Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Во вчерашната емисија „24 Анализа“ гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, кој упати остри критики за состојбата во македонското правосудство, истакнувајќи дека судството со години се соочува со негативни оценки и не е на ниво на задача. „Генерално во Република Македонија правосудството во континуитет добива негативни критики од сите извештаи и факт е дека правосудството не е на ниво на задача на која што треба да ...
31-годишен маж со иницијали О.К. е пронајден мртов во притворските простории на Полициската станица во Калесија, БиХ, само ден по неговото апсење за семејно насилство. Полицијата интервенирала по пријава за семејно насилство и утврдила дека мажот бил под дејство на алкохол. Тој бил приведен и му била изречена итна заштитна мерка од Општинскиот суд. Следното утро, во 7:33 часот, полицијата констатирала дека О.К. не дава знаци на живот. ...
Нескојдневен настан се случил викендов во црквата Богородица во Скопје. Во неделата на 23 ноември, во црквата имало закажано неколку венчавки на постари брачни парови, кои од различни причини во минатото не успеале да направат црковен брак. Храмот организирал таква групна венчавка со сите црковни монети, со цел да биде повозвишен овој чин за оние кои стапуваат во брак. Но, според информациите на Религија.мк, еден од младоженците побегнал. ...
Посебен дел од нејзиното наследство е окупиран од книгата за соништа што се припишува на нејзиното учење и интуиција. Баба Ванѓа, родена како Вангелија Пандева Димитрова, беше запаметена како една од најпознатите јасновитки на Балканот и во светот. Родена во 1911 година во Струмица, таа станала симбол на гатањето, а многумина сè уште веруваат во нејзината способност. Посебен дел од нејзиното наследство е окупиран од книгата за соништа што се ...
Тешките времиња бараат необични методи за привлекување малку повеќе пари. Па така, според Фенг Шуи верувањата, парите ќе почнат сами да ви доаѓаат ако споите метални парички и морска сол. Ова популарно верување се пренесува од генерација на генерација и се применува во многу домаќинства. Секој сака да има малку повеќе пари, па затоа едни работат на две-три работни места, други играат игри на среќа или посетуваат обложувалници. Нема човек што ...
Лав: Враќање на автентичноста и личната јасност За Лавовите, декември носи напредок што не е поврзан со докажување, туку со природно враќање на личната јасност. Во текот на годината, можеби сте дале премногу енергија на туѓите мислења или обидувајќи се да ги исполните очекувањата на другите луѓе. Во работата: Може да се појави проект или можност што ќе ви го врати чувството за значење. Вашата работа станува повидлива, не затоа што ја туркате, ...
Овен Според астро-прогнозата за декември 2025 година, претстојниот месец ќе ви донесе преиспитување на старите одлуки и потреба од флексибилност. Не држете се тврдоглаво до плановите; новите околности ќе бидат поволни. Можни се важни вести и разговори што ги менуваат врските. Во љубовта доаѓа јасност и ново ниво на интимност, а слободните можат да запознаат некого неочекувано. Работата бара брзо прилагодување на новите правила и технологии; ...
Оние мали меки кучиња што ги гледате како шетаат по улицата можеби изгледаат симпатично, но внимавајте – веројатно имаат мал волк во себе. Ова е откритието објавено во понеделник од американските научници, кои беа изненадени кога дознале дека речиси две третини од сите раси имаат мерлива количина на ДНК од волк. И тоа не е генетски остаток од времето кога кучињата првично еволуирале од волци пред околу 20.000 години, туку укажува на ...
Видео со американскиот рапер Шон „Диди“ Комбс, кој издржува четиригодишна казна во затворот Форт Дикс во Њу Џерси, е објавено во јавноста. На видеоснимката се гледа како се дружи со другите затвореници во затворската библиотека. Видеото првично го објави американскиот таблоид „Ти-ем-зи“ (TMZ). На снимката, Диди е облечен во затворска униформа, лежерно разговара со другите и ги извршува своите секојдневни обврски. За потсетување, раперот беше ...
Главната цел на американскиот претседател, Доналд Трамп, е да ја заврши војната во Украина, без оглед на конечната форма на мировниот договор, изјави денес функционер на Белата куќа за „Политико“. Додека Украина и нејзините европски сојузници дебатираат за деталите од оригиналниот предлог на САД од 28 точки, со кој се бара Донбас да биде под руска контрола, извори велат дека Трамп нема „црвени линии“ под услов страните да се согласат и ...
Францускиот претседател, Емануел Макрон, на почетокот на денешната видеоконференција на „Коалицијата на подготвените“ изјави дека „конечно има шанса да се постигне вистински напредок кон траен мир во Украина“. „Но, најважниот услов за вистински мир е серија многу робусни безбедносни гаранции, а не само гаранции на хартија“, предупреди францускиот претседател, пренесен од BFM TV. Макрон додаде дека американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека САД „не можат“ да продолжат со снабдување оружје за Украина на неодредено време, сигнализирајќи го засиленото настојување во Вашингтон за ставање крај на војната на Русија преку дипломатски канали, јави „Киев Пост“. Во интервју за Фокс њуз (Fox News), Ливит рече дека американскиот претседател Доналд Трамп инвестирал „обемно количество време и енергија“ во потрага по начини за решавање ...
Во тек се интензивни дипломатски напори за постигнување договор за прекин на војната во Украина, изјави денеска шефот на германската дипломатија Јохан Вадефул, нагласувајќи дека одговорноста за постигнување мир сега е на рускиот претседател Владимир Путин. „За да се постигне мир, тоа не зависи од никој друг освен од Путин. Тој ја започна оваа војна и сега мора да ја заврши. Ако сака мир, конечно мора да покаже подготвеност за преговори. Ние ...
Шпанскиот државен обвинител Алваро Гарсија Ортиз денеска поднесе оставка во писмо упатено до министерот за правда, Феликс Боланос, откако минатата недела му беше забрането да извршува јавна функција две години, соопштија извори од обвинителството, објави агенцијата Ефе. Ортиз беше обвинет за „протекување“ на доверлива е-пошта поврзана со случај на даночна евазија поврзан со Алберто Гонзалез Амадор, односно партнерката на влијателен член на ...
Венецуелската влада денеска го отфрли планот на САД за прогласување на нарко картелот „Картел де лос Солес“, што, според официјален Каракас, веќе не постои, за терористичка организација, нарекувајќи го планот на Вашингтон „апсурден“, објавија британските медиуми. Американскиот државен секретар, Марко Рубио, неодамна изјави дека Стејт департментот ќе го додаде споменатиот нарко-картел „Картел де лос Солес“ на списокот на „странски терористички ...
Секој чекор од мировниот процес предводен од САД за Украина мора внимателно да се разгледа за да се обезбеди траен мир и безбедност, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, цитиран од ДПА. -Украина работи што е можно поконструктивно, нагласи Зеленски во соопштение објавено на Телеграм. Претходно тој се обрати преку видео врска до учесниците на Четвртиот парламентарен самит на Кримската платформа во Стокхолм. Зеленски рече ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се обрати до населението преку видео порака, давајќи нови детали во врска со израелскиот напад врз Бејрут и уште еднаш изразувајќи благодарност до американскиот претседател Доналд Трамп. Во своето обраќање до Израелците, Нетанјаху потврди дека израелската армија го елиминирала командантот на Хезболах, Али Табатабаи. -Само пред неколку часа, ИДФ го елиминираше Али Табатабаи, началник на штабот на ...
Американската компанија „Рејтеон“ и израелската компанија „Рафаел“ официјално отворија нов објект во Соединетите Американски Држави за производство на ракети „Железна купола“, а изградбата на производствените капацитети започна во 2023 година. Израелската влада веднаш нарача ракети „Железна купола“ од американски фабрики во вредност од 1,25 милијарди долари со финансиска помош од американската влада. „Потпишувањето на овој историски договор е ...
Вулканот Хаили Губи во североисточна Етиопија еруптираше по повеќе од 10.000 години мирување, при што силната експлозија исфрли облак пепел на височина до околу 15 километри, соопшти ВулканоДисковери (VolcanoDiscovery). Според порталот, значајната нова ерупција започнала во саботата на еден од помалку познатите вулкани во планинскиот венец Ерта Але, во регионот Данакил. Вулканот Хаили Губи, сместен околу 15 километри југоисточно од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека воведените царини од негова страна наскоро ќе го покажат својот целосен импакт, бидејќи резервите што компаниите ги складираа пред новата царинска политика се исцрпени. Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп тврди дека значителен дел од приходите од царините сè уште не се додадени на „стотици милијарди долари“ што веќе се собрани. Трамп вели дека многу компании нарачувале стока на ...
Трговските односи на Европската Унија со САД и со Кина ќе бидат главни теми на денешниот Совет за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри задолжени за трговија што ќе се одржи во Брисел. Состанокот ќе започне со дебата за актуелната состојба и перспективите на трговските односи меѓу ЕУ и САД, во светлина на билатералниот трговски договор од 21 август 2025 година и чекорите преземени за негово спроведување. Дополнително, трговската ...
Антикитера е изолиран остров со диви плажи, стрмни брегови и многу скромна туристичка понуда. За да ги зачуваат последните преостанати услуги и да ја оживеат заедницата која речиси исчезнува, локалните власти започнаа програма со исклучително поволни услови за идните жители на островот. Семејствата кои ќе одлучат да се преселат во Антикитера добиваат месечна поддршка од 500 евра во период од три години, со обезбедена куќа и земјиште, што го ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на панел-дискусијата насловена „Од пријавување на насилството до спречување на фемицид – системски одговор“, организирана од мисијата на ОБСЕ во Скопје. Таа истакна дека и покрај бројните конвенции, закони, стратегии и проекти, рапидно расте родово-базираното насилство и бројот на убиените жени само затоа што биле жени. За неа, фемицидот е последица на насилство коешто се случувало ...
Украинска делегација постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија, пренесе БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи ABC, CBS и CNN кои цитирале претставници на американската влада. Министерот за одбрана на САД, Ден Дрискол, вчера одржа тајни разговори со руска делегација во Абу Даби, ОАЕ, како продолжение на разговорите со Украина во Женева за време на викендот, кои имаа за цел унапредување на ...
На денешната владина седница беше усвоен ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), во делот кој се однесува на роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите. Работната група, составена од претставници на различни институции, која беше одговорна и за ревидија на Акциониот план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), од септември интензивно работеше на ажурирање на актуелниот план, со ...
Владата на денешната 131 седница постапи по известувањето на ДИК за завршување на локалните избори 2025 година за избор за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје. Во врска со условот од член 132 став 2 од Изборниот законик за избор на градоначалници на општините да излезат една третина од вкупниот број на избирачи запишани во избирачкиот список за соодветна ...
Деблокиран е процесот за клучката кај Момин Поток, изградбата продолжува со забрзано темпо, објави на својата Фејсбук страница градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски. По неколкумесечен застој, повторно се работи на една од најстратегиските сообраќајни точки во Скопје, место каде што се спојуваат неколку клучни градски правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од ...
На 25.11.2025 година, полициски службеници од Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ги лишија од слобода Н.Р.(51) од Куманово, поранешен директор на Јавно претпријатие за берзанско работење „Агро Берза“ Скопје, Р.А.(61) од Тетово, поранешен директор на Агенцијата за стоковни резерви Скопје, Т.К.(55) од Скопје, поранешен раководител во Агенција за ...
Со политички монтирани случаи власта дефокусира откако беша фатена во корупција со ИПАРД Фатена во огромниот скандал со ИПАРД тежок 130 милиони евра власта на Христијан Мицкоски прибегна кон единствено што знае: спнови и политички монитрани случаи. Власта ги оштети земјоделците за повеќе од 130 милиони евра со мега-корупциски скандал кој води директно до Трипуновски и Мицкоски и за кој нема никаква одговорност, ниту политичка ниту правна. ...
Трагедија од очај во соседба Бугарија. Родители и син најдени мртви, а полицијата истражува случај на проширено самоубиство. Во нива кај Галабовци беше пронајдено мртво семејството Димитрови од Сливница – 53-годишниот Георги, неговата сопруга Нонка и нивниот 26-годишен син Велислав. Тројцата имале прострелни рани во слепоочниците, а истрагата утврди дека станува збор за проширено самоубиство. Велислав боледувал од терминален рак и бил во ...