Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Со Центарот за развој на Вардарскиот регион со седиште во Велес во кој влегуваат девет општини нов вршител на должноста е Зоран Јаневски од Велес, досегашен директор на ЈП „Парк-спорт и паркинзи“. Тој функцијата в.д директор ќе ја извршува во наредните шест месеци се’ до изборот на нов директор. Јаневски едногласно бил избран на втората седница на Вардарскиот плански регион одржана на 24 декември во Градско. Во изјава за МИА најави дека во ...
Формула 1 тимовите Ферари и Мерцедес му упатија честитки на својот поранешен возач и седумкратен светски шампион, Германецот Михаел Шумахер, за неговиот 57-ми роденден. – Среќен роденден, Михаел. Вистинска икона на Ф1 и важен дел од нашата историја, се вели во соопштението од Мерцедес на социјалните мрежи. „Денот кога се роди легенда“, стои во објавата на Ферари. Шумахер го имаше своето деби во Формула 1 во 1991 година за Џордан. Тој стана ...
Поради пад на температурите дојде до замрзнување на коловозите во северозападниот регион на државата во текот на изминатото деноноќие. Беа примени поголем број пријави од возачи и граѓани, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Од ПС за ВПС – Тетово се регистрирани четири сообраќајни незгоди со материјална штета. Две на автопатот Тетово – Гостивар – една верижна сообраќајна незгода со учество на 10 возила, потоа една ...
Кандидатот за градоначалник на Општина Гостивар на предвремените избори Невзат Бејта, на денешната прес конференција ги објави приоритетите кои планира да ги реализира доколку победи на изборите. Тој рече ќе се заложи за спроведување на проекти за современа инфраструктура во градот и околината. Како поважни проекти ги посочи: отворање на кракот од булеварот “Браќа Ѓиноски” “Дебарска улица” до Основниот суд и изградба на нов мост со четири ...
Буџетот на Општина Струга за 2026 година, во износ од 1,59 милијарди денари, претставува реален и одговорен финансиски план насочен кон одржлив развој, модерна инфраструктура и подобар квалитет на живот за граѓаните, оцени градоначалникот Менди Ќура. Во услови, како што рече, на законски ограничувања и зголемени фискални обврски, општината демонстрира високо ниво на финансиска дисциплина, транспарентност и стратешко планирање, со силен фокус ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Карбинци најави дека оваа година ќе се инвестира во три водоснабдителни системи, односно станува збор за проектите Страиште, Пепелиште и Лисиче. Инвестицијата е околу 80 милиони евра, а е наменета за 80.000 домаќинства. Во одговорот на новинарско прашање премиерот Мицкоски наведува дека станува збор за проект финансиран од германската КФ банка. Посочи и дека оваа инвестиција била ...
Брајтон го објави потпишувањето на договорот со играчот од средниот ред Паскал Грос од Борусија Дортмунд. Неговиот ангажман е до 2027 година. Тој ќе го носи дресот со број 30 за Брајтон. Триесет и четиригодишниот Германец се врати во англискиот клуб, каде што играше од 2017 до 2024 година пред да се приклучи на Дортмунд. Тој одигра 261 натпревар во сите натпреварувања за Брајтон, постигнувајќи 32 гола и 53 асистенции. – Воодушевени сме што го ...
Фудбалерите на Челзи се нервозни поради разделбата со главниот тренер Енцо Мареска, објавува „Атлетик“. Многу играчи уживале во работата под водство на 45-годишниот Италијанец, а атмосферата во тимот била позитивна. Играчите на Челзи сега стравуваат дека заминувањето на Мареска ќе влијае негативно на тимот и на расположението во соблекувалната. На 1 јануари, Челзи го отпушти Мареска, кој беше на чело од летото 2024 година. Под водство на ...
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно и потопло со повремени локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, пообилни врнежи се очекуваат кон средината на следната седмица. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. -Температурите ќе бидат во пораст, особено утринските, кои насекаде ќе бидат позитивни, информира УХМР. Post Views: 4 ...
Откупот на тутунот заврши иако законски има уште еден месец. До Новата година се откупени вкупно 23 144 тони по речиси 420 денари за килограм. Според Сојузот на земјоделските здруженија, остануваат уште околу 1500 тони тутун што треба да ги преземат откупувачите кои ќе работат по празниците. – За мене е изнанадувачки брзо што заврши откупот на тутунот од ланската реколта. Но, помогнаа и временските услови да се забрза откупот. Во декември ...
Во вторник ќе се дели Бесплатен бадников оброк на градските плоштади во Кавадарци и Неготино по повод празникот Бадник, најавија градоначалниците Митко Јанчев и Марија Нацева. – Најубавите празници се оние што се споделуваат. Затоа и оваа година, петта по ред, Кавадарци ја продолжува традицијата на заедничкиот бадников ручек. На 6 јануари, вторник, со почеток во 11 часот, градскиот плоштад ќе биде место на дружење, топол оброк и празнична ...
Актуелниот шампион во НБА-лигата, Оклахома Сити рано утрово го победи Голден Стејт на гостински терен со 131:94. Плејмејкерот на Оклахома Сити, Шеј Гилџус-Александер, беше најефикасен кошаркар на натпреварот со постигнати 30 поени. Оклахома Сити го доби својот четврти натпревар по ред и продолжува да ја предводи Западната конференција. Голден Стејт е осми на Западот. Резултати на другите средби од НБА-лигата играни ноќта петок кон сабота: ...
Шест натпревари од Евролигата беа одиграни вчеравечер, а впечатлива е победата на Реал над Дубаи на свој терен. Шпанскиот великан иако на полувреме губеше со 14 разлика, сепак на крајот се радуваше. Резултати: Анадолу Ефес – Црвена ѕвезда 65:87 Басконија – Фенербахче 93:108 Панатинаикос – Олимпијакос 82:87 Виртус – Милано 97:85 Реал Мадрид – Дубаи 107:93 Баерн – Макаби 95:71. Водат Валенсија и Хапоел Тел-Авив со 13 победи и шест порази. Post ...
Тренерот на Лион, Пауло Фонсека, зборуваше за адаптацијата на напаѓачот Ендрик, кој е позајмен од Реал Мадрид. Бразилецот не е вклучен во составот за денешниот натпреварот со Монако на гостински терен. Ендрик е во добра физичка состојба, но не е подготвен да ги одигра сите 90 минути. Тој почна да тренира оваа недела и неговата адаптација оди многу добро. Тој е многу мотивиран. Беше добро примен од тимот, но Ендрик нема да игра против Монако, ...
Борнмут го објави потпишувањето на голманот Фрејзер Фостер. Неговиот договор важи до крајот на сезоната. Тој ќе го носи бројот 17 за својот нов тим. Триесет и седумгодишниот Англичанец беше без клуб откако го напушти Тотенхем во јануари 2025 година. Фостер има одиграно 155 натпревари во Премиер лигата и прими 204 гола во својата кариера. Голманот во кариерата има брането и за Саутемптон, Њукасл и Норич. Post Views: 5 јануари 3, 2026 Борнмут ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно. Во западните делови се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1 степен, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремен слаб дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен ветер од јужен ...
Најниска температура од -6 степени Целизусови утрово е измерена во Струмица, соопшти УХМР. Следат Скопје-Петровец со -4 степени, -3 Гевгелија, -2 Кавадарци, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 0 Kрушево, 1 Куманово, Лазарополе, Mаврови Анови, 2 Берово, 4 Прилеп, Битола, Велес, Виница, Штип, 5 во Крива Паланка и Демир Капија и 6 во Охрид. Во изминатите 24 часа до 7 часот утрово најмногу воден талог е измерен во Лазарополе од 24 литри ...
Премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи информира дека се реализира проектот за изградба на училишна фискултурна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населено место Црешево во Општина Гази Баба. Како што посочува премиерот, проектот опфаќа реализација на современ спортски објект без гледалиште, наменет за изведување на наставата по физичко образование и рекреативни активности. Со изградбата на овој објект, како што стои во објавата на ...
Руските спортисти на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Милано-Кортина нема да можат да ја претставуваат својата земја дури и ако се постигне мировен договор со Украина, најави денеска претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, во изјава за италијанските медиуми. „Во оваа фаза, ништо нема да ја промени одлуката на Комитетот да им дозволи на руските спортисти да учествуваат на Игрите во февруари само како ...
Српскиот ракометен стратег Александар Радосављевиќ е нов тренер на македонскиот суперлигаш МРК Куманово. Договорот меѓу двете страни, како што е објавено вечерва, е со важност од две години. Радосављевиќ зад себе има богато ракометно искуство, а последниот негов ангажман беше на клупата на РК Леотар. Искусниот српски ракометен стратег во минатото беше и селектор на женската јуниорска репрезентација на поранешна Србија и Црна Гора, машката ...
Фудбалерот на Вест Хем, Никлас Фулкруг, ќе игра до крајот на сезоната како позајмен во Милан, потврди денеска италијанскиот клуб. Милан по завршување на сезоната ќе има опција да го откупи договорот на 32-годишниот германски репрезентативец со лондонскиот клуб за сума од пет милиони евра. Фулкруг веќе почна да тренира со своите нови соиграчи на крајот од декември, откако ги мина медицинските прегледи и би можел веднаш да дебитира. Тренерот на ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, верува дека е време да се прекине „црната“ статистика која покажува дека лондонскиот клуб никогаш не освоил премиерлигашка титула доколку Новата година ја дочека на врвот на табелата. „Не знаев за тој податок … време е да се стави крај“, рече Артета на денешната прес – конференција, одговарајќи на новинарско прашање, дали му е познато дека Арсенал пет пати ја испуштил шансата да стане шампион кога во новата ...
Досегашниот фудбалер на лондонски Тотенхем, Бренан Џонсон, потпиша денеска договор на четири и пол години со градскиот ривал Кристал Палас. Како што објавија британските медиуми, Кристал Палас го ангажираше Џонсон за клупски рекорден трансфер од 35 милиони фунти. „Навистина сум возбуден и среќен. Кристал Палас е толку голем клуб, клуб на кој му се восхитував. Одлично време е да се биде во клубот и да се биде дел од патувањето на кое се движи ...
Поранешниот фудбалер на Барселона и бразилскиот репрезентативец, Дани Алвеш, чија пресуда за силување беше поништена минатиот март, инвестираше во португалски клуб од третата лига. „Во момент што ќе остане врежан во историјата на клубот, официјално го објавуваме доаѓањето на Дани Алвеш како косопственик на Спортинг Клуб Сао Жоао де Вер“, се вели во соопштението на клубот, основан во 1929 година. Според локалните медиуми, 42-годишниот Бразилец ...
Централниот бек на белгискиот Клуб Бриж, Жоел Ордоњез (21), треба да потпише за Ливерпул во јануари, а трансферот се проценува на 50 милиони евра, јавија денеска британските медиуми. Челзи, исто така, беше заинтересиран за него, но лондонскиот клуб на крајот се откажа од трката за потписот на еквадорскиот репрезентативец. Ордоњез ја почна својата кариера во еквадорскиот тим Индепендиенте, а во 2022 година се пресели во Клуб Бриж, во вредност ...
Интензивни врнежи на снег има на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата. – Од 21:00ч. поради интензивни врнежи на снег е задолжително употреба на зимска опрема (ланци) на патнот правец сЛисец-ПоповаШапка, информира вечерва Авто мото сојузот на Македонија. Post Views: 5 јануари 3, 2026 Интензивни врнежи на снег има на Попова Шапка. Воведена е задолжителна употреба на зимска опрема за возилата. – Од ...
Центарот за управување со кризи вечерва информира за тешко проодни патни правци во западниот дел на државата. На Единствениот повикувачки број 112 пријавени се повеќе случаи на заглавени возила и едно излетување од пат. – По добиени информации од регионалните центри, како тешко проодни се евидентирани патните правци: Скопје – Тетово, Тетово – Гостивар, Маврово – Дебар, Кичево – Охрид, како и патниот правец Козјак – Скопје, како и повеќе ...
НБА ги регистрираше своите највисоки бројки на гледаност за Божик во последните 15 години, со повеќе од 47 милиони гледачи, објави лигата. Повеќе од 47 милиони луѓе во САД гледале барем дел од празничната божикна програма емитувана на Еј-Би-Си и ЕСПН, што е зголемување од 45 отсто во однос на претходната година. Лигата соопшти дека станува збор за најгледаниот „Божиќ во НБА“ во последните 15 години. Просечната гледаност по натпревар ...
Владата на Габон објави распуштање на националниот фудбалски тим, отпуштање на селекторот и отстранувањето на ѕвездата Пјер-Емерик Обамејанг од тимот по трите порази на Африканскиот куп на нации. Министерот за спорт во телевизиско обраќање во четвртокот ја објави суспензијата на националниот тим откако Габон заврши последен во својата група. „Со оглед на срамниот настап на нашите „Пантери“ на Африканскиот куп на нации, Владата одлучи да го ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченото пуштање во употреба на нов објект од детска градинка „Павлина Вељанова“ во Кочани, во кој има простор за згрижување 120 дечиња. Тој оцени дека овој објект значително ќе го подобри квалитетот на животот на граѓаните, особено на најмладите. – За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можеме да пуштиме во употреба објект којшто ќе додаде квалитет во животот на граѓаните, така ...