Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Книгата на Влахов-Мицов е составена од три целини, „Македонски духовни оази во време на ропство и окупации“, „Светски дострели во македонски дух“ и „Предупредувања за иднината“. Во првиот дел на „Македонски литературни оази се претставени творечките профили на Ѓоргија Пулевски, Крсте Мисирков, Никола Вапцаров и Кочо Рацин. „На фонот на македонските книжевници во вториот дел на XIX век, Ѓоргија Пулевски е неповторлива појава. Како што ...
По два романа и една книга за деца, со „Ништо нормално“ Симона Јованоска повторно се враќа на жанрот што мајсторски го владее – расказите. Во фокусот на овие дваесетина раскази е малиот човек. Со оваа книга како да добиваме специјална влезница за качување на еден волшебен килим кој има моќ, од една страна да нè носи на панорамска прошетка на која ќе ни ги покаже безбројните лица, маски и преобразби на човекот, а од друга, да нè опреми со ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој присуствуваше на претставувањето, истакна дека со доделувањето на „Златниот венец“ на Анеке Брасинга се зацврстува и една значајна културна врска меѓу Македонија и Холандија, врска што се гради преку литературата, преводот и заемната љубопитност на две култури што се среќаваат во просторот на поезијата. „Постојат моменти кога зборовите не се доволни за да ја соберат онаа тивка, моќна сила со ...
Изданието на Галевски прикажува иновативен филмолошки концепт во толкувањето на делата на дванаесет мајстори на филмот меѓу кои се Вим Вендерс, Ингмар Бергман, Андреј Тарковски, Дејвид Линч, Акира Куросава, Ларс фон Трир и Аки Каурисмаки. „Структурата на ‘Калиграфи’ е прилагодена на триетапниот приод на Галевски во разоткривањето на творечките лавиринти кај секој еден од одбраните режисери… Така, се воспоставува едно фино струење во ракописот ...
„Многу сме блиску до исполнување на нашите цели додека размислуваме за намалување на нашите големи воени напори на Блискиот Исток во однос на терористичкиот режим на Иран“, напиша Трамп доцна синоќа на мрежата Трут соушл. Тој додаде дека Ормускиот теснец „ќе мора да биде чуван и контролиран, по потреба, од други нации што го користат“. „Доколку бидеме замолени, ќе им помогнеме на овие земји во нивните напори во врска со Ормускиот теснец, но ...
Екипите на јавните претпријатија на Општина Чаир почнаа со целосно чистење на улиците, парковите, тротоарите и зоните околу контејнерите, со цел секој дел од Чаир да го одразува достоинството на овој празник, соопшти општината. „Рамазан Бајрам е празник кој нè обединува и нè потсетува на најдобрите вредности како општество. Наша одговорност е граѓаните да го дочекаат овој ден во чиста, уредена и достоинствена средина,“ истакна градоначалникот ...
Како што информираат од Град Скопје, со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош. Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и можност за нов почеток. Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно. ...
Тој побара на влезот на Општина Пустец да се постави информативна табла на македонски, албански и англиски јазик, на која ќе биде истакнато логото на општината со сонцето. Исто така, нагласи, дека истото лого треба да биде поставено и во салата на Советот на општината. „Според законот за локална самоуправа, пред влезот на институцијата и во салата на Советот треба да стои логото на општината. Во Општина Пустец, откако во 2018 година, ...
„Секој што ќе донира, ќе ми достави уплатница и јас бесплатно ќе му го исчистам оџакот. Ќе помогнам да исчистам 63 оџаци од Куманово“, вели оџачарот Дино. Тој верува дека кумановци ќе покажат солидарност. „Го познавам градот. Куманово отсекогаш било хуман град. Верувам дека граѓаните ќе помогнат, секој според своите можности“, вели тој. Како пример ја посочува и сопствената активност од минатата година, кога бесплатно исчистил оџаци за ...
Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утре претпладне времето ќе биде ведро и тивко, потоа променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 9 до 16 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. В недела претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ...
Рамазан Бајрам доаѓа по едномесечниот строг пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце. Во сите џамии, денеска се служи утрински Бајрам-намаз. По утринската молитва, верниците ги посетуваат гробиштата на своите роднини. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар, е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1.400 години. Во текот на Рамазанскиот пост, ...
Според Министерството за енегетика, рударство и минерални суровини, се уште нема збирен официјален податок за произведената електрична енергија кај нас од ОИЕ во 2025 година, но проценката е дека има зголемување од 12 до 15 отсто во споредба со 2024 година кога 41,03 отсто од вкупно произведената струја беше од ОИЕ. Најголем дел од обновливата енергија во 2024 година во земјава е произведена во фотоволтаичните централи по што следуваат ...
Првиот пролетен ден е 79-от во годината и ќе трае 12 часа и 08 минути. Сонцето изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути. Пролетта ќе трае 92 дена, до 21 јуни во 10 часот и 24 минути, кога календарски започнува летото. Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, ...
Жените на ниво на ЕУ се очекува да живеат 5,2 години подолго од мажите, додека во Македонија 4,4 години. Овој јаз значително варираш меѓу земјите од ЕУ, па така во Латвија, се очекува жените да живеат 9,8 години подолго од мажите, додека најмал родов јаз има во Холандија – 2,8 години. Според поатоците на Еуростат, во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ е 81,5 години, што укажува на зголемување од 0,1 година во однос на 2023 ...
„Почитуван реис-ул-улема Шаќир ефенди Фетаху, Вам, лично, на членовите на Ријасетот, на муфтиите и имамите, како и на сите верници од исламска вероисповед во Македонија, Ви упатувам најсрдечни честитки по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам.Големиот празник е повеќе од традиционална прослава и од придржување до норми и правила. Рамазан Бајрам е израз на длабока вера, духовност, милосрдие, хармонија и љубов“, се вели во ...
Надворешни наместо институционални капацитети. Наместо да инвестира во сопствен кадар, државата се потпира на скапи надворешни услуги, покажуваат резултатите од истражувањето на ЦГК. И експерти за надзор и експерти за техничка помош Според истражувањето, трошоците за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10 д продолжуваат да растат, покрај договорите за изградба и за надзор, во ноември 2025 година е склучен и договор за техничка ...
Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот пред локалите (сите пицерии) мора да биде целосно расчистен и прооден за минувачите, а не како сега, пешаците да се движат низ мал „тунел“ широк метар и половина, велат одговорните. Ова, како што нагласуваат, е последицата на средбата на градоначалникот Владко Грозданов со угостителите од пред два месеца. Тогаш е постигнат ...
Од Министерствто информираа дека на средбата уште се дискутирало за неколку клучни проекти кои се реализираат со поддршка на КфВ, меѓу кои за втората фаза од ветерниот парк Богданци, како и за енергетските проекти во Битола. Овие инвестиции, како што било истакнато на средбата, ќе ја зајакнат енергетската независност на земјата. Министерката Божиновска, на средбата, потенцираше дека германската KfW е еден од нашите најважни партнери, преку ...
Според надлежните, ова беше досега еден од најголемите пожари предизвикан од непознат сторител. По три дена, со пожртвувана борба со огнот, кој се закануваше да се прошири и на останатите ламели, вработените од прилепската противпожарна заштита, од ЈКП „Комуналец“, од Дирекцијата за заштита и спасување, од голем број општествено одговорни компании, успеаја целосно да ја изгаснат депонијата, објаснуваат од ЈКП „Комуналец“. „Изразуваме ...
Исто така на покана на Светскиот водач на Бектешите, Баба Монди (Едмонд Брахимај), Стојмировска го посети Светскиот центар на бектешкиот ред, што се наоѓа во Тирана, каде го честиташе големиот исламски празник, Рамазан Бајрам, на верниците од бектешката заедница. „Стојмировска ја поздрави ваквата иницијатива на поглаварите на верските заедници со која ја приближуваат нивната традиција и култура до дипломатскиот кор во Тирана, потенцирајќи ...
„Цената се уште е ниска од 260-280 денари макисмум, а овчарите сакаат да не биде под пет евра, под 300 денари, затоа што и млекото сега е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари“, изјави Сарафимов. Тој вели дека според проценките на сточарите годинава во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица, а околу 100.000 женски јагниња ќе ги задржат за обновување на ...
Очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство, целосно да го расчистат случајот и да постапат согласно законите и прописите на државата, се наведува во соопштението на Министерството. Секое прекршување на законите, наведуваат од МЗШВ, користење на службената положба за личен интерес мора и ќе биде санкционирано и секој што се огрешил пред законот ќе сноси одговорност. „Нагласуваме дека ...
Веста ја соопшти неговиот син Илија Митрев-Пенушлиски во објава на социјалните мрежи. „Татко ми почина вчера. Живееше без преправање, без оклоп, непропустлив за бучавата на времето. Живееше со длабок хуманизам, незаситна љубопитност, желба за живот и непоколеблива луцидност и присутност. Немаше никаква приврзаност кон нештата – само кон идеите, креацијата и луѓето. Беше исклучителен уметник, познат на многумина, но рамнодушен кон тоа да биде ...
Реконструкцијата на поранешниот објект на Комерцијална банка, вредна првично 6,6 милиони евра, се претвори во пример за неконтролирано трошење јавни пари. По речиси три години, проектот сè уште не е завршен, а неговата вредност е зголемена за 2,1 милион евра, односно за 32 отсто над законски дозволените 20 отсто. „Реконструкцијата, првично планирана да трае 18 месеци и да чини 6,6 милиони евра, сè уште не е завршена по речиси три години од ...
Во нападот беа уништени неколку објекти на заедничката компанија на „Елбит системи“ со чешка компанија кои снабдуваат копнено и воздушно оружје за израелската армија, соопшти чешката полиција. Група наречена „Фракција Земјотрес“ на Телеграм објави дека нападнала објект за кој тврди дека е „централен објект за европските операции на најголемиот производител на оружје во Израел“ и дека сега е „во пламен“. „Ние сме во утробата на ѕверот, ...
Како што информира Мицкоски преку својот фејсбук профил, јубилејот обединил лидери и пријатели на ЕПП од цела Европа. „Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа. Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, ...
Собранието вчера со 66 гласа „за“ го избра Савески за нов државен јавен обвинител. Согласно Законот за јавно обвинителство, член 63, мандатот на државниот обвинител е шест години, со право на повторен избор. Во изјава за МИА, Савески истакна дека негов приоритет ќе биде радикална отчетност, транспарентност и дигитализација на обвинителскиот систем. Тој смета дека најголем проблем не се платите, туку условите за работа, нагласувајќи дека „не ...
„Тоа за мене е една голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене кои и додека ја давам оваа изјава ја работат својата работа. Нивната работа ниту почнува ниту завршува со мене. Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Го познавам обвинителскиот состав и верувам во истите и заедно со нив сигурен сум дека ќе ги задоволиме очекувањата на граѓаните во чие име, ...
Ставревски, кој од 2006 година е ангажиран како помошник на генералниот инспектор, изјави дека иако формално врши инспекциски надзори, во пракса тоа се случува ретко поради обемните административни обврски. Тој објасни дека инспекцискиот надзор опфаќа проверка на документација како план за заштита и спасување, проценка на ризик, како и техничката исправност и одржување на опремата за заштита од пожари и експлозии. Доколку се утврдат ...
Како што е наведено во соопштението на ЈОРМ, тој одржал работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова-Исајловска. „Исто така, на првиот работен ден на функцијата јавниот обвинител на РСМ, Савески, се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето ...