Репрезентацијата на Хрватска со триумфот против големиот ривал Словенија со 29:25 ги задржаа шансите за пласман во полуфиналето. Во моментов Хрватска е лидер на група 2 на ракометното Европското првенство, а утре во последниот дуел од групата играат против Унгарија. Хрватската репрезентација водеше во текот на целиот натпревар, а Словенија по серија од 4-0 успеа да изедначи на 18:18. Но, нерешено беше само уште еднаш 19:19. По предноста од ...

Ракометарите на Шведска и на Унгарија одиграа нерешено 32:32 и дополнително се „заплеткаа“ работите за пласман во полуфиналето од групата 2. По денешните дуели Хрватска – Словенија 29:25 и Швајцарија – Исланд 38:38, Хрватска е лидер на табелата со 6 бодови и со најголеми шанси за полуфиналето. По 5 бодови имаат Шведска и Исланд, Словенија остана со 4, а Унгарија и Швајцарија имаат по два бода. На последниот дуел Шведска испушти победа откако ...

По настапот во квалификациите на Австралија Опен најуспешната македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на фјучрс турнирот во Порто што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа во првото коло ја совлада Ралука Шербан од Кипар со 2:0 во сетови (64 64). Ова беше трета победа за Лина Ѓорческа во последните три меча против Шербан. Во првиот сет двете тенисерки на почетокот имаа проблем со освојување на гем на свој ...

Пред Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово попладнево протест одржаа десетици граѓани, кои на овој начин изразуваат револт поради издадените решенија на институцијата за плаќање данок на приход заработен во странска земја. Главните аргументи на оваа група граѓани се дека тие биле 183 дена во странство и дека со тоа не се даночни резиденти. – Сите овие решенија што ни се издадени да се стопираат. Бидејќи сите ние ...

Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши работна посета и детален увид на локалитетот Кале заедно со министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, со цел целосно согледување на актуелната состојба и утврдување на реалните можности за негово понатамошно отворање и ставање во активна културна функција, информираат од Град Скопје. Во ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека до 13 часот за Скопје не се пристигнати пријави за штети предизвикани поради врнежите од дожд. Состојбата е редовна и континуирано се следи. Во Струмичкиот Регион состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради дождот, во Штипскиот Регион зачестени се одрони и свлечишта на патните ...

Операта во еден чин, „Кавалерија Рустикана“, едно од најуспешните дела од италијанскиот композитор Пјетро Маскањи, ќе биде изведена во Националната опера и балет (НОБ), соопштија од установата. Ова оперско дело претставува едно од најзначајните остварувања на италијанскиот композитор Маскањи и останува еден од најизведуваните наслови на светските, како и на домашната оперска сцена. Станува збор за интензивна приказна за љубовта, љубомората и ...

Националниот џез-оркестар со настап со гудачки ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, в петок, во 20 часот, во Филхармонијата ќе ја отвори новата концертна сезона 2026. Од Националчниот џез-оркестар информираат дека станува збор за редок и внимателно обликуван музички спој, што отвора нова звучна димензија во современата македонска орекстарска практика. Под диригентство на маестро Џијан Емин на концертот ќе бидат ...

Општина Охрид ќе постапи согласно дадените препораки од Државниот завод за ревизија по Извештајот изготвен врз основа на ревизијата на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Охрид за 2024 година. Претходно ДЗР објави информација дека ревизијата на работењето на Единицата на локалната самоуправа – Охрид утврдила изведени градби и градежни активности без одобренија за градење, како и други неправилности и ...

ад 35 300 единки од 44 различни видови водни птици беа попишани за време на зимското пребројување птици на трите природни езера во Македонија, што под водство на Македонското еколошко друштво (МЕД) се реализира секој јануари од 2010 година, како дел од Меѓународниот зимски цензус на водни птици. -Споредено со податоците од претходните пет години, популациите на птици на Дојранското Езеро, иако мали, се стабилни. На Преспанското Езеро се ...

Инспектори на инспекциските служби во координација со полицијата деновиве заплениле и одзеле 31 килограми бакар од три лица, а за една компанија која управува со отпад заради непоседување дозвола е покрената постапка за спогодување пред Комисија формирана од страна на Министерството за животна средина, соопштија денеска од Општина Струмица. Оттаму истакнуваат дека дополнително на шест физички лица од страна на комуналните инспектори им се ...

Добар ден и од мене. Јас не би имал што да додадам на тоа што го кажаа и градоначалникот и министерката. Би сакал да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата од Општина Гази Баба, на пратениците, на министерката, на Министерството за образование и наука за посветената работа при реализацијата на овие проекти, коишто се многу значајни во развојот на децата и образовниот процес на истите. Очекувам уште многу вакви ...

Британската поп ѕвезда Дуа Липа го привлече вниманието на јавноста при појавувањето на ревијата на Шанел во рамки на Париската модна недела, појавувајќи се во жолт комплет со впечатлив принт. Таа носеше сако и здолниште до колена во интензивна жолта боја, украсени со апстрактни црвено-црни мотиви кои потсетуваат на леопардски дизајн. Кројот е во духот на препознатливата елеганција на ревијата, со јасно дефинирани и женствени линии. ...

Светскиот тенисер број 1, Карлос Алкараз, попладнево го победи Австралиецот Алекс Де Минаур во четвртфиналето на Австралија опен со 7:5, 6:2 и 6:1. Мечот траеше 2 часа и 18 минути. Алкараз сервираше пет аса, направи три двојни грешки и реализираше седум од 16 брејк топки. Де Минаур, рангиран шести на АТП-листата, сервираше еден ас, немаше двојни грешки и реализираше две од седум брејк топки. Во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн, ...

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Патрик Доргу, ќе биде надвор од терените подолго време поради повреда. Според „The Athletic“, лекарскиот преглед открил повреда на тетивата, што ќе предизвика отсуство од тренинзи и натпревари приближно 10 недели. Дваесет и едногодишниот Данец повредата ја заработи во победата (3:2) над Арсенал во неделата во 23. коло од Премиер лигата, натпревар во кој постигна гол. Доргу одигра 24 натпревари ...

Тренерот на Наполи, Антонио Конте, ги искажа своите очекувања за претстојниот натпревар од 8. коло во Лигата на шампионите против Челзи. – Ќе биде возбудлив натпревар против клуб што имав привилегија да го тренирам. Знам каков клуб се тие, какви играчи имаат и каков е нивниот менталитет. Пристапуваме кон овој натпревар со решителност и респект за нашите противници. Никој од нас не размислува да ја напушти Лигата на шампионите или да не ...

Свлечиште од земја урна дел од потпорниот ѕид на Клиничка болница-Штип, по што оградата и земјата се свлекле врз две возила со скопска и велешка регистерска табличка. Ката Крстевска од Велес, која утринава дошла на преглед во Клиничка болница во Штип вели дека го оставиле возилото и тргнале кон болницата и наеднаш само слушнале врева и виделе дека ѕидот паднал врз возилото. – Паркиравме возилото и само што појдовме на нагорнината слушнавме и ...

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски преку социјалните мрежи информира дека изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица „50“ во Радишани. Посочува дека со ова е реализирано уште едно ветување кон граѓаните. -Изграден е целосно нов потпорениот ѕид на улица „50“ во Радишани. Поради одрони и пропаѓање на улицата, неопходно беше да се изврши санација на оштетениот дел и со изградба на овој потпорен ѕид да се спречи понатамошно ...

Реконструкцијата на спортската сала Расадник е при крај и следниот месец треба официјално да биде пуштена во употреба, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на општина Гази Баба. – Мислам дека е при крај и дека веќе следниот месец или месецот потоа најдоцна, треба и таа да се пушти во употреба, исто како и салата во склоп на универзитетскиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – ...

Општина Кисела Вода и Националниот оркестар за џез музика потпишаа Меморандум за соработка, со кој се прошируваат културните активности на територијата на општината. Меморандумот го потпишаа градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски. Со договорената соработка се предвидува реализација на концерти, музичко-сценски настапи, работилници и едукативни програми, со цел ...

Со објавувањето на втората компилациска плоча „Welcome to Ѓорче Петров“, заедно со минатогодишната „This Is Gjorce Petrov, Not Skopje!“, се заокружува проектот за систематско документирање и архивирање на музичкото минато на Ѓорче Петров. Со овие две изданија, Ѓорче Петров стана првата општина во Република Македонија со две официјални компилациски плочи посветени исклучиво на сопственото музичко наследство. На компилациите се застапени околу ...

Премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалник на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска поставија камен-темелник за изградба на нова спортска сала во ООУ „Григор Прличев“ во населеното место Железара. Премиерот Мицкоски им честиташе на градоначалникот Стефковски, на советниците, на администрацијата од Општина Гази Баба, на пратениците, на министерката, на Министерството за образование и ...

Утринската мачнина е честа појава во раната бременост, па трудницата вообичаено се чувствува лошо и исцрпено, со слаб апетит и често повраќање. Во тој случај, природно е прашањето: Дали тоа би можело негативно да влијае на развојот на бебето? Добрата вест е дека во повеќето случаи – не може. Во првите месеци од бременоста, бебето е сè уште многу мало и нема големи нутритивни потреби. Краткорочното намалување на внесот на храна обично не е ...

Здравствената состојба на Квинтон Арон се влоши. Глумецот од номинираниот филм за „Оскар“ – „Слепа страна“ (The Blind Side), кој таму го глумеше поранешниот спортист Мајкл Охер, во филмот од 2009 година – е ставен на апарати за одржување во живот, откако пред неколку дена бил згрижен по колабирањето во својот дом. Неговата сопруга Маргарита ја потврди веста за порталот „Ти-ем-зи“ (TMZ) вчера – на 26 јануари. Маргарита рече дека го однела ...

Нема опасност за излевање на реката Брегалница на територијата на општина Штип, вели градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, за МИА. Водостојот на притоките на реката Брегалница во општините Пробиштип, Карбинци и Штип е зголемен, но нема опасност од нивно излевање од коритата. Директорот на ЈП „Македонијапат“, подружница Штип, Влатко Цоневски, изјави дека на автопатот Штип – Скопје, експресните патишта и магистралните патишта се вози ...

В среда кон крајот на денот и в четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. В петок и в недела ќе преовладува претежно облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а в сабота и в понеделник ќе биде променливо облачно. Post Views: 1 јануари 28, 2026 В среда кон крајот на денот и в четврток повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти УХМР. В петок и в ...

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото „Шепово“. Според сопственикот, се се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода влечела се пред себе. – Од брзата и надојдена вода, која достигна над два метри, не успеавме да ја отвориме шталата и да ги извадиме јагнињата и овците. Штетате е голема. Во еден момент постоеше опасност и нас ...

Во 2025 година во Штип се продадени 330 станови, а вкупната вредност им е 19 милиони евра, покажуваат анализите на Одделението за даноци во Општина Штип. Најголем интерес, како што вели Драган Каров од Одделението за даноци во Општина Штип, има за новите градби, но побарувачка има и за станови во постарите станбени единици. Ако до пред неколку години во Штип станови купуваа турски државјани, бидејќи студираат на Универзитетот „Гоце ...

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, преку соопштение за јавноста ги отфрла како „неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во емисијата ‘Студио Actualno Балкани’ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, туку со манипулација, асимилација и криминал“. Се оценува дека станува збор за класична медиумска манипулација со цел ...

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) соопшти дека членовите на анонимните жири-комисии кои решаваат за добитниците на петте традиционални годишни награди од пристигнатите дела на конкурсот, ги избрале насловите што влегуваат во полуфиналниот круг. Од 17 дела во трка за наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело објавено во 2025 година, избрани се осум наслови: „Ќе помине и моќта“ од Ирена Јурчева („Три“); „Каде леташ, Јулија?“ од ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
61%
1016
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
2.06
55%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.46
81%
1018
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
66%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
4.12
67%
1012
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.0
41%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
41%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
5.81
65%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
47%
1016
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.69
93%
1013
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Родиум

358480.82

Сребро

2179.44

Алуминиум

3.19

Злато

144593.23

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Цинк

0.00

Бакар

10.65

Калај

43.91

Рутениум

56199.51