Екипата на Црвена ѕвезда забележа важна победа синоќа на гостувањето кај Басконија во 33. коло на кошаркарската Евролига. Натпреварот заврши со резултат 108:100 по дополнителни пет минути, откако основните 40 завршије нерешено 91:91. Монеке со 22 поена беше најефикасен во победничкиот тим, кај домаќините се истакна Форест со 31 постигнат поен. „Црвено-белите“ сега имаат 19 победи и 14 порази и се наоѓаат на 9. место. Баскијците останаа на ...

Минесота ноќеска на домашен терен го победи Хјустон во натпревар од регуларната сезона на НБА дома со 110:108, по продолжението. Минесота заостануваше со 95:108 во продолжението. Сепак, на крајот го надмина дефицитот од 13 поени и победи. Ниту еден друг НБА тим не надминал толку голем дефицит во продолжението откако лигата почна да води детална статистика во сезоната 1997/98. Минесота е петта на табелата во Западната конференција со рекорд од ...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги негираше извештаите дека медицинскиот персонал на клубот по грешка го третирал здравото колено. Новинар од францускиот „RMC Sport“, пред два дена објави дека во декември 2025 година, Реал Мадрид не успеал да открие делумно кинење на лигаментите на левото колено на играчот, бидејќи наместо тоа го скенирале неговото здраво десно колено. Мбапе одигра три натпревари за тимот пред конечно да му биде ...

Азиската фудбалска конфедерација (AFC) ја одложи жрепката за финалето на Азискиот куп во 2027 година. Настанот првично беше закажан за 11 април во Ријад. АФЦ појасни дека одлуката за одложување на ждрепката е донесена од безбедносни причини. Завршницата на АФЦ Азискиот куп е закажана за периодот 7 јануари – 5 февруари 2027 година во Саудиска Арабија. Претходно, поради ситуацијата на Блискиот Исток, натпреварите од Азиската лига на шампиони ...

Евертон размислува за правна постапка поради санкциите на Премиер лигата против Челзи за финансиски малверзации, објавува Гардијан. Според британскиот медиум, претставниците на Евертон се подготвуваат да побараат објаснување на суд зошто Челзи избегна сериозни спортски казни, ако што тоа беше случај со нивниот клуб. Челзи беше казнет со 10,75 милиони фунти и доби условна забрана за трансфери откако доброволно откри претходно непријавени ...

Министерството за внатрешни работи односно Секторот за внатрешни работи Велес деновиве поставува камери на главните улици на Велес. Се врши монтажа на каблите, металните сандачиња, столбовите и камерите. Според првичните информации од претставник на СВР Велес на една од последните седници на Општина Велес, стартот на „Безбеден град“ во Велес се најавува кон крајот на јули годинава. Како што информираат од СВР Велес, приоритетот за поставување ...

Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“ за 2026 година се доделува на Атила Клинче, актер во пензија од Театар на народностите-Турска драма. Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко, паричен износ од 30.000 денари и цветен аранжман. Наградата на актерот Атила Клинче, ќе му биде врачена на пригодна свеченост на отворањето Фестивалот на комедија „5-РЕ“,утревечер во 20 часот на сцената на велешкиот театар „Јордан Хаџи ...

Битолскиот оркестар DIVA денес го најави новиот музичко-сценски проект инспириран од една од најголемите музички икони на сите времиња Фреди Меркјури (Freddie Mercury). Станува збор за прв целосно македонски мјузикл, проект што на едно место ги спојува музиката, сцената и приказната за човекот кој остави неизбришлива трага во светската музика. Во проектот учествуваат Владимир Димовски – диригент, продуцент и оркестратор на проектот, Бојан ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска, во Собранието, одговори на пратеничко прашање поставено од Сања Лукаревска, при што се осврна на актуелните мерки во земјоделскиот сектор, со посебен акцент на оризопроизводството. Mинистерот Трипуновски истакна дека протестите организирани минатата сабота од опозицијата се обид за политичка манипулација нагласувајќи дека токму тие што денес критикуваат во ...

Општина Охрид денеска започна со реализација на градежните активности за асфалтирање на улици во населените места Горно и Долно Лакочереј, во рамки на проектот за изградба на примарна канализациска мрежа. Како што појасни градоначалникот Кирил Пецаков на својот профил на социјалните мрежи, се работи за асфалтирање на улична мрежа со вкупна должина од 700 метри и ширина од 4,5 метри. -Се поставуваат два слоја асфалт (7 + 5 см), согласно ...

Сто субвенции ќе одобри Општина Гевгелија за своите жители, за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Ваква предлог одлука едногласно изгласаа советниците на последната седница на општинскиот Совет. Според образложението дадено од општинската администрација, оваа година одлуката која се усвојува четири години по ред, се надополнува со набавка на електрични тротинети. За таа намена, од буџетот на Општината ќе се предвидат 500.000 ...

На територија на Општина Пробиштип забележено е труење на бездомни животни и домашни миленици. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски го осудува овој настан и посочи дека случајот е пријавен во Полициската станица. Општина Пробиштип оваа година на граѓаните им нуди и за прв пат субвенции за стерелизација на домашните миленици. -Ние како институција ги викнавме оштетените луѓе, дојдоа на разговор. Ги информиравме претставниците на ...

По повод 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Македонија и Денот на крводарителството, во Општина Ѓорче Петров, во соработка со Црвениот крст, денеска беа доделени благодарници и признанија на крводарители и поддржувачи на хуманитарните активности. Како што соопштија од Општината, станува збор за граѓани кои не бараат внимание, но секогаш се тука кога е најпотребно – луѓе кои со својата хуманост директно спасуваат ...

Најстудено утрово е на Попова Шапка, -3 степени, а максимални 8 степени се измерени во Штип и Виница. На Попова Шапка има и 53 сантиметри снег. Според УХМР, до 8:30 часот се измерени и -1 степен во Берово, 0 во Битола и Kрушево, 1 во Скопје – Петровец, Тетово, Охрид, Прилеп и Mаврови Анови, 2 во Крива Паланка и Претор, 3 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија, 4 во Велес и Кавадарци, како и 5 степени во Демир Капија, Времето денеска ќе ...

Утре се очекуваат повремени врнежи од дожд, наместа пообилни, со количина над 20 литри на квадратен метар, а можни се и ретки појави на грмежи. На повисоките места дождот ќе преминува во снег, а на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна покривка – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8, а максималната ќе достигне од 4 до 15 степени. За време на викендот времето ...

Под покровителство на Амбасадата на Австрија во Скопје вечер во фоајето на Македонската опера и балет ќе се одржи Австриска вечер на камерна музика. -Замислете ноќ исполнета со елеганција, мир и врвна уметност. Моцарт, Хајдн и Шуберт се композитори чие творештво не старее, туку од година в година се продлабочува и ја зголемува својата вредност. Во секојдневието исполнето со обврски, стрес и брзо темпо на живот, ретко си дозволуваме момент за ...

„Рапсодија“ е насловен концертот на Македонската филхармонија кој ќе се одржи вечер, на кој како солистка ќе настапи виолинстиката Ава Бахари од Шведска, а диригентка е Бар Авни од Израел. Како што информираат од Македонската филхармонија, на програмата се Симфониска поема „Златното вретено“, оп. 109 од Антонин Дврожак, Поема за виолина и оркестар, оп. 25 од Ернест Шосон, Рапсодија за виолина и оркестар од Морис Равел и „Кармен суита“ од ...

Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на македонското пијано трио „30 прсти“, кој ќе се одржи денеска во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул. Триото „30 прсти“, составено од пијанистите Марија Вршкова, Весна Ангелова Христов и Петар Макариевски, е прв и единствен состав од ваков тип во Македонија. Триото е основано во 2015 година и континуирано настапува на домашната и ...

Првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“ во режија на Гоце Цветановски ја освои наградата за најдобар анимиран филм на Фестивалот за научно-фантастични филмови во Мајами (MiSciFi). Се работи за еден од најзначајните жанровски фестивали во САД посветени на научната фантастика, фантазијата и хоророт. „Јон Вардар против галаксијата“ досега беше прикажан на повеќе од 40 меѓународни фестивали, и освои седум ...

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба од Димитар Кондовски на која се претставени 82 богато колоритни илустрации од седум сликовници од македонски бајки меѓу кои и популарната „Силјан Штркот“ собирани од Марко Цепенков и други народни собирачи. Сликовниците биле првично издадени во 1986 година од Издавачката куќа „Детска радост“ како петојазично издание на јазиците народите и народностите во тогашна Југославија како едиција ...

Во македонскиот КИЦ во Загреб свечено беше отворена изложбата на македонската Национална галерија, „Архивски документи“, на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели. Во присуство на македонскиот амбасадор Драган Ѓурчевски и многубројни гости – истакнати претставници на македонски и хрватски институции и организации во Загреб, претставници на дипломатскиот кор, многубројни загрепчани, Македонци што живеат, работат или се школуваат ...

Во галеријата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница отворена е ликовна изложба на дела работени во текот на 33. Лесновска ликовна колонија, која и овој пат имаше меѓународен карактер. Пред присутниуте зборуваше Марија Трајчева, претставник на ДК „Злетовски рудар“, локална установа од културата која ја организира Лесновската ликовна колонија од 1992 година па наваму, без никаков прекин. Во галеријата на ДК „Тошо Арсов“ е изложена ...

Обајвен е романот „Селма“ од Шефкија Боранчиќ, соопшти Здружението „Диван“ од Скопје, кое информира дека се работи за слоевито книжевно дело, во кое се испреплетуваат личната судбина, колективната меморија и историското искуство. -Делото е структурирано во повеќе тематски целини – од семејната и биографската линија, преку колективната судбина, до интимната приказна за Селма, која носи универзална порака за човековото достоинство. Како што се ...

Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) распиша конкурс за доделување награди „Константин Филозоф“ за 2026 година, со цел оддавање признание за постигнувања и значаен придонес за развојот на филозофијата во нашата земја. Наградите, како што соопшти денеска ФДМ, се доделуваат во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач. – Наградата за животно дело се доделува за вкупниот опус на филозоф ...

Царинската управа и МВР ги зајакнуваат капацитетите за заедничко делување против обидите за криминал на меѓународните аеродроми. До крајот на мај се очекува целосно да се стави во оператива Граничната меѓуагенциска единица на Aеродром Св. Апостол Павле Охрид, како дел активностите што ги презема државата во рамки на втората фаза од Програмата на ЕУ и Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за промовирање на владеење на правотo и добро ...

Претставници на Македонската риболовна федерација, локалната самоуправа и Националниот парк Маврово го најавија одржувањето на Светското првенство во лов на крап на Мавровското езеро и потпишаа меморандум за соработка. Директорот на НП „Маврово“, Харис Ибраими во обраќањето напомена дека ова е официјална најава на спортски настан од највисок ранг што ќе се реализира во септември. – Овој значаен меѓународен настан претставува големо признание, ...

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски вечерва на официјалната прес конференција во Копенхаген ги изнесе своите очекувања од утрешниот натпревар против домаќинот Данска во рамки на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. „Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран ...

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди со оптимизам го очекува утрешниот натпревар против Данска во Копенхаген во полуфиналето од мундијалскиот бараж. „Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути“, изјави Барди на вечерашната официјална прес конференција во Копенхаген. Македонскиот капитен истакна дека мотивацијата во репрезентацијата е на ...

Легендарниот фудбалер на Ливерпул и поранешен селектор на македонската репрезентација, Џон Тошак (77), боледува од деменција, јавија денеска британските медиуми, пренесувајќи изјава на неговиот син Камерон. Тоа е ужасна болест. Сега станува збор за краткорочна меморија, разговарам со него речиси секој ден и ако разговараме попладне, можеби нема да се сети дека разговаравме наутро. Но, ако го прашам за деновите во Ливерпул, (Реал) Сосиедад и ...

Иранската фудбалска репрезентација тренираше денеска во јужна Турција, подготвувајќи се за двата претстојни пријателски натпревари пред Светското првенство, иако сè уште не е јасно дали Иранците ќе настап на мундијалскиот турнир што ова лето ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Иранскиот тим одржа тренинг сесија во Белек, одморалиште во близина на Анталија, со строго ограничен пристап на медиумите, бидејќи официјалните лица изјавија оти ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Родиум

257205.97