Судот во Калифорнија му наложи на некогаш познатиот американски глумец Бил Козби да плати 19,25 милиони долари (околу 17 милиони евра) отштета за дрогирање и сексуален напад врз жена пред повеќе од пет десетлетија. Дона Мотсингер изјави дека Козби возел до нејзината куќа во 1972 година, за да ја одведе на неговата претстава; и во таа прилика, глумецот ѝ дал вино и апче (со „посебна намена“ за искористување вакви (не)прилики), коешто ѝ се ...

Европските организации на потрошувачи „Еуропотрошувачи“ и „Фудбалски поддржувачи Европа“ поднесоа жалба до Европската комисија, обвинувајќи ја Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) за злоупотреба на својата монополска позиција во продажбата на билети за Светското првенство 2026, објавува „Политико“. Во жалбата се тврди дека ФИФА, со својата ексклузивна контрола врз продажбата на билети, поставува надувани цени и нуди нетранспарентни услови ...

Раководството на Тотенхем размислува да го назначи поранешниот тренер на Монако, Ади Хутер, доколку привремениот менаџер Игор Тудур биде отпуштен, објави „Дејли Телеграф“. На 22 март, Спарс загубија од Нотингем Форест, што дополнително ја комплицира нивната борба за останување во Премиер лигата. Тудор отсуствуваше од прес-конференцијата по натпреварот поради смртен случај во семејството. Тотенхем има време да донесе одлука. Нивниот следен ...

Потврдени традиционално добрите културни врски меѓу двете земји, како и заедничките заложби за нивно понатамошно унапредување, особено во насока на стабилен и просперитетен регион на билатералната средба на министерот за култура и туризам Зоран Љутков со турскиот колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Како што соопштија од Министерството за култура и туризам, на средбата што се одржала вчера била нагласена подготвеноста ...

Поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, oбука на 40 земјоделци за климатски паметни практики, формирање четири демонстративни парцели на кои ќе се тестираат и прикажуваат практики за ефикасно користење вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство, микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи, финансиска поддршка за почнување четири бизниси управувани од жени и формирање земјоделска задруга со најмалку 40 отсто ...

Екипите на ЈП Комунална хигиена – Скопје отстранија две обемни диви депонии лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) и во Старата скопска чаршија, информираат од јавното претпријатие. Локацијата на булеварот Никола Карев, на пресекот со улицата Максут Садик, веднаш до детското игралиште, како што велат од ЈП Комунална хигиена – Скопје претставува „црна точка“ каде што континуирано се одлага отпад на јавни и сообраќајни ...

Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија – „Гамалеја“, при руското Министерство за здравство работи на вакцина против вирусот на човечка имунодефициенција (ХИВ). Почетната фаза на развој на лекот е во тек, според Владимир Гушчин – заменик-директор одговорен за истражувањa во Центарот, а научниците, се наведува, го репродуцираат имунолошкиот одговор кај заморчиња. – Раната фаза на развојот на домашна вакцина против ХИВ е во ...

Актерката Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од популарната серија „Пријатели“,истакнувајќи дека во моментов нема такви планови. Кудроу, која ја толкуваше улогата на Фиби Буфе во периодот од 1994 до 2004 година, заедно со своите колеги Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, веќе се појави во специјалното издание на серијата, емитувано во 2021 година. Во интервју за Си-Би-Ес ...

Формирани се четвртфиналните двојки во женска конкуренција на ВТА 1000 турнирот во Мајами, САД. Актуелната шампионка Арина Сабаленка синоќа ја победи Кинезинката Женг Кинвен (6:3, 6:4) во четвртото коло. Во четвртфиналето, светската тенисерка број еден ќе се соочи со Американката Хејли Баптист. Четвртфинални парови на турнирот во Мајами: Арина Сабаленка (Белорусија) – Хејли Баптист (САД) Елена Рибакина (Казахстан) – Џесика Пегула (САД) ...

Детроит пистонс ги победи Лос Анџелес лејкерс со 113:110 ноќеска на домашен терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата. Најефикасен кошаркар на натпреварот беше Лука Дончиќ со 32 поена, но и тоа не беше доволно гостите да го избегнат поразот. Детроит е во серија од четири победи и е прв во Источната конференција со 52 и 19 порази. Лејкерси се трети во Западната конференција со ефект 46-26. Тимот од Лос Анџелес ја прекина својата ...

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) откажа илјадници хотелски резервации во Филаделфија, првично резервирани за Мундијалот 2026 година, без објаснување, објавува „The Independent“. Според Здружението на хотелиери на Голема Филаделфија, ФИФА откажа приближно 2.000 хотелски резервации во градот. Претседателот на Здружението на хотелиери на Филаделфија, Ед Гроуз, изјави за „ABC 6“ дека поголемиот дел од откажувањата се во четири хотели во ...

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го отфрли барањето на клубовите од англиската Премиер лига за проширување на составите на Лигата на шампионите. Според „Гардијан“, прашањето било дискутирано на состанокот на надлежниот комитет на УЕФА во февруари, но не било вклучено на дневен ред на следниот состанок на Извршниот комитет, кој ќе се одржи на 20 мај во Истанбул пред финалето на Лигата на Европа. Сегашните правила за составите на екипите ...

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 1 до 7, а максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до ...

Со целовечерен концерт на ансамбл „Македонија“ вечерва ќе почне серијата настани по повод одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Концертот ќе почне во 19 часот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, а пред публиката ќе бидат изведени: „Седнал Марко“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Средорек, Жеглигово и Славиште, „Вено Пиле“ – вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово, ...

Македонската фудбалска репрезентација втор ден во Скопје се подготвува за првиот плејоф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Нашиот репрезентативец, Александар Трајковски потенцира дека тимот мора максимално сериозно да пристапи на дуелот. Трајковски, кој пред четири години во Палермо го постигна историскиот гол против Италија за пласман во финалето за СП 2022, верува дека новата енергија во тимот може да донесе ...

Реал Мадрид ќе поднесе жалба за суспензијата на играчот од средниот ред Федерико Валверде по неговото исклучување во 29. коло од Ла Лига против Атлетико Мадрид (3:2). Во 77. минута од мадридското дерби, 27-годишниот Уругваец го шутна Алекс Баена одзади во нозете на центарот на теренот, предизвикувајќи играчот од средниот ред на Атлетико да падне на земја. Судијата Хозе Мунуера Монтеро му покажа директен црвен картон на Валверде. ВАР не го ...

Фудбалерот на Сантос, Нејмар, можеби нема да биде вклучен во составот на Бразил за Светското првенство, објави CNN Бразил, повикувајќи се на извор близок до Бразилската фудбалска федерација. Во федерацијата не се сигурни дали напаѓачот ќе може да ја врати потребната физичка подготвеност поради продолжено отсуство од тренинзите на натпреварите и проблеми со физичката подготвеност. Понатаму, забележани се тензии во односите меѓу играчот и ...

Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, е прогласен за тренер на месец март во Ла Лига, објавено е на официјалната веб-страница на Ла Лига. Каталонците ги добија сите три натпревари во март – против Атлетик Билбао (1:0), Севилја (5:2) и Рајо Ваљекано (1:0). Во конечното гласање, 61-годишниот Германец ги победи Диего Симеоне (Атлетико, две победи и еден пораз) и Луис Кастро (Леванте, две нерешени и една победа). Ова е третата таква награда за ...

Фудбалерот на Галатасарај, Виктор Осимен, денес е успешно опериран, објави прес-службата на турскиот клуб на социјалните мрежи. Нигериецот се повреди во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул (0:4) при еден дуел со дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате. Тој се здоби со скршеница на десната рака. Претходно беше објавено дека по натпреварот, Конате почнал да добива расистички навреди на социјалните мрежи од ...

Агадир во Мароко е прогласен за најевтина дестинација за летен одмор во 2026 година. Според истражувањето на туристичката агенција „Лавхолидејс“ (Loveholidays), еднoнеделeн „сè вклучено“ пакет тука чини околу 270 евра. Овој град е познат по своите долги песочни плажи и топлата клима. Посетителите имаат можност да уживаат во сончање, пливање и разни водни спортови, а истовремено да се чувствуваат како да престојуваат во луксузно одморалиште. ...

Хрватскиот пејач Свен Поцрниќ, учесник во новата сезона на шоуто „Твоето лице звучи познато“, успеа со својата изведба на песната „Игри без граници“ (Igrа bez granica) да ги разнежни сите присутни. Со секој тон, тој ја пренесе емоцијата и чувството карактеристично за Тоше Проески, што беше веднаш забележано од страна на жирито, пишува сараевскиот портал Кликс. Жирито оваа година е составено од Енис Бешлагиќ, Горан Навојец, Мартина Стјепановиќ ...

Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Едуардо Кавалеро објави дека американската поп-пејачка Шапел Роун нема да настапи на еден од најголемите музички настани во бразилката метропола, откако фудбалерот Жоржињо го обвини нејзиниот тим за несоодветно однесување кон неговата ќерка. Роун, како што Кавалеро напиша на својот интернет-простор, „никогаш нема да настапи“ на фестивалот „Тодо Мундо но Рио“ (во превод: „Сите во Рио“), додека тој е ...

Издавачката куќа „Панили“ го објави психолошкиот трилер „Немам страв“ од Трајче Стамески, за кој информира дека е роман за границата меѓу фантазијата и вистината. -Книга за храброста да се измисли смисла пред лицето на заборавот и за етичката одговорност што ја носи допирот со туѓата интимност. „Немам страв“ од Трајче Стамески го поставува прашањето дали уметноста може да го замени животот — и дали тоа право секогаш ни припаѓа. Но и роман што ...

Во рамките на проектот „ЕУрека: Читањето – семе на иднината!“ издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Синевина“ од современата норвешка писателка Маја Лунде, на македонски јазик преведен од Искра Бадева. Романот симболично стана достапен за читателите на Светскиот ден на водата кој според календарот на Обединетите нации се одбележува секоја година на 22 март. Годината е 2017. Сигне, Норвежанка која цел живот се бори за зачувување на ...

Во НУ Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани за 26 март е закажано отворање на самостојната изложба на уметницата Ана Митевска насловена „Надеж – светлина во темнината“. Куратор е Јасминка Намичева, кустос советник. -Изложбата ги обединува сликарството, звукот и пораката на надежта, преку серија апстрактни дела создадени во последните две години, велат од кочанската Национална установа. Отварањето на овој настан од културата закажан за ...

Кумановци ќе имаат можност да проследат мултимедијален настан кој обединува визуелна уметност, промоција на книга и музички перформанс кој ќе се одржи на 27 март (петок) со почеток во 20 часот во Уметничката галерија при НУ Музеј Куманово. Во рамки на настанот ќе биде отворена самостојната изложба „Прашина и сенки / Dust and Shadows“ на авторот Страхил М. Петровски. Проектот, како што објаснува уметникот, ја истражува тенката линија меѓу ...

Вселенскиот филмски спектакл „Проектот Хејл Мери“ (Project Hail Mary), во којшто Рајан Гослинг глуми научник задолжен да ја спаси планетата, имаше силен почеток киноблагајните ширум светот, со вкупно 140,9 милиони долари заработка (речиси 121,4 милиони евра). Приказната со буџет од 200 милиони долари (173,4 милиони евра) го следи потфатот на молекуларен биолог кој се впушта во меѓугалактичка мисија за да го спаси човештвото од истребување. ...

Напаѓачот Антоан Гризман ќе потпише двегодишен договор со Орландо, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според Романо, американскиот тим ќе му го понуди на 35-годишниот Французин дресот со број седум, а договорот би можел да биде потпишан уште оваа недела. Се очекува самиот трансфер да се случи во јули 2026 година. Гризман е во Атлетико Мадрид од јули 2023 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2027 година. Во сезоната 2025/26, фудбалерот ...

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), на својата веб-страницата објави дека натпреварот од Суперкупот во 2026 година ќе се одржи на 16 август во Кардиф. Велшкиот стадион има капацитет од над 73.000 гледачи. Стадионот беше домаќин на Суперкупот од 2001 до 2006 година, по што трофејот се пресели во Лондон на реновираниот стадион „Вембли“, со исклучок на 2012 и 2022 година. Причина за промена на локацијата годинава се концертите закажани на ...

Собраниската Комисија за култура и туризам денеска ја разгледа предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година и изгласа заклучок со кој му предлага на Собранието да ја усвои. Според програмата усвоена од матичната Комисија, во оваа година ќе се чествуваат 94 јубилеи. Програмата ја состави работна група од девет пратеници: Велика Стојкова-Серафимовска, Павле Арсоски, Дијана Тоска, ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Сребро

2186.28