Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Актерот и музичар Џони Деп неодамна започна бизнис со алкохол и го претстави својот рум под името „Three Hearts“ (Три срца), во соработка со својот деловен партнер Боби Делон. Промоцијата се одржа во Лос Анџелес и привлече голем број познати личности. За време на настанот, Деп изјави за медиумите дека неговиот рум е „100 проценти одобрен“ од Капетан Џек Спароу, ликот што го прослави ширум светот. – Се плашам дека е така, изјави Деп, ...
Организаторите на Фестивалот Егзит соопштија дека, откако беше најавено дека оваа година нема да се одржи во Србија поради низа политички притисоци поврзани со поддршката на студентските протести, фестивалот започнува ново поглавје во својот развој, а Црна Гора ќе биде една од клучните дестинации ова лето. „Во рамки на договорот постигнат со Владата на Црна Гора за развој на фестивалскиот туризам и секторот на креативни индустрии, ќе биде ...
Денвер го победи Портланд рано утрово во натпревар од регуларната сезона на НБА, со 137:132 во продолжение. Натпреварот се одигра во „Бол Арената“ во Денвер. Центарот на Нагетс, Никола Јокиќ, оствари трипл-дабл – 35 поени, 14 скока и 13 асистенции. Денвер, со резултат од 51-28 (победи-порази) е на 3. место во Западната конференција. Портланд е на 9. место, со резултат од 40-39. И двата тима обезбедија место во плејофот. Post Views: 3 април ...
Наполи го победи Милан синоќа со 1:0 во домашен натпревар од 31. коло од италијанското првенство. Дербито на колото во Серија го реши Матео Политано со голот постигнат во 79. минута. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во игра влезе во 85.минута на местото на Кевин де Брујне. Наполи ја освои својата петта последователна победа во Серија А. Тимот предводен од тренерот Антонио Конте сега има 65 бода и се искачи на второто место на табелата. ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, смета дека неговиот тим е далеку од трофејот во Серија А. Милан синоќа на гостински терен загуби од Наполи со 1:0 во дербито на 31. коло. – Беше натпревар со малку шанси за гол, па сметавме дека една шанса може да биде одлучувачка. Наполи ја искористи својата шанса. Ние не издржавме иако нашата одбрана беше солидна. Требаше да ги завршиме нападите малку побрзо во второто полувреме, но се двоумевме и му ...
Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги искажа своите впечатоци по триумфот од 1:0 над Милан во домашниот натпревар од 31. коло од италијанското првенство. – Оваа победа ни дава огромен ентузијазам и самодоверба, бидејќи никогаш не смееме да заборавиме. ако сме на второто место, тоа е благодарение на момците кои ги покрија сите наши повреди оваа сезона. Извонредно е што тимот остана на врвот и покрај овие порази. Секој друг тим ќе се распаднеше ...
Општина Центар ја започна реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“, во должина од над 600 метри, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што информираат од Општина Центар, во моментов се реализираат првата и втората фаза од проектот, и тоа на делот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Наум Наумовски Борче“. На оваа делница е воведен привремен режим ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека е завршена целосната реконструкција на улицата „Јосиф Михајловиќ” во населбата Дуќанџик. Проектот опфати уредување на фекалната и атмосферската канализација, како и обнова на водоводната мрежа, со што се создаде одржлива инфраструктурна основа за ова подрачје. Во завршната фаза беше извршено целосно асфалтирање на улицата. „Почнавме од основата, со уредување на подземната ...
Во 1903 година Мисирков го создава првиот научно – аргументиран обид за стандардизација на македонскиот јазик и со тој чин, тој всушност ја поставува основата на политичката легитимност на македонската нација. Ако постои една константа во мисловниот корпус на Мисирков тоа е автономијата на Македонија, но автономија не како политичка цел сама по себе туку автономија како императив за сочувување на опстанокот на македонската самобитност, ...
Монографијата за Голи Оток зборува за траумата на бројни Македонци кои заради идеолошки, политички причини, биле испратени на Голи Оток. Таму се умирало, имало и бројни самоубиства, бројни завршувања во психијатриски болници, бројни жртви кои во текот на транспортот до Голи Оток биле убиени. Меѓу нив имало и жени. Ова го истакна во изјава за МИА, Виолета Ачкоска, чија монографија „Време на прекршувања – време на Голи Оток“, беше промовирана ...
По повод Светскиот ден на спортот, Општина Кисела Вода денеска организираше спортски турнири во мал фудбал и кошарка. Како што информира Општината, на настанот учествуваа избрани млади таленти од сите основни училишта на територијата на општината. -Во спортската сала на ООУ „Круме Кепески“, екипите од Кисела Вода во мал фудбал ги одмерија силите со избрани млади таленти од Општина Сопиште. На кошаркарските терени, пак, натпреварот беше меѓу ...
Фудбалерите на Јувентус ја постигнаа 16.та победа во шампионатот откако попладнево ја совлада Џенова во дуел од 31.коло со 2:0. Двата гола беа постигнати на почетокот на дуелот, а стрелци беа Бремер во 4.минута и Вестон Мекени во 17.минута. Јувентус со 57 бодови се наоѓа на петтото место на табелата. Денеска се одиграа уште два натпревара: Лече – Аталанта 0:3 и Удинезе – Комо 0:0, а вечерва се игра дербито меѓу Наполи и Милан. Лидер на ...
Менаџерот на Арсенал Микел Артета се соочува со проблеми во пресрет на утрешниот прв дуел од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостински терен против португалскиот тим Спортинг. На прес конференцијата пред дуелот, шпанскиот стручњак изјави дека Букајо Сака и Џуриен Тимбер не допатувале со тимот и дека сè уште не се подготвени, но смета дека ќе бидат подготвени за следниот дуел од Премиер лигата. На листата на повредени сè уште: ...
Тековната сезона уште не е завршена, но плановите за новата сезона и составите на екипите се подготвуваат. Управата на Манчестер Јунајтед сè уште нема решение за менаџерската функција, но веќе го имаат потенцијалното ново засилување. Станува збор за фудбалерот на Нотингем Форест 23-годишниот Елиот Андерсон. Фудбалерот е стандарден во својот тим, а успеа да избори место и во англиската репрезентација кај селекторот Томас Тухел. Британските ...
Архивот не е само минато. Архивот е темел. Темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината. Во неговите депоа, во неговите ракописи, во неговите документи, живее сведоштвото за нашите борби, за нашите победи, за нашите падови и повторни исправувања. Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои нè направиле посилни, порача вечерва премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија по повод ...
Екипажот на „Артемис II“ го сруши рекордот за најдалечното човечко патување од Земјата, надминувајќи го претходниот рекорд поставен од мисијата Аполо 13. НАСА вели дека „Аполо 13“ достигнал растојание од 400.171 километри од Земјата во 1970 година. Тие додаваат дека „Артемис II“ ќе достигне максимално растојание од околу 406.700 километри, надминувајќи го рекордот за околу 6.600 километри. Зборувајќи за рекордниот подвиг на мисијата Аполо ...
Првите четвртфинални дуели од фудбалската Лига на шампионите се играат утре, а секако повеќе внимание привлекува дуелот во Мадрид меѓу Реал и Баерн. Двата тима заедно имаат освоено 21 шампионска титула (Реал 15, Баерн 6) и се во ТОП 5 според освоените шампионски пехари. Двата тима заради игрите, реномето, како и историјата секогаш важат за претенденти за освојување на европска титула. Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа ќе има помалку ...
Во пресрет на четвртфиналниот дуел од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Баерн во центарот на вниманието е и играчот на „кралскиот клуб“ Винисиус Жуниор. Тој во најавата на дуелот зборуваше и за тоа каде ќе ја продолжи кариерата. Во последно време сè почесто се зборува за негово заминување од Мадрид, а неговиот договор со Реал трае до 2027 година и како што е вообичаено има шпекулации за негово заминување од клубот. Како потенцијални ...
Лидерот на Премиерлигата, Арсенал се обиде во своите редови за следните сезони да го донесе играчот на Барселона Дани Олмо. Но, шпанскиот репрезентативец и покрај скромната минутажа во каталонскиот клуб нема намера да ги менува клупските бои, пренесуваат каталонските медиуми. Менаџерот на Арсенал Микел Артета се надеваше дека ќе успее да го донесе Олмо, но 27-годишниот фудбалер сепак реши да остане во Барселона до 2030 година. Интерес за Олмо ...
Македонските тенисерки претрпеа пораз од 3:0 од Египет во првиот дуел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се игра Бања Лука. Ривалките ја имаа и ја оправдаа улогата на фаворитки. Во првиот меч на двете второрангираните тенисерки од репрезентациите Јасмин Езат ја совлада Ана Митевска со 2:0 во сетови (6:0 и 6:2). Во мечот на прворангираните тенисерки имаше повеќе неизвесност и траеше 1 час и 50 минути. Во првиот сет Сара ...
Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација. Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси ...
По завршувањето на 22. коло од кошаркарската „МТЕЛ“ Супер лигата, согласно со системот за натпреварување, во вториот дел од натпреварувачката сезона, 12 екипи ќе бидат поделени во две натпреварувачки групи. Екипите кои според пласманот се од 1. до 6. место, (со пренесени резултати од првата фаза), ќе играат во „ТОП 6“ сегментот, додека екипите кои завршија од 7. до 12. позиција, ќе се натпреваруваат во плејаут делот. Во втората фаза, која ќе ...
Во НУ – Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ – Штип денеска беше промовирана книгата „Македонка – од раѓање до пропаѓање (1951–2001)“. Автор на книгата е проф. д-р Андон Мајхошев од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип. Според него распаѓањето на југословенскиот пазар, е клучната причина за затварањето на текстилниот гигант „Македонка“. Во неговата книга „Македонка- од раѓање до пропаѓање“ се вели дека за да се спаси ...
Исплата од близу 94 милиони денари денеска е реализирана кон околу 2.430 земјоделци, финансиска поддршка во земјоделството, информираа попладнево од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. – 89.465.370 денари кон 2.381 корисник по подмерка 1.1 – директни плаќања по обработливa земјоделска површина за ориз од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година. Потоа, 3.313.888 денари по мерка 7 – финансиска ...
Штип денеска одбележува 85 години од бомбардирањето. Пред споменикот кај зградата на Театар Штип делегации на локалните и државните институции, на политички партии и на Сојузот на борци положија цвеќе. Петар Мицевски претседател на Општинската организација на Сојузот на борци во Штип во пригодната реч истакна дека германскиот фашистички окупатор на 6 април пред 85 години зад себе остави разурнати домови и болка на семејствата, кои загубија ...
Претставници на 15-ина архиви и архивски асоцијации од регионот и Европа денеска во Скопје имаат средба во рамки на програмата за одбележување на јубилејните 75 години од постоењето на Државниот архив на Република Северна Македонија. На средбата учествуваат гости од архивите на Турција, Албанија, Србија, Косово, Бугарија, Романија, Малта, Црна Гора, Босна и Херцеговина, од Архивскиот комитет на НАТО, ICARUS (International Centre for Archival ...
Тренерот на Интер, Кристијан Киву, изрази задоволство по синоќешниот триумфот од 5:2 над Рома на домашниот натпревар од 31. коло од италијанското фудбалско првенство. – Многу сум среќен со враќањето на Лаутаро Мартинез, среќен сум што го видов голот и асистенцијата на Маркус, среќен сум што го видов голот на Барела и среќен сум што го гледам Дензел Дамфрис како игра толку добро. Пресвртницата, поради која сите на клупата славеа со страст, ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на својот фејсбук-профил соопшти дека во Белград потпишал Меморандум за соработка со белградската Општина Стари град. Пецаков напиша дека Општина Охрид започнува ново поглавје на соработка, овојпат со општината што го претставува историското и културното срце на Белград. „Ова претставува вовед во официјалното збратимување на нашите општини и отвора врати за размена на искуства во локалната самоуправа, ...
Научници развија нова технологија со која значително се продолжува рокот на траење на свежото месо од живина, што би можело да придонесе за намалување на отпадот од храна и на трошоците во прехранбената индустрија. Свежото месо е лесно расиплива намирница која во фрижидер, зависно од видот, може да се чува најмногу два до три дена. Експертите препорачуваат потрошувачите строго да се придржуваат до упатствата на производителите, особено во ...
Германските власти подготвуваат истрага за шишенце означено како „Полониум-210“, пронајдено за време на велигденско барање јајца во близина на Штутгарт, за да утврдат дали содржи потенцијално смртоносна супстанција. Експерти од покраинското Министерство за животна средина утре ќе го отворат и испитаат шишенцето, откако двајца мажи го пронашле вчера во една градина, што предизвика голема итна интервенција поради страв од радиоактивност. ...