Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Триесет годишниот Бојан Џонов го фати светиот крст, кој утринава беше положен во водите на реката Брегалница во штипско Ново Село. Џонов вели дека по вторпат го фаќа светиот крст. Вработен е и веќе втора година живее во Германија, а по повод големиот христијански празник Богојавление е во својот роден град. – Господ да дава здравје, среќа на сите. Вработен сум, работам во странство во Германија и не не сум оженет, вели Џонов. Осветувањето на ...
Наум Додевски е среќникот кој го извлече светиот крст положен во водите на Крива Река, од педесетината кои скокнаа по крстот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски. Прославата на големиот христијански празник Богојавление -Водици почна со света божествена Богојавленска литургија во соборниот храм Св.„Великомаченик Димитриј” по што беа осветени водите на Крива Река. – Нека светите води ни донесат здравје, мир и ...
Во Општина Карбинци од утринава големиот православен празник Богојавление-Водици се чествува на три локации. Водите во реките кои поминуваат низ оваа мала рурална општина се осветуваа во селата Карбинци, Долни Балван и Таринци. Иван Мицевски во село Карбинци го фати светиот крст во водите на реката Брегалница, кои беа осветени во Општина Карбинци. Тој вели дека првпат успеал да го извади светиот крст од осветените води, а досега се обидувал ...
Марјан Заов денеска го фати светиот крст во осветените води на Кочанска Река, кај Крушарскиот мост на традиционалната црковно-верска манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици. Тој беше најсреќен и прв успеа да го извади крстот од Кочанска Река. Во овј црковно-верски обичај годинава учествуваа 47 пријавени момчиња. Триесет и двегодишниот Марјан рече дека ова за него е голем успех. Нека дава Господ здравје, среќа и ...
Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг. Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел ...
Сенегалскиот фудбалски репрезентативец Ламин Камара изјави дека неговиот соиграч Садио Мане е најзаслужниот за вчерашната победа над Мароко во драматичното финале на Африканскиот куп на нации. Во финалето во Рабат, Сенегал го победи Мароко по продолженијата со 1:0, а, иако не постигна гол, Мане стана херој на Сенегал. Финалето беше на работ на прекин, откако гневните сенегалски навивачи се обидоа да влезат на теренот по одлуката на судијата ...
Дваесет и двегодишниот, Борис Стефановски, студент, го извади чесниот крст од Соборниот храм „Свети Никола“. Голем број кумановци се обидоа да го извадат светиот крст во старата градска црква. „Моментално сум студент на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, имам уште еден испит. Седма година се обидувам да го извадам крстот. Оваа година очекувам да дипломирам, да се вработам, да работиме со дечиња да имаме здравје да нè чува ...
Мартин Гоџо од Варош го фати крстот од осветените води на Охридското Езеро. Не е прв пат тој да е најсреќен меѓу оние кои се фрлаат по Чесниот Крст. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид каде што Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро, положувајќи го светиот крст во нив. Мартин Гоџо пак беше најсреќен ...
Дваесет и четригодишниот Дарко Митровиќ од општина Центар, роден на 3 јули 2001 година, денеска беше најсреќен и го извади светиот и животворен крст од водите на Вардар во рамки на централната манифестација за одбележување на празникот Водици во Скопје, што се одржа кај мостот „Слобода“ кај х. „Холидеј ин“. Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан пред положувањето на крстот во Вардар истакна дека Богојавлението е празник на ...
Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Руд ван Нистелрој, од 1 февруари ќе му се приклучи на стручниот штаб на холандската репрезентација, пред Светското првенство оваа година, објави Холандската фудбалска асоцијација. Ван Нистелрој ќе биде помошник тренер на селекторот Роналд Куман. За Ван Нистелрој (49) ова ќе биде трет мандат како помошник тренер во холандската репрезентација, по претходните мандати од 2014 до 2016 година и за време на ...
Во Дебар денеска најсреќен беше Дамјан Стефановски, ученик во петто одделение во дебарската деветтолетка „Пенестија“, кој го фати светиот крст положен во водата на базенот, што се наоѓа во дворот на црквата „Света Петка“ каде се наоѓа и седиштето на дебарската парохија. По светиот крст заедно со Дамјан скокнаа и Теофан Ангеловски и Антониј Тодоровски, но среќата му се насмевна на Дамјан кому радоста му се читаше на насмеаното детско лице. ...
На годинешното празнување на Богојавление-Водици во соборниот тетовски храм Свети Кирил и Методиј во Тетово, осветениот крст во црковниот базен го фати 51-годишниот Јовица Илиески-Кара. Празнувањето започна со литургија која ја отслужи митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф заедно со свештениците на тетовското намесништво. Потоа во дворот од црквата го извршија и чинот на водосвет и положување на осветениот крст во црковниот базен. -Прв ...
Кошаркарите на Мемфис го совладаа Орландо со 126-109 во натпревар од регуларната сезона во НБА лигата, одигран во неделата на лондонската О2 Арена, а дуелот го обележа инцидент кога навивач го попречи изведувањето на американската национална химна. Американската химна, која е составен дел од сите натпревари во НБА, ја изведе пејачката Ванеса Вилијамс, а за време на нејзиниот настап еден гледач извика „Leave Greenland alone!“ (Оставете го ...
Фудбалерите на Сенегал го освоија 35. издание на Африканскиот куп на нации откако го победија домаќинот Мароко со 1-0 по продолжение во Рабат. Финалето на Африканското првенство во неделата вечер понуди вистинска драма и хаос, а во еден момент се чинеше дека натпреварот за титулата нема да се доигра. Речиси е неверојатно што се случуваше во судиското продолжение во второто полувреме. Најпрво, на Сенегал му беше поништен гол, а неколку минути ...
Големо изненадување приредија фудбалерите на Реал Сосиедад кои ја победија Барселона со 2-1 на домашен терен во последниот натпревар од 20. коло на шпанската Ла Лига, во неделата. За Барселона ова беше прв пораз по серијата победи на последните единаесет дуели, во сите натпреварувања. Реал Сосиедад поведе во 32. минута со голот на Ојарзабал постигна гол за 1-0. Пред водечкиот гол, Барселона постигнаа два гола, преку Фермин Лопез и Ламин ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, соопшти изутринава АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата ...
Синоптичариоте најавуваат студено утро со мала до умерена облачност, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени. Според ...
Нерешени 29:29 на дуелот на македонските ракометари против Португалија во дуелот од второто коло. Ова е првиот бод за нашите ракометари во групата. Македонските ракометари имаат два гола негатива по првиот дел од вториот натпревар на Европското првенство против Португалија – 13:15. Натпреварот во првиот дел беше дури 11 пати со нерешен резултат, а кон средината на полувремето македонските ракометари поради три исклучувања имаа шест минути ...
Македонските ракометри попладнево одиграа нерешено 29:29 против Португалија и со тоа го освоија првиот бод во групата. За пласман во следната фаза ќе ни биде потребна математика за да стигнеме на второто место во групата. Македонските ракометари во првиот дуел загубија од Данска со 24:36 и имаме негатива од 12 гола, додека Португалија по првиот дуел има +6 . Во последното коло противник ни е Романија и за пласман на второто место ќе треба да ...
Најдобар на вечерашниот дуел против Португалија беше капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски, кој постигна 15 голови, а притоа ги реализираше и сите седмерци. – По Данска верувавме во себе, знаевме дека имаме квалитет да играме со Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и фокусот беше на Португалија и Романија. Дуелот со Данска беше за уживање. Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за ...
По голема борба македонските ракометари стигнаа до нерешен резултат (29:29) против селекцијата на Португалија, која на последниот светски шампионат во 2025 година беше полуфиналист. Противникот во вториот дел имаше и предност од пет разлика, но одлично водени од клупата македонските ракометари стигнаа до голем резултат против квалитетен противник. – Не е лесно да играш против светска велесила како што е Португалија. Ремизиравме со ...
Невидена драма во Хернинг во последната минута од мечот на нашата репрезентација со Португалија. Португалија го имаше последниот напад при резултат 29:29. Нам ни треба победа, а резултатот е нерешен и топката е во рацтете на противникот. Португалците шутираа од левата страна, Томовски одбрани, но топката повторно дојде во рацете на Португалците. Немавме среќа. Има уште половина минута, а босанските судии толерираат долги напад на Португалија. ...
Македонскиот ракометен тим успеа да освои голем бод во дуелот со Португалија играјќи нерешено 29:29. Левото крило Павле Атанасијевиќ дуелот го заврши со четири постигнати голови. – Имавме осцилации во текот на натпреварот но се вративме од минус пет. Верувавме дека можевме да го добиеме натпреварот, но на крај немавме среќа да победиме. Како и да е освоениот бод многу значи за нас. Ќе видиме што ќе се случи во последното коло, изјави Павле ...
Во натпреварот со Португалија сите македонски ракометари одиграа на високо ниво, но во последниот напад на противникот се истакна голманот Мартин Томовски со двете извонредни интервенции. – Среќни сме, но исто така и жалиме што можеби пропуштивме шанса и да победиме, ама мора да се признае дека покажавме добра психолошка состојба во второто полувреме, во кое иако губевме не се предадовме и резултатски се вративме. Сите функциониравме како ...
Португалската репрезентација беше изненадена попладнево, иако важеше за фаворит и водеше во неколку наврати и со пет разлика на крајот одигра нерешено. По дуелот португалскиот селектор истакна: – Имавме водство од пет разлика, но не го зачувавме до крајот. Малку го загубивме и ритамот на играта. Но, тоа е животот. Сега ќе чекаме до последен момент, а ќе се бориме како и обично. За следниот противник, репрезентацијата на Данска вели: – Ќе биде ...
Победник на денешната слаломска трка во Венген е Атле Лие Мек Грат од Норвешка, кој имаше резултат од 1:45.99 минута. Тој за 47 стотинки беше подобар од Лукас Пинеиро Братен од Бразил, додека место на подиумот избори и Хенрик Кристоферсен со 81 стотинка заостанување зад победникот. Сепак највредниот резултат го оствари Матијас Итен од Швајцарија, кој стартуваше со бројот 44 во првата трка, а на крајот заврши како шестопласиран, притоа во ...
Словенечкиот ски скокач победи и на вториот натпревар одржан викендов во јапонскиот зимски центар Сапоро. По вчерашната победа Домен Превц од Словенија беше најдобар и на денешените ски скокови и ова беше негова деветта победа сезонава или 18.та во кариерата. Превц успеа да освои 277,7 бодови со скокови со должина од 137,5 и 136,5 метри, второто место му припадна на Јапонецот Рјој Кобајаши со скокови со должина од 136,5 и 138,5 метри или ...
Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз со победа од 3:0 во сетови против Адам Волтон (Австралија) го стартуваше настапот на Австралија опен. Шпанскиот тенисер единствено во вториот сет имаше проблеми со домашниот тенисер кога сетот го доби во тај брејк, а Волтон имаше брејк предност, но Алкараз веднаш го врати загубениот гем на свој сервис. Од фаворитите пласман во следната рунда изборија Александар Зверев и Александар Бублик. Утре на ...
Еден од мечевите на стартот на Австралија опен кој привлече внимание беше дуелот на 45-годишната Венус Вилијамс против Олга Даниловиќ, кој заврши со победа на српската тенисерка од 2:1 во сетови. Во третиот сет Венус водеше со 4:0 во гемови, но го загуби сетот со 6:4. – Беше феноменален меч, со многу енергија од публиката, која беше неверојатна и тоа едноставно ми даде сила. Таа играше одлично, имаше и малку среќа, но таков е спортот, изјави ...
Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски втор лигашки натпревар по ред е на голот на Валенсија, по повредата на голманот Жулиен Агирезабала. На денешниот дуел со Хетафе Димитриевски ја сочува својата мрежа не затресена, а имаше и три успешни одбрани. Неговата екипа голот за победа од 1:0 го постигна во 84.минута, а стрелец беше Гаја. Со новите три бодови Валенсија се искачи на 17.место на табелата со 20 бодови. Post Views: ...