа до мене за која сум многу благодарен, посочи денеска светло-мајсторот Петар Богоевски, откако денеска му беше врачена наградата на Кинотека „Златен објектив“. Ова признание Кинотеката го доделува на филмски автори и културни работници кои преку ...

Министерството за култура и туризам информира дека од вкупно 123 институции од областа на културата, изработени се платите на вработените од 74 национални и 49 локални. Оттаму потенцираат дека не се точни обвинувањата на Синдикатот на културните работници на Македонија (СКРМ) дека Министерството не ги изработило платите на локалните институции. - Министерството за култура и туризам веднаш ги пресметува платите онака како што се доставуваат од ...

Општина Ѓорче Петров доби напредна технолошка опрема за еколошки мониторинг и справување со ризици од природни непогоди, благодарение на проект финансиран од Европската Унија во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка (2021–2027). Проектот се спроведува во партнерство со Општина Хани и Елезит, Министерството за животна средина и просторно планирање на Косово, Меѓународниот институт за развој и истражување „Д-р Југослав Ачкоски“ и ...

Извршните директори на НОМАГАС Мухамед Елмази и на грчкиот оператор за пренос на природен гас ДЕСФА Мариа Рита Гали на маргините на деветтиот Балкански Енергетски Самит во Атина претпладнево потпишаа Меморандум за разбирање, со кој ја продлабочуваат соработката насочена кон зајакнување на регионалната енергетска поврзаност и сигурноста на снабдување со енергија, јави дописничката на МИА од Атина. Меморандумот е врз основа на долгогодишната ...

Поранешниот играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, дава лоша оценка за целокупната кампања на тимот. Екипата на Рубен Аморим разочара на домашната сцена, но е полуфиналист во Лигата на Европа и има шанса да стигне до трофеј. -Манчестер Јунајтед беше целосен неуспех во Премиер лигата оваа година. Тешко е да се гледаат, а повторно беа лоши против Борнмут. Лигата Европа им даде здив на свеж воздух. Но, освојувањето на неа нема да ...

Лондонски Челси е подготвен да се раздели со Весли Фофана во текот на летото, објави „Футмеркато“. Олимпик Марсеј покажува интерес за францускиот дефанзивец. Фофана одигра само 14 натпревари за „сините“ во сите натпреварувања откако пристигна во клубот во летото 2023 година, а серијата повреди сериозно ги ограничија неговите настапи за тимот. И самиот играч размислува да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по завршувањето на тековната сезона и да се ...

Лидерот во Формула 1, Оскар Пјастри, изјави дека би сакал да учествува во Светското првенство во издржливост (ВЕЦ) и конкретно во трката 24 часа Ле Ман, но само по завршувањето на неговата кариера во Формула 1. Последниот активен возач на Формула 1 што стартуваше на патеката „Сарт“ беше двократниот светски шампион Фернандо Алонсо во 2018 година. Три години претходно, Нико Хулкенберг го стори истото, двајцата победија на Ле Ман. За Алонсо, ова ...

Вилијам Салиба е новата трансфер цел на Реал Мадрид. „Марка“ тврди дека францускиот централен дефанзивец на Арсенал е идентификуван како „избраниот“ што ќе ја предводи идната нова одбрана на „белиот балет“ по разочарувачката сезона. Главниот скаут на Мадрид, Јуни Калафат, го следи 23-годишниот дефанзивец „веќе долго време“. Салиба минатото лето потпиша нов долгорочен договор со Арсенал, но би можел да им се придружи на суперѕвезди како Килијан ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно продолжување на едностраното тридневно примирје, кое рускиот претседател Владимир Путин го најави за почетокот на мај, од 8 до 20 мај. Москва ја виде понудата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но прво треба да се разјаснат голем број прашања, рече Песков. -Без одговори на тие прашања, тешко е да се склучи долгорочно примирје, рече Песков, ...

Во текот на изминатата деценија над 72.000 лица се загинати или исчезнати долж миграциските маршрути низ целиот свет, од кои повеќето сео земји погодени од кризи, соопштија денеска Обединетите нации. Најголем број смртни случаи на мигранти се регистрирани минатата година, а долж миграциските патишта лани загинале најмалку 8.938 лица, покажуваат податоците на агенцијата за миграција на ОН (ИОМ). -Овие бројки се трагичен потсетник дека луѓето ги ...

Компанијата United Parcel Service (УПС) годинава планира да укине околу 20.000 работни места и да затвори 73 објекти, откако во јануари значително го намали обемот на работа со својот најголем клиент Амазон, кој учествуваше со 12 отсто од приходите на УПС, јави денеска „Волстрит журнал“. Компанијата е доставувач на пратки со најголеми приходи во светот и вработува околу 490.000 луѓе. Таа лани затвори 11 објекти и отпушти 12.000 работници. ...

Шпанските власти ќе ги истражат причините за вчерашниот неколкучасовен прекин во напојувањето со електрична енергија, што ја погоди и Португалија и делови од Франција, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез, а експертите не веруваат дека станува збор за кибер напад. -Ќе бидат преземени сите потребни мерки за ова да не се случи повторно, рече Санчез на прес-конференција, најавувајќи формирање истражна комисија која ќе биде контролирана од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека верува оти ја спасува Украина и дека верува оти ако војната со Русија продолжи, оваа земја многу брзо ќе биде уништена. -Мислам дека ја спасувам оваа нација. Мислам дека оваа нација наскоро ќе биде уништена. Тоа е голема воена машинерија, рече Трамп во интервју за порталот Атлантик, по повод првите 100 дена од мандатот на американскиот претседател. Тој потсети дека за време на неговиот ...

Во Куманово во близина на гимназијата „Гоце Делчев“, наредната недела ќе се одржи седмиот по ред „Графити фест“, информираа денеска организаторите од здружението „Форма“. Меѓународниот фестивал обединува уметници, цртачи на графити и мурали од земјава и Европа. -Фестивалот ќе се одржи од 7 до 10 мај. Ќе учествуваат македонски, уметници од Балканот, но и од Германија, Италија, Шпанија, Грција, Полска европски држави. И годинава им оставаме ...

Времето утре наутро ќе биде ведро и посвежо, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени. Во четврток попладне и во петок ќе има услови ...

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, пренесува „Relevo“. Новиот договор на Белгиецот ќе важи до летото 2028. Клубот ќе направи исклучок за 32-годишниот голман од правилото според кое Реал Мадрид ги продолжува договорите само на една сезона со играчи постари од 30 години. Куртоа игра за Реал Мадрид од август 2018. Сезонава одигра 43 натпревари во сите натпреварувања, прими 48 гола и ја задржа 14 ...

Раководството на Барселона ги продолжува преговорите со тренерот Ханси Флик за нов договор. Според инсајдерот „Фабрицио Романо“, договорот ќе биде склучен во мај. Германскиот фудбалски стручњак сака да остане во клубот. Барселона планира да го продолжи договорот на Флик до јуни 2027 година со опција за продолжување на уште една сезона. Барселона е лидер во Ла Лига со 76 бодови. Во саботата, Каталонците го победија Реал Мадрид (3:2 по ...

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, би можел да ја преземе функцијата менаџер на Рома, пишува „Sky Sport“. Управата на „Римската волчица“ го вклучила 37-годишниот Шпанец во потесниот круг на можни замени за Клаудио Раниери, кој ќе работи со тимот до крајот на сезоната. За место во Рома се борат и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли (Ајакс) и Патрик Виеира (Џенова). Фабрегас е на чело на Комо од летото 2024. Под негово ...

Фудбалерот на Баерн Минхен, Лирој Сане ја одбил понудата да му се приклучи на клубот од Саудиска Арабија Ал-Итихад, објави „Sky Sports“. Се известува дека Ал-Итихад на играчот му понудил четиригодишен договор за вкупно 100 милиони евра, но Сане избрал да остане во Баерн и планира да потпише нов договор со клубот. Во следните две недели се очекува Сане да склучи нов договор со Баварците со важност до 2028 година. Според условите на договорот, ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
6.69
75%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
92%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
70%
1016
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.82
92%
1017
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.89
96%
1016
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1007
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1010
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1011
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
5.66
89%
1016
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
0.89
92%
1016
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
7.2
94%
1007
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Никел

473258.99

Сребро

1876.20

Злато

134976.58

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Бакар

10.96

Родиум

255598.44

Цинк

3.22

Паладиум

46361.38

Рутениум

29192.88

Платина

52864.82