Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Петти меч, петта победа за Македонија во претквалификациите, овојпат во салата „Лазар Лечиќ“ ја совладавме Ирска. Македонските кошаркари одиграа убав натпревар, покажаа желба, пожртвуваност за националниот дрес и дојдоа до лесна победа. Неизвесно беше само во првата четвртина додека резултатот беше 16-16, потоа Македонија направи серија од 7-0 и со сигурна предност од 23-16 ги заврши првите десет минути. Потоа мечот одеше во еден правец, ...
Марковски го победи Максимилиан Борисов од Бугарија со 2-1 во сетови 7-6, 0-6 и 6-3. Мечот денеска се доигруваше откако вчера беше прекинат поради дождот. Нашиот Амар Хусеиновиќ не успеа да го мине првото коло, тој загуби убедливо од шестиот носител Александер Вајс од Италија со 2-0 во сетови, 6-2 и 6-0. Горазд Србљак го доби првиот сет против петтиот носител Стефан Поповиќ од Србија со 6:2 во гемови, но неговиот ривал беше поуспешен во ...
Москва претрпе најтешки воени загуби, меѓу 400.000 и 450.000 смртни случаи од проценети вкупно 1,4 милиони жртви (повредени и исчезнати) меѓу своите сили од почетокот на инвазијата на Украина пред повеќе од четири години, соопшти центарот. Истражувачкиот центар проценува дека украинската армија изгубила 125.000 војници, а дека меѓу 525.000 и 625.000 биле ранети или исчезнати. Бројот на руските жртви во Украина е повеќе од четири пати поголем ...
Како што истакна, во изминатиот период се зголеми реализацијата на капиталните инвестиции во патната инфраструктура, железниците, енергетиката, образованието, комуналната инфраструктура, одбраната и безбедноста. „Се гради и тоа граѓаните може да го забележат и сами. Еден од најдобрите показатели за тоа како се менуваше економската политика во овие две години е токму буџетската политика. Воведовме нов пристап во управувањето со јавните ...
Самарџиски ќе биде дел од стручниот штаб на македонската репрезентација до 20 години, тој од вчера се приклучи на селекцијата. Поранешниот стартен центар на сите репрезентативни селекции на Македонија ја заврши играчката кариера во 2023 година, а по кратката пауза одлучи своето богато кошаркарско искуство да го пренесе во тренерските води. Во изминатиот период Самарџиски работеше во Кина, каде стекнуваше нови тренерски искуства. „Неговото ...
„Се надевам дека СДСМ и Левица ќе ги остават своите политички мотиви во своето политичко мочуриште, ќе се вратат во Парламентот, сѐ уште има време и оваа реформа да ја испорачаме. Јас сум убеден дека политичките интереси ќе ги остават настрана и ќе ги стават како приоритет националните интереси“, изјави Мицкоски. СДСМ во коалиција со Левица, потсети премиерот, поднесоа 13.000 амандмани за да го спречат гласањето во дијаспората плашејќи се ...
Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред Советот на јавни обвинители, се во тек. Елаборирајќи го извештајот, шефот на ОЈО ГОКК Ислам Абази, изјави дека годинава имале повеќе кривични пријави од областа на економскиот криминал и високата корупција и затоа вредноста на замрзнатиот имот е пет пати поголема, споредено со претходната година кога обвинителството повеќе ...
На почетокот на рочиштето судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од правилникот за систематизација на работните места со ознака „строго доверливо“, иако претходно било побарано да се разгледа можноста за декласификација на описот и пописот на работните места за потребите на постапката. Судот информира и дека е доставен извештај изготвен од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...
Еден од најпознатите бенефити на кефирот е неговата улога во одржувањето на дигестивната рамнотежа. Благодарение на природно присутните пробиотски култури, кефирот придонесува за разновидноста на цревната микрофлора, која има важна улога во целокупното функционирање на организмот. Покрај тоа, кефирот содржи хранливи материи кои имаат важна улога за здравјето на коските, кои претставуваат основа за активен и квалитетен живот. Благодарение на ...
Според објавените информаци, осомничените синоќа со патничко возило „БМВ“ со ресенски регистарски таблички пристигнале до отпадот. Според сведок, станувало збор за четири лица – двајца се движеле зад објектот, додека двајца чекале во автомобилот. По палењето на багерот, кој можел да предизвика многу поголем пожар доколку огнот се проширел на отпадот, осомничените избегале со голема брзина. Иако се движеле по споредни улици, според ...
На платформата ќе бидат достапни податоците од работењето на компанијата, информации за активности поврзани со животната средина и други релевантни материјали. Дополнително, за да се овозможи подетален увид во работењето на компанијата, на порталот ќе бидат објавени дневни податоци од независниот систем за мониторинг. „Компанијата има 24-часовен мониторинг, 365 дена во годината, а досега редовно ги објавуваше неделните извештаи и ги испраќаше ...
Жртва на ова врсничко насилство е девојче кое се извинува на колена на друго девојче. Додека добива шлаканици, насобраната група момчиња и девојчиња довикуваат, бодрат и снимаат. Од МВР велат дека разговарале со девојчето жртва, а ги повикуваат и другите инволвирани. „Се преземаат мерки по допрен глас за утврдување на идентитетот на лицата и за целосно расчистување на случајот. Се повикуваат сите осомничени во врска со предметниот настан, а ...
„Откако ги спасивме птиците, добри луѓе ги згрижија во Росоман и, како што ни рекоа, утре најверојатно ќе им направат ново гнездо во кое ќе бидат сместени“, изјавија од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци. Според очевидци благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари штрковите биле спасени. „Откако ги спасивме птиците, добри луѓе ги згрижија во Росоман и, како што ни рекоа, утре најверојатно ќе им направат ...
Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничената, жителка на Кочани, како лице кое врши работи од јавен интерес, директно за себе побарала парични средства за да изврши дејствие што не би смеела да го изврши. Според наводите во соопштението, на 16 јуни, откако студент не покажал доволно знаење за да го положи испитот, таа не му впишала дека не го положил ниту во индексот ниту во електронскиот систем, туку побарала 300 евра за да му впише ...
Клубот од Северен Лондон ја реализираше првата од двете најавени трансфер бомби, Матеуш Фернандеш е нов фудбалер на Тотнем. „Пресреќен сум што го направив овој чекор во кариерата. Тотнем е еден од најголемите клубови, а разговорот со тренерот ме убеди дека ова е вистинското место за мене“ – вели Португалецот. „Имаме исто гледиште за фудбалот, сакаме тим што ќе игра борбено, со многу енергија и секогаш ќе оди на победа. Со нетрпение очекувам ...
Денеска во Велес, Оперативниот план го презентираа заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, заедно со заменик директорката на Агенцијата за вработување Весна Пешова и со директорката на Агенцијата за иновации, научно технолошки развој и претприемништво-ИНОВА Даниела Димовска. Заклучно со денес на огласот за добивање на грант во Центарот за вработување во Велес се пријавиле околу 140 невработени, а во сите центри во државата до ...
Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во Средното полициско училиште. Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови: да е државјанин на Република Македонија, да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ...
Според него, станува збор за кривична пријава насилство која ќе биде поднесена и воедно „малтретирање и запуштање на малолетно лице“. „Со тоа ние ќе си ја срабатиме работата како МВР, како што сме ја сработиле и во рамки на другите случаи во минатото, но очигледно она кое го работи Министерството не е доволно, односно понатаму треба да постапи Јавното обвинителство и Судот и сето тоа да биде соодветно споделено со јавноста и преку медиумите ...
Јасихура одигра неколку месеци на позајмица во Охрид и веднаш се промовираше во главен ракометар на тимот. Македонскиот клуб сакаше веднаш да го ангажира перманентно, но не успеа да се договори со кувајтскиот клуб Бурган за висината на обештетувањето. Јапонецот има уште една сезона договор со Бурган, по што како слободен играч ќе се врати во Охрид. Договорот веќе е потпишан. „Косуке Јасухира продолжува со ГРК Охрид! Иако управата на ГРК Охрид ...
Ѓоковиќ го доби мечот во три сета, победи со 6-3, 6-4 и 6-2 и се пласираше во третото коло од Вимблдон каде ќе игра против Французинот Риндернех. Убедлив беше и Синер кој со 3-0 го доби Боргес, но сетовите беа понеизвесни. Во првите два сета се играше тајбрејк. Првиот го доби Синер со 7-4, а во вториот беше подобар со 7-2. Во третиот сет Синер победи со 6-4. Ѓоковиќ го доби мечот во три сета, победи со 6-3, 6-4 и 6-2 и се пласираше во ...
Како што соопшти МВР, на 1 јули во 19:30 часот во СВР Скопје, 31-годишна жена пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка претходната вечер, околу 22 часот, во парк во Аеродром била физички нападната од 14-годишна малолетничка. Според пријавата, девојчето претходно било принудено во два наврати да клекне на колена и да се извинува, а кога се обидело да си замине било физички нападнато од друга малолетничка. Настанот го снимале со мобилен ...
„Сега прашањето е дали криминалитетот од аспект на светла и темна бројка како вкупен криминалитет во делот на семејното насилстство е еднаков или е зголемен. Ако јас се прашувам, сметам дека светлата и темната бројка како вкупен резултат и во 2022, и во 2023, и во 2025 година е ист, односно не дека тогаш немало насилство, не дека немало потреба да се дејствува институционално, но жртвите помалку им верувале на институциите и помалку верувале ...
Алиу истакна дека се заокружува еден од најчовечките, најсмелите и најуспешно финализирани процеси водени во здравството. „Со усвојувањето на измените на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, државата направи силен исчекор. Од тема што предолго живееше под превезот на страв и тема за која се зборуваше во болничките ходници, успеавме да создадеме тема за која се зборува јавно, одговорно и достоинствено. ...
Кредитот е наменет за клиенти на кои им е потребен брз пристап до средства, но истовремено сакаат предвидлива месечна обврска и транспарентни услови за отплата. Фиксната каматна стапка изнесува 5,60% за рок на отплата до 95 месеци и 5,70% за рок на отплата до 120 месеци, што овозможува поголема сигурност при планирањето на личниот или семејниот буџет. Постапката не бара нотар и нема трошоци за солемнизација. Дополнително, за рефинансирање ...
Експертите истакнуваат дека за цврстината на коските и забите клучни се минералите како што е калциумот, но и други хранливи материи кои придонесуваат за нивната стабилност. Малите промени во секојдневната исхрана можат долгорочно да имаат позитивен ефект врз здравјето. Сувите сливи често се поврзуваат со позитивен ефект врз здравјето на коските. Нивната редовна, но умерена консумација може да придонесе за зачувување на коскената маса и да го ...
„Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето ...
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши учеството на Светското првенство по поразот од 0:2 против домаќинот САД во шеснаестина финалето. Головите ги постигнаа Фоларин Балогун во 45. минута и Малик Тилман во 82. минута. ФИФА на секој национален сојуз чиј тим ќе се пласира во шеснаестина финалето му обезбедува премија од 11 милиони долари. Ова доаѓа како додаток на 10-те милиони долари кои се гарантирани за пласман на ...
Европската комисија подготвува прераспределба на парите од Планот за раст за Западен Балкан во корист на Македонија, Црна Гора и Албанија. Босна и Херцеговина (БиХ), Косово и Србија ризикуваат да останат без дел од милијардите затоа што не ги исполнија договорените реформски рокови, пишува во објавата на Еуроњуз. Во моментов Европската комисија сè уште не соопштува колкав износ ќе биде прераспределен ниту како ќе биде распределен меѓу трите ...
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, очекува дека и наредните парламентарни избори ќе се спорведат според важечкиот Изборен законик. „Она што остана како точка преку која не можеше да се помине е забелешката на СДСМ за електронското гласање на дијаспората. Моделот кој е во Изборниот законик е неприфатлив за СДСМ и со жалење можам да констатирам дека разговорите завршија неуспешно“, рече Мицевски. Закажаната ...
Захарова верува дека секој граѓанин на ЕУ може да ја тужи претседателката на Комисијата за оваа изјава и да го добие случајот, пренесува руски ТАСС. „Урсула е одлична лажливка. Русија никогаш не ја прекина испораката на гас за Европа“, изјави Захарова за новинарите. Според неа, Европејците сами си создале проблеми со воведување на она што таа го нарекува нелегални санкции врз Русија. „И потоа, кога поради присилните мерки за штедење, ...