Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Нови детали за состојбата на Шумахер се појавија во медиумите. „Дејли мејл“, повикувајќи се на повеќе извори, објавува дека седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, повеќе не е врзан за кревет. Сепак, тој сè уште не може да оди, наместо тоа, се вози низ својот дом во инвалидска количка. Објавени се и детали во врска со извештаите дека Шумахер страда од синдром на заклучување или псевдокома, што се однесува на способноста да реагира ...
Петтиот светски рекет, Лоренцо Мусети, ноќеска го победи Тејлор Фриц во четвртото коло на Австралија опен. Натпреварот заврши со резултат 6:2, 7:5 и 6:4. Ова е четвртото учество на Италијанецот во четвртфиналето на Грен слем, а негово прво на Австралија опен. Тој, исто така, ја обезбеди својата 15. победа над играч од Топ 10. Неговиот биланс против играчи од Топ 10 сега е 15:34. Оваа победа над Фриц е само негова втора на Грен слем турнирите ...
Одредени се сите четвртфинални двојки во женска конкуренција на Австралија опен. Првиот светски рекет, Арина Сабаленка (Белорусија) ќе се соочи со Ива Јовиќ (29-та носителка) од САД. Втората светска тенисерка Ига Швјонтек од Полска ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан (5. на светската ранг-листа). Во другите два четвртфинални пара ќе се сретнат: Џесика Пегула (6. носителка) САД – Аманда Анисимова (4. носителка) Коко Гоф (САД 3. ...
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос, и група инвеститори што тој ги предводи, се согласија да ја купат Севилја. Според „Карусел Депортиво“, договорот е вреден приближно 400 милиони евра. Триесет и деветгодишниот Шпанец ќе стане претседател на клубот од каде што доаѓа. Рамос играше за сениорскиот тим на Севилја од 2004 до 2005 година и во сезоната 2023/24. Тој играше и за Реал Мадрид, ПСЖ и Монтереј. Фудбалерот ...
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, проговори за заминувањето од клубот на Дро Фернандез. – Непријатна ситуација. Имавме друг договор, но неговиот агент рече дека не можеме да го почитуваме, изјави Лапорта. Претходно беше објавено дека 18-годишниот фудбалер од средниот ред е блиску до трансфер во ПСЖ. – Ќе коментираме за ова кога сè ќе биде финализирано. Тој објави дека нема да остане. Беше неочекувано. Се договоривме за друго решение ...
Итан Хоук можеби „не виси“ од облакодери и не се држи за авион в лет, како Том Круз во „Невозможна мисија“, но беше подготвен да ги прави каскадерските задолженија во рамки на својата улога во „Товар“ (The Weight) – историско-акциона драма којашто денеска премиерно се прикажува на Филмскиот фестивал „Санденс“ во САД. Во приказната од ерата на Големата депресија во 1930-тите, Хоук го глуми Семјуел – вдовец одвоен од својата ќерка и испратен во ...
Австрискиот формула 1 тим Ред Бул објави видео и фотографии од својот нов болид РБ22. Првите претсезонски тестови во Формула 1 ќе започнат денес во Барселона. Холанѓанецот Макс Верстапен и француско-алжирскиот возач Исак Хаџар ќе возат за Ред Бул во сезоната 2026. Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец е четирикратен шампион во Формула 1. Минатата сезона заврши втор во шампионатот на возачи. Хаџар го ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја процени својата физичка состојба пред четвртфиналето на Австралија опен. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ стигна до оваа фаза по повлекувањето на Чехот Јакуб Меншик, со кого Ѓоковиќ требаше да се соочи во четвртото коло. – Се чувствувам одлично, особено физички. Веројатно сум во најдобрата форма во последно време. Го очекував ова, особено со оглед на времето што го имав за одмор и подготовка за овој Грен слем ...
Фудбалерот на Челзи, Естевао, стана ѕвезда на натпреварот против Кристал Палас (3:1) во 23. коло од Премиер лигата, пишувајќи историја за лондонскиот клуб. На вчерашниот натпревар, 18-годишниот Бразилец постигна гол и асистираше. Според статистичката агенција „Опта“, Естевао на денот на натпреварот имаше 18 години и 276 дена. Тој стана вториот најмлад играч во историјата на Челзи кој постигнал гол и асистирал во ист натпревар од англиската ...
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, побара од својот тим да остане смирен и покрај поразот од Манчестер јунајтед во 23. коло од англиската Премиер лига. Арсенал вчеравечер на домашен терен загуби со 3:2 и му дозволи на Манчестер сити да му се доближи на врвот на табелата. – Честитки до Манчестер јунајтед за победата. Иако се случи на многу чуден начин. Доминиравме во првите 30 минути, постигнавме гол, а потоа му дозволивме на противникот да ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Керик, го пофали својот тим по победата од 3:2 над Арсенал вчеравечер на гостински терен во 23. коло од англиската Премиер лига. – Знаевме дека мечот ќе започне така и се обидовме да го свртиме текот во наша корист. Мислам дека почнавме да ја контролираме топката и да воспоставиме комуникација на теренот, се вративме на смиреност и во одредени моменти се чувствувавме самоуверено. Кога Арсенал постигна ...
Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, призна дека ако неговиот тим загубеше од Милан во 22. коло од италијанското фудбалско првенство ќе беше болен удар, но исходот од натпреварот му даде самодоверба на неговиот тим. Натпреварот се одигра синоќа во Рим и заврши нерешено 1:1. – Кога Милан е во водство, тие стануваат многу опасни во контранападот, особено со свежи сили како Пулишиќ и Филкруг. Сепак, ние успеавме да возвратиме на нивниот гол. ...
Кумановци кои работеа за американските компании во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред зградата на општина Куманово. Тие уште еднаш побараа нивното прашање за данок на плата да се разгледа на советот на општината, бидејќи на последната седница градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ги информираше советниците за посредувањето за средба помеѓу групата кумановци и надлежните од УЈП, но точката не беше ставена на совет. За време ...
Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број даночни обврзници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски, соопштија од градот. Од Градот потсетуваат дека јавен повик за подмирување на заостанати долгови по основ на данок на имот, данок на промет, наследство и подарок, како и комунална такса-фирмарина беше објавен на 9 декември 2025 година. Според ...
Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на ...
Министерот за спорт Борко Ристовски и градоначалникот на Струмица Петар Јанков, денеска го предадоа во употреба мултифункционалното игралиште во Гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица. Според министерот Ристовски, низ државата се отворени многу мултифункционални игралишта и сега во Струмица, зашто, како што рече тој „со години Струмица беше запоставувана и не се градеа такви игралишта кои се од големо значање и за учениците и за сите кои ...
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека по 8000 денари финансиска поддршка ќе добијат семејствата за секое новороденче. Продолжуваме со зголемена грижа и поддршка за најмладите и нивните семејства. Од оваа година, секое новородено добива 8.000 денари финансиска поддршка – конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство, објави Стојкоски. Тој потенцира дека ова не е само финансиска ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари работна средба со Муамер Сефери, директор на ЈП „Паркови и зеленило“. Средбата се одржа во просториите на општината, при што беше договорена зајакната и интензивирана соработка во периодот што следи, со фокус на унапредување и одржување на јавните зелени површини. Во рамки на договореното, доколку дозволат временските услови, од понеделник Општина Кисела Вода, преку ...
Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје – трајно го решаваме проблемот со паркирањето, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Денеска, посочува градоначалникот, заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, како и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, одржавме координациски состанок со кој официјално го отпочнуваме процесот за изградба на две монтажни катни ...
Сите засегнати страни разумно да пристапат за решение за зголемување на минималната плата, кое за износот од 200 евра што се бара може да се реализира единствено со субвенционирање од државата. Во спротивно ќе резултира со минимално или работење со загуби, велат од Синдикатот на приватни автобуси превозници на град Скопје. – Изразуваме голема загриженост во однос на барањето на Сојузот на синдикатите на Македонија за покачување на минималната ...
Јапонскиот бренд Сакаи (Sacai) се истакна со традиционалната форма на машката облека, комбинирајќи горни и долни делови со џебови и прошивани вметнувања, без да ја загрози удобноста. Слична мода, со „ненаметлива, но внимателно изработена естетика, понуди и брендот Хермес (Hermès), кој во емотивна, проштална ревија на дизајнерката Вероник Нишијан ја потенцираше вредноста на едноставните линии и безвременскиот дизајн. Палтото се наметна како ...
Во Хендерсон, Ајова, САД – со население од 144 жители, секој се познава со секого. Гратчето е познато по годишниот Фестифал на пржени животински тестиси, во противпожарната станица во март (еден од неколкуте ширум САД и светот), но и по тоа што минатиот ноември, граѓаните ја избраа 20-годишната Ева Фипс како најмладата градоначалничка во САД денес, но и воопшто – во историјата на земјата. – Не мислев дека ќе бидам дел од американската ...
Софија Стојанова, ученичка во втора година во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица е авторка на беседата „По песната птиците се разликуваат“, избрана за најдобра на конкурсот за наградата што во чест на охридскиот поет Григор Прличев ја доделува Охридската библиотека. Стојанова за добиената награда вели дека за неа претставува исклучително значајно признание и длабока лична радост. Овој успех не го доживувам само како потврда за мојот ...
Изградбата на водоводна, фекална и атмосферска канализација во индустриската зона Речица, во Кумановско, ќе привлече нови инвестиции и ќе придонесе за раст на локалната економија, објави денеска на социјалните мрежи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во делот „проекти за трајна промена-темели за сигурна иднина. Изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување ...
Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна. Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни ...
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ и додаде дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.01.2026 до 23.01.2026 зема 150 примероци за физичко-хемиска и 150 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...
Кинотеката на Македонија ќе ја почне февруарската програма со документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска. Од 2 до 7 февруари филмот ќе се прикажува од 18 и од 20 часот, а по една проекција ќе има и на 12, 13 и на 14 февруари. Наградуваниот документарец снимен минатата година е приказна за земјоделецот Никола, кој случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден ...
Српската ватерполо репрезентација го освои златниот медал на Европското првенство, откако вечерва во Белград, ја победи во финалето Унгарија со 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1). Првите две четвртини беа израмнети и на полувреме резултатот беше нерешен 5:5, а на почетокот на третата четвртина, Србија прва дојде до предност од два гола, кога Василије Мартиновиќ беше прецизен за 7:5 со играч повеќе. Во продолжението на третата четвртина, Унгарија го ...