По повод 21 Март – Светскиот ден на шумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, најави дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот закон за заштита на природата. Според него, со оваа законска регулатива суштински се унапредува заштитата на природните екосистеми, со посебен акцент на зачувување на шумските предели. Шумите претставуваат еден од најзначајните столбови на нашето природно ...

Последниот спуст оваа сезоната во Светскиот куп во алпско скијање му припадна на Италијанецот Доминик Парис. Италијанскиот скијач славеше на целта во Лилехамер со предност од 19 стотинки пред Швајцарецот Франц фон Алмен, додека третото место го освои Австриецот Винсент Крихмаер, заостанувајќи 60 стотинки зад Парис. Малиот кристален глобус во спустот, трета сезона по ред, уште од порано ја обезбеди Швајцарецот Марко Одермат, кој во Лилехамер ...

Детроит синоќа го совлада Голден Стејт со 115-101 на домашен терен и стана првиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди место во плејофот. До победата ги предводеше Џејлен Дурен, кој го заврши натпреварот со 23 поени и шест скокови во отсуство на повредениот Кејд Канингем. Денис Џенкинс додаде 22 поени, осум асистенции и седум скокови во победничкиот тим. Брендин Подзиемски со 15 поени беше најефикасен во редовите на Голден ...

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, ќе го напушти клубот на крајот од сезоната во шпанското првенство. Во видеопорака до навивачите, искусниот шпански тренер објави дека нема да продолжи да го води баскискиот тим во следната сезона, со што го ќе заврши својот речиси четиригодишен престој на „Сан Мамеш“. „Следната сезона нема да бидам тренер на Атлетик – ова е одлука за која размислувам долго време. Разговарав за тоа со клубот и ...

Првиот голман на бразилската репрезентација, Алисон Бекер, ќе ги пропушти претстојните пријателските натпревари против Франција и Хрватска, поради повреда, објави Бразилската фудбалска конфедерација. Алисон беше на голот на Ливерпул во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Галатасарај во средата, но, потоа, наводно, се повредил на тренинг. Бразилскиот селектор Карло Анчелоти го повика голманот на Коринтијанс, Уго Соуза, ...

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, ќе инвестира во новата шаховска турнеја „Total Chess World Championship Tour“. „Шахот е неверојатна игра. Го изострува вашиот ум и е сличен на фудбалот. Мора брзо да размислувате, да им верувате на вашите инстинкти и да размислувате неколку чекори однапред. Стратегијата и планирањето се сè“, изјави Халанд за официјалниот веб-страницата на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ). „Инвестирам во ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе учествува на меѓународниот фестивал во Стеин, Холандија. Фестивалот се одржува денеска и утре, а Мандолинскиот оркестар е најавен како специјален гостин на фестивалот и ќе одржи два концерти. Учеството на овој фестивал е поддржано од Министерството за култура. Post Views: 3 март 22, 2026 Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан ...

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, го повика напаѓачот на Ливерпул, Федерико Киеза, во тимот за претстојните натпревари од плејофот за пласман на Светското првенство. Киеза се враќа во националниот тим по речиси двегодишна пауза и ќе се обиде да ѝ помогне на Италија да се квалификува за мундијалскиот турнир ова лето во САД, Канада и Мексико, откако Азурите ги пропуштија претходните две светски првенства. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус три до три, а максималната ќе достигне од девет до 16 степени. Во Скопје времето ќе променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната ќе достигне до 15 степени. Во наредните ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни, соопшти Јавното претпријати за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на ...

Кинески истражувачи развија нов материјал и технологија заснована на магнетна течност за затворање на левата преткомора, насочена кон спречување на згрутчување на крвта и мозочен удар кај пациенти со неправилни срцеви отчукувања, објави Шјинхуа. За разлика од традиционалните цврсти уреди за вградување, новиот метод користи течност што ја исполнува празнината и целосно се прилагодува на неа. Ова претставува премин кон таканареченото целосно ...

Американскиот глумец Шон Пен не можеше да го прими својот „Оскар“ на свеченоста во Холивуд во неделата вечерта, бидејќи во тој миг беше во Украина. За сметка на тоа, при таа посета, тој доби железна статуетка, јави ДПА. Олександр Перцовски, извршен директор на Украинските железници, сподели видео на „Икс“ во коешто на 65-годишниот актер му ја подарува железната фигура што наликува на филмскиот „Оскар“. Материјалот за статуетката е земен од ...

Финска деветта година по ред е прогласена за држава со најсреќно население во светот, покажува денеска објавениот Извештај за светската среќа. Нордиските земји повторно доминираат на врвот на листата, при што Исланд, Данска и Шведска се меѓу првите пет. Костарика е единствената земја што не е нордиска, а е меѓу првите пет поточно рангирана на четвртото место. Во првите десет се и Норвешка, Холандија, Израел, Луксембург и Швајцарија. Германија ...

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети, петти во светот, нема да игра на турнирот во Мајами, САД. Дваесет и четиригодишниот тенисер ја повреди десната рака. Претходно се опоравуваше од повреда на колкот. -За жал, морав да се откажам од турнирот во Мајами. Обожавам да играм тука, но ми треба само малку време за да бидам 100 проценти подготвен. Ви благодарам за вашата поддршка и со нетрпение очекувам да ве видам сите во текот на сезоната на ...

Двократниот МВП на НБА, Јанис Адетокунбо нема намера да се пензионира од сезоната 2025/26, и покрај уште една повреда и намалените шанси на Милвоки за плејофот, објави „ESPN“. Тимот му понудил на својот лидер рано завршување на сезоната, но 31-годишниот грчки напаѓач ја одбил понудата. На 17 март, Бакс објави дека Адетокунбо е надвор од игра поради повреда на левото колено. Ова е најновиот здравствен проблем во сезоната веќе обележана со ...

Во НБА лигата синоќа се одиграа осум натпревари, а вечерта повторно ја одбележа Словенецот Лука Дончиќ, кој постигна 60 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс од 134-126 над домаќинот Мајами. Последниот поен Дончиќ го постигна од линијата за слободни фрлања во завршните секунди од натпреварот кога целата клупа стоечки со овации го награди словенечкиот кошаркар кој дојде до својот личен рекорд според постигнати кошеви во дресот на Лејкерс. И ...

Со одигрување на реванш осминафиналните натпревари синоќа се комплетираа четвртфиналните двојки во Лига Европа и Конференциската лига. Двојките за четвртфиналето во Лига Европа се: Фрајбург – Селта Виго, Порто – Нотингем Форест, Брага – Реал Бетис и Болоња – Астон Вила. Во четвртфиналето во третото по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на конференции, ќе се играат Шахтјор – АЗ Алкмар, Кристал Палас – Фиорентина, Рајо Ваљекано – АЕК ...

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, лани добил зголемување на годишниот бонус од 33 проценти, како дел од вкупен пакет вреден околу шест милиони долари, објави ФИФА. Годишната основна плата на Инфантино остана непроменета на 2,6 милиони швајцарски франци (околу 3,3 милиони долари), додека бонусот се зголемил за 550.000 франци на вкупно 2,2 милиони франци (околу 2,78 милиони долари) во 2025 година. Во ...

Раководството на Челзи нема намера да го отпушти тренерот Лиам Росиниор, и покрај елиминацијата на лондонскиот клуб од Лигата на шампиони, објави весникот „Дејли меил“. Според истиот извор, 41-годишниот Англичанец одржува одлични односи со раководството на Челзи и неговата позиција не е загрозена. Росениор е во Челзи од јануари оваа година кога потпиша договор на шест и пол години. Под негово водство, тимот победи на 10 од 18 натпревари, ...

Селекторот на мексиканската фудбалска репрезентација, Хавиер Агире, го повика 40-годишниот голман Гиљермо Очоа за претстојните пријателски натпревари против Португалија и Белгија. Очоа последен пат беше со мексиканската репрезентација на минатогодишниот Голд Куп, и му беше резерва на целиот турнир на Луис Малагон, кој минатата недела ја повреди Ахиловата тетива и ќе го пропушти претстојното Светско првенство. Својот последен репрезентативен ...

Тренерот на актуелниот англиски првак Ливерпул, Арне Слот, потврди денеска дека Мохамед Салах е повреден и ќе го пропушти утрешниот натпревар од Премиер лигата против Брајтон. „Тој е повреден и нема да биде во составот за утре. Добрата работа за Ливерпул е што има пауза за репрезентативни натпревари, но ниту египетската репрезентација нема да може да се потпре на него“, изјави Слот. Англиските медиуми јавија дека Салах има повреда на мускулот ...

Навивачите кои ќе се обидат да влезат на фудбалски стадион во Англија за да гледаат натпревар без купен билет ќе одговараат кривично. Ова се предвидува со законските измени што ќе стапат во сила пред финалето на Лига купот меѓу Арсенал и Манчестер Сити на стадионот Вембли оваа недела. Законските измени беа иницирани од хаотичните сцени за време на финалето на Европското првенство во јули 2021 година, кога илјадници луѓе без билети влегоа на ...

Во двата воведни натпревари од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Работнички попладнево го совлада Силекс со 2-0, додека Тиквеш ѝ нанесе висок пораз на АП Брера од 6-1. Работнички до својата четврта победа во последните пет прволигашки натпревари дојде со двата гола на Попзлатанов, во 13 и 34 минута. На дуелот во Кавадарци, домаќинот Тиквеш веќе по првото полувреме имаше убедливо водство од 4-0 со головите на Стојанов (10, ...

Македонската фудбалска репрезентација двата претстојни плејоф натпревари за пласман на Светското првенство ќе игра во нови дресови дизајнирани од германскиот производител на спортска опрема Адидас. Претставувајќи ги новите дресови на својот официјален сајт, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) соопшти дека „станува збор за опрема која е наменета исклучиво за користење на овие два натпревари, додека во мај официјално ќе биде промовирана ...

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и следната сезона ќе биде дел од Борац Бања Лука, откако денеска го продолжи договорот со актуелниот првак на БиХ до лето 2027 година. „Тој вели дека ја сака Бања Лука колку и неговото родно Скопје, а дресот на Борац ќе го носи и следната сезона. Дамјан Шишковски, на радост на сите во Платонова 6, потпиша нов договор до 2027 година. Шиле, одиме на нови победи“, објави клубот од Бања Лука. ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната од 8 до 15 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ...

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег и дожд, кои не се задржуваат на коловозот, се регистрирани на планинските премини Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Крушево. Како што информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“, сите патни правци низ државата се проодни, а на одредени делници што минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони, поради што се ...

Четири степени под нулата се евидентирани утрово на Попова Шапка, додека висината на снежната покривка изнесува 60 сантиметри, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Еден сантиметар снег има во Крушево. Температура под нулата е регистрирана и во Лазарополе, Маврови Анови и Крушево. Најтопло, со измерени осум Целзиусови степени, е во Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и во Гевгелија. Синоптичарите најавија променливо ...

Променливо облачно време со умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец и минусни утрински температури, најавува УХМР за наредните денови. Како што информира, во понеделник ќе има и услови за слаби врнежи од дожд. Утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, а температурата ќе достине 15 степени. Post Views: 6 март 19, 2026 Променливо облачно време со ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54