Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
„Со исплатата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен фокус на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност“, соопшти МФ. Преку редовна и навремена исплата на субвенциите, се создаваат услови за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и понатамошен развој на ...
Резултатите во неколку сценарија брзо доведоа до целосен хаос, потсетувајќи на сцени од научнофантастични филмови како „Терминатор“. Агентите на вештачката интелигенција почнаа да се вклучуваат во кражби, насилство и конфликти, што наскоро доведе до колапс на симулираното општество. Во најекстремно сценарио, управуван од моделот Грок 4.1 (системот со вештачка интелигенција на Илон Маск), регистрирани се 183 кривични дела – вклучувајќи 71 ...
Денес, 33-годишниот дефанзивец е еден од хероите на Зеленортските Острови по историскиот бод против Шпанија (0-0) на нивното деби на Светско првенство. Пресвртот во неговата кариера се случил во 2017 година кога добил професионален договор од Шамрок Роверс, но уште поневеројатен е патот до репрезентацијата. Тогашниот селектор Руи Агваш го контактирал преку LinkedIn откако дознал дека неговиот татко потекнува од Зеленортските Острови. „Мислев ...
Во интервју за Ал Арабија, Лукашенко рече дека неговите изјави биле одговор на она што го опиша како закани од Украина, вклучувајќи ги и тврдењата дека Киев идентификувал стотици потенцијални цели во Белорусија и дека знае каде се наоѓа тој. „Можеби некаде претерав, но тоа беше одговор на неговите несоодветни изјави: ‘Имаме 500 цели, знаеме каде е Лукашенко. Утре ќе нападнеме со ракети и беспилотни летала’. Молчев. Сите беа изненадени што не ...
Ренар требаше да ја води Саудиска Арабија на Светското првенство, но доби отказ на два месеци пред почетокот на Мундијалот. Сепак, судбината сакаше тој да биде дел од големиот турнир, доби повик од Тунис и од второто коло ќе седне на селекторското столче на оваа земја. Ренар е многу познат стратег во африканскиот фудбал, со Саудиска Арабија на минатото првенство ја победи Аргентина. Во 2013 со Замбија стана сензационален африкански шампион, ...
Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се ...
„Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети и веќе влијаат врз здравјето, развојот и благосостојбата на децата. Околу три четвртини од нив се засегнати од суши – 73 проценти, речиси девет од десет деца се изложени на топлотни бранови – 87 проценти и речиси сите деца – 99,9 проценти, се изложени на штетно загадување на воздухот“, се истакнува во ...
Шкендија ќе игра со некој од Европа (Гибралтар), Малишева (Косово), Уна (Луксембург), Пенибонт (Велс), Рунавик (Фарски Острови) и Номе Каљу (Естонија). Силекс ќе се падне со некој од Астана (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Динамо Минск (Белорусија), Дила Гори (Грузија) и Ескалдес (Андора). Денешната ждрепка ќе се одржи од 18 часот. Првите натпревари се играат на 9 јули, реваншите се седум дена подоцна. Шкендија ќе игра со некој од Европа ...
Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. „ ‘Везилка’ е проект насочен кон дигитализација на македонскиот јазичен корпус и развој на голем јазичен модел што ќе може да го користат институциите, академската заедница, компаниите и граѓаните. Целта е да се намали ...
СЗО потсетува дека секоја година, екстремните топлотни бранови низ целиот свет водат до зголемување на болестите и здравствените проблеми и предвремени смртни случаи. Кардиоваскуларните болести посебно почесто се јавуваат или се влошуваат под влијание на топлината. Сè подолготрајните топлотни бранови се растечка закана за јавното здравје, особено поради урбанизацијата и растечкиот удел на групите од населението со зголемен ризик – старите ...
Црвено-црните денеска ќе го добијат ривалот за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Утрово УЕФА го скрати списокот, па Вардар ќе добие некој од: Шамрок (Ирска), Купс (Финска), Линколн (Гибралтар), Рига (Летонија), Флора Талин (Естонија), Ларне (С.Ирска), ТНС (Велс). Првите мечеви од квалификациите се играат на 6/7 јули, реваншите се седум дена подоцна. Вардар може да биде задоволен од кратењето со оглед на тоа дека ги избегна ...
„Со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што сексуално го злоупотребил, осомничен е и за кривично дело, прикажување на порнографски материјал на дете. Поради опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, но и да влијае врз оштетената и нејзиниот исказ и врз други сведоци, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор“, ...
Преку караванот, заинтересираните кандидати ќе имаат можност да се информираат за отворените работни позиции во логистичкиот центар на Lidl во Куманово, како и во идните маркети на компанијата ширум земјата. Претставници на компанијата ќе бидат достапни за разговор со кандидатите, ќе одговараат на нивните прашања и ќе ги запознаат со процесот на аплицирање, условите за работа и можностите за професионален развој. По првиот настан во Штип, ...
Нов Зеланд фантастично го отвори натпреварот, Џаст погоди уште во седмата минута за водство од 1-0. Во 32. минута Резајан израмни на 1-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме. По девет минути игра во вториот дел Џаст пак донесе предност за Нов Зеланд, а десет минути подоцна Мохеби ги постави конечните 2-2. Уругвај беше фаворит против Саудиска Арабија, но се спасуваше од пораз во финишот од мечот, дуелот заврши 1-1. Саудиска Арабија поведе ...
Еден од најпознатите и најшироко употребувани хербициди во светот е глифосатот. Во лозарството најчесто се користи за уништување на тревата меѓу редовите на лозјата и околу стеблата на лозата, со цел да се намали конкуренцијата за вода и хранливи материи. Со години оваа активна супстанција се сметаше за револуционерно решение кое им заштедува време и пари на земјоделците, но денес, глифосатот е во центарот на една од најголемите дебати ...
Обезбедувајќи договор со Иран, Трамп кажа дека ќе го насочи своето внимание кон обидот за посредување во мир меѓу Украина и Русија, а истовремено ќе се обиде да ги прекине борбите во Либан. „Вчера имавме многу добар разговор со претседателот (Володимир) Зеленски и со претседателот (Владимир) Путин, и мислам дека можеби можеме да направиме нешто на тоа поле. Навистина мислам така. Мислам дека двајцата се отворени за тоа“, кажа тој. На самитот ...
Тој информираше дека денеска со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, го означиле почетокот на санацијата на мостот „Естакада“, појаснувајќи оти станува збор за проект што со години бил барање на илјадници жители и една од најважните сообраќајни точки во овој дел од градот. „Овој мост има особено значење, затоа што се наоѓа на еден од најфреквентните излези од Скопје и претставува важна врска за граѓаните кои секојдневно се ...
Египет беше подобар тим во првото полувреме, а таквата игра ја заокружи со гол на Ашур во 19. минута од натпреварот. Вториот дел беше поинтересен, имаше повеќе шанси, но и во тие 45. минути беше постигнат само еден гол. Лукаку влезе во 66. минута од мечот и по само неколку секунди игра Белгија израмни на 1-1. Напаѓачот не беше стрелец на голот, тоа беше автогол на Хани, но Белгиецот имаше главна улога за погодокот. Се чини дека ремито е ...
„Откако поминав извесно време далеку од дома, се вратив исполнет со нови искуства, емоции и перспективи. Бендот и јас почнавме да ги претвораме тие искуства во песни за нашето претстојно ЕП издание. Оваа песна беше една од првите што се појавија. Таа размислува за љубовта, времето и тивката тага што доаѓа со пуштањето на нешто за кое речиси сте биле сигурни дека секогаш ќе биде тука. Станува збор за иднината што ја градиме во нашите мисли, за ...
Иницијатори и организатори на овој голем ликовен и културен настан беа директорот на македонскиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров и колекционерот и директор на „МТС дворана“ Игор Станковиќ. „За жал, Петар Мазев прерано нè напушти, но остави голем легат на територија на цела Југославија. Ќе видите дека покрај каталогот на Петар Мазев поставен е каталог на Петар Лубарда, двајца еднакво големи автори од Југославија. Цел месец ќе биде изложен овој ...
„Советот на метрополата Венеција, официјално за првпат доби македонски државјанин за советник Тарик Семси. Тој беше еден од водечките млади луѓе кои се најдоа на советничката листа на актуелниот градоначалник на Венеција, Симоне Вентурини кој убедливо победи на локалните избори во Венеција во мај“, напиша Ременски во објава на Фејсбук. Положувајќи ја официјално обврската за совесна работа, Тарик се заблагодари на сите што веруваа во него и му ...
Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди и дневни температури од 27 до 33 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и ...
„Од прв ден сум го кажал тоа и стојам позади тоа дека ако државата дозволила да се формира високо образование на јазик различен од македонскиот, во случајов во Македонија имаме такви примери со албанскиот, турскиот и англискиот јазик и ако државата овозможила тоа да се прави, јас не гледам никаква причина теоретскиот дел од полагањето на правосудниот испит да не се врши на еден од тие јазици кој е различен од македонскиот јазик, бидејќи вие ...
„На овој убав настан и, би рекол, на овој исклучителен повод, секогаш кога ќе се гради нешто, секогаш тоа што ќе се гради, има цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните, конкретно во Битола, па и во целата држава. За мене, претставува задоволство и чест да бидaм тука и да бидам со оние што го градат. Денеска, имаме приватна иницијатива, која уште при формирањето на оваа Влада почна со процесот на реализирање“, рече Мицкоски ...
Ваквите постапки претставуваат напад врз принципите на безбедноста, дипломатските односи и меѓународното право и не смеат да имаат место во демократска држава – се наведува во реакцијата на Владата. Надлежните институции, додаваат од Владата, веќе преземаат интензивни мерки за целосно расчистување на случајот и откривање на сторителите. „Како Влада сакаме да испратиме јасна порака дека секој обид за предизвикување тензии, ширење омраза или ...
Суперсоничниот бомбардер од советско време Русија сè уште го користи во воените операции во Сирија и Украина. A Russian Tu-22M3 strategic bomber crashed in Siberia’s Irkutsk region during a training flight, but all four crew members had managed to safely eject. The Soviet-era supersonic bomber has been used by Russia in combat operations in Syria and Ukraine. pic.twitter.com/jOBR9EZvXl — Al Jazeera English (@AJEnglish) June 15, 2026 ...
Министерството во реакцијата исто така информира дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. „Министерството за надворешни работи и надворешна трговија дава целосна поддршка на надлежните институции во насока на брза, ефикасна и транспарентна истрага, со цел утврдување на одговорноста и соодветно санкционирање на сторителот“, се додава во реакцијата. ...
„Црвената фурија“ беше подобар ривал и создаде повеќе можности, но не најде начин да го совлада расположениот Возиња. Голманот на аутсајдерот блескаше во првото полувреме кога ги запре обидите на Феран Торес, додека еднаш и пречката беше сојузник на неговата селекција. Шпанците продолжија да напаѓаат и по паузата, а во игра влегоа и Ламин Јамал, Микел Мерино и Дани Олмо во обид да донесат пресврт. Сепак, Зеленортските Острови останаа цврсти ...
Фудбалерот роден во 2005 година потпиша тригодишен договор со клубот од Баново Брдо. Ебере настапува на позицијата лево крило, а може да игра и на повеќе офанзивни позиции. Станува збор за фудбалер кој поседува германско и нигериско државјанство, висок е 187 сантиметри и важи за играч со добра брзина, техника и силни дуел игри. Неговиот развој е поврзан со младинската школа на Евертон, каде настапуваше за помладите категории, а подоцна и за ...
Еквадорците имаа иницијатива, создадоа повеќе шанси и дури трипати ја погодија рамката од голот, но на крајот беа казнети со погодокот на Амад Диало во 90. минута. „Боли, ова беше неправеден пораз. Одигравме одличен натпревар, создадовме многу шанси и можевме да победиме. Но, поради еден детаљ на крајот останавме без ништо. Мора да ја задржиме вербата во тоа што го работиме. Покажавме дека можеме да бидеме рамноправни со секого. Сега најважно ...