Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Фудбалерите на Струга го совладаа попладнево Пелистер во Битола со 2-0 во рамки на 24 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Гостинскиот тим ја обезбеди победата со головите на Радески во 45 минута и Малески во 87 минута. Со денешниот триумф, Струга се приближи на пет бодови зад водечките Вардар и Шкендија, додека Пелистер остана во зоната на испаѓање на 10 место. ПМФЛ-24 коло резултати: Арсими – Вардар 1-0 Македонија ЃП – Шкендија ...
Лондонски Тотенхем, предводен од хрватскиот тренер Игор Тудор, претрпе уште еден пораз во Премиер лига со што неговиот опстанок во елитното друштво е сè повеќе под знак прашалник. Во дуелот меѓу директните конкуренти за опстанок, Нотингем Форест денеска го совлада Тотенхем во Лондон со 3-0. Головите за Нотингем Форест ги постигна Игор Жезус (45), Гибс – Вајт (62) и Таиво Авонији (87). Тотенхем, кој нема премиерлигашка победа од 28 декември ...
Битолски Пелистер ќе ја продолжи битката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) со нов тренер, откако вечерва Милан Стојановски поднесе неотповиклива оставка на должноста. Оставката на Стојановски доаѓа непосредно по денешниот пораз од Струга од 2-0 во рамки на 24 прволигашко коло, што го остави Пелистер во зоната на испаѓање како десеттопласиран со 22 бода, еден помалку од Македонија ЃП на деветтото и шест помалку од ...
Италијанската скијачка Софија Гоџа го освои Малиот кристален глобус во супервелеслалом, триумфирајќи денеска на патеката во норвешки Квитфјел. Пред завршната сепервелеслаломска трка во Светскиот куп во алпско скијање Гоџа имаше предност од 63 бодови пред второпласираната Новозеланѓанка Алис Робинсон. Гоџа не дозволи изненадување и триумфираше во последната сезонска трка, со предност од 32 стотинки пред второпласираната Швајцарка Корин Сутер, ...
Македонската машка ракометна репрезентација ќе игра против Словачка во баражот за пласман на Светското првенство во 2027 година. Ова е епилогот од денешниот реванш натпревар меѓу Словачка и Украина во кои домашната репрезентација и покрај поразот од 32-31 ја зачува предноста од првиот дуел во кој словачките ракометари триумфираа со 27-24. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров првиот натпревар против Словачка ќе го играат на гостински терен ...
Повеќе од 150 лица се уапсени по масовна тепачка меѓу навивачите на Борусија Дортмунд и Хамбургер по натпреварот меѓу двата тима од Бундеслигата, соопшти денеска полицијата во Дортмунд. Како што пренесува агенција ДПА, во инцидентот се лишени од слобода 152 лица, повеќето од нив навивачи на Хамбургер. Сите се ослободени откако бил утврден нивниот идентитет и била поведена кривична постапка. Според извештаите на германските медиуми, навивачите ...
Швајцарецот Симон Ехамер го одбележа саботниот ден на Светското атлетско првенство во сала во Торун, поставувајќи нов рекорд во седмобој. Ехамер го освои златото со 6.670 бодови, надминувајќи го за 25 бодови претходниот светски рекорд поставен од Американецот Ештон Итон од 2012 година. Среброто и бронзата ги освоија Американците Хит Болдвин со 6.337 и Кајл Гарланд со 6.245 бодови. Post Views: 3 март 23, 2026 Швајцарецот Симон Ехамер го ...
Во последниот натпревар од 18. коло со кој е заокружен регуларниот дел од сезоната во Првата женска одбојкарска лига, Пелистер Волеј со 3:0 (25:17, 27:25, 25:22) го совлада Вардар со што се познати осумте екипи кои ја продолжуваат битката за титулата. Пласман во четвртфиналето на плејофот како првопласирана екипа во регуларниот дел обезбеди Наковски волеј, заедно со Младост УГД, Работнички, Јанта волеј, Газели волеј, Пелистер, Вардар и ...
Швеѓанецот Арманд Дуплантис ја освои титулата во скок со стап на Светското првенство во атлетика во сала кое се одржува во полскиот град Торун. Дуплантис, кој минатата недела го собори светскиот рекорд по 15 пат во својата брилијантна кариера, не им остави никаква шанса на своите конкуренти и по четврти пат го освои златниот медал, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 6,25 метри, што е нов рекорд на светски атлетски првенства во сала. ...
Кошаркарите на Хјустон извојуваа минимална победа над Мајами со 123-122 пред домашните навивачи во натпревар од НБА лигата што го одбележа ветеранот Кевин Дурант. Триесетиседумгодишниот Кеј-Ди придонесе во победата со 27 поени, кои беа доволни да се искачи на петтото место на листата најдобри стрелци на сите времиња (32.294). Дурант го надмина на вечната листа легендарниот и за многумина најдобриот кошаркар на сите времиња Мајкл Џордан ...
Најниска температруа од -4 стени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови, 1 степен во Kрушево, 3 во Крива Паланка и Претор, по 4 во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Гевгелија, 5 во Скопје-Петровец, 6 во Скопје-Зајчев Рид, а најтопло е во Велес каде е измерена температура од 7 степени Целзиусови. Највисока снежна покривка од 53 сантиметри има ...
Ансамблот на КУД „Илинден“-Битола успешно настапи на Меѓународниот фолклорен фестивал на збратимени градови во Велико Трново, Бугарија. КУД „Илинден“ новата меѓународна концертна активност ја почна успешно, а синоќешниот настап на свеченото отворање беше поздравен со долготраен аплауз, изјави за МИА, Александар Стефановски, претседател на КУД „Илинден“-Битола. -Во Велико Трново настапуваме заедно со фолклорни групи од Полтава-Украина, ...
Стариот објект на основното училиште „Кочо Рацин“ во Нов Дојран се уште стои во сеќавањата на најстарите жители на ова населено место, иако по пожарот кој го зафатил пред повеќе од дваесеттина години, останале само рушевините. Учениците кои тука го завршиле основното образование паметат дека училиштето било на два ката, во влезниот дел го красел голем насликан ѕиден мурал, како и музејски примероци од живиот свет во Дојранското Езеро. На ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени Целзиусови, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Најдобрата светска тенисерка, Белорусинката Арина Сабаленка со победа стартуваше на ВТА турнирот од серијата 1000 во Мајами на кој ја брани титулата. Сабаленка го почна настапот во Мајами со триумф денеска над Американката Еми Ли со 2-0 во сетови 7-6(5), 6-4 за 1 час и 42 минути игра. Противничка на Сабаленка во следното коло ќе биде уште една домашна тенисерка, Кејти Мекнали, која со 2-1 во сетови ја совлада Ксинју Ванг од Кина. Сабаленка ...
Македонската машка ракометна репрезентација одигра вечерва нерешено 30-30 против Австрија на гостински терен во Брегенц, во контролен натпревар во рамките на ЕХФ неделата. Селекторот Кирил Лазаров за дуелот со Австријците се одлучи за комбиниран состав во кој отсуствуваа стандардните репрезентативци Пешевски, Серафимов, Ѓоргиев и Митревски, укажувајќи им шанса на неколкумина ракометари кои досега не беа во преден план, како дел од ...
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Скопје го одржа своето редовно годишно Собрание на кое донесе нов Статут, подготвен во соработка со УЕФА и ФИФА, како и одлука за донесување Страгегија за развој македонскиот фудбал во периодот од 2026 до 2030 година. Во обраќањето пред присутните 61 од вкупно 65 делегати, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, се осврна на повеќе теми, укажувајќи на „системска манипулација“ во работењето ...
Во двата денешни натпревари од 24 коло во ПМФЛ, фудбалерите на Вардар неочекувано претрпеа пораз на гостински терен од Арсими со 1-0, а со идентичен резултат тетовска Шкендија извојува гостинска победа над Македонија ЃП и се израмни според бројот на бодови со скопскиот прволигаш на чело на табелата. Арсими на дуелот во Гостивар извојува победа со голот на Гони во 43 минута, додека Шкендија со погодокот на Красниќи во 53 минута ги освои трите ...
Актуелниот светски првак Аргентина овој месец ќе одигра натпревари против Мавританија и Замбија во рамки на подготовките за претстојниот Мундијал, објави синоќа Фудбалската федерација на Аргентина. Аргентина требаше да игра против Шпанија во „Финалисима“ во Катар на 27 март, но тој натпревар беше откажан поради војната на Блискиот Исток, додека Мавританија, исто така, мораше да го откаже претходно закажаниот натпревар против Палестина во ...
Повеќе од 50 уметници ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците Пеат“, кое ќе се одржи на 24 и 25 март, со почеток во 20:00 часот. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети ...
Во духот на традицијата, мирисот на домашно месено тесто и вкусовите што потсетуваат на детството и годинава на манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип се собраа десетици домаќинки, љубители на македонската кујна и посетители од целата земја и соседството. Манифестацијата „Зелникот на баба“ во Пробиштип прераснува во препознатлив гастрономски белег, има за цел да ја зачува автентичната рецептура на зелникот, едно од ...
Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на Зрновска река каде во местото викано Ѓошевски во кочанското село Зрновци беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање. Жената не е идентификувана, а причините за смртта се уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираа претходно денеска од полицијата и од ЈОРСМ. Министерството за внатрешни работи соопшти дека денеска во СВР Штип е ...
Во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети општина Неготино, каде оствари средба со земјоделците и лозарите од овој регион. „Општина Неготино, заедно со Демир Капија, има над 3.850 регистрирани земјоделски стопанства во Регистарот, а располага со повеќе од 8.000 хектари обработлива земјоделска површина. Најголем дел од ...
Италијанската скијачка Лаура Пировано го освои Малиот кристален глобус во спуст, триумфирајќи денеска во Ллилехамер на во последната трка од оваа дисциплина сезонава. Пировано имаше водство од 28 бодови пред второпласираната Германка Ема Ајхер пред завршната трка и со триумфот го освои Малиот глобус. Ајхер заврши петта, заостанувајќи 37 стотинки зад Пировано. Второто место во Лилехамер го освои Американката Бризи Џонсон, а трета беше ...
Кошаркарите на актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома Сити, нема да ја посетат Белата куќа за време на нивната посета на Вашингтон овој викенд, поради, како што наведе клубот, „проблеми со распоредот“. „Бевме во контакт со Белата куќа и благодарни сме за комуникацијата што ја имавме, но распоредот едноставно не се совпадна“, соопшти Оклахома. Традицијата според која актуелните шампиони во најсилните американски професионални спортски лиги ...
Најстудено изутрината е на Попова Шапка минус седум степени, а највисока температура е измерена во Гевгелија седум степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите на УХМР на Попова Шапка се измерени минус седум степени, во Берово и Kрушево минус три, ,Mаврови Анови минус два, Охрид, Крива Паланка, Претор и Битола еден, Тетово, Прилеп, Струмица и Штип два, Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово и Виница три, ...
Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2026 година. Меѓу нив се и три драми на македонски јазик: „Џинови и џуџиња“ од Владимир Јанковски, „Кој сум јас“ од Митко Чешларов и „104“ од Драгана Лукан Николоски. Во конкуренција на 1430 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и осум текстови напишани на македонски јазик. ...
По повод 21 Март – Светскиот ден на шумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, најави дека во текот на наредниот месец започнува јавната расправа за новиот закон за заштита на природата. Според него, со оваа законска регулатива суштински се унапредува заштитата на природните екосистеми, со посебен акцент на зачувување на шумските предели. Шумите претставуваат еден од најзначајните столбови на нашето природно ...
Последниот спуст оваа сезоната во Светскиот куп во алпско скијање му припадна на Италијанецот Доминик Парис. Италијанскиот скијач славеше на целта во Лилехамер со предност од 19 стотинки пред Швајцарецот Франц фон Алмен, додека третото место го освои Австриецот Винсент Крихмаер, заостанувајќи 60 стотинки зад Парис. Малиот кристален глобус во спустот, трета сезона по ред, уште од порано ја обезбеди Швајцарецот Марко Одермат, кој во Лилехамер ...
Детроит синоќа го совлада Голден Стејт со 115-101 на домашен терен и стана првиот тим од Источната конференција во НБА лигата што обезбеди место во плејофот. До победата ги предводеше Џејлен Дурен, кој го заврши натпреварот со 23 поени и шест скокови во отсуство на повредениот Кејд Канингем. Денис Џенкинс додаде 22 поени, осум асистенции и седум скокови во победничкиот тим. Брендин Подзиемски со 15 поени беше најефикасен во редовите на Голден ...