Државниот секретар на Министерството за култура и туризам во Македонија, Марија Ѓоргова во своето обраќање посочи дека оваа изложба ни овозможува да ги истражиме термините, но и фасцинантните аспекти од животот во римската провинција, преку археолошките откритија од античкиот град Скупи, кој денес е значаен дел од културното наследство на нашата земја. „Масовната гробница, централната тема на изложбата, носи приказни за историјата, за ...

Во елаборацијата на проектот „Урбани трансформации“ Благојче Наумоски напишал: „Овој проект се фокусира на деконструкција на елементи од урбаните структури, каде што преку акрилната техника на платно се издвојуваат и интерпретираат геометриските форми и волумените што го дефинираат брутализмот. Моите дела го истражуваат архитектонскиот јазик на брутализмот преку апстрактна трансформација на просторот, материјалноста и волуменот. Со ова, се ...

„Славиме шеесет годишен јубилеј. Декември беше посветен на шест децении од постоењето. Граѓаните ја проследија изложбата „Сеќавања“ на археолозите Блажо Ѓеорѓиевски, Ленка Трајковска и Јовица Станковски. На 16 декември беше отворена изложбата на светскиот реномиран академски уметник, Синиша Кашавелски, колекција „Енигма“. На 21 декември, самата установа во уметничка галерија Куманово ќе ја презентира изложбата за развој на музејот и неговите ...

„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со оваа едиција учиме големи зборови преку мали приказни од секојдневието. Ги подготвуваме децата за светот што ги чека. Главниот лик во оваа богато илустрирана книгичка, е малиот Тигран, кој од ...

Во 18 часот ќе почне промоцијата, а потоа ќе има програма и за дечиња и за возрасни. „Сѐ убаво што постои на светов, создадено е од љубов“ е мотото на денешната промоција на најновото издание „Бакнежи на небото“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа. Промотор на сликовницата е проф д-р Весна Мојсова Чепишевска. „Сликовницата „Бакнежи на небото“ почнува со загатка – како се родила зимата со снегот и со неминовниот Снешко, која ...

Oбраќања по повод јубилејот на оваа врвна институција од областа на библиотекарството ќе имаат в.д. директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“ Јовица Никчевски, државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија Ѓоргова и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Прославата ќе биде збогатена со настап на националниот ансамбл „Танец“, со изведба на неколку музичко-фолклорни композиции од машка и од женска пејачка група со придружба ...

На изложбата беа претставени четириесетина панели со репродукции од оригиналниот текст и компјутерска адаптација на преведениот текст од делото кое било испечатено во 1566 година во Венеција. Преводот од црковнословенски на македонски е на епископот делчевско-каменички г. Марко, а дизајнот и типографијата ги направи Ласко Џуровски, кој креираше фонт на македонска кирилица. „Работењето на овој проект беше исклучителна чест, и народски кажано со ...

Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегување од печат на првото издание на книгата на Кочо Рацин – „Бели мугри“, односно со 85-годишнината од објавата на оваа знаменита книга за современата македонска литература – на 25 ноември 1939 година, во Самобор, Хрватска. – Како што пишува авторот во воведот на книгата, Рацин е неговиот научен предизвик за кого, уште како млад научник, се обидел детално да го реконструира престојот во Хрватска ...

Самата книга е калеидоскоп од луѓе чии таленти, идеи и дела оставиле свој белег во Македонија и надвор од неа. Овие содржини ги испитуваат нивните амбиции и достигнувања, почнувајќи од инспирацијата со која создавале, оригиналноста, искуствата, начинот на работење, па сè до избраните решенија како илустрации, дизајн, визуелизации. Публикацијата се состои од рецензии на албуми, на концерти и на фестивалски настапи на изведувачи, меѓу кои: Влатко ...

„Кога почнав да ја пишувам книгата ‘Водич за ослободување од тага’, нејзината главна инспирација беше лично искуство. Тагата, како длабока и сложена емоција, била мој сопатник во различни периоди од животот – загуби, разделби, кризи. Таа често ја носев како тежина, дури и несвесно, но со текот на времето научив дека тагата не е само товар, туку и учителка што може да ни отвори врата кон внатрешен мир и разбирање на себеси. Тагата е природен ...

Димитров, која е по потекло од Кавадарци, претходно има објавено едно дело во електронска форма, како и печатени изданија на романот „Разголена душа”, стихозбирката „Мојот храм е внатре во мене” и романот „Шардоне и шпагети карбонара”. Авторката открива дека во делото има автобиографски дел и дека куќата што била инспирација за книгата, навистина постои во Кавадарци. Отсекогаш и била мистична, мистериозна и се прашувала дали некој живее таму. ...

„Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие, се вели во соопштението за романот. Од издавачкиот центар „Три“ го опишуваат романот како брутално комичен и длабоко трагичен, посочувајќи дека реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го ...

Словенечкото издание претставува дел од истоимената антологијата што ја приредија Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, во издание на ПНВ Публикации, 2023, и содржи песни од Андреј Ал-Асади, Марија Грубор, Ива Дамјановски, Сара Ѓоријоска, Ивана Јовановска, Софија Поповска, Михајло Свидерски и Васил Ханџиски, во избор и препев на студентките по јужнословенски студии од Љубљана (Ана Марија Алачкоска, Маша Јосиповиќ, Жана Ковачич, Хана ...

Одлуката за годинашните добитници на наградата ја донел Одбор под претседателство на писателот Томислав Османли кој, во обраќањето за значењето на св. Климент Охридски и неговата просветителска дејност, рече дека тој е епископ и едукатор кој ги обединува религиските и секуларните вредности кои траат до денес. „Тие отрајуваат до денешен ден и со своите историски, лингвистички, културни и педагошки значења и вредности, и такви бездруго ќе траат и ...

Оваа меѓународна организација опфаќа повеќе од 300 членови – театролози, критичари, драмски автори, преведувачи, режисери – организирани во 30 јазични комитети. Главна цел на мрежата, соопштија денеска од „Еуродрам“, е да ги поттикне преводот и изведувањето на современи драмски дела од Европа, Централна Азија и Медитеранот, правејќи ги достапни за театарските професионалци и за публиката, во духот на независноста, рамноправноста и јазичната ...

„Подгорец, преку магринализираниот Таруно ја отвора темата за културата која треба да претставува и начин на кој различните потчинети групи се соочуваат и се борат против нивната потчинетост. Подгорец во духот на тоа познато југословенско братство и единство, но и во духот на еден македонски интеркултурализам вграден и во самиот Манифест на Крушевската република, ја промовира и идејата за културата која повеќе не се смета за сфера на ...

Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2024 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1) секој работен ден од 12 до 20 часот или по пошта на адреса на Фондацијата, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје. Пожелно е и доставување на романи во електронска верзија на адресата, ...

„На десетгодишнината од неговото физичко заминување, се собираме за да го славиме поетот и неговите стихови. Животот е краток, но уметноста е бескрајна. На Игор животот сосема добро му прилегаше, но бесмртноста му прилега уште подобро“, велат организаторите на настанот. На настанот ќе читаат Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Александра Димитрова, Елизабета Шелева, Сузана Спасовска, Валентина Бактијаревиќ, Џабир Дерала, Ана Голејшка Џикова, ...

„Во длабочината на моите рани“ од Каревска е роман во којшто нема класични протагонисти и антагонисти, затоа шо секој од ликовите го носи својот товар што го поттикнува да ги доживее и најголемите падови и најголемите предизвици и издигнувања во животот. Преку приказната за девојка што се судира и со најблиските, и со општеството, и најмногу со самата себеси, со сопственото потекло и со сопствените слабости, Каревска отвора лепеза на уште многу ...

Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Неговото творештво е застапено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во повеќе земји. Концептуален уметник и активист, Митко е организатор на фестивалот „100.000 поети за промена“. Има објавено две збирки песни во „Антолог“: „Ледена вода“ (2014) и „Скриено писмо“ (2019) и две во „Макавеј“: „Линијар [бројки]„ (2021) и актуелната ...

Изданието содржи триесетина есеи распоредени во три тематизирани циклуси именувани само со супстантивизирани придавки: Бездомни, Севремени и Епистоларни. Тоа што ја нема именката есеј во именувањето на циклусите е само уште една потврда за високо поетизираниот стил на Маџиров кога пишува и други нешта, не само поезија. Бездомни, Севремени и Епистоларни во конкретниот случај се однесуваат на есеи, но можат имплицитно да се однесуваат и на песни, ...

Книгата е организирана во два дела насловени „Мелодии“ и „Зборови, слики и патувања“. Во првиот дел содржи интервјуа со познати музички имиња како Рај Кудер, Збигњев Прајснер, Влатко Стефановски, Стив Ваи, Тереза Салгеиро, Бранко Николов (Фолтин), Џон Апелгрен и многу други. Посебно место во книгата зазема интервјуто со семејството на Жан Мишел Баскијат за изложбата „King Pleasure“, одржана во Њујорк во 2022 година. Вториот дел, „Зборови, слики ...

Реномираната литературна теоретичарка, критичарка, писателка и промоторка на македонската култура и македонистиката, Кристина Николовска, беседеше за поезијата на великаните на современата македонска литература и култура на овој настан. Гане Тодоровски е роден во 1929 година во Скопје, каде што завршил основно училиште, гимназија и Филозофски факултет. Работел во весникот „Млад борец“, потоа како асистент, а по докторирањето станува редовен ...

„Ова не е ново издание, туку нова книга. Материјалот од старата е целосно преработен. Текстот е зголемен за 100 % и вклучува сосема нови теми. Има 12 глави наспроти 5 во претходната книга, 10 таблици наспроти 1 во претходната книга, 4 мапи и 6 илустрации наспроти ниедна во претходната книга“, изјави проф.д-р Стојко Стојков. Книгата е планирана како прво издание во новата едиција на Комитетот за византологија и медиевистика на Македонија: ...

Тројца патници, Џон Гудвин (80), Кејша Шахаф (46) и нејзината ќерка Анастатија Мајерс (18), поминаа неколку минути во вселената, од каде можеа да се восхитуваат на заобленоста на Земјата и накратко да лебдат во бестежинска состојба, покажува видеото на компанијата. Оваа мисија, наречена Галактик 02, е втор комерцијален лет на компанијата, по првиот реализиран на крајот на јуни. Џиновскиот носач на авиони полета од конвенционалната писта во Ново ...

Москва последен пат ја испрати сондата Луна-24 на Месечината пред речиси половина век, поточно во 1976 година кога Русија сè уште беше дел од Советскиот Сојуз. „Луна-25 го продолжува својот лет кон природниот сателит на Земјата, а сите системи на автоматската станица работат исправно, комуникацијата со неа е стабилна, енергетскиот биланс е позитивен“, се наведува во соопштението на Роскосмос. Луна-25 е дел од руската лунарна програма со која е ...

Центарот за следење земјотреси во Вухан на 26 јули известил дека некои точки за собирање податоци за земјотресите се хакирани. Националниот центар за сајбер закани (ЦВЕРЦ) веднаш формирал истражен тим кој нашол многу комплексна програма која одговара на карактеристиките на американските разузнавачки системи, многу прикриен и со цел да украде податоци поврзани со следењето земјотреси, со јасна воено-разузнавачка мисија. Ду Женхуа, виш инженер од ...

Вселенската агенција Роскосмос извести дека вселенската сонда Луна-25 влегла во орбитата на Месечината во 11:57 по московско време или 8:57 по средноевропско. Руската вселенска сонда, голема отприлика колку помал автомобил, тежи 1.800 килограми и беше лансирана во петокот од космодромот Восточни. Треба да врши истражувања на јужниот пол на Месечината околу една година. Во тоа подрачје научниците на НАСА и други вселенски агенции во последните ...

Саут Чајна морнинг пост претходно месецов обајви дека научници од универзитетот во Фуџијан развиле исклучително чувствителен детектор за подморници заснован на постоечка технологија, кој може да ги лоцира дури и најнапредните подморници на голема оддалеченост. Тимот предводен од научникот Жоу Шенгнан објавил труд во стручен магазин за поморски истражувања кој го објавува Кинескиот научен центар за истражување бродови. Саут Чајна морнинг пост ...

„Чандрајан 3“ слета на површината на Месечината, правејќи ја Индија првата земја која успешно приземјила вселенски брод во близина на јужниот пол на Месечината. Chandrayaan-3 Mission: ‘India??, I reached my destination and you too!’ : Chandrayaan-3 Chandrayaan-3 has successfully soft-landed on the moon ?!. Congratulations, India??!#Chandrayaan_3#Ch3 — ISRO (@isro) August 23, 2023 Сите претходни мисии на Месечината слетуваа блиску до екваторот, ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
86%
1030
weather icon

Белград

-1ᴼ / -3ᴼ
2.06
91%
1031
weather icon

Загреб

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
80%
1031
weather icon

Софија

-1ᴼ / -2ᴼ
3.09
88%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
0.65
84%
1031
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -3ᴼ
1.03
92%
1032
weather icon

Атина

8ᴼ / 6ᴼ
9.77
81%
1023
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
80%
1025
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
65%
1027
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
94%
1030
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / 0ᴼ
0.67
88%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
6.17
76%
1023
Currency

61.525

Currency

59.0083

Currency

74.1667

Currency

36.648

Currency

40.9232

Currency

65.404

Currency

8.08422

Currency

0.5581

Currency

0.37375

Currency

0.52609

Currency

1.68077

Currency

0.69105