Храбра продавачка во мостарската населба Залик спречи обид за грабеж на продавница, спротивставувајќи му се на напаѓач вооружен со автоматска пушка, јавија локалните медиуми. Инцидентот се случил синоќа околу 20 часот. На снимките од надзорните камери се гледа како маж облечен во црна јакна влегува во објектот, а по кратко време од под јакната вади автоматска пушка. Наместо да се повлече, вработената застана пред него, по што дошло до ...

Германскиот тенисер Александар Зверев ноќеска го победи Французинот Квентин Алис во четвртото коло на Мастерсот во Мајами. Мечот траеше 1 час и 46 минути и заврши со резултат 7:6 (7:4) и 7:6 (7:1). Зверев, четврти на светската ранг-листа, сервираше 16 аса, направи една двојна грешка и не успеа да реализира ниту еден од своите шест брејк топки. Алис, 111-ти во светот, сервираше 12 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту еден брејк ...

Денвер нагетс го победи Феникс санс со 125:123 рано утрово на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Центарот на Денвер, Никола Јокиќ, го предводеше својот тим до триумфот. Србинот оствари трипл-дабл постигнувајќи 23 поени, 17 скока и 17 асистенции. Во домашниот тим, се истакна Девин Букер со 22 поени, три скока и осум асистенции. На другите натпревари играни ноќта вторник кон среда постигнати се следниве резултати: ...

Фудбалерот на Арсенал, Еберечи Езе, ќе биде надвор од терените следните четири до шест недели поради повреда, објави „Би-би-си“. Дваесет и седумгодишниот Англичанец заработи повреда на листот на ногата во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Баер Леверкузен. Езе го пропушти финалето на англискиот Лига Куп против Манчестер Сити (0:2) и не е вклучен во составот на Англија за пријателските натпревари во март. Фудбалерот ќе ...

„Време на прекршувања – време на Голи Оток“ е насловот на монографијата од универзитетската професорка Виолета Ачкоска во издание на „Панили“, која, како што соопшти издавачката куќа, е резултат на повеќегодишни истражувања. – Отсликано е едно специфично време на идеолошко-политички прекршувања на општествен план, но и на лични прекршувања на луѓето што не можеле да се снајдат во силните пресврти што се случувале во рамките на нападот на ...

Службите на Општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало на површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“. Акцијата, како што информираат од Општина Центар, е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар. -Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде ...

Американската тенисерка Коко Гоф ја ноќеска ја победи Швајцарката Белинда Бенчиќ во четвртфиналето на турнирот во Мајами. Мечот траеше 2 часа и 15 минути и заврши со резултат 6:3, 1:6 и 6:3. Дваесет и двегодишната Американка сервираше шест аса, направи пет двојни грешки и реализираше четири од 13 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, немаше двојни грешки и реализираше четири од пет брејк топки. Гоф ќе се соочи со Чехинката ...

Во кошаркарската Евролига вчеравечер се одиграа осум натпревари од 33.коло. Лидерот Фенербахче загуби како гостин во Белград од Макаби. Израелскиот тим му го нанесе десеттиот пораз на тимот од Истанбул. Постигнати резултати: Макаби – Фенербахче 94:89 Жалгирис – Баерн 78:71 Монако – Милано 90:85 Дубаи – Панатинаикос 104:107 Барселона – Ефес 78:71 Валенсија – Олимпијакос 85:84 Партизан – Лион 79:78 Реал Мадрид – Хапоел Тел-Авив 92:83. Колото ќе ...

Во македонскиот Културно информативен центар во Загреб вечерва беше отворена изложбата „Архивски документи“ на светски признатата македонска уметница Жанета Вангели. Изложбата ја отвори претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која се наоѓа во официјална посета на Хрватска. На настанот се обратија директорката на Центарот, Мими Ѓорѓоска Илиевска, директорот на Националната галерија, Али Синани, како и кураторката Маја Крстевска. Според ...

Од денеска до 29 март во комплексот „Борис Трајковски“ ќе се одржува „Саем на мебел 2026“, годинава под слоганот „Инспирација за секој дом“. Изложувачите ќе претстават производи и најнови трендови во дизајнот и уредувањето на просторот, иновативни решенија за модерно живеење, а ќе има и нов сегмент, кој оваа година е во фокусот на саемот, посветен на монтажни и модуларни куќи. -Со очекувани над 15 000 посетители и повеќе од 70 застапени ...

Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Копенхаген каде в четврток од 20:45 часот ќе се соочи со домаќинот Данска во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство 2026. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски во текот на утрешниот ден ќе го одржат официјалниот тренинг на стадионот „Паркен“, чиј капацитет, според извештаите, е целосно распродаден за натпреварот в четврток. Победникот од дуелот во ...

Францускиот 35-годишен напаѓач Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико Мадрид во летниот преоден рок и ќе се пресели во американскиот МЛС лигаш Орландо Сити, објави денеска новиот клуб на поранешниот француски репрезентативец. Гризман ќе му се приклучи на својот нов клуб во јули, а потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2028/2029, се наведува во соопштението на Орландо. Гризман беше ...

Второпласираниот тим во француското фудбалско првенство Ленс одби да го одложи натпреварот од домашното првенство против водечкиот ПСЖ закажан за идниот месец, Актуелниот француски и европски првак побара одложување на натпреварот против Ленс, закажан за 11 април, термин помеѓу двата дуели кои клубот од Париз ќе ги игра против Ливерпул во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Во клупското соопштение, Ленс наведе дека се противи дуелот со ПСЖ ...

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, издвои 118.000 евра за најскапата норвешка книга на сите времиња, јавија денеска локалните медиуми. Станува збор за уникатно издание од 1594 година на „Кралските саги“ од Снори Стурлусон. Експертите го опишуваат делото како „икона меѓу иконите“ на норвешката литература и единствената зачувана копија во приватна сопственост, што ја прави најскапата продадена книга во Норвешка на сите времиња. ...

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион. „Салах ја изрази својата желба што поскоро да им обезбеди транспарентност на своите фанови за неговата иднина од почит и благодарност кон нив, се наведува во клупското соопштение. Триесетитригодишниот египетски напаѓач ја потврди информацијата во видеопорака на социјалните мрежи. „За жал, дојде ...

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев, денеска на свечена церемонија во Анкара потпишаа Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за култура и туризам и Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ, наведува Министерството за култура и туризам во соопштение кое МИА го пренесува интегрално. Во своето обраќање, министерот Љутков нагласи дека културата на една држава во многу ...

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, ги нарече бесмислени наводите дека наводно ова лето ќе седне на клупата на Реал Мадрид, но додаде оти во иднина би можел да се врати на тренерската работа во друг клуб. Бројни медиуми изминатите денови шпекулираа дека 58-годишниот германски тренер би можел да го замени Алваро Арбелоа на клупата на Реал ова лето. „Доколку Реал Мадрид се јавеше, досега ќе слушнавте за тоа. Но, тоа е бесмислица. Не се ...

Меморандум за соработка помеѓу Меѓународната организација за турска култура ТУРКСОЈ и Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија денеска свечено беше потпишан во Секретаријатот на ТУРКСОЈ во Анкара, во присуство на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, генералниот секретар на ТУРКСОЈ, Султан Раев и амбасадорот на Република Северна Македонија во Анкара, Јован Манасијевски. Со меморандумот се предвидува развој ...

Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ денеска се одржа традиционалната пролетна крводарителска акција. Вкупно беа дарувани 48 крвни единици, а 12 лица за првпат даруваа крв. Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата, информира за МИА, Орце Николов секретар на Општинската органзација на Црвен крст Велес, кој акцијата ја оцени како мошне успешна. Доброволната ...

Ако постои едно модно парче што оваа пролет успеа да биде истовремено впечатливо и универзално, тоа е црвеното здолниште. Овој примамлив модел повторно се врати во центарот на модните трендови и стана вистински симбол за енергија, самодоверба и женственост. Неколкусезонската доминација на неутрални тонови се зад нас, а модниот свет повторно препорачува живи бои, од кои црвената се издвојува како апсолутен фаворит. Модните експерти истакнуваат ...

Голем интерес владее меѓу дебрани по објавениот оглас на Министерството за транспорт, со кој, во Дебар, треба да бидат распределени 47 социјални станови. -До денеска имаме примено 66 барања, но овој број очекуваме да биде поголем, имајќи в предвид дека огласот, кој беше објавен на 27-ми минатиот, трае до 30-ти овој месец. Станува збор за распределба на 47 социјални станови со површина од 34 до 54 квадратни метри, рече за МИА, Арлинда ...

Деветтоодделенците одлучуваат за својата полуматурска прослава. Во таа насока, денеска претставници на учениците кои го завршуваат основното образование беа во Општина Кисела Вода, каде низ разговор со градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ги кажаа своите идеи и желби за претстојниот настан. Целта на локалната самоуправа е одбележувањето на крајот на овој образовен циклус за вкупно 560 ученици да биде осмислено исклучиво преку нивната ...

По повод 17 Март – Денот на крводарителството во нашата земја, денеска во салата за состаноци на Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски им ги додели признанијата на крводарителите. Во присуство на Маре Кочоска, секретар на општинската организација на Црвен Крст – Карпош, првиот човек на Карпош им ги врачил признанијата на Љубиша Трајковски, Игор Андреевски, Игор Стефановски, Марјан Костовски и Мирче Блажевски за мотиватори во ...

Германското списание за автомобили, „Ауто билд“ (Auto Bild), по долгорочни, повеќегодишни тестови на возила коишто траат до 100.000 минати километри, собрале богата база на податоци со десетици модели. Некои автомобили минале и низ исклучително тешки услови на возење, па списанието ги издвои оние со најмалку дефекти. Следниве автомобили ја постигнаа највисоката оценка. Најдобар по изминати 100.000 км е „Ауди А-3 спортбек г-трон“ (Audi A3 ...

По повод 17 март – Денот на формирањето на Црвен крст и Денот на крводарителството, денеска во Скопје се организира настан посветен на промоцијата на првата помош под мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“. На плоштадот „Македонија“ на поставените едукативни пунктови заинтересираните граѓани можеа да присуствуваат на симулации на прва помош со ПП различни сценарија, кои беа демонстрирани од обучени волонтери и животоспасители, како ...

Македонската фудбалска репрезентација денес ги завршува подготовките во Скопје за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред, Решат Рамадани, истакнува дека тимот е целосно фокусиран на предизвикот што следи. – Свесни сме за значењето на овој натпревар за нас. Ја знаеме вредноста што ја има овој дуел за Македонија и затоа ќе влеземе на теренот подготвени да го дадеме максимумот. Каков и ...

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства да добијат нова шанса за сигурна иднина и 6 090 променети животи, бројка зад која стојат вистински луѓе и вистински приказни. По повод нашиот јубилеј, споделуваме пет сведоштва кои ја отсликуваат нашата работа со деца, ...

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Брајан Мбемо и Бенџамин Шешко, ќе ги пропуштат натпреварите за репрезентацијата во март 2026 година. Дваесет и шестгодишниот Камерунец Мбемо беше заменет во 71. минута од ремито 2:2 на Јунајтед против Борнмут на 20 март. Според официјалната веб-страница на тимот, тој ја напушти репрезентацијата на Камерун „од претпазливост“. Затоа ќе ги пропушти пријателските натпревари против Кина и Австралија. Дваесет и ...

Експериментален агент создаден преку вештачка интелигенција, наречен РОМЕ, создаден од кинески истражувачи во лабораторија поврзана со Алибаба, излегол од своето тест-окружување и почнал самостојно да рудари криптовалути. „РОМЕ бил дел од проектот за агентско учење (AЛЕ), кој имал за цел да се обезбеди систем за обука и примена на агентски вештачки интелигенции, кои се обучени на големи јазични модели (ЛЛМ) и можат проактивно да користат ...

Руската приватна воздухопловна компанија „Биро 1440“ денеска го објави испраќањето на првата серија од 16 сателити „Рассвет“ во ниската орбита, коишто се сметаат за одговор на противтежа, кон американската „Старлинк“ сателитска мрежа. „Лансирањето на првите сателити во целната констелација го означува преминот од експерименти кон создавање комуникациска услуга“, се соопштува, додавајќи дека тимот го завршил патувањето за 1.000 дена. ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39