Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на ADP-групацијата, постигна Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, информираат од ТАВ Македонија. Охридскиот аеродром ја добил оваа акредитација за управување со емисии на јаглерод на Ниво 2, од Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International-ACI) во рамките на нивната глобална програма за ...

Од здружението „Здружение на граѓани 16 март 2025“, формирано од граѓани и родители на починатите деца во стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, известуваат дека оваа сабота нема да се одржи вообичаениот „Марш за ангелите“. „Поради претстојниот хуманитарен фудбалски натпревар меѓу ГФК Осогово и ФК Вардар, кој ќе се одржи во сабота, на 07.02.2026 година, Ве информираме дека планираниот саботен „Марш на ангелите“ ќе биде одложен. ...

Шампионот МЗТ Скопје Аеродром е нов лидер по четирите натпревари одиграни попладнево од 14.коло од МТЕЛ лигата. Првакот МЗТ Скопје Аеродром го совлада последнопласираниот на табелата Ангели со 95:74. Во дербито на колото Феникс со пресврт во последните две минути го совлада МКК Куманово со 86:84. Кумановчани водеа со 80:76, но тимот на Феникс направи серија од 9-2 за водство од 85:82 за нова победа. Кожув на гостувањето кај Гостивар ја ...

ФИБА Европа, денеска, донесе одлука Европското првенство во „Б“ Дивизија, во категорија У16-мажи, да ѝ го додели на организација на Македонската кошаркарска федерација. Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања. Европското првенство У16 – Б ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3.7 степени. -Според ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски попладнево соопшти дека за ЈП „Лајка“ обезбедени се 30 милиони денари за проширување на капацитетите и создавање современи, хумани услови за згрижување на бездомните кучиња. -Почитувани скопјани, ако во минатото ЈП „Лајка“ беше креирана за брзи партиски вработувања, од моето преземање на функцијата градоначалник на Скопје, таа авантура заврши. Предолго време проблемот со бездомните кучиња се ...

Во рамки на проектот за санација на кровната купола, олуците и партерот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во тек се градежни работи кои опфаќаат демонтажа и замена на дотраени олуци, изведба на нова хидроизолација на куполата, како и санација на вертикалната хидроизолација во партерниот дел. Работите вклучуваат и привремени интервенции на тротоарските површини, по што просторот ќе биде вратен во првобитна состојба, ...

Со сослушување сведок и вешти лица, денеска продолжи судењето во Велес за опожарена куќа во село Капиново, општина Чашка. Седумдесет и петгодишниот сведок Божидар Арсовски од село Нежилово, општина Чашка, рече дека еден од обвинетите го познава. Се враќал од болница во Скопје и си одел накај Нежилово, кога видел дека чади куќата. Рече дека го познавал таткото на оштетениот Давид Јорданов, а него, не толку добро. -Контактирав преку телефон со ...

Жители од Турското маало од Струмица денеска мирно протестираа пред просториите на „Електродистрибуција“ тврдејќи дека добивале високи сметки за потрошена електрична енергија, иако реално немале толку потрошено. Според граѓаните, сметките се високи, посебно во зимските месеци и бараат и тие да имат увид во броилата. -Протестираме заради високите сметки. Јас живеам сам во една соба и имам еден ладилник и сметката за струја за минатиот месец ми ...

Согласно планираните активности, во тек е втората фаза за расчистување на брегот на велешко езеро „Младост“ на потегот од Првата плажа накај Бродот „Панини“, а веќе е исчистено 30 проценти, информира денеска за МИА Ване Маневски, директор на Јавното претпријатие за водостопанство „Лисиче“ од Велес. Механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, се врши во соработка помеѓу ЈПВ „Лисиче“ – Велес и ...

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алисиме искажа пофални зборови за Новак Ѓоковиќ по завршувањето на Австралија опен. Канадскиот тенисер потенцираше дека се работи за најдобриот тенисер на сите времиња. – Тој е најголем играч на сите времиња. Неговата страст кон спортот, способноста да остане во форма и мотивиран, е пример за сите. Тоа што е неверојатно кај него, не е само нивото на играта, туку и неговата отпорност, истакна Оже-Алисиме Ѓоковиќ ...

Мохамед Салах неколку сезони е еден од најдобрите фудбалери на Ливерпул и Премеир лигата, но најверојатно ја игра последната сезона во дресот на „црвените“. Тој кон крајот на ланската година јавно искажа незадоволство од менаџерот на Арне Слот, а потоа неколку натпревари беше и на клупата. По враќањето од АФКОН, се врати во првиот тим со добри игри. Ситуацијата се меѓу Ливерпул и Салах се смири, но тој најверојатно во летниот преоден рок ќе ...

Атмосферата со соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, иако дојде до промена на тренерската позиција и Алваро Арбелоа го замени Чаби Алонсо. Новиот тренер Арбелоа е под голем притисок. Проблем е што беше дочекан со одреден оптимизам, а дел од играчите го чувстуваат како привремено решение. Изненадување беше одлуката Дени Себалос да не биде во игра против Бенфика, а таквата одлука дополнително ја разниша довербата на тренерот. ...

По повод 154-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, општинска и училишна делегација, положија цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на Подрачното училиште во Горни Подлог. Годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер беше одбележана со стихови и со историски осврт во сеќавање на неговото дело. Ликот на Делчев беше мотив на ...

Повеќе делегации предводени од училишната денеска положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев во кумановската гимназија и пригодно ги одбележаа 154-те години од раѓањето на патронот на ова училиште, револуционерот и визионерот, Гоце Делчев. Ученици, граѓани ја одбележаа годишнината од раѓањето на великанот на револуционерната борба Гоце Делчев. Пред бистата цвеќе положија претставници на училиштето, Општината, Советот, политички ...

Во славното штипско Ново Село, каде што учителствувал Гоце Делчев денеска се одбележаа 154 години од неговото раѓање. Делегации од Општина Штип, Советот на Општината, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, претставници на АРМ, државни и локални институции, како и на политички партии и на Општинската организација на Сојузот на борците денеска пред спомен релјефот положија цвеќе и се поклонија на Делчев. Најголемиот македонскиот револционер Гоце ...

Со свечен историски час и низа пригодни обраќања, денеска во Средното општинско училиште „Методи Митевски Брицо“ во Делчево беа одбележани 154 години од раѓањето на Гоце Делчев, со што официјално започна и манифестацијата „Гоцеви денови“, обновена по иницијатива на градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски. Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, во своето обраќање истакна дека по тој повод планирани се низа настани. -Од ...

Генерација З стана првата генерација откако се води евиденција, која е помалку интелигентна од своите родители, утврди доктор Џаред Куни Хорват, поранешен наставник кој станал невронаучник. Тој откри дека генерацијата родена помеѓу 1997 и почетокот на 2010-тите е когнитивно заостаната поради прекумерното потпирање на дигиталната технологија во училиште. Откако се водат евиденции за когнитивниот развој кон крајот на 19 век, генерацијата З сега ...

Мерцедес ја претстави освежената Ѕ класа за 2027 година, носејќи суптилен фејслифт и технолошки подобрувања на својата луксузна лимузина. Новиот модел го задржува препознатливиот изглед, но со мали промени што ја прават уште помодерна. На прв поглед, новата Ѕ класа е веднаш препознатлива. Формата и пропорциите остануваат верни на традицијата, но деталите се поостри и помодерни. Предната маска е малку поголема и браниците се поостри и ...

За новиот „Ајфон фолд“ (iPhone Fold), се очекува да биде лансиран подоцна оваа година. Но, според гласините, „Епл“ (Apple) наводно веќе истражува опции за покомпактен модел на преклоп. Имено, според информациите на новинарот на „Блумберг“ (Bloomberg), Марк Гурман, компанијата од Купертино, Калифорнија, САД, веќе истражува опции за „квадратен ‘Ајфон’ што се отвора како школка“ – т.е. – правоаголник што се затвора во помал квадрат. Гурман не ...

Американската телевизиска водителка Опра Винфри и холивудскиот актер Рајан Рејнолдс ќе присуствуваат на два големи настана во Букурешт оваа есен. Винфри ќе настапи на првиот бизнис-самит „Брeнд мајндс“ (Brand Minds), што ќе се оддржи на 16 и 17 септември во романскиот главен град, како еден од најважните бизнис-собири во Централна и Источна Европа, на кој ќе се појават речиси 5.000 учесници од 50 земји. „Вториот е планиран за 29 и 30 ...

Гласовните глумци во Германија почнаа бојкот против „Нетфликс“ поради клаузула во новите договори што ѝ дозволува на платформата да користи нивни снимки за учење на вештачка интелигенција (ВИ), изјави портпаролот на германското „Здружение на гласовни актери“ (ВДС). Глобалното присуство на „Нетфликс“ ја зголемува побарувачката за синхронизирана содржина, бидејќи успешните филмови достигнуваат публика далеку надвор од нивните домашни пазари. ...

Фосили од мал новооткриен диносаурус ги тераат палеонтолозите да го преиспитаат обликот на еволутивните дрвја. Од муцката до врвот на долгата опашка, новите наоди во врска со скелетите од видот „Фоскеја пелендонум“ (Foskeia pelendonum), којшто одел на две нозе и се хранел со растенија – покажуваат дека овој тн. „рабдодонтид“ бил долг нешто повеќе од половина метар. Во исправена положба, ова суштество денес би достигнало во висина на коленото ...

Кинески тим претстави хуманоиден робот во природна големина, способен да трча со брзина од 10 метри во секунда, што е побрзо од повеќето луѓе. Роботот, наречен „Болт“ по легендарниот спринтер Јусеин Болт, е создаден од Институтот за хуманоидни иновации при Универзитетот Џеџијанг во источна Кина, во соработка со компаниите „Мирор Ми“ и „Каиерда“. Според програмерите, ова претставува значаен пробив во контролата на движењето на роботите, ...

Редок студен бран во американската сојузна држава Флорида предизвика илјадници игуани да бидат „зашеметени од ладно“ – некои паѓаат од дрвјата, објави „Би-би-си“. Влекачите како што се игуаните се ектотерми, што значи дека нивната внатрешна телесна температура е под влијание на надворешните услови. Кога времето е премногу ладно – како што температурите во Флорида деновиве паднаа под 10 Целзиусови степени, внатрешните процеси на овие животни ...

Британскиот Формула 1 конструктор „Мекларен“ го претстави новото специјално издание на „Артура спајдер“ што ќе биде ограничено на само 10 парчиња. Шампионското издание на возилото се нарекува „Артура спајдер МЦЛ-39 чемпионшип едишн“ (Artura Spider MCL39 Championship Edition), и е засновано на „роудстерот“ од основно ниво на автопроизводителот што ја прослави 10-та титула во Формула 1 меѓу конструкторите лани, како и шампионската титула кај ...

НБА-лигата ги прогласи бекот на ЛА Лејкерс, Лука Дончиќ, и крилниот центар на Бостон селтикс, Џејлен Браун, за најдобри играчи во јануари во Западната и Источната конференција, соодветно. Дваесет и шестгодишниот Словенец им помогна на Лејкерси да победат во 9 од 16 натпревари. Тој имаше просек од 34 поени и 7,2 скока. Дваесет и деветгодишниот Американец ги предводеше Селтикс до резултат од 10-6 минатиот месец, со просек од 29,2 поени, 7,9 ...

Ветеранот во НБА-лигата, Џејмс Харден го објасни своето заминување од Клиперс. Триесет и шестгодишниот кошаркар беше разменет во Кливленд за плејмејкерот Дариус Гарланд и избор во втората рунда на драфтот. – Не сакав да ја загрозам иднината на Клиперс. Им треба шанса правилно да се обноват и да добијат право на драфтот. Го гледам Кливленд како можност за победа на Истокот. Тие имаат одличен тим, тренерски персонал и сè друго. Колку и да сакам ...

Тренерот на Челзи, Лиам Росениор, се осврна на поразот од 1:0 од Арсенал синоќа во реваншот од полуфиналето на Лига Купот на Англија. – Доминиравме каде што сакавме во второто полувреме, но ни недостасуваа квалитетни шанси. Кога притискате толку силно како што притискаше Челзи, секогаш може да се прими гол во последните минути од судиското продолжение. Арсенал знаеше дека денес ги очекува тежок натпревар. Мислам дека имаше јасни подобрувања ...

Турскиот фудбалски гигант Фенербахче на својата официјална веб-страница објави дека го ангажира францускиот играч од средниот ред Н’Голо Канте. Триесет и четиригодишниот Французин се приклучи на тимот како слободен играч откако го раскина договорот со Ал-Итихад. Канте потпиша договор со турскиот клуб до 2028 година. Фенербахче претходно го обвини Ал-Итихад дека го попречил трансферот поради проблеми со документацијата. Сепак, клубовите ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1014
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
71%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
79%
1015
weather icon

Софија

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
56%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.78
91%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.25
76%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
79%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1013
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
62%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
70%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1016
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
6.17
90%
1012
Currency

61.64

Currency

53.1769

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.64206

Currency

0.33395

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Кобалт

3.86

Платина

61858.04

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Цинк

0.00

Паладиум

44753.84

Родиум

358480.82

Калај

43.91