Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Апелациониот суд „со правосилна пресуда утврдил дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети против него, без докази и без основа“. „Апелациониот суд со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа“, напиша Мицкоски. Според премиерот, со оваа одлука, по потврдената првостепена пресуда, СДСМ и формално е, како што наведува, судски утврдена како клеветничка партија. „Со оваа одлука, по ...
Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница, објави на својат Фејсбук страница градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски. Уверен сум дека пред нас е успешен мандат кој ќе остави значаен белег во унапредувањето ...
Илон Маск стана првата личност чија проценета нето вредност достигна 600 милијарди американски долари, според пресметките на списанието „Форбс“ објавени вчера. Зголемувањето е поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, „Спејс-Икс“, од страна на некои вработени и инвеститори. „Форбс“ ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак, ја зголеми ...
Нарушувањето на поларниот вртлог, што доведе до негово одвојување над северната хемисфера, испрати екстремно ладен арктички воздух од Канада во Северниот Атлантик. Ова предизвика формирање на силен циклон во средните географски широчини, кој се разви по должината на источниот брег на Северна Америка и почна да се движи кон Европа. Екстремно силен циклон со притисок од околу 930 mbar се наоѓа во близина на Њуфаундленд и продолжува да се развива ...
Дигиталната трансформација, вештачката интелигенција и сајбер-безбедноста се клучни столбови и приоритети на економска и фискална политика на државата, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето воведно обраќање на денешната конференцијата на престижниот „Економист“ насловена „The Economist MeetUp – The World Ahead“, која се одржа во Скопје. Како што потенцираше министерката, во услови на глобални економски и ...
Интегрален текст од прес-конференција на членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: „По само еден ден од старо-новото раководство на Заев, изгласано од Филипче, летаат оставки од општински организации на СДС и бараат оставки од Филипче. По толку помпезното најавување од страна на Филипче за реформи во СДС, тој го тргна Зоран и го стави Заев на неговото место. Наместо свеж, чист и нов кадар, тој ги врати старите истрошени кадри од времето ...
Народната банка и Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија – СЕKО (SECO) потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за соработка во периодот 2025 ‒ 2028 година. Меморандумот го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер. Соработката опфаќа обезбедување техничка помош и размена на знаење заради унапредување на истражувачката активност, модернизација на ...
По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Истрагата покажа дека во текот на октомври годинава, двајцата обвинети, со пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и со непрописно управување ...
Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ. Станува збор за Бујар Дарлишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги. Акцијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката за прибирање докази и до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривични дела – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1, како и – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 10 декември извршил грубо насилство спрема двајца новинари во ...
Масивен пнеумоторакс и едем на мозокот се дел од причините за смртта на бебето од Арачиново, информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Директорот на ДСЗИ, Кирил Лазов, потврди дека е покрената иницијатива за стручен надзор кој ќе го испитува целиот случај. „До Министерството за здравство е доставена иницијатива за формирање стручна комисија која ќе утврди дали во третманот на новороденчето имало пропусти“, изјави Лазов. Од ...
„Криминалот на СДС и ДУИ во македонска Лотарија доби уште една институционална потврда. Државниот завод за ревизија констатира серија сериозни нерегуларности во финансиското работењето на институцијата под раководството поставено токму од СДС и ДУИ. ДЗР утврди дека постои злоупотреба на 2 милиони евра, пари на граѓаните кои Перпарим Бајрами и Артан Груби ги фалсификувале, злоупотребиле или прикриле. И сето ова се случувало додека СДС слепо и ...
На 17.12.2025 во 20:05 часот на крстосница од ул.„Народен Фронт“ и ул.„Коле Подлешки“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од Кавадарци. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрило во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, паркирано од Т.А.(55) од Кавадарци. При преземање мерки во врска со незгодата, констатирано е дека А.М. го управувал ...
Бик Стабилноста е ваш приоритет, а денешните транзити ги поддржуваат вашите материјални аспирации. Вашата интуиција за профитабилни зделки е силна, но не брзајте со потпишување. Обрнете внимание на удобноста во домот – мала промена во ентериерот ќе ја избалансира вашата енергија. Не ги игнорирајте советите од постар роднина. Близнаци Комуникацијата тече лесно, но постои ризик од расфрлање на енергијата во премногу насоки. Фокусирајте се на една ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени. Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени. УХМР ...
Дали одржувањето на митот за Дедо Мраз е невина празнична игра или свесна измама што ја нарушува довербата меѓу родителите и децата? Ова прашање сè почесто се поставува во современото општество, кое ги преиспитува дури и најдлабоко вкоренетите детски приказни. Во време кога се прави селекција на некои бајки и се забрануваат некои филмски класици, на ред дојде и Дедо Мраз, белобрадиот и добродушен дедо кој им носи подароци на добрите и послушни ...
Кинеските кина почнаа со прикажување филмови, наменето за посетители со домашни миленици, претворајќи го традиционалното кино-доживување во нов начин на заедничка забава. Салите се прилагодени за престој на кучиња и мачки, со заштитни подлоги, средства за хигиена и посебни тивки зони за животните кои се почувствителни на врева. Посетителите доаѓаат со своите миленици и заедно го следат филмот, создавајќи несекојдневна атмосфера. Повод за оваа ...
Рак Се верува дека Раковите можат да доживеат длабока старост бидејќи водат здрав живот. Тие се чувствителни, сакаат слободното време да го поминуваат во друштво на своите најблиски, особено со децата. Родените во овој хороскопски знак се исклучително грижливи и посветени на своите сакани, а токму тоа им носи внатрешен мир и чувство на задоволство. Чувствуваат обврска да се грижат за себе и за своето здравје, токму поради луѓето што ги сакаат. ...
Поранешен член на тајното друштво на Илуминатите, кој во него поминал 47 години од својот живот, решил да зборува за тоа. Неговата приказна започнува во 1964 година додека присуствувал на Харвард. Станал побогат и повлијателен, а со пријателите почнал да соработува со брокери. „Една вечер, двајца мажи во црни костуми ми пријдоа, ме поканија да одам со нив во подрумот на една куќа во близина на мојот студентски дом. Потоа ме седнаа и ме прашаа ...
Литванија (12,78 литри по глава на жител) Меѓу првите пет се и две балтички земји, а Литванија го зазеде петтото место. Овде алкохолот најчесто се ужива во пивото, но и во домашните ракии и ликери, познати како квас, самана и старка. Германија (12,79 литри по глава на жител) Најнаселената европска земја (без Русија) е многу љубител на добри пијалоци. Кога ќе го спомнеме пивото, еден од синонимите е Германија, а особено јужниот регион Баварија, ...
Една неодамнешна студија објавена во списанието Personality and Individual Differences ги анализираше начините на кои луѓето го прикриваат неверството со својот партнер и ги идентификуваше некои од најчестите тактики. Тие вклучуваат дискреција, помош од пријатели, како и користење на различни телефони. Има значајни истражувања за добрите и лошите страни на изневерувањето, за тоа како луѓето се обидуваат да ги фатат партнерите во изневерување, а ...
Европската политичка елита изгледа категорично е незаинтересирана за мир во Украина и треба да се направи се што е возможно за да не биде поткопано едно дипломатско решение, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во поткастот „Час на вистината“. Тој наведе дека либералните европски политичари се обземени од воен фанатизам. Сијарто тврди дека на последната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека предлозите за кои се преговара со американските претставници за завршување на војната би можеле да бидат финализирани во рок од неколку дена, а потоа да бидат претставени на Кремљ, пред евентуален состанок во САД следниот викенд. Тој за нацрт мировниот план, за кого вчера се разговараше во Берлин, истакна дека „не е совршен“ но оти е „многу изводлив“. Зеленски предупреди дека некои ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“. Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Братислава предупреди дека зад ставот „Украина да не прифати“ нешто во мировните преговори, што, како што рече, го слуша од многумина „што се прават паметни“ од ЕУ, стојат уште неколку стотици мртви. – Немам храброст да давам совет на кој било народ што да прави во такви моменти. Она што сигурно го знам е дека цената на таквото размислување ќе се брои во глави и животи на Украинци и Руси, а не на ...
Австралиската актерка Рејчел Карпани, најпозната по улогата на Џоди Фаунтин Меклиод од култната серија “Ќерките на Меклиод”, почина на 46-годишна возраст. Тажната вест ја потврди нејзиното семејство, кое откри дека актерката починала мирно по долга битка со хронична болест. Австралиската актерка Рејчел Карпани почина на 46-годишна возраст, потврди нејзината сестра Џорџија во објава на социјалните мрежи. Во семејното соопштение се вели дека ...
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан пред почетокот на седницата на Комитетот за европски прашања во Парламентот во Будимпешта на Фејсбук (Facebook) објави дека се подготвува за претстојниот Самит на Европската Унија во Брисел. -Влогот е едноставен: војна или мир. Никогаш не сме биле толку блиску до решавање на руско-украинската војна. Европа е на прагот на огромна можност: САД наскоро може да ја завршат војната што ние Европејците не можевме да ...
Кремљ денеска соопшти дека одбивањето на Украина да се приклучи кон НАТО е клучно прашање во сите мировни преговори и треба да биде предмет на посебни, поконкретни разговори. – Секако, ова прашање е едно од главните и е предмет на посебна дискусија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој додаде дека Москва очекува информации од САД по разговорите во Берлин со Украина и европските земји. Претседателот на Русија, Владимир Путин постојано ...
Со мерката за забрана на увоз на руски гас, Европската Унија ги крши сопствените прописи, бидејќи Договорот на ЕУ многу јасно укажува дека енергетските прашања се во национална надлежност на земјите членки, одредба што во овој случај би била прекршена, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто пред почетокот на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел. – Дополнително, оваа мерка е целосно спротивна на ...
Шилегов јавно бара оставка од претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче. „Да! Барам оставка на ‘претседателот’ на СДСМ!“, напиша Шилегов во својот статус, додавајќи дека во текот на само седум минути добил повеќе од 50 телефонски повици за појаснување на неговата позиција. Претходно, Шилегов во друг статус се осврна на одговорноста за „убиство“ и на однесувањето на партијата: „Македонското законодавство ...