Денеска во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Од утре до понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на циклонска активност и ќе има позначителна промена на времето, соопшти УХМР. Ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 л/м2), проследени со грмежи и засилен ветер. Дневната ...

ОВЕН Не се вознемирувајте премногу ако некој ве разочара утрово. Сочувството, разбирањето и општата помош што сте подготвени да им ја дадете на другите, ќе бидат сосема доволни за да го завршите денот среќен и задоволен со разни исходи. Најважно е всушност да не дозволите оние што сте направиле многу за да ве скршат денес. БИК Колку и да имате впечаток дека некои работи се сменија, немојте да мислите дека можете да и верувате на таа личност која ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 30 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе ...

Министерството за финансии и Владата нема да отстапат од планираните проекции во Фискалната стратегија и Стратегијата за управување со јавен долг и дека најавеното задолжување на меѓународниот пазар преку издавање нова еврообврзница е внимателно испланирано и е во рамки на поставените цели за одржување на стабилност на јавниот долг, навремено сервисирање на обврските и обезбедување средства за буџетски потреби. „Нашата цел е да излеземе на ...

Двојните аршини на Левица излегоа на виделина. Раководството на Левица го покажа вистинското лице и се разобличи пред целокупната јавност. Заврши глумата на Апасиев, Мојсоска, Мециновиќ, Крмов и Исмаил, кои си инкасирале во своите џебови над 2 милиони денари од Левица. Нема повеќе глумење на сиромашни револуционери со полни џебови. Маските паднаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Левица повеќе не може да се крие зад евтини фрази, глумење скромност и ...

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведува дводневен скрининг на населението во Трубарево, кој започна вчера (24.09.2025). Според првичните податоци од терен, на двата пункта во првиот ден се прегледани вкупно 111 лица – 56 лица на Пункт 1 и 55 лица на Пункт 2. Пациентите се генерално во добра здравствена состојба, но кај 11 лица е утврдено присуство на иритации и надразнување во грлото, поради што тие се ...

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, кој ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на работната посета на Њујорк, изјави дека покрај тековните активности во ОН престојот во голема мера го посветил и на европските интеграции и на регионалната соработка. – Имав билатерална средба со министерот за надворешни работи на Кипар, земја која што од јануари ќе го преземе претседавањето со ЕУ. Зборувавме за потребата од засилена ...

Американскиот актер Чарли Шин, за време на гостувањето во емисијата „60 минути“, ја запрепасти водителката Амелија Адамс велејќи дека мексиканскиот картел одбил да му продаде дрога поради неговата огромна консумација на кокаин. „Дали картелот ве одбил?“, праша Адамс, на што тој одговори: „Да, ме одбија. Никогаш не виделе некој што нарачал таква количина. Единствените други луѓе на кои им ја снабдувале таа количина биле дилери. Мислеа дека се ...

Менаџер за маркетинг на производ Со службена оценка на ризик од 43 и веројатност за автоматизација од 39 проценти, оваа позиција го зазема првото место на мрачната листа. „Улогите со понизок ризик не се само ’креативни‘ или ’стратегиски‘. Тие се мултидисциплинарни. На пример, менаџерите за маркетинг на производ и маркетинг аналитичарите работат на пресекот на податоците, раскажувањето и деловните цели, што ги прави потешки за замена“, објаснува ...

За луѓето кои се во долгорочна врска, живеат заедно и се емоционално поврзани, како што се брачните парови, новите студии покажаа дека некои здравствени карактеристики можат да се појават кај двајцата партнери. Здравствените проблеми можат да бидат заеднички кај двојката – а ова важи и за психијатриските нарушувања. Врз основа на нова студија и анализа на повеќе од шест милиони парови низ Тајван, Данска и Шведска, меѓународен тим истражувачи ...

Романтичните врски речиси универзално се сметаат за еден од најважните животни чекори што секој треба да ги преземе. За некои, тоа е одлична мотивација, додека за други создава чувство на притисок. Исто така, постои растечка група луѓе кои воопшто немаат потреба да бараат партнер. Токму различните мотивации за влегување во врска ги зел истражувачот Џеф Мекдоналд како појдовна точка во студија објавена во мај оваа година. „Мекдоналд дизајнираше ...

Лав Меѓу 100-те милијардери на листата на „Форбс“, дури 14 луѓе се родени во знакот на Лав. Лавовите се сметаат за многу способни и смели луѓе кои, доколку во нешто гледаат реален потенцијал, се осмелуваат да ризикуваат, што обично ги води до високи позиции и значителни цифри на сметката. Вага На истата листа, 11 лица се родени во знакот Вага. Иако првенствено се стремат кон рамнотежа во животот, Вагите се подготвени да жртвуваат одреден сегмент ...

Тој истакна дека само со сила може да се гарантира мир. „Само ние можеме да ја гарантираме сопствената безбедност. Нема безбедносни гаранции, освен пријатели со оружје“, посочи Зеленски, додавајќи оти Русија одбива примирје. Според него рускиот претседател нема да застане и ќе ја турка војната „понапред, пошироко и подлабоко“. „Украина е само првата. Руски беспилотни летала веќе летаат низ цела Европа. Запирањето на Путин сега е поевтино отколку ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп на маргините на сесијата на Генералното собрание на ОН вчера се сретна со лидерите на неколку арапски и исламски држави. Тема на средбата беше завршување на војната во Појасот Газа. На средбата присуствуваа емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, кралот на Јордан, Абдула Втори , турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, премиерите на Египет и Пакистан, Мостафа Мадбули и Шехбаз Шариф, претседателот на ...

Израелските сили денеска напредуваа во центарот на градот Газа. Американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со лидерите на муслиманските земји во Обединетите нации во Њујорк еден ден претходно за разговори со цел да се запре војната. Трамп, кој претходно ги осуди потезите на неколку земји да признаат палестинска држава со цел да извршат притисок врз Израел, рече дека ќе следи состанок со Израел. Израелските сили, кои во август почнаа да го ...

Европа и САД ќе работат заеднички за да ги вратат дома исчезнатите деца од Украина и да ја ублажат нивната тешка положба, изјави доцна синоќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк. – Имав добра дискусија со претседателот Трамп на маргините на Генералното собрание на ОН. Разговаравме за агресијата на Русија врз Украина. Се согласивме за потребата од брзо ...

САД го критикуваа Советот за безбедност на ОН поради фактот што неколку големи западни земји неодамна ја признаа палестинската држава. Американскиот амбасадор во ОН, Мајк Волц во излагање пред Советот за безбедност на ОН ја „перформативна“ конференцијата на ОН за промовирање на решението за две држави на Блискиот Исток, чии домаќини беа Франција и Саудиска Арабија. – За жал, вчерашната конференција зборуваше за домашната публика, но ќе ја ...

Иако на прв поглед може да звучи неверојатно, пензионерите во Франција постари од 65 години месечно добиваат по околу 1.626 евра, што е околу 2 отсто повеќе од нивните работно активни сограѓани, благодарение на неверојатниот пензионерски систем. За споредба, пензионерите во САД заработуваат околу 16 отсто помалку од работно активните луѓе, при што речиси петтина одвај ги плаќаат трошоците за живот, додека само пет отсто сметаат дека го „живеат ...

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент денеска со 13 гласа „против“ и 12 „за“ го одби барањето на Унгарија за одземање на пратеничкиот имунитет на европратеничката Иларија Салис од редовите на италијанската екстремно левичарска Алијанса на зелените и левицата (АВС). Сепак, конечната одлука по барањето за одземање на имунитетот на Салис ќе треба да ја донесе Европарламентот на своето пленарно заседание во октомври во Стразбур. ...

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека неговата земја, за разлика од повеќето членки на Европската Унија, нема намера да го користи годинашното Генерално собрание на ОН за „ширење на бриселскиот наратив“ за војната во Украина, туку за унапредување на целта за мир. Според денешното соопштение на министерството, Сијарто изјави дека на првиот ден од Генералното собрание на ОН, уште еднаш стана јасно дека неговите колеги од ЕУ ...

Банките имаат повеќе од два месеца за подготовка и проценка за примена на новите правила на Народната банка при давањето кредит за купување на прв стан. При тоа тој очекува комерцијалните банки да ја применат светската практика која се заснова на процената на ризикот дека семејствата коишто за прв пат купуваат стан и живеат во него или куќа, се помал ризик од аспект на сервисирање на обврските и тие добиваат поповолни услови, односно камати од ...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржа седница на која преку жрепка се утврди единствена листа на кандидати за Локалните избори 2025. Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на избирачкото ливче на локалните избори ќе биде под број 9, додека опозициската СДСМ е на петтото место. 1.Искуство за успех 2. ЗНАМ 3. Демократска партија на Србите 4. Национална Алијанса за интеграција НАИ-ДУИ 5. Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ 6. Левица 7. ...

Централниот регистар одбележа 24 години постоење. Минстерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на одбележувањето истакна дека Централниот регистар претставува столб на економската и правната инфраструктура и е клучна алка во креирањето поволна деловна клима, унапредување на транспарентноста и заштитата на правата на правните и физичките лица. „Вмрежувањето и заедничкото градење на институционални капацитети се клуч за силно и активно ...

На 23.09.2025 околу 16:40 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ е пријавено дека со приватно возило од едно лице кај нив со тешки телесни повреди бил донесен М.А.О.(61) од Р.Турција, а откако го оставило повредениот, лицето со возилото заминало, информира МВР. Повредениот околу 19:30 часот починал, а лекар констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција и се преземаат мерки за ...

Здружението на судии и обвинители се многу гласни, за некој што не само што нема сработено ништо, туку и има допринесено за нарушување на довербата на граѓаните. Остатоците на СДС и ДУИ во судството и обвинителството, се тие кои се спогодија за човекот на Заев, Наке Ѓоргиев, врховен судија и претседател на Судски совет, и Иџет Мемети, јавен обвинител и заменик претседател на Советот на јавни обвинители за местење и влијание при судска пресуда, ...

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека ќе има јасна и персонализирана одговорност за состојбата со отпадот во Скопје и хаосот што го оставa администрацијата на Данела Арсовска. „Не правиме естрада од ништо. Водиме внимателна политика. Процесите што ги водиме имаат одговорност, а на крајот мора да има име и презиме. Бидете сигурни дека ќе има одговорност и ќе има име и презиме“, изјави Мицкоски. Тој уште еднаш се извини за поддршката на ...

Тетовската полиција информира дека вчера во 09:20 часот во СВР Тетово од Итна медицинска помош е пријавено дека во хотелска соба во Тетово има починато лице. -Било констатирано дека се работи за Т.М. (77) од с.Челопек, со место на живеење во САД, кој престојувал во хотелот од 17.09.2025 година, вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Увид на лице место во присуство на јавен обвинител, извршиле полициски службеници од СВР Тетово и по ...

ОВЕН Во среда, вашата енергија е насочена кон вашиот внатрешен свет. Средината на неделата нуди момент за размислување и преиспитување на вашите цели. Денес може да добиете изненадувачки вести што ќе ви помогнат да ги видите работите од поинаква перспектива. Слушајте ја вашата интуиција – таа е вашиот најсилен сојузник во средината на работната недела. БИК Денот ви ја носи стабилноста и самодовербата што ја барате. Во среда, можете да најдете ...

Владата, на вчерашната седница донесе Одлуката за формирање на Комитет за јавни инвестиции, со што се поставуваат основите за поефикасно, транспарентно и стратешко управување со јавните инвестиции. Комитетот се формира врз основа на Законот за буџети и ќе работи согласно Уредбата за управување со јавни инвестиции. Формирањето на овој комитет претставува значаен чекор за обезбедување поголема ефикасност, транспарентност и усогласеност на јавните ...

Раководството на Левица конечно си го откри сопственото лице. Партијата која инаку се самопрогласува за револуционерна сила, сега е јасно дека е сведена само на приватна сопственост на Апасиев и раководството на Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Апасиев со својата самобендисаност, ја претвори партијата во алатка за лична промоција. Освен што пишува статуси кои вриштат од суетност и се приказни за собирање дневно политички поени, правење збрки во ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Бакар

10.95

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Никел

473339.37

Калај

40.48

Алуминиум

2.91

Иридиум

145787.60

Платина

52952.77

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42