Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Природните дијаманти се формираат во текот на милијарди години под екстремни притисоци и температури длабоко под земјата. Синтетичките облици на скапоцениот камен можат да се произведат многу побрзо, но и тој процес обично сè уште бара интензивно обликување коешто трае до неколку недели. Тим истражувачи, предводен од Институтот за основни науки во Јужна Кореја, сега создадоа дијамант за 150 минути, со помош на новата технологија, објави ...
Шефот на делегацијата на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Буфон, го коментираше неуспехот на тимот да се квалификува за Светското првенство во 2026 година по нивниот пораз од Босна и Херцеговина во последниот плејоф натпревар (1:1, пенали – 1:4). – Ова е деликатен момент. Ни треба време да ја процениме ситуацијата. Сезоната завршува во јуни, па затоа е исправно и фер кон Федерацијата, претседателот и сите што ни веруваа ако ...
Селектор на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез, ги искажа впечатоците за триумфот над Италија (1:1 4:1 на пенали) синоќа во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Нашата репрезентација имаше некои проблеми на почетокот на првото полувреме. Ни недостасуваше организација, не бевме таму каде што требаше да бидеме и не можевме да се справиме со противникот. Затоа дозволивме многу контранапади. Но, верувавме во себе од првата минута и ...
Бошњаците од Скопје и околните места се организираа во поголем број и во Стара чаршија во духот на заедништвото и спортот, заедно со сите останати граѓани, ги бодреа босанските репрезентативци, познати кај навивачите и како „Змејови“ во натпреварот против Италија, кој се одигра синоќа на стадионот во Зеница. Во регуларните 90 минути, резултатот беше нерешен (1:1), по што следуваа две продолженија по 15 минути, кои завршија без погодок, за на ...
Во населбата Ченто, општина Гази Баба, денеска ќе биде пуштен во употреба Домот на културата „11 Октомври“ – соопшти градоначалникот Бобан Стефковски. – Она што со децении беше празнина, денес станува симбол на нов почеток. Ова не е само објект. Ова е дом за идеи, за уметност, за младите, за иднината. Ова е срцето што повторно чука за Ченто и за цела Гази Баба – објави градоначалникот на „Фејсбук“. Според објавата на градоначалникот, објектот ...
Портланд ги победи Лос Анџелес клиперси утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА со 114:104. Гостите клучната предност ја остварија во втората четвртина која ја добија со 28:15. За Клиперс ова е прв пораз по петте врзани победи. Резултати на другите натпревари од НБА-лигата играни ноќта вторник кон среда: Орландо – Феникс 115:111 Бруклин – Шарлот 86:117 Детроит – Торонто 127:116 Хјустон – Њујорк 111:94 Милвоки – ...
Селекторот на Италија, Џенаро Гатузо, го коментираше поразот од Босна и Херцеговина (1:1, 1:4 на пенали) во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Италијанскиот тим не го заслужи ова. Покажавме страст, игравме со десет играчи од 40. минута… тажни сме, но тоа е фудбалот. Горд сум на мојот тим. Но, во моментов е болно, изјави Гатузо по мечот во Зеница. Италијанскиот тим ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. „Азурите“ ...
Селекторот на Шведска, Греам Потер, го коментираше триумфот од 3:2 над Полска во плејофот за Светското првенство во 2026 година. – Неверојатна вечер. Да се биде дел од тоа беше едноставно воодушевувачки. Огромна чест и неверојатно искуство. Многу сум среќен за тимот. Беше тешко, но неверојатно сум горд на тимот. Беше драматичен натпревар, беше тешко да се контролираат емоциите и она што беше во прашање. Имаме талентирани играчи во тимот, но ...
Времето денеска под влијание на циклонска активност ќе биде врнежливо, а наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Од УХМР информираат дека поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 12 ...
„Вечерњи лист“ Лекарите од КБЦ Риека, со примена на нов метода – хипербарична оксигенотерапија (ХБОТ) – успешно ги санирале здравствените компликации што настанале како последица од лекувањето на примарната болест кај пациентка со тумор на жолчните канали, соопштија од КБЦ Риека. Ведрана Рудан, позната хрватска писателка, е првата пациентка кај која е применета ХБОТ методата за лекување на компликации настанати како последица од лекувањето на ...
Втор пат во период од години, Лас Вегас ќе биде домаќин на Супербоул изданието во 2029, одлучено е денеска на состанокот на сопствениците на НФЛ во Феникс. Претходно, Лас Вегас беше домаќин на најголемиот годишен спортски настан во САД во 2024 година, кога Канзас Сити триумфираше над Сан Франциско со 25-22. „Возбудени сме што го враќаме Супербоулот во Лас Вегас и им нудиме на нашите фанови уште едно неверојатно искуство во една од најголемите ...
Ќерките на Ендру Маунтбатен-Виндзор, принцезите Беатрис и Евгенија, годинава нема да присуствуваат на традиционалната велигденска служба на кралското семејство, соопшти кралски извор близок со дворецот. „Кралскиот инсајдер нагласи дека одлуката е лична и дека кралот Чарлс не ја побарал“, пренесуваат британските медиуми. Минатата година, принцезите беа присутни заедно со кралот Чарлс, принцот Ендру и неговата поранешна сопруга, Сара Фергусон, ...
Кевин Де Брујне, фудбалерот од средниот ред на Наполи, коментираше за својата иднина со белгиската репрезентација. – Немам планови да се пензионирам од репрезентацијата по Светското првенство 2026. Сè додека се чувствувам добро, ќе продолжам да играм за националниот тим, изјави Де Брујне за „Трајбал Фудбал“. На Светското првенство, Белгија ќе игра во група со Египет, Иран и Нов Зеланд. Триесет и четиригодишниот играч од средниот ред одигра ...
Клупска суспензија му се заканува на Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач не се појави на тренингот на Наполи и покрај тоа што се повлече од репрезентативните обврски поради повреда, соопшти денеска калчолигашот од Неапол. Наполи потврди дека Лукаку не се појавил на клупскиот тренинг, најавувајќи можни дисциплински мерки против белгискиот напаѓач. Лукаку не отпатува со белгиската репрезентација на подготвителните натпревари во САД за да ...
Истражувачи од Универзитетот во Нов Јужен Велс во Сиднеј објавија преглед на докази што сугерираат дека вејпингот, веројатно, предизвикува рак на белите дробови и усната празнина повикувајќи ги регулаторите веднаш да дејствуваат за да ги заштитат луѓето, особено децата. Прегледот вклучуваше студии на животни, извештаи за човечки случаи и лабораториски истражувања објавени помеѓу 2017 и 2025 година, објави „Гардијан“. Утврди дека електронските ...
„Речиси шест децении откако легендарниот пејач и автор Боб Дилан ја напишал песната „Мене ме нема таму“ (I’m Not There), пронајдена е искината страница со работната верзија на текстот, вметната во примерок со мек повез од книга на американскиот поет Ален Гинзберг“, соопшти аукциската куќа Омега аукшнс (Omega Auctions). Како што наведуваат од Омега аукшнс, станува збор за исклучително редок работен нацрт“, кој нуди редок увид во креативниот ...
Канадската пејачка Селин Дион, вчера на денот на својот 58 роденден, преку видеопорака снимена пред Ајфеловата кула, најави враќање на сцената во Франција по повеќе од шест години отсуство, пренесе француската телевизија БФМ (BFM TV) Враќањето на сцената доаѓа две години откако Дион настапи на церемонијата на отворањето на летни олимписки игри 2024, и покрај тоа што се соочува со синдром на вкочането тело – неизлечива невролошка болест која ...
Холивудскиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер доби почесен докторат од Универзитетот Алстер во Белфаст. Тој притоа се потсети на својата прва посета на градот пред 60 години, кога бил 19-годишен бодибилдер кој се учествувал на натпревар во 1966 година, пред да го направи своето актерско деби во филмот „Херкул во Њујорк“ од 1970 година, објави „Скај њуз“. – Прекрасно е да се вратиш во Северна Ирска и да имаш ...
Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА се подготвува да ја лансира својата прва мисија со екипаж на Месечината по повеќе од 53 години, пренесуваат американските медиуми. Имено, првата мисија од програмата „Артемис“ е клучен пробно-подготвителен лет како дел од пошироките лунарни цели и напорите на Соединетите Американски Држави да ја потврдат својата водечка позиција во денешната „вселенска трка“ и покрај ...
Новиот соло албум на Пол Мекартни би требало да излезе во мај, а во него британскиот музичар и поранешен член на „Битлси“ го опишува своето детство во Ливерпул. Насловот на албумот, The Boys of Dungeon Lane („Момците од Данџен лејн“), се заснова на стих од синглот Days We Left Behind („Деновите што ги оставивме зад себе“), објавен минатата недела. – Токму за тоа размислував – за деновите што останаа зад мене и често се прашувам дали само ...
Организаторите на музичкиот натпревар „Евровизија“ објавија дека првото азиско издание на меѓународниот музички натпревар ќе се одржи на 14 ноември во главниот град на Тајланд, Бангкок. Правилата за новиот натпревар сè уште не се објавени. На европскиот натпревар, националните радиодифузери избираат изведувачи кои ќе настапат со оригинална песна долга до три минути на сцената. Инаку, првите 10 земји учеснички на азиското издание се Јужна ...
Оклахома сити ноќеска го победи Детроит пистонс во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата со 114:110. Канадскиот бек на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александар, беше најефикасен на натпреварот со 47 поени. Оклахома Сити ја запиша својата трета победа по ред. Тимот е лидер во Западната конференција (60-16 победи-порази). Детроит е на првото место во Источната конференција (54-21). На другите натпревари во најсилната кошаркарска лига на ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека организацијата нема резервни планови за учеството на иранската репрезентација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико. – Живееме во реалниот свет и разбираме колку е тешка ситуацијата за иранската репрезентација, но работиме и ќе се погрижиме тие да ги играат своите натпревари на Светското првенство во најдобри можни услови. Нема план Б, Ц или Д – само план А. Живееме во сложен ...
Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Карло Анчелоти, верува дека тимот треба да се подобри во одбраната. – Очигледно треба да се подобриме. Имаме јасна идеја што сакаме да направиме на Светското првенство. Треба да останеме смирени и собрани, бидејќи целиот тренерски персонал и Бразилската фудбалска конфедерација се убедени дека сме на вистинскиот пат и на вистинското место. Мислам дека досега завршивме добра работа. Во добра ...
Ото Адо е отпуштен од функцијата селектор на репрезентацијата на Гана, објавено е на веб-страницата на Фудбалската асоцијација на Гана (GFA). – Фудбалската асоцијација на Гана (GFA) изразува искрена благодарност до Адо за неговиот придонес во тимот и му посакува успех во неговите идни напори. GFA ќе објави нов селектор навреме, се вели во соопштението. Овој месец, Гана загуби од Германија (1:2) и Австрија (1:5) во пријателски натпревари. ...
Манчестер јунајтед е блиску до постигнување договор со дефанзивецот Хари Мегваер за продолжување на договорот, објави „ESPN“, повикувајќи се на клупски извор. Продолжениот договор на 33-годишниот Англичанец најверојатно ќе биде една година, односно до 2027 година, со опција за уште една сезона, што би можело да го задржи на „Олд Трафорд“ до јуни 2028 година. Сегашниот договор на Мегваер истекува во 2026 година. Преговорите меѓу неговите ...
Поранешниот капитен на бугарската репрезентација и долгогодишен претседател на Фудбалската федерација на Бугарија (БФУ), Борислав Михајлов, почина денеска во Софија, на 63-годишна возраст. Михајлов беше хоспитализиран од ноември минатата година, кога доживеа мозочен удар, а последните неколку недели беше во кома. На Светското првенство во1994 година, Михајлов беше голман на бугарската репрезентација што стигна до полуфиналето и на крајот ...
Заедничката заложба за заштита и одржлив развој на Преспанскиот Регион била потврдена на денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас. На средбата, како што информираат од МЖСПП, било истакнато дека Европската Унија останува силно посветена на зачувување на Преспа паркот преку нови и засилени активности насочени кон заштита на неговиот ...
Афирмирање на детскиот труд пред се на децата со попреченост, односно со аутизам е целта на инклузивниот креативен проект „Длабоко во себе“ во рамки на кој тие на работилници изработија 50 графики во техника монотипија, поставени на изложба по повод Меѓународниот ден на лицата со аутистичен спектар на нарушување, која е отворена од денеска до 5 април во објектот Чифте амам при Националната галерија на Македонија. Ова за МИА го изјави ...
Со гостувања на Словенечкото народно гледалиште (СНГ) од Марибор и на Црногорското народно позориште од Подгорица, Македонскиот народен театар (МНТ) ја проширува роденденската програма по повод 81 година од постоењето. Отворањето кон Европа и регионот, како што беше истакнато на денешната прес-конференција, е суштинска потреба за МНТ да остане релевантна националната институција во современиот театарски контекст. Директорот на МНТ, Никола ...